
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Британската суперѕвезда и поранешен водечки пејач на „Тејк дет“, Роби Вилијамс, објави дека ќе издаде нов поп албум на есен оваа година, а првата песна е веќе објавена. Водечкиот сингл „Rocket“ вклучува гитарско соло свирено од Тони Ајоми од хеви метал бендот Black Sabbath. „Насловот на албумот намерно потсетува на златните денови на бритпоп бендовите од 1990-тите како што се Take That, Blur и Oasis“, рече пејачот. „Почнав да правам албум што ...
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на јужна Хрватска во близина на Дубровник во текот на ноќта, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил во 00:52 часот на длабочина од 1 километар, 73 км западно од Подгорица и 20 км од Требиње. Потоа, следеа два послаби земјотреси со јачина од 1,5 и ...
Украина треба да се откаже од обидите да ги врати своите граници воспоставени по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, изјави поранешниот украински воен командант. Валери Залужни, украинскиот амбасадор во Лондон, беше разрешен од функцијата врховен командант на армијата во февруари 2024 година по неколкумесечни несогласувања со претседателот Володимир Зеленски. Зеленски и други функционери долго време повикуваат на протерување на руските ...
Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во Власта, која со тек на времето сѐ поизразено излегува на површина, велат од ДУИ. Ова, според партијата на Ахмети, не е првпат Мицкоски вака да се однесува кон Албанците. „Тоа не е случајност. Тоа е израз на неговите лични преференции во политиката. Тоа е намерно потценување, овој пат на ...
Оклахома го одбрани домашниот терен од Минесота, во првите два натпревари од финалната серија на Западот. Тандер, вториот меч го добија со 118:103. Освен три пати, домашната екипа цело време имаше предност. Минесота последен пат водеше со 37:36 на почетокот од втората четвртина, а остатокот од натпреварот го помина во апсолутна контрола над Оклахома. Домашните имаа „само“ осум поени предност (58:50) на полувремето, но потоа го засилија ритамот ...
Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, е прогласен за најдобар играч во Лига Европа оваа сезона, објавено е на веб-страницата на натпреварувањето. Ромеро одигра седум натпревари во Лига Европа оваа сезона, запиша една асистенција и имаше 91 процент точни додавања. „Тој беше најдобриот играч во финалето против Манчестер јунајтед, доминантен од почеток до крај. Ромеро играше исклучително добро во нокаут фазата од натпреварувањето“, се вели на ...
Меѓународната операција против сајбер криминалот, наречена Операција „Endgame“, силно ги погоди глобалните мрежи за хакирање. Во периодот од 19 до 22 мај, властите од неколку земји срушија околу 300 сервери низ целиот свет, неутрализираа 650 домени, издадоа 20 меѓународни потерници и запленија 3,5 милиони евра во криптовалути. Оваа операција е продолжение на најголемата меѓународна акција против ботнет мрежи од мај 2024 година. Овој пат фокусот ...
Мајк Валц, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе е отпуштен поради користење на лошо заштитена копија од апликацијата „Сигнал“ за службени комуникации, но последиците од тој безбедносен скандал сè уште се присутни. Како што пишува „Ројтерс“, хакер пристапил до податоци од израелската апликација „TeleMessage“, која била продадена на американската влада за архивирање на пораки од апликации како што е ...
Маж роден во Чикаго е уапсен како единствен осомничен за пукањето во кое беа убиени двајца вработени во израелската амбасада пред Музејот на еврејското наследство во Вашингтон. Вчера тој беше обвинет во федералниот суд по две точки за убиство од прв степен. Елијас Родригез, 31, е обвинет дека отворил оган врз група луѓе во средата навечер додека тие излегувале од настан за млади дипломати организиран од Американскиот еврејски комитет, група ...
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже милост во војната во Газа. Во емотивно обраќање на годишното собрание на СЗО вчера, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека војната му штети на Израел и нема да донесе трајно решение. „Можете да замислите како страдаат луѓето. Навистина е погрешно да се користи храната како оружје. Многу е погрешно да се користат медицински материјали како оружје.“ Обединетите нации вчера ...
Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 23.05.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат дел од жителите на опшштините Студеничани и Гази Баба. Од 09.00 до 12.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Батинци. (Општина Студеничани). Од 11.00 до 14.00 часот корисниците од улица бр. 1 во нас. Трубарево. (Општина Гази Баба). Текстот Без струја делови од ...
Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз (Éabha Cruise) од Ирска. Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, што следува по склучувањето на билатералниот договор за безбедносното и одбранбеното партнерство во ноември минатата година. ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се ...
Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2028 година. „ФК Барселона и Рафиња постигнаа договор за продолжување на неговиот договор, кој го обврзува со клубот до 30 јуни 2028 година“, се вели во соопштението. Рафиња ја започна својата кариера во Европа во Виторија Гимараеш, а потоа играше за Спортинг Лисабон, Рен и Лидс, во јули 2022 година пристигна во Барселона. 28-годишникот доби вистинска награда од ...
Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и како што е соопштено од таму, било упатно назначено кај истите да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес. „Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници. Бидејки за прв пат во ...
Новак Ѓоковиќ со победа над Матео Арналди го прослави 38. роденден. На турнирот во Женава, АТП 250, Ѓоковиќ го победи младиот Италијанец со 6:4, 6:4. Ѓоковиќ кој во Женева се обидува да ја освои 100. титула во кариерата, избори пласман во своето 194. АТП полуфинале. Ѓоковиќ му се одмазди на Арналди за неодамнешниот пораз на Мастерсот во Мадрид, откако одигра спектакуларен тенис во втората половина од вториот сет. Играчите беа мошне сигурни во ...
