Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот. „Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за ...

Продолжува возењето без возачка, во пијана состојба и со актина забрана, само вчера лишени од слобода 15 возачи на ниво на држава, по еден и од Штип, Пробиштип и Радовиш. Лицата се приведени во полиција, а ќе бидат поднесени и соодветни пријави. Од МВР упатуваат посебен апел, сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколу имаат изречена мерка за ...

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство, Азир Алииу, најави дека контролата продолжува во останатите комании кои одгледуваат канабис, а кога ќе заврши проверката кај сите 43 фирми, кои имаат лиценци, ќе се изготви нов, посторг закон. „Компаниите на кои им е доземена лиценцата за одгледување канабис за медицински цели се ‘Алфа фарм’, ‘Грин лајф’, ‘ЦБД мед ...

„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа ...

Сточарите најавуваат протести во државата, доколку не се исплатат нивните субвенции. Претседателот на сојузот на одгледувачи на овци, Насер Џемаили, вели дека состојбата е се потешка, бидејќи сточарството останало без поддршка, додека други гранки добиле субвенции.Неисплатени субвенции вели имаат уште од 2023, а за 2024 година многумина од нив ги изгубиле правата поради критериумот за заклано јагне. 2025 година исто така не е целосно ...

Сметка за електрична енергија на Марковски Трајче од село Ерџелија за еден месец пораснала од три илјади на 60 илјади денари. Нема промени во начинот на греење на домот, потрошувачката на струја и слично, но разликата во сметките за струја од претходните два месеци е огромна вели тој, и невозможно е да се плати. Трајче живее заедно со неговата сопруга и нивните осум деца, па како што потенцира невозможно е да се одвојат илјада евра за еден ...

По жалбите од страна на Трајче од село Ерџелија за енормно високата разлика во последните две сметки за струја, и прилогот на М-Нет телевизија одговор пристигна и од страна на ЕВН. Од таму информираат дека станува збор за за коригирана фактура која е изготвена согласно регистрираната потрошувачка на електрична енергија за Вашето мерно место. „Корекцијата на фактура е извршена, со цел да се овозможи точна распределба на потрошената електрична ...

Хаварисани возила по улиците во Штип е секојдневна слика. Стари и неупотребливи возила паркирани на обележани паркинг места остануваат на иста локација по подолг временски период, што преставува дополнителен проблем да се најде слободно паркинг места во централното градско подрачје. Граѓаните честопати реагираа за ваквата ситуација на терен, бидејќи како што велат трката по слободно паркинг место е постојана, па повеќе од потребно е да се ...

19-тото коло на Првата македонска фудбалска лига понуди погодоци на сите натпревари, најмногу имаше во Струмица, вкупно седум – Работнички со 3:4 славеше над Брера и на тој начин тимот од Дебар Маало можеби го фаќа и последниот воз во трката за опстанок, бидејќи стигна до второ сезонско славје, а прво славје на гостински терен оваа сезона. Брера останува без бодови во оваа коло во трката за опстанок и со тоа падна две позиции на табелата и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работни средби со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери и амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер. На средбите беа презентирани тековните проекти и развојните планови на Градот, со цел унапредување на Скопје како модерен, безбеден и функционален европски град. Беше истакната важноста од продлабочување на соработката во областа на економијата, ...

Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение во однос на информациите кои беа објавени во дел од медиумите, а кои се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови. Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението од Куќата на фудбалот. „Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени ...

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори. „Досега, почитувајќи го ...

Воведувањето и зголемувањето на минималната плата е една од клучните економско-социјални политики насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните и секоја влада која сака да го заштити стандардот на работниците треба да ја зголеми минималната плата согласно инфлацијата и куповната моќ на граѓаните, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната собраниска Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, на која ...

Изминатиот викенд и официјално започна втората сезона од Националната лига во планинско трчање во Македонија, а домаќин беше Блатец, каде се трчаше Чупино вертикал трка од пет километри со искачување од 1.100 метри. Интересот за овој спорт е голем, а настапија вкупно 150 натпреварувачи од земјава и странство. Штипскиот клуб Ултра настапи со повеќе учесници, а веќе почна да конкурира за највисок пласман на крајот од сезоната. Штипјани ...

