Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое побара одговор за постапувањето на институциите и утврдувањето на одговорноста на службените лица по серијата случаи на семејно насилство. Во обраќањето, Лукаревска посочи дека долга е листата на семејни насилства и порача дека одговорност мора да има. „По трагичниот настан во Тавталиџе, по ужасниот крај на ...
На врева, галама, неподнослива миризба од запршки и јадење, лоша хигиена се жалат мнозинство анкетирани граѓани кои што живеат во станови во Штип. Секој стамбен објект на самиот влез има испишано свој куќен ред, кој како што велат анкетираните не се почитува. Вечерните часови се особено тешки бидејќи поради големата врева станарите велат дека не можат око да склопат. Во влезот се чувствува исклучително непријатна миризба, од која како што ...
Неизвесно, потешко и поскромно живеат штипјани по поскапувањето на нафтата и цените во маркетите, кои, како што велат, забележително се зголемија во последниот период. Велат дека секојдневните трошоци сега се поголеми и тоа силно го чувствуваат во нивните џебови. При крајот на март, децидни се дека ситуацијата им го отежнува секојдневието. Анкетираните од терен, велат ваквата ситуација од друга страна им создава стрес, нервоза, бидејќи ...
Специјални садови за биоразградлив отпад се планира да се постават во училиштата во Штип, како нареден чекор во управувањето со отпадот. Мерката е дел од планот за проширување на селекцијата и во домаќинствата. Граѓаните ќе добијат посебни кеси за одвојување на овој тип отпад и ќе го фрлаат во наменски контејнери. Потоа, собраниот отпад ќе се компостира и ќе се користи за паркови, пошумување и други јавни површини. Со ова, општината се ...
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата Влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба. „Катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Собранието одговори на пратеничко прашање поставено од Сања Лукаревска, при што се осврна на актуелните мерки во земјоделскиот сектор, со посебен акцент на оризопроизводството. Во своето обраќање, министерот истакна дека протестите организирани од опозицијата се обид за политичка манипулација, нагласувајќи дека токму тие кои денес критикуваат, во минатото ...
Репрезентативецот Бобан Николов вечерва ќе има свој јубилеј во дресот на националниот тим, штипјанецот против Данска ќе го забележи својот 50 настап за репрезентацијата на Македонија. Вечерва нашите момци ќе играат важен дуел против Данска во обид да се испише историја за пласман на Светското првенство. Николов кој ги има поминато сите младински селекции на Македонија вечерва ќе стигне до бројка од 50 натпревари во националниот дрес. Неговото ...
Полициски службеник од Кичево се соочува со кривична пријава и дисциплинска постапка, откако, според наодите на внатрешната контрола, неовластено употребил физичка сила врз лице при интервенција. Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава против М.А., полицаец во Полициската станица Кичево, поради сомнение за „малтретирање во вршење на службата“. Настанот се случил на 12 февруари годинава, на кружниот тек меѓу булеварот ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади, претставувано од министерот Фатмир Лимани, и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, заедно со Синдикалната организација на Министерството, претставувана од Андријана Гуговска, склучија Колективен договор за вработените во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Колективниот договор кој ...
Иструени домашни кучиња, мачки и маалски миленици – ваква е сликата во изминатите неколку дена во Општина Пробиштип. Непознат сторител остава отров на повеќе локации низ градот, вклучително и во реонот околу т.н. споменик, каде секојдневно минуваат десетици ученици. Граѓаните додаваат дека овој убиец на животни, во рок од неколку дена, фрлал отров и во дворови каде има домашни миленици. Бараат од Општината, Министерство за внатрешни работи и ...
Додека стрелките на часовникот се поместуваат напред и започнува летното сметање на времето, за родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани — времето останува исто. И оваа сабота ќе се одржи 39-тиот „Марш за ангелите“, со почеток во 16 часот и 5 минути, каде родителите и блиските повторно ќе побараат правда за своите деца. Тие бараат целосно расветлување на случајот и одговорност за системските пропусти што, ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор. „Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. „Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во ...
На денешната прес-конференција, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, обзнани дека партијата ќе поднесе предлог-измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои, како што оцени, ќе се адресира долгогодишен системски проблем – исклучувањето на десетици илјади граѓани од здравствена заштита. Станува збор, додаваат од оваа партија, за фриленсери, хонорарци, лица на договор на дело, слободни уметници и ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за правда, Ален Деребан, кое се однесуваше на проблемите поврзани со организацијата на полагањето на правосудниот испит. Тој ја истакна загриженоста за младите правници кои вложуваат време, енергија и средства за подготовка, а се соочуваат со одложувања поради неформирана комисија и непостоење на потребните технички ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на ...
Македонија вчера го одработи последниот официјален тренинг пред вечерашната пресметка со Данска од првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство. Селекторот Гоце Седлоски и капитенот Енис Барди истакнаа дека Македонија влегува во сериозен предизвик, но и со јасна верба во сопствените квалитети и тимскиот дух. Седлоски истакна дека имаме шанса да се бориме за место на СП и тоа е мотив што ја обединува целата држава. За Данска посочи дека ...
Според опозициската СДСМ, актуелната власт ја оттурнува Македонија од европскиот пат и ја вовлекува во опасна зона на странски влијанија. „Христијан Мицкоски не само што ја турка Македонија во изолација и, за жал, успеа во тоа, туку опасно ја турна државата во скутот на Виктор Орбан. Зошто? Секако поради бизнис интересите кои ги поврзуваат нив двајца“, истакна Андреј Жерновски. Тој нагласи дека оваа политика има сериозни последици врз ...
Дербито на 22. коло во Втора лига се игра во Штип, во вечерен термин под рефлектори од 18 часот ќе се соочат во директна пресметка конкурентите за Прва лига – Брегалница против лидерот Охрид. Дерби меч кој ќе можете во живо да го следите на М Нет телевизија. Ова е дуел на „сините“ и „рибарите“, дерби со голем влог, дерби кое многу работи може да ги промени за самиот тек од сезоната, а од кое дерби има многу математики и Втора лига да добие ...
Демократската унија за интеграција изразува, како што истакнуваат од таму, сериозна загриженост за влошувањето на животниот стандард на граѓаните, како резултат на недоволните економски политики на Владата. „Иако Владата се пофали со зголемување на платите за околу 1.600 денари, реалноста на терен покажува дека трошоците за живот во изминатата година се зголемени за најмалку 6.000 денари месечно по домаќинство. Ова значи дека граѓаните реално ...
Првите две места водат директно кон пласман во Првата футсал лига, а за истите конкурираат четири екипи, две ќе останат во Втора лига и следната сезона. До крајот ќе има голема борба бидејќи остануваат да се доиграат уште седум кола, а со тоа во игра се голем број на бодови и може да се случат големи промени на самата табела. Лидер на табелата е поранешниот шампион на Македонија, Железарец кој има 34 бодови на своето конто, со бод помалку е ...
Штип УГД од утре ја стартува својата мисија за одбрана на Куп титулата, а потоа да се фокусира да ја донесе и шампионската титула во градот под Исарот. Утре во СЦ „Јане Сандански“ одбојкарите го играат полуфиналниот меч против Струмица – тоа ќе биде реприза на ланското финале. Штипјани влегуваат како големи фаворити, но без потценување на младиот тим кој го има Струмица, а кој сака да се докажува против поискусните. Одбојкарите на Штип УГД ја ...
Во недела (29 март) Штип ќе биде домаќин на првото коло од Првата македонска боксерска лига кое ќе се одржи во спортската сала на Државното средно училиште „Коле Нехтенин“, а технички организатор на настанот е боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип. Како што истекнуваат од Пинк Пантер се очекува учество на повеќе од 20 боксерски клубови од цела Македонија, како и настап на околу 80 боксери, што најавува возбудливи и квалитетни борби на ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја води партијата по насоки од поранешниот премиер Зоран Заев и негови соработници, со цел да ја зачува својата позиција. „За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ“, рече Манасиевски на прес-конференција. Тој обвини дека, како што наведе, „чуварот на фотелјата Заев“ преку ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за економија, Бесар Дурмиши, во врска со растот на цените и економската состојба кај граѓаните. Спасовски оцени дека земјава се соочува со сериозен раст на цените на основните прехранбени производи и дериватите, што, како што рече, директно влијае врз секојдневниот живот и семејните буџети. „Имаме едно навистина сериозно, ...
Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за промовирање на владеење на правотo и добро ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата територија на земјава според Устав е македонскиот ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека отворањето на Уставот е сензитивна работа која не треба да се прави ад-хок, нагласувајќи дека клучната одлука е во рацете на политичките партии. „Отворање на Устав е сензитивна работа. Пред сѐ е работа на договор помеѓу политичките партии и тоа знаете дека во Собрание треба две третини од пратениците. Не би коментирал, би оставил партиите да одлучат кога е потребно да се направи и за кои ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК Битола, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од ...