Привремениот тренер на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, ќе ја продолжи соработката со франшизата од Колорадо. Според добро информираниот Шемс Чаранија, во Денвер сакаат да го задржат Аделман, кој го презеде тимот непосредно пред плејофот. Синот на легендарниот Рик Аделман ја доби довербата на раководството по отпуштањето на Мајкл Малоун. Неговата работа очигледно им се допаднала на челниците на клубот, кои решиле да го ангажираат како постојан ...
Помладите пионери на фудбалскиот клуб Македонија Ѓ.П. се новите победници на Купот на Македонија, откако денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во еден интересен и возбудлив натпревар успеаа да издвојуваат победа над Работнички со 3:1. Во 21. минута од средбата, Македонија .Ѓ.П. преку Стефан Ристиќ поведе со 1:0. Пет минути подоцна истиот играч, повторно ја затресе противничката мрежа и со својот втор погодок ја зголеми предноста на ...
Според „Волстрит журнал“, американскиот претседател Доналд Трамп во приватен телефонски разговор со европските лидери рекол дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да ја заврши војната бидејќи верува дека победува. Оваа информација според медиумот ја потврдиле три лица запознаени со разговорот. „Во понеделникот, за време на телефонски разговор со европските лидери, претседателот Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не е ...
Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп донесе одлука да го одземе правото на Харвард да запишува меѓународни студенти, дополнително интензивирајќи го конфликтот со најстариот американски универзитет. Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, објави дека владата го повлекла сертификатот на Харвард за учество во Програмата за студенти и посетители на размена, поради, како што таа го нарече, ...
Палестинската црвена полумесечина денес соопшти дека жителите на Газа сè уште не добиле помош што ја преминала границата оваа недела и дека испраќањето толку мал број камиони е покана за убивање поради ризикот од стампедо и насилни грабежи. „Ниеден цивил сè уште не добил помош. Повеќето камиони сè уште се во Карем Шалом на границата, но не пристигнале во Газа“, изјави за новинарите Јунис Ал-Хатиб, претседател на Палестинската црвена ...
Авион со 227 патници и членови на екипажот полетал од аеродромот во Делхи според планираното, но наишол на силна бура што резултирала со интензивни турбуленции. Застрашувачко видео од патнички авион заробен во средината на силна бура се шири низ интернет. I had a narrow escape while flying from Delhi to Srinagar. Flight number #6E2142. Hats off to the captain for the safe landing.@IndiGo6E pic.twitter.com/tNEKwGOT4q — Sheikh Samiullah ...
Трајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика. Ова е оценката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за одлуката на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, Славески да го предложи за гувернер. Со ваквиот предлог, според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека при одлучувањето и водењето на државата нема интерес да им служи на граѓаните, туку на ...
Дел од таван на училница во гимназијата во Бечеј падна денес за време на часот, пренесуваат локалните медиуми. Настанот според написите го потврдил и директорот на тоа училиште, Миодраг Башариќ. „Никој не е сериозно повреден“, изјави Башариќ за 021.rs. Тој изјави дека училишниот тим за итни случаи моментално работи на инцидентот и дека се собираат информации за инцидентот, како и дека медиумите и јавноста ќе бидат навремено информирани за сè. ...
Амбасадорот на Израел во Европската Унија, Хаим Регев, денес ги предупреди израелските новинари во Брисел за „дипломатската ерозија“ на односите меѓу Тел Авив и ЕУ, како и за другите предизвици со израелската јавна дипломатија. „Нема дипломатско цунами, но секако постои дипломатска ерозија со која мора да се справиме“, изјави Регев за новинарите за време на брифингот за медиумите во Брисел, пренесе „Тајмс оф Израел“. Регев рече дека ...
„Чиста животна средина и спречување на аерозагадувањето се обврска на секој поединец, но и на секоја институција. Иако Министерството за локална самоуправа нема директни ингеренции во областа на аерозагадувањето, сепак активно се вклучува со конкретни активности таму каде што има можност. Заштитата на животната средина и природата, како и преземањето на мерки за спречувањето на загадувањето на воздухот се утврдени како надлежности на општините ...
Бремени жени се евакуираат од породилиште во Бристол откако избувна голем пожар, јавува Би-Би-Си. Црн чад беше забележан над болницата „Свети Михаил“ во Бристол кратко пред 16:30 часот по локално време. Пожарникарите од противпожарната служба „Ејвон“ се на местото на настанот. Thick clouds of black smoke in Bristol city centre. #Bristol pic.twitter.com/uUwN5UaZos — Dan Martin (@Dan_Martin) May 22, 2025 Акушерките им помагаат на бремените жени ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ тргна по еден пат кој што не знаеме каде не води, со економски политики кои, како што предупредуваат експертите, не водат во амбис, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот состанок со општинската организација во Желино. Во обраќањето, Филипче укажа на лошите владини политики во делот на финансиите, потенцирајќи дека новото задолжување од 6 милијарди евра, за кое Владата ги крие деталите, е ризично и ...
Шпанија, Грција, Словенија и Естонија ќе бидат домаќини на 43-то Европско првенство во кошарка во 2029 година, објави Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА). Групната фаза ќе се игра во Мадрид, Атина, Љубљана и Талин, додека финалето на Европското првенство ќе биде во главниот град на Шпанија. Според шпанските медиуми, првиот натпревар од првенството ќе се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 80.000 гледачи. „Возбудени сме што ...