
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки, денеска најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на трибината со наслов „Суштината на проблемот – лоши закони или лоша примена?“. Тој истакна дека се работи на имплементација на нови и ефикасни решенија за подобрување на сообраќајната култура и безбедност, како што е системот „безбеден град“. Според Тошковски, тие решенија ќе обезбедат ...
Законот за ограничување на патните трошоци што го поднесе Левица, в среда е на Дневен ред на собраниска седница. Левица како анти-естаблишмент партија, бара кратење на овие функционерски привилегии, почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците. Патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите, што создава неверојатна фрустрација кај народот. Предлогот на Левица е патните трошоци да се пресметуваат спрема ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека платформата ТикТок ќе биде затворена деновиве, додавајќи дека „причина за тоа е што ТикТок е токсичен за децата“ и оти, според него, 95 отсто од родителите во Албанија се преплашени од платформата. – За неколку дена оваа платформа повеќе нема да биде достапна во Албанија, ТикТок е многу токсичен, особено за децата, а 95 отсто од родителите во Албанија се преплашени. Суспензијата сè уште не е завршена, ...
Во Скопје денеска ќе се реализира првиот уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“. Како што информира организаторот „Кој е следен?“, ќе се собираат сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура. Целта е, како што наведува организаторот, да има обединување со пошироката и стручна јавност и да се испрати недвосмислена порака дека ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека покрај автопатските врски од Охрид до Кичево и од Тетово – Гостивар до Букојчани што се во фаза на градба, ќе се гради и патот од Букојчани до Кичево со што ќе се оствари целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга и кој претставува прв целосно нов автопат што го започнува оваа Влада. -Успеавме со Европската банка за обнова и развој да обезбедиме доста поволен ...
Двајца мажи од Крива Паланка на тезга на пазар во Охрид продавале ножеви, метални боксирачи, метални палки, електро шок направи… -На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се С.Ј.(63) од Охрид и Е.П.(47) од Крива Паланка, ...
Скопјанец на возраст од 64 години бил пронајден починат во неговиот дом во скопската населба Кисела Вода од страна на неговиот син, соопшти МВР. Како што наведуваат од МВР, вчера во 18.58 часот во СВР Скопје, Ј.С. пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода го пронашол починат неговиот татко Т.С.(64) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. ...
Држвниот обвинител Љупчо Коцевски во денешната емисија на Канал 77 се зафати и со СЈО и пријавите што излегоа по него, како што е проектот „Скопје 2014“. Обвинителство пред неколку дена информираше дека по 12 години поднесен е Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата. На прашањето зошто дури сега тој одговори: -Доказите се ...
На денешниот протест во Неготино пред присутните се обрати сестрата на Фросина, Росица, која се заблагодари што рамо до рамо сите се бориме со нејзиното семејство, се бориме против незаконивоста, неказнивоста и корумпираноста во судството. -Коренот на сите проблеми во опшеството доаѓа од судскиот систем, бидејќи има неприкосновена обрска да покаже и докаже дека злоделата мора да бидат казнети. Бидејќи законодавецот предвидел многу повисоки казни ...
Во четвртокот на 6 февруари до полноќ во GPRS системот на Управата за јавни приходи (УЈП) е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки, додека во петокот на 7 февруари до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени се 346.317 фискални сметки. Овие два дена кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава, како што соопштуваат од УЈП, е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации. Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа. – Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги ...
Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа ТикТок поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа. Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан. Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД вчера поднесе ...
Екс бугарскиот премиер и лидер на владејачката партија ГЕРБ, Бојко Борисов ќе побара од актерот Силвестер Сталоне, со кого има пријателски односи, да се приклучи на кампањата за укинување на визите за Бугарите во САД. Сталоне е еден од тројцата амбасадори на Холивуд назначени од американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше поканет и на неговата инаугурација. Борисов се надева на помошта од Силвестер Сталоне, како што рече „поради неговите ...
Работник од Бангладеш вчера загинал во кратовско додека извршувал работни задачи. -На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото. Лекар констатирал смрт, а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и ...
Озлогласениот рапер Шон Диди Комбс се соочи со ново обвинение поднесено против него од анонимен маж. Станува збор за поранешен стриптизер кој тврди дека раперот сексуално го злоставувал, го дрогирал и го принудувал на сексуални односи со неколку жени. Човекот тврди дека Диди го ангажирал да изведува стриптиз шоу во 2007 година, а тој продолжил да работи за него до 2012 година. Во тужбата се наведува дека Диди го принудил да „изврши дела кои биле ...
