Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја започна националната серија работилници посветени на поддршка на општините во подготовката и реализацијата на што поголем број проекти за енергетска ефикасност. Овие обуки ќе се одржуваат во повеќе градови низ државата со цел да се зајакнат локалните капацитети и да се унапреди спроведувањето на европските стандарди во енергетското планирање. Во рамки на оваа иницијатива денес во ...

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е извршена целосна реконструкција на сместувачките капацитети, каде изминатиот период се лекуваа дел од повредените лица од пожарот во Кочани и по тој повод министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети оваа Клиника. „Целосно се реконструирани сместувачките капацитети на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Реновиран е посебен апартман во ...

Владата е цврсто определена да ја имплементира Стратегијата за паметна специјализација на Македонија која ќе овозможи да изградиме општество базирано на знаења и иновации, а Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија останува наш најважен партнер во исполнувањето на целта. Благодарни сме за досегашната поддршка и ги прифаќаме сите сугестии за унапредување на идните политики поврзани со развој на науката и иновациите. Ова го ...

Инвестираме огромни средства во изградба на модерни и безбедни автопати преку кои го подигнуваме нивото на безбедност во сообраќајот. Интензивно работиме на автопатите на коридор 8 и на коридор 10 д, а очекувам овој месец да избереме изведувач и за изградба на автопатот Кичево -Букојчани, изјави вицепремиерот Александар Николоски. Тој потенцира дека е потребна координирана акција со МВР и другите надлежни институции со цел намалување на ...

Денес се одржа третата седница на Советот за реформа на јавната администрација, како највисоко координативно тело задолжено за управување со реформските процеси во јавната администрација, со која претседаваше премиерот Христијан Мицкоски. На седницата членовите на Советот го разгледаа и усвоија ажурираниот Акциски план 2023–2026 година од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, кој е усогласен со приоритетите од ...

До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, на денешното судско рочиште. Кажа дека цели девет месеци е затворен во четири ѕида. „Секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ, изјави првообвинетиот Јованов. Со треперлив глас, на моменти и со солзи во очите, кажа дека не може да поверува што се случило таа ноќ. „Јас како човек и како ...

Никој нема право да ги одземе покачените пензии, вели премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали го поддржува протестот на пензионерите пред Уставен суд. „Овој пат тие удрија на пензионерите, па ги слушам сега како се препелкаат – тоа што си го земале пензионерите нема да го вратат, но, затоа ќе видиме како понатаму. Нели најпрвин немаше такво нешто. Јас кога го соопштив тоа на пратенички прашања тие излегоа рекоа ...

Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта ќе помага во детекција на огнено оружје, дрога и експлозиви. Скенерот за поштенски пратки што денеска беше презентиран на официјален настан e донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2, чија цел е спречување нелегална трговија со огнено оружје и експлозиви преку ...

Камерите во Скопје забележале околу 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кажа дека најголем дел од нив се однесуваат за пречекорена брзина на возење. Министерот, исто така, кажа дека правилата ќе важат за сите, дури и за функционерите, и никој нема да биде поштеден ако направи прекршок. Кажа и дека системот „Безбеден град“ има слабости и дека остануваат отворени за секакви решенија што ...

По аминувањето од страна на Заев и Филипче на владина седница за кусокот 2.000 тони жито вреден 800.000 евра, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа на својот ментор со грант од 1,4 милиони евра, средства од ИПАРД програмата, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Компанијата „Тргопродукт’’, која е една од најпознатите фирми во сопственост на Заеви, во тогашната 2022 година, добила грант вреден 1,4 милиони евра. За ...

Ниту еден од 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, не признаа вина. Многумина од нив изразија длабоко сочувство, а некои побараа да бидат ослободени затоа што не знаат зошто се во судницата. Првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на „Пулс“, кажа дека не чувствува вина. „Не се чувствувам за виновен за кривичните дела што ми се ставаат на товар“, кажа Јованов во судницата. Обвинетиот, ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Сејф сити“ којшто започна официјално денеска со пробниот период, изјави: „Апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар да го издржиме, само да ...

Новоформираната репрезентација на Македонија до 20 години, на 3. декември ќе го одигра свој прв контролен натпревар против Лухтенштајн на гостински терен во Шан. Селекторот Александар Таневски, го објави списокот со повикани фудбалери за првиот собир на нашата млада репрезентација. На голманската позиција се повикани Љупче Џеков од Силекс, Давид Илоски од Брера и голманот на Брегалница, Никола Филевски. 20-годишниот Филевски има одлични ...

Општина Ѓорче Петров денеска го означи стартот на изградбата на новата детска градинка во урбаната заедница Дексион. На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Објектот е со површина од 900 м² со капацитет од 120 деца. Рокот за изградба е две години, а инвестицијата на општината изнесува 81.964.479,19 денари со ДДВ. Објектот, како што ...

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на почетокот на изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион во Ѓорче Петров. „Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците коишто доаѓаат од овој дел на Скопје за залагањето, за трудот, за амбицијата да тоа коешто претставува акутен проблем би рекол, а тоа е обезбедување на услови за дечињата да бидат сместени во ...

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност на државата, на единиците на локалната самоуправа и на сите учесници во сообраќајот. Безбедноста не е само формално почитување на правилата, тaa е култура на однесување кои ги штити животите, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето обраќање на Националната конференција ”Безбедност во сообраќајот во единиците на локланите самоуправи.” Патната инфарструктура што ја креираме мора да ...