Мал Ајакс загуби на гостувањето кај Јувентус Серава со резултат од 7:4 и тоа преку пресврт, откако штипјани на полувреме имаа предност од 1:2, во меч од 10. коло на Првата футсал лига, со кое коло се отвори пролетната полусезона. Гостинската екипа од Штип прва го отвори резултатот откако во 5. минута погоди Седат Мамудов, но радоста траеше две минути Бејтула Јакупи погоди за 1:1. До крајот на првиот дел Иса Дурмишов постигна гол за 1:2 на ...

Во Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа утврдени двојките за првото коло во плеј-офот односно плеј-аутот, а со тоа и распоредот до крајот од сезоната. Во плеј-офот ќе се натпреваруваат Вардар, Еурфарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, Тиквеш и Бутел, а пак во плеј-аутот ќе бидат екипите на Прилеп, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Струга и Радовиш. Ждрепката посака уште на самиот старт да има дерби во плеј-офот каде Алкалоид ќе ...

Женската кошарка во Македонска Каменица дефинитивно е спорт број еден, откако Баскет Кам ја освои Куп титулата овој викенд славејќи во финалето од завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ против Крива Паланка со 68:74. Ова ќе биде мотив повеќе сега кошаркарките од малото рударско гратче да се насочан кон одбрана на шампионската титула, а како најголем конкурент е токму Крива Паланка. Овие две екипи и овде ќе водат силна борба ...

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби. Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, вели ...

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, ...

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес ја посети Општина Куманово, при што оствари работна средба со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот. На средбата се разговараше за повеќе прашања од значење за граѓаните и за понатамошниот развој на општината, со посебен акцент на конкретни решенија, подобра координација и поефикасно искористување на расположливите ...

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информираат од МВР. Според билтенот, во септември 2025 година пријавениот изработил лажна исправа – свидетелство на негово име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение. Како што наведуваат од МВР, тој имал намера документот да го употреби за пријавување во авто школа за ...

Политичката партија Левица реагира на одлуката за определување куќен притвор за Артан Груби, оценувајќи дека станува збор за „прв конкретен резултат од кадровската политика на ДПМНЕ во обвинителството“. Според партијата, лице кое 14 месеци било недостапно за органите на прогонот, што според нив претставува „најсилен можен доказ за ризик од бегство“, добило поблага мерка наместо засилување на притворот. „Во правна држава, ваква околност води ...

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце, со реакција во јавноста се огласи и Јане Ченто. „Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор. Мене ми наместија предмет дека сум го прекршил куќниот притвор и ме вратија во Шутка по само 20 дена дома“, објави тој на социјалните мрежи. „Со камери во ...

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација. Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на ...

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции. Во рамки на посетата, Сали учествуваше на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, при што беше изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ. За време на посетата, предвидена е билатерална средба со ...

Патот кон Теферич е затворен за сообраќај објави на социјалните мрежи градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. „По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец. Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и ...

Аеродромот во главниот град на Македонија ја добива наградата ASQ по 11-ти пат. Ова признание се базира целосно на повратните информации од патниците преку анкетата ASQ што ја пополнуваат додека чекаат да се качат во авион. Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП и оваа година ја доби престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2025-та година за ...

Се празнува македонскиот светител Георгиј Кратовски, кој маченички пострада за Христа. Со потекло од градот Кратово, ова младо момче било мачено со страшни маки од страна на турците, кој најпосле жив го запалиле. Имал само 18 години, кога тие сакале да го потурчат, но тој останат тврд во верата како прекрасен дијамант. Пострадал на 11 февруари 1515 година во Софија, оставајки вечна порака за Македонецот како се брани својата Православна вера, ...

500 вреки ориз остануваат непродадени во домот на Петре Димитров од општината Чешиново Облешево, поради ниската откупна цена од 25 денари за килограм. Тој вели дека оваа цена не ги покрива трошоците, бидејќи кога од нив ќе се одбие за трошоците и давачките, му остануваат само 18 денари за килограм. Тој тврди под оваа цена оризот нема да го продава, па решен дури со оваа гранка да се занимава само уште оваа година. ,,Цената е никаква, 22 до 25 ...

Од 10:30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
48%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.86
65%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
52%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
61%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
79%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
64%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Бакар

12.06