Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски денеска од собраниската говорница одговори дека Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе дибиеме гаранција дека идентитетските и билатералните прашања нема да бидат користени за кочење и вето на нашиот евроинтеграциски пат и ќе се обезбеди реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија. Димитровски ова го кажа одговарајќи на прашање на ...

Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан - информираат од нејзиниот Кабинет. На свечената церемонија таа го искажала своето задоволство од именувањето на новата амбасадорка непосредно пред нејзиното учество на самитот на Европската политичка заедница во Ереван истакнувајќи дека ...

Скопје, 30 април 2026 (МИА) – Претседателот на Собранието, Африм Гаши, тврди дека седницата на Собранието за изменување на Законот за Владата се одвивала според Деловникот и не е прекршен ниеден член од него, а соработката во Собранието ја оценува „на многу задоволително ниво“ и дека досега нема никаква најава за порадикални мерки, како напуштање на Собранието. На брифингот со медиумите, на кој беше разговарано за тековните и за идните ...

Загреб, 30 април 2026 (МИА) - Во рамки на работната посета на Хрватска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил средба со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. На средбата, како што соопшти МНРиНТ, двајцата соговорници се согласиле дека оваа средба претставува потврда на интензивниот политички дијалог и конструктивната соработка што двете земји ја негуваат повеќе ...

Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Никогаш нема да поддржам двојазичност или повеќејазичност во правосудството. Се знае, мора да имаме еден закон, тоа е македонскиот закон, за да обезбедиме владеење на правото. Да, ќе сториме сè да изнајдеме решение, кандидатите кои сакаат да полагаат правосуден испит на својот јазик, во случајов албански, а по можност и на другите јазици, тоа да го прават, но притоа да имаме еднаков критериум во оценувањето. И ...

Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Министерството за транспорт соопшти дека во однос на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење електрични автобуси, Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди направи прелиминарен избор и поднесе предлог за избор ...

Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува како независен пратеник не претставува изненадување. Причините за оваа одлука се лично негови. Дали станува збор за политички калкулации, клиентелизам или нешто ...

Скопје, 30 април 2026 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска бил одржан состанок посветен на реформската агенда, на кој биле разгледани клучните приоритети и насоки за понатамошно дејствување. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски посочува дека учесниците на состанокот се согласиле оти реформите треба да бидат инклузивни, одржливи и насочени кон конкретни резултати со позитивно влијание врз граѓаните, при што ...

Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Охрид. Како што најави владината прес-служба, во 12:00 часот Мицкоски ќе присуствува на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража, позади Градскиот пазар. Премиерот потоа ќе изврши увид на градежните активности на плоштадот „Кај Чинарот“, како и увид на проектот за пумпната станица „Метропол“. мч/паг/ фото: МИА архива Скопје, 1 мај 2026 (МИА) - ...

Битола, 29 април 2026 (МИА) - Романската аклтерка Андреа Танасе која на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола ја изведе монодрамата „Ноти“ е годинашен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата Гран при. Меѓународното стручно жири соопшти дека претставата „Ноти“ претставува современ театарски проект кој органиски ги обединува елементите на физичкиот театар со психолошка димензија при истражувањето на социјалната ...

Вашингтон, 29 април 2026 (МИА) – Војната на САД во Иран досега чинеше 25 милијарди долари, изјави денеска високиот функционер на Пентагон задолжен за финансии, Џулс Херст, со што ја даде првата официјална процена за воените трошоци. Херст пред конгресмените во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом изјави дека најголемиот дел од тие пари се потрошени за муниција. Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, пред Комитетот за ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Во Археолошкиот музеј денеска беше отворена изложбата посветена на делото и истражувачкиот пат на Кирил Трајковски насловена „По трагите на македонската средновековна археологија - низ археолошките локалитети во Мородвис и Кожле“, во соработка со Фондацијата „Кирил Трајковски“ од кураторите Ана Јорданова Дубровска и Филип Аџиевски. На отворањето беше истакнато дека оваа изложба нè води низ еден исклучително ...

