
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајден возачот кој денеска во Скопје со „фиат“ удри во тротинет управуван од 28 – годишен скопјанец, по што го напуштил местото на несреќата. Во сообраќајката мажот што го управувал тротинетот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната итна медицинска помош бил пренесен на скопските клиники. Како што се наведува во соопштението, денеска во 11.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека се ...
Велигден не се слави само во црквите и душите, туку и на трпезите кои зрачат со симболика, топлина и дружење. Меѓу јадењата што ја красат велигденската трпеза посебно место зазема обредната погча. Таа не е само храна – таа е молитва во тестото, тивка порака на вткаена љубов, вера и благодарност. Погачата со црвени јајца е направена со посебна грижа и значење. Тој леб, украсен со симболи, обликуван од раце кои ги почитуваат обичаите, е порака од ...
Актуелниот министер за здравство, Арбен Таравари беше гостин во емисијата „Стадион“ на Канал77, во која одговори на повеќе актуелни прашања, како што се превирањата во ВЛЕН, состојбата во Алтернатива за Албанците пред претстојните локлни избори, за состојбата во здравството, но и состојбата со децата по несреќата во Кочани. На прашањето како е можно прв да зборува за обединување на ВЛЕН, но прв да излезе и што ќе се случува тој рече: -Пред една ...
По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Денес во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град ...
По подолг временски период, платформата www.cenometar.mk повторно располага со ажурирани податоци за цените на најкористените прехранбени производи во македонските маркети. Сите поголеми синџири на маркети доставија актуелни информации за цените на производите кои секојдневно се купуваат од страна на граѓаните. Со помош на табелите за споредба на Ценометар.мк, потрошувачите сега можат лесно и транспарентно да направат увид во тоа каде ќе добијат ...
Три лица загинаа, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера вечерта на патот Кичево–Гостивар. Во несреќата учествувале три возила, а увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидни екипи од Министерството за внатрешни работи, пренесува Мета. Несреќата се случи вчера пред 21 часот помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол. Дел од повредените се пренесени во кичевската болница, а некои и ...
Индекс. хр Соединетите Американски Држави им претставија на сојузниците нацрт-предлог за мировен договор меѓу Русија и Украина, вклучувајќи рамковни услови за прекин на борбите и постепено олеснување на санкциите кон Москва во случај на траен прекин на огнот, пишува Блумберг, повикувајќи се на европски претставници запознаени со планот. Плановите на САД им беа претставени на европските сојузници и покрај предупредувањето од државниот секретар ...
Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека постапката за преадаптација е речиси на самиот крај. Посочува дека планот е во првата фаза да се префрлат амбулантите од применото одделение, а потоа и останатите специјалистички амбуланти. – Наша цел е да се направи ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело „мачење на ...
Секторот за внатрешни работи – Штип поднесе кривична пријава против А.В., на возраст од 48 години од Лозово, Т.Г., на возраст од 51 година од Скопје и Л.Л., на возраст од 68 години од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на ...
Од денеска трговците се должи на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките. Во Правилникот е наведено дека сите мали, средни и големи трговеци кои вршат дејност трговија на мало ...
Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 и 16 глава). За да биде поуката разбрана и запометена, го посочил примерот со лозата и ...
Џенифер Лопез додека се шетала низ улиците на Њујорк, каде што обично живее, била запрена од тиктокер кој очигледно не знаел со кого има работа или можеби знаел, но правел експеримент, односно скриена камера. На видеото може да се слушне како ја запира и прашува како се вика и што прави, додека пејачката прашално го гледа и малку изненаден зошто ја прашува тоа. Сепак, големата ѕвезда остана на висината на задачата и реши да го продолжи ...
Трева и кромид се најстарите и најздравите методи за фарбање на јајца. Фарбањето јајца со помош на кромд не вклучуваат никакви штетни состојки, туку се е од природен материјал. Иако во последно време се појавуваат се повеќе нови техники за фарбање на јајца, многу домаќинки и понатаму се држат до добрите стари проверени методи за фарбање на јајца. За оваа техника се потребни ножици, холахопки и конец. И немојте да заборавите да истурите оцет во ...
Во деновите од продолжениот велигденски празничен викенд времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Само утре ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи, особено претпладне, соопшти УХМР. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и грмежи. Минималните утрински температури ќе се спуштата до пет степени, а максималните дневни ќе достигнат 26 степени. ...
По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. -Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок (18.04.2025 год.) и недела (20.04.2025 год. ) дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар, ...
На ниво на држава, пријавени се 283 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот, за време на 15. недела од 2025 година, односно од 7 до 13 април. Тоа претставува 11,3 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 15. недела од минатата сезона, е зголемен за 95,2 отсто, а во споредба со бројот за 15. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од ...