Ниту еден од 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, не признаа вина. Многумина од нив изразија длабоко сочувство, а некои побараа да бидат ослободени затоаш не знаат зошто се во судницата. Првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на „Пулс“, кажа дека не чувствува вина. „Не се чувствувам за виновен за кривичните дела што ми се ставаат на товар“, кажа Јованов во судницата. Обвинетиот, ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор, Фудбалската федерација на Македонија не ја продолжи соработката со досегашниот селектор Благоја Милевски, кој веќе е минато на селекторското столче. На седница на Управниот одбор на ФФМ донесена е одлука да не се продолжи договорот со Милевски, а кој мандат истече на 30 ноември 2025 година. Милевски ја презеде македонската репрезентација на 1 август 2021 година и ја водеше ...

Боксерите на боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип овој викенд ќе земаат учество на силен меѓународен турнир во Словенија, откако претходниот викенд имаа успешен настап на меѓународниот турнир „Железна ракавица“ во Ниш, Србија. Штипските боксери во Ниш забележаа одлични резултати со учество на четири боксери. Зулфиќар Бајрам освои златен медал, додека пак тројцата боксери Езел Шабан, Марко Чурлиновски и Александар Панов, иако загубија сепак ...

Дури во шестото коло на Првата футсал лига дојде првата радост за Мал Ајакс, кој на домашен терен во Штип го совлада Шкупи со резултат од 13:6. Првиот дел од мечот заврши со резултат од 6:2, а во вториот дел штипјани беа ефикасни и продолжија да ја торпедираат мрежата на гостинот за да стигнат до висок триумф од 13:6, а притоа тоа беа и првите бодови за штипскиот прволигаш, кој е повратник во елитното друштво. Иса Дурмишов постигнат четири ...

Одложените натпревари од последното есенско коло, сепак ќе се доиграат, а со тоа ќе се комплетира есенската полусезона во Втората лига. Така, сега се отвара можноста Охрид да биде есенски шампион, ако на двата меча кои се пред „рибарите“ биде оправдата фаворитската улога. Охрид веќе утре ќе го одигра одложениот меч со Големо Коњари, а в недела ќе игра против Слога Виница, но наместо во Виница, мечот ќе се игра во Охрид поради лошиот терен во ...

Северна Македонија има реална можност во следните години целосно да ја елиминира епидемијата на ХИВ, доколку навременото тестирање стане широко достапно, превенцијата биде системски зајакната, а институциите и граѓанскиот сектор продолжат со заедничка работа. Ова беше клучната порака од конференцијата по повод Светскиот ден за борба против ХИВ, организирана од ХЕРА. „Навременото тестирање претставува најважната алатка за постигнување на целта ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска во Брисел остварија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас. Средбата се одржа во рамки на нивната работна посета на Брисел, а во контекст на континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен процес и заедничките напори за ...

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и неговиот тим имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Република Северна Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот на Банката Англија. Проверките се дел од вообичаените активности на централните банки поврзани со ...

„Почитуван’’ поранешен претседател на Македонија, она што го говорите на едно ваше интервју за наводно про-руско или про-српско влијание во државата во изминатите 7 години, да ве потсетиме дека тој период на власт беа СДС и ДУИ. Од тие изминати 7 години, да ве потсетиме дека вие бевте претседател на државата, период во кој вие велите дека е зголемено истото тоа влијание во државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Прашуваат, дали Пендаровски, заедно со ...

Денеска градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на систем за водоснабдување на граѓаните на село Љубанци и село Љуботен. „Историскиот проект – изградба на водовод за Љубанци и Љуботен денес е реалност. Поставени се 400 метри цевковод на двата крака на трасата. Истовремено, се поставуваат цевки на вториот крак на водоводот, на резервоарот Љуботен. Владата на Република Македонија преку ...

Во периодот од 01.11.2025 до 30.11.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата, извести МВР. „При контролата санкционирани се 101 учесници во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР ...

Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува големо чистење на јавните површини на територијата на општината. Акцијата го опфаќа потегот од крстосницата помеѓу „Народни херои“ и бул. „Борис Трајковски“ до кружниот тек во населбата Драчево. „Со помош на метли, тримери и телескопски пили, се чистат зелените појаси, се кастрат гранки и се коси нараснатата ...

На почеток на денешното судење за пожарот во кочанската доскотека „Пулс“ судојката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен скужбеник во Министерството за економија кој е во притвор и во чија ќелија биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и лаптоп. „Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска. Обвинетиот Камбери се обиде да објасни дека и тој ги нашол 13-те ...

Во изминатиот период, во речиси сите градинки во Скопје се реализираше едукативниот проект на Изворска Јуниор – „ЕКО авантура“. Одиграни беа преку 60 претстави пред повеќе од 11.000 присутни мали гледачи, а караванот продолжува и во другите градови низ државата. Преку „ЕКО авантура“, Изворска Јуниор ја пренесува пораката дека грижата за себе и грижата за природата се учат паралелно. Децата преку игра, приказна и интеракција добиваат први ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1008
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
95%
1008
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
80%
1007
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.65
85%
1007
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
98%
1009
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.71
65%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.24
92%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
100%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Платина

67484.42

Родиум

336779.07

Калај

46.06

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Злато

159436.20

Сребро

2497.79

Цинк

3.29

Иридиум

215504.98

Бакар

11.83

Паладиум

54077.56