Јавна дебата за новиот Предлог-закон за високо образование вчеравечер се одржа на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, во присуство на министерката за образование Весна Јаневска. На истата се разговараше за предложените законски решенија, критериумите за работа на универзитетите и условите што треба да важат подеднакво за сите високообразовни институции. Како што истакна ректорот Дејан Мираковски, биле презентирани и синтетизирани сите ...

За само две години многукратно зголемен буџетот во образованието и науката, тврди министерката Весна Јаневска. Според неа, средствата речиси се удвојуваат, со што државата сериозно инвестира во знаењето. Целта, како што посочи, е достигнување европски стандарди. ,,Ние можеме да се пофалиме дека во овие две години многукратно е зголемен буџетот и за образование и за наука и едноставниот и воочлив пример е 2022 година 2,9 милијарди, 2026 7, 7 ...

Европската култура никако да пристигне во Штип. Иако службите секојдневно чистат, сепак улиците и парковите разденуваат со пикавци, отпадоци и губре. Граѓаните на терен велат, несвеснота повторно победува, а на прашањето кој прави вакви нереди, категорични дека најголем процент младите. Прашани дали порано сликата била иста, штипјани децидни дека била, ниту порано, ниту сега, велат има некакви промени. За да има ред, анкетираните се децидни ...

Здружението на јавни обвинители бара Собранието од денешната седница да ги повлече законските измени за платите на обвинителите, со кои се предложува изменување на коефициентите на начин што ќе се спречи натамошниот, како што се наведува во предлог-законот, непропорционален раст на нивните плати. „Врз основа на одлука на Собранието и на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, донесена на 24.02.2026 година, упатуваме итна јавна ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша меморандум за соработка со здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможува индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост. Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен ...

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на судскиот Совет, со коешто се воспоставуваат реални ...

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави видео на Фејсбук во кое вели дека доколку победел на локалните избори, немало да брои 100 дена, туку завршени проекти. „Ако победев на локалните избори, денес немаше да броиме 100 дена. Ќе броевме завршени проекти. Градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1 веќе ќе беше вселена. „Пролет“ кај Канела ќе беше во завршна фаза – а децата на 1 мај ќе влегуваа во нов простор, не во ...

Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Денес, како што е соопштено, беше извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и зголемување на безбедноста на пешаците и учесниците ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор со Министерството за образование и наука, за доградба на општинското основно училиште „Панајот Гиновски” во Бутел 2. „ООУ ‘Панајот Гиновски’ е дел од проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП). Договорот предвидува доградба на училиштето на површина од 400 м2 – 4 училници, 2 санитарни јазли, ходник и поврзување со постоечкиот објект. Локалната самоуправа ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на денешниот настан по повод унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост, во организација на интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, што се одржа во Собранието. – Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука и Министерството за социјална политика, демографија и млади врз основа на „Меморандум за соработка“ се вклучени ...

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска одржа работна средба со претставници на граѓански организации кои ги претставуваат различните етнички заедници во земјата. Средбата била организирана на иницијатива на вицепремиерот и министер Стоилковиќ, со цел навремено информирање на претставниците на заедниците за програмските активности и планираните проекти на Министерството за односи меѓу ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Тошковски потенцираше дека едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во ...

Дали Јованка Тренчевска и СДС го бранат Груби и дали доброволно се пријавуваат заедно со сите свои колеги да седнат до Груби на обвинителната клупа, прашува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина. Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското ...

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР. За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и ...

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година, од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“. „Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје: населба Север, Топанско Поле, дел од Чаир, ...

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми. Продолжуваме со повеќе активности за зајакнување на авиосообраќајот, напиша Николоски. „Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во ...

„Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ. Со месеци СДСМ предупредува дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ. „Се менува јавен обвинител за да се стави обвинител под контрола на власта, се елиминираа независни кандидати, се инсталираа партиски ...

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот, велат од „Вреди“. Според нив, Ккќниот притвор не е олеснување. Тоа ...

„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под ...

„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ. „Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот. А во ...

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат: – во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар; – во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар; – во периодот од 08.00 до 14.30 ...

Третолигашот ФК БВК Коњаре продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во таборот на „сино-белите“ е Енис Буќи, кој и официјално стави потпис на договор со клубот. Станува збор за цврст, борбен и тактички дисциплиниран дефанзивец, профил на играч кој носи стабилност во последната линија и внесува дополнителна сигурност во одбраната. Од клубот истакнуваат дека Буќи поседува изразен победнички менталитет и ...

Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. „По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера. „Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во ...

Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март не доби поддршка од пратениците од власта. Предлогот денеска беше на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ. Од опозицијата обвинија дека власта го одбила и предлогот за јавна расправа и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. ...

Охрид Лихнидос и Шкендија Арачиново се пласираа во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија. Лидерот во второлигашката конкуренција Охрид Лихнидос по подобро изведување на пенали го елиминираше минатогодишниот освојувач на пехарот Вардар. Победникот беше решен по подобро изведување на ударите од 11 метри откако по 90 минути игра резултатот беше 1:1. Вардар поведе со погодокот на Бобан Николов во 60. минута од натпреварот, а Давид Матески ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби. Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за ...

Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода. „Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
48%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.86
65%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
52%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
61%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
79%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
64%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Алуминиум

3.57

Сребро

2840.84

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89