Искусниот чувар на мрежата се најде на конечниот список на селекторот Хавиер Агире и ќе стане првиот мексикански фудбалер со настап на шест Мундијали. Со овој подвиг, 40-годишниот Очоа ќе им се придружи на Лионел Меси и Кристијано Роналдо меѓу рекордерите по бројот на учества на светските шампионати. Притоа ги надмина легендите на мексиканскиот фудбал Антонио Карбахал, Андрес Гвардадо и Рафа Маркез, кои настапија на пет Светски првенства. ...

Лука Модриќ, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Гиљермо Очоа се четирите легенди кои играле на Светското првенство 2006 година, а ќе играат на Мундијалот и годинава. Од 736 играчи кои беа присутни на СП во Германија пред 20 години, само овој квартет ќе игра и летово. На Португалецот Роналдо, Аргентинецот Меси и мексиканскиот голман Очоа ова ќе им биде рекордно шесто светско првенство, ќе испишат историја, а на Модриќ ќе му биде петто, бидејќи ...