
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Кокаинот „не е полош од виски“ и е нелегален само затоа што доаѓа од Јужна Америка, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро за време на директен пренос од владиниот состанок. За време на шестчасовниот министерски состанок — емитуван во живо за првпат досега — левичарскиот претседател рече дека „кокаинот е нелегален затоа што се произведува во Јужна Америка, а не затоа што е полош од вискито“. „Научниците го анализираа ова. Кокаинот не е ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради високите цени на производите. Но, истовремено очекува преку дијалог производителите, дистрибуитерите, маркетите и потрошувачите да седнат заедно да разговараат и да го надминат сето ова коешто се случува, за да нема ескалации и да нема поголеми последици, рече Мицкоски на новинарско прашање дали се уште го ...
Потребна е поголема транспарентност во формирањето на цените, Владата и институциите да ги прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и добавувачите и увозниците. Да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат добавувачите од манипулации со цените, а потрошувачите мора да знаат кој ги поставува цените што би се направило преку јавни кампањи за подигнување на свеста. Како што информира денеска Сојузот на стопански ...
Утре повторно ќе се бојкотираат маркетите. На социјалните мрежи под мотото „Црн петок“ се шири повик за нов бојкот на маркетите, бидејќи првиот, што се одржа на 31 јануари даде резултати. Според информациите од УЈП првиот бојот речиси им го преполови прометот. -Во осумте поголеми синџири на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од ...
По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – едно осомничено за продолжени кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 и Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1, додека другото е осомничено за продолжено Давање поткуп од член 358 став од Кривичниот законик, инфрмираат од ОЈО. -Првоосомничениот, во ...
Дритан Беџети, кадар од партијата Алтернатива на Гаши, девет месеци ја обавувал функцијата директор на Фондот за ПИОМ без согласност на Влада. Неговото (не)работење засега е проследено со две кривични пријави, додека извештајот на ДЗР потврдува основи за прекршочна и кривична одговорност од кадарот на Гаши. Неговата функција ја наследува Арсим Хасани од Алијанса, се вели во соопштението од Левица. -Ревизорскиот извештај наведува именување на ...
Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава на инцидент, кој се случил вчера во операциона сала во Клиничката болница во Штип. Како што дознаваме, се работи за двајца доктори, кои оперирале на двајца различни пациенти. -На 05.02.2025 во 12.45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, соопшти СВР. По ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, наводно, му подарил на американскиот претседател Доналд Трамп златен пејџер, повикувајќи се на тајната операција со која беше десеткувана либанската милитантна група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“, наводно одговорил Трамп, според Канал 12 вести. During their meeting, Netanyahu gifted Trump a golden and a regular pager. Trump reacted: “That operation against Hezbollah was incredible.” 😂😂😂 ...
Хрватската интернет платформа „Ало, инспекторе“ за утре најави еднодневен генерален бојкот на продавниците и услугите во државата, трет од започнувањето на таа акција поради високите цени и еднонеделен бојкот на „Конзум“ од сабота, 8 февруари. Според анкетата, следни на листата на еднонеделен бојкот се продавниците на „Плодине“ и „Студенац“. За еднонеделен бојкот на „Конзум“ одлучија граѓани кои учествуваа во анкетата објавена на платформата на ...
Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата на граѓаните во правосудните институции и ги зголемуваат, но и потврдуваат, сомнежите дека СДС на власт целосно ги политизираше, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. -СДС и Венко Филипче веќе не треба да се кријат. СДС и Венко Филипче треба да излезат и јавно да кажат дали и колку пари и плаќале на судијката која го ...
На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од Санторини, на кои се гледа дека најпознатата Црвена плажа речиси целосно е покриена со камења кои паднале од блискиот рид. Оваа плажа, една од најпознатите знаменитости на островот, сега е непрепознатлива, а во нејзина непосредна близина се наоѓа познат археолошки локалитет. Σαντορίνη: Μεγάλη κατολίσθηση στην Κόκκινη Παραλία Τουρίστες έβγαζαν selfies στο χείλος του γκρεμού 🖇️ ...
Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ. -Таткото на министерот за дигитална трансформација, Љупчо Андоновски е советник во Владата. Братот на министерот пак, Игор Адноновски е началник во АНБ. Значи цела фамилија, едниот брат министер, другиот брат началник во АНБ а таткото Советник во Влада. Ова ли е „департизацијата” ...
По бојкотот на големите трговски ланци што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повика граѓаните на нов бојкот. Ефектива упати нов повик до потрошувачите да ги бојкотираат петте големи трговски синџири – Делеза, во која се Maxi и Shop&Go, Меркатор, кои ги вклучуваат Idea и Roda, како и DIS, Lidl и Univerexport, јавија српските медиумис. Повикот е да се спроведе бојкот што ќе трае од ...
Детска шарена и мека топка од брендот Mogly Toys е повлечена од српскиот пазар поради опасни материи кои можат да го загрозат здравјето на децата, соопшти НЕПРО. Оваа играчка, наменета за деца над три години, е покриена со мек синтетички материјал и доаѓа спакувана во мрежеста кеса. Се идентификува со кодот МКБ389671 и бар-кодот 6991203896719. Анализата утврди дека топката содржела недозволени количества фталати ДЕХП и ДнОП, кои претставуваат ...
Поранешниот советник на Белата куќа и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се вели дека стои зад планот на неговиот „дедо“ за тоа САД да го „преземат“ Појасот Газа и наводно да ги премести Палестинците од оваа енклава. Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, Кушер наводно учествувал во подготовката на изјавата на Трамп што ја изнесе на заедничката конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху не барал од ...
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески вечерва е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција отвори истрага за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата извршени за време додека бил директор, потврдија за МИА од Финансиската полиција. Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на ...
авен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик, како и за еден 26-годишник осомничен за помагање при извршување на кривичното дело. Осомничените, во периодот од март 2024 година до 04.02.2025 година, во повеќе наврати, со намера за себе да прибават противправна имотна ...
Вкупно 12 жени побарале лекарска помош во болница во Бугарија за активно лекување и брза помош откако користеле ботулински токсин, изјави во телевизиско интервју раководителот на Клиниката за нервни болести при Универзитетската болница „Н.Пирогов“, доц. д-р Марија Димитрова, цитирана од БТА. Четири жени се хоспитализирани во Пирогов, од кои едната е во тешка состојба, извести доц. д-р Марија Димитрова. Според неа, пациентката е во тешка состојба ...
По се изгледа “фабриката” ДНК нема намера да го намали темпото кога се во прашање создавањето на нови песни. По тој повод, пред два дена Панчо и Андреј преку социјалните мрежи го најавија нивниот најнов музички проект. Jавноста беше изненадена од видеото кое беше споделено, бидејќи на него се појавуваат дваесетина јавни личности и сите од нив кажуваат само еден едноставен збор – “Фала”. Причина за ваквата кампања е всушност најновата песна на ...
Француската компанија за луксузни производи „Луј Витон“ е казнета со пет милиони круни (околу 440.000 евра) во Шведска, откако клиент во неколку наврати плаќал големи суми во готовина во продавница во Стокхолм, кршејќи ги одредбите од Законот за перење пари, се вели во пресудата на Управниот суд. „Луј Витон, меѓу другото, му дозволи на клиентот да купи во готовина за 235.000 круни (околу 20.500 евра) во 13 наврати во краток временски период“, ...
Многу отворени прашања останаа по првиот консултативен состанок што денеска во Штип го одржа Алказар Енерџи, компанијата која најавува дека ќе го изгради најголемиот ветерен парк со максимум 54 ветерници со површина од 326 хектари на тромеѓето меѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш. Тоа е првиот голем проект што го промовира премиерот Христијан Мицкоски откако ја презеде власта, најавувајќи го најголема инвестиција во обновливи извори на ...
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите. Постапка за оценување на уставноста на оспорениот ...
Секое принудно раселување или депортирање на луѓе од окупираната територија го прекршува меѓународното право, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на ОН (УНХР) како одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа и нивно преместување во Египет и Јордан. „Од клучно значење е да стигнеме до следната фаза од прекинот на огнот, да ги ослободиме сите заложници и произволно ...
Градоначалниците на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, Љупчо Папазов, Миле Петков, Борчо Коцев и Далибор Ангелов потпишаа Договор во врска со преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани. Според договорот, општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево имаат обврска да плаќаат по 220 денари за метар кубен отпад депониран на депонијата во Кочани. Количините на депонираниот отпад ќе се утврдуваат ...
Во рамките на меѓународниот проект NEWAVES во кој партнер е Канал 77, на 28 и 29 јануари 2025 година во главниот град на Словачка, Братислава се одржа третиот координативен состанок на претставници на проектните партнери и учесници од четири европски земји, во организација на Универзитетот Александар Дубчек во Тренчин (Словачка) и националната Словачка телевизија и радио (РТВС). Ова е проект кој ја претставува Колаборативната алијанса за ...
Претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ ми пренесе дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој од вчера престојува во дводневна работна посета на Брисел. Вчера и денеска Муртезани имаше средби со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке, со генералниот ...
Совет на родители на ООУ,,Лазо Ангеловски”- општина Аеродром се обратија со писмо до министерката за образование, Весна Јаневска, за кончено решение на проблемот со врсничко насилство. Тие се незадоволни од она што досега го превземала министерката, а во страв за безбедноста на своите деца уште еднаш апелираа до Јаневска да превземе конкретни чекори за решавање на проблемот. Соопштението од Советот на родители ви го пренесуваме во целост: -Долг ...
Во општините Штип, Карбинци и Радовиш ќе се гради најголемиот ветерен парк во Западен Балкан кој ќе се простира на 326 хектари. Градежните активности ќе започнат во втората половина на оваа година, беше истакнато во Штип на денешната јавна презентација на оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА). Тања Димитрова-Филковска специјалист за животна средина „Алказар Енерџи“ на презентацијата истакна дека според ...
Штипскиот пододдел за онкологија има само еден онколог, кој го покрива целиот источен регион, а кој во 2024 година имал 3500 прегледи. Од дијагностицираните болни од канцерогени заболувања, 110 пациенти биле целосно третирани во Штип, без да има потреба да бидат препратени во Клиниката за онкологија во Скопје: За штипската клиничка болница набавен е и акцелератор, кој што од набавката со години не е ставен во функција. Пред неколку денови се ...
По изнесените забелешки во јавноста во врска со претходните судски случаи на обвинетиот за сообраќајката на „Партизанска“ Васил Јованов, каде животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова, денеска, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, посочи дека комисија на Судскиот совет веќе ги разгледува списите и ќе постапи по сите забелешки на јавноста. Камбовски посочи дека утре Судскиот совет ќе формира комисија која ќе ги разгледа ...