19 години постоење денеска одбележа Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како симбол на посветена работа и развој во високото образование. Низ оваа институција во изминатите речиси две децении поминале над 35.000 студенти, додека моментално бројот на активни студенти изнесува околу 8.000 на сите три циклуси студии. Ректорот Дејан Мираковски истакна дека УГД од една идеја прераснал во модерен универзитет со јасна визија и европски стандарди. ...

Со свечена академија во Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип се одбележа 19-годишниот јубилеј на оваа високообразовна институција, која низ годините се профилира како еден од носителите на академскиот и научниот развој во земјава. На настанот беше истакнато дека универзитетот континуирано расте и се развива, при што фокусот е ставен на студентите, современото образование и создавање применливо знаење. „Денеска го славиме датумот во кој од една ...