Скандинавците важат за можеби најсреќните луѓе во светот. Има многу причини, но за тоа веројатно придонесува и познатиот „скандинавски сон“, којшто ветува целосен одмор и полна енергија наутро. Станува збор за тн. скандинавски начин на спиење. Тоа е особено погодно за парови кои го делат креветот. Иако го добил по тоа што е карактеристичен за Шведска, Норвешка и Данска, денес станува сѐ пораспространет и во други делови на светот. Правилото ...
Апелациониот суд во Скопје ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде е фатен со 80 кесички амфетамин. „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 1047/24, на нејавна седница одржана на ден 05.02.2025 година, ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С., а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи. Решението ...
Семејството e основата на превенцијата за безбедност во сообраќајот, вели професорката на правниот факултет Гордана Лажетиќ, која денеска зборуваше на јавната расправа во Собранието организирана по сообраќајната несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова. Дека сообраќајната култура се учи од мали нозе во семејството и во градинките смета и директорката на Психијатриската болница Славица Арсова. ...
Во Основниот Кривичен суд Скопје, денеска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со сведочење на Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа прибавувајќи видео снимки. – Со Александар се немав слушнато 15-20 години. Мајка ми ми напиша порака околу еден саат дека исчезната е Вања, ќерка на Саше и ми рече имаш луѓе помогни му и ми беше глупо да му се јавам ко ...
На денешниот прес на адвокатот на Васил Јованов и неговиот адвокат реагираа од семејството на трагично загинатата Фросина, Нејзината сестра Рсица на Фејсбук напиша: -Не сте преземале никаква одговорност како родитители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија. Ајде тоа, туку ...
Втор бојкот на маркетите. Денес требаше да биде „црн петок“ за маркетите, кои забегаа со цените. ММС направи обиколка во големите синџири маркети и она што можеше да се забележи е дека бојкот има, но не таков каков што требаше да биде. Не таков како во останатите балкански држави, особено во Хрватска, кој веќе даде резултат. Во скопските маркети иако слаба, но сепак, раздвиженост од муштерии, кој со полни кој со полупразни корпи, има. Муштерии ...
Намален е бројот на купувачи низ штипските маркети заради вториот по ред бојкот на маркетите заради високите цени на храната. ММС на терен забележа пад на бројот на купувачи речиси во сите маркети низ градот. Бојкотот најмалку се почитуваше во маркетите околу градскиот пазар, веројатно затоа што во Штип денеска е пазарен ден, па фреквенцијата на луѓе околу тие маркети е неколкукратно поголема отколку во обичен ден. Фактор плус е и тоа што ...
Името на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени што не смееме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај не потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на седницата на собраниската Комисија за ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ...
Вчера во 11.10 часот во Клиничка болница Тетово, полицијта го уапси Р.Х.(34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во ноември 2024 година извршил обљуба врз малолетник од Тетово. Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 ...
Лажни се дојавите за бомби во училиштата во државата, работната група одржува состанок, насоките ќе стигнат до институциите, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски во Велес, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето станови на социјално ранливите семејства во општина Велес. Во изјава за медиумите, премиерот рече дека вакви закани имало и во Хрватска и Унгарија. -Јас постојано бев во контакт со министерот за внатрешни работи, ме ...
Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието. -Дополнително, сакам да потсетам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за 2023 година и тој не беше усвоен од страна на Сoбранието. Тоа доволно говори и е само една од ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција изјави дека била формирана меѓуресорка група по дојавите за бомби во повеќе основни и средни училишта низ државата за поефикасно справување со ситуацијата. „Утрово одржавме состанок со МВР и на неколку други институции кои се задолжени за јавната безбедност, претставници на Министерството за информатичко општество и дигитална трансформација и ФИНКИ. По направените ...
Вчера во Кочани во средно училиште наставни со тврд предмет удрил ученик. -На 06.02.2025 во 16.30 часот во Полициската станица Кочани, О.С.(51) од Кочани пријавил дека околу 10 часот во средното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот С.М., кој употребил и тврд предмет. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР ...
Десет основни училишта на територијата на општина Гази Баба утрово добија дојави за поставени експлозивни направи, што доведе до итна евакуација на учениците и наставниот кадар. По добивањето на дојавите, училиштата постапија според протоколите и веднаш ги известија надлежните институции. Наставата беше прекината, а учениците и персоналот беа безбедно евакуирани. Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, по добивањето информации од ...