Велес, 29 април 2026 (МИА) – На 8 мај на големат сцена на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ премиерно ќе биде изведена претставата „Затворенички“ во режија на Елеонора Теова работена по компилација од повеќе текстови. Костимографијата е на Катерина Чукниева, а сценографијата на Филип Коруновски. Инаку оваа е втора годинашна премиера на Велешкиот театар за 2026. Во претставата играат актерките: Сандра Танчева, Јанка Лефкова, ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ Скопје не успеаја да се изборат за трет натпревар во финалната плејоф пресметката против Широки брег во АБА 2 лигата, откако вечерва во драматичен натпревар пред своите гледачи загубија со 86-87 . Составот на Боро Смилкоски одигра квалитетно во првото полувреме во салата „Лазар Лечиќ“ во кое имаше водство и од највисоки +11 (36-25), а на полувреме замина со предност од 43-35. Лидерот во ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Утре се пушта во употреба клучка Требеништа, уште еден дел од автопатот Охрид-Кичево, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фајсбук профил по увидот во изградбата на автопатот доцна вечерва заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. -На автопатот Охрид - Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја ...

Брисел, 29 април 2026 (МИА) - Победникот на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, на Фејсбук објави дека денеска имал „исклучително конструктивен и успешен“ разговор со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, за замрзнатите европски фондови, кои „наскоро“ ќе бидат ставени на располагање на Будимпешта. Маѓар во својата објава забележува дека на 25 мај, откако веќе ќе ја положи заклетвата како премиер, повторно ќе го посети ...

Брисел, 29 април 2026 (МИА) – Речиси едно од четири првични барања за азил во ЕУ минатата година било поднесено од малолетници, соопшти денеска Евростат, статистичката служба на ЕУ. Приближно 158.400 од оние што барале заштита биле на возраст под 18 години во 2025 година, што претставува 23,7 отсто од сите првични барања, додаде Евростат. Пропорцијата е особено висока во Австрија (57,3 отсто) и Германија (44,9 проценти). Меѓу малолетните лица ...

Москва, 29 април 2026 (МИА) – Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Разговорот бил на иницијатива на руската страна и траел околу час и половина. Путин одлучно го осудил обидот за атентат врз претседателот на САД и изразил поддршка за американскиот лидер. Лидерите разговарале за ситуацијата во Иран и Персискиот Залив, пренесува Спутник. ...

Рим, 29 април 2026 (МИА) – Владата на премиерката Џорџа Мелони в сабота ќе стане втората најдолготрајна италијанска влада во периодот по Втората светска војна, откако стапи на должност на 22 октомври 2022 година. Првата жена премиерка на Италија е на пат да стане и првата модерна лидерка која ќе заврши полн петгодишен мандат на владата без реконструкции, во септември следната година, пренесува АНСА. Владата на Џорџа Мелони в сабота, 2 мај, ќе ...

Делчево, 29 април 2026 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со земјоделците во Делчево, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Тој на средбата со земјоделците соопшти дека од Брисел пристигна известување за продолжување на процесот на искористување на средствата од ИПАРД-програмата. -Вчера добивме официјално известување од Брисел дека се ...

Вашингтон, 29 април 2026 (МИА) - Соединетите Американски Држави нема да ја укинат блокадата на Иран додека не се постигне нуклеарен договор, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп за израелскиот Канал 12 изјави дека поморската блокада е „поефикасна“ од бомбардирањето и дека Иран „се гуши“, пренесува Тајмс оф Израел. Американскиот претседател рече и дека Иран очајнички сака договор за укинување на блокадата. јт/ Фото: МИА ...

Будимпешта, 29 април 2026 (МИА) – Шеснаесетгодишната ера на национална управа во Унгарија заврши со изборите, означувајќи го почетокот на новиот период дефиниран со либерална државна управа и пронационална опозиција, порача унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан во писмо упатено до членовите на неговата партија Фидес. „Задача на нашата заедница е да ги брани големите национални достигнувања од изминатите 16 години и да го одржи идеалот ...

Лондон, 29 април 2026 (МИА) – Шефот на британската антитерористичка полиција и помошник комесар Лоренс Тејлор потврди дека