Бугарија не наметнува дополнителни услови за процесот и преговорите на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа, изјави бугарската потпретседателката Илијана Јотова на отворањето на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ што се одржа во Софија, пренесува БТА. Настанот беше организиран од Европскиот либерален форум, партијата АЛДЕ и Атлантскиот клуб на Бугарија. На форумот присуствуваа еврокомесарката за проширување Марта Кос, која е ...
Обилниот снег и дожд ги затворија патиштата и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во југозападна Швајцарија, соопштија локалните власти, , а дождот предизвикува проблеми и во северна Италија. Претставник за туризам рече дека Цермат, популарен алпски ски-центар на југот на земјата на границата со Италија, е отсечен. Телевизиската станица СРФ објави дека во регионот паднале 55 сантиметри свеж снег, а 100 сантиметри се забележани на ...
Општина Штип го продаде хотелот „Гарни“, кој се наоѓа во централното градско подрачје, потврдува за МИА секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. Инаку ова е втор обид за продажба на овој хотел и новиот инвеститор го купил за 15,5 милиони денари. Хотелот е купен од страна на фирмата „Памвеј инвест“ од Штип. Хотелот „Гарни“ беше ставен двапати на продажба, а како културно наследство прво и се понуди на државата. Новиот сопственик на ...
Судијата Бојан Мартиновски е единствен кој се пријавил на огласот на Судскиот совет за избор на претседател на Основниот суд во Охрид, додека на огласот за претседател на Основните судови во Берово, Радовиш и Делчево, ниту еден судија не се кандидирал. Членовите на Судскиот совет на денешната 520 седница едногласно одлучија да биде објавен повторно оглас за избор на претседател на Основните судови во Делчево, Берово и Радовиш. Судијката Весна ...
Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба, изјави попладнево на прес-конференција заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Моментално во странство се лекуваат 45 повредени. Во текот на денов треба да пристигне пациент од Солун, кој ќе го продолжи лекувањето на Клиниката за пластична хирургија. На оваа клиника моментално се лекува ...
Голем број моќни Руси кои се поврзани со Федералната служба за безбедност (ФСБ), профитери од војната во Украина, како и олигарси чии компании се под санкции во последните три и пол години, добија српско државјанство надвор од стандардните процедури – со посебна одлука на Владата во која се наведува дека тоа е „национален интерес“ на Србија, откриваат КРИК и руските портали Стопортант „Им“. На овој начин, дури 204 Русинки и Русинки станале ...
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати, во Дубаи имал повеќе средби меѓу кои со Мохамед Алабар – основач и управен директор на Игл Хилс, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди – директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи – извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и ...
Претпладнето на Воено Медицинската Академија во Белград, почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани. Информацијата ја потврди Министерството за здравство. -Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец, соопшти МЗ. Стојанче имал 27 отсто зафатеност со ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, по повод денешниот руски напад врз градот Дњепар, ги повика партнерите да ја зголемат помошта за Украина и да извршат притисок врз Москва. „Русија го користи секој ден и секоја ноќ за да убива. Треба да извршиме притисок врз убијците и да помогнеме да се стави крај на оваа војна и да гарантираме траен мир. Сакам да им се заблагодарам на сите партнери кои на овој начин ги користат своите можности. ...
Здружението на приватни аптеки на Република Северна Македонија бара изземање на аптеките од новиот Правилник за објавување цени на стоки од 3 април годинава, нагласи за време на денешната изјава за медиуми, Билјана Божиновска, член на Извршниот одбор на здружението. Божиновска рече дека аптеките не треба да се третираат како обични трговци. Нивното барање е аптеките да бидат изземени од обврската за јавно објавување на цените на сите производи ...
Полициски службеници вчера во Кичево го привеле Е.З.(28), кој прво со закана со остар предмет сопрел такси возило и му се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени. Потоа нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет, соопшти МВР. Подоцна, откако бил ...
Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ изјави дека во секоја друга земја се чувствува побезбедно отколку во БиХ, но и дека покрај се чувствува задоволство бидејќи знае дека е во право и дека со многу волја и енергија се брани од неправдата. Тој истакна дека и пред пресудата на, како што го нарече, „несутавниот суд“ се чувствувал небезбеден во БиХ. Додик изјави дека не би препорачал никому да се обиде да го уапси бидејќи е заштитен од ...
Пензиониранио полицаец С.Д. од Штип, за кој вчера се пишуваше дека е недостапен за организте на прогонот утрово се пријавил. -Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка, информираат од ОЈО ГКК. С.Д. е меѓу 10-те нови полициски службеници, кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот од Кочани. Како што информираа од МВР меѓу седумте службеници, кои требаше да бидат обезбедени од полицијата е и пензиониран началник на ...