„Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во нашиот здравствен систем. Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку комплексна состојба, која бара ран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој центар овозможува тим од педијатри ендокринолози, нутриционисти, психолози и физијатри заеднички да работат со децата и со нивните семејства. Како и кај другите центри за менаџирање со ...
Детската дебелина прераснува во сериозен јавно-здравствен проблем во Македонија. Според податоците на Институтот за јавно здравје и Универзитетската клиника за детски болести, повеќе од 30 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, а речиси 14 проценти се соочуваат со екстремна дебелина. Токму поради ваквите алармантни бројки, на Клиниката за детски болести е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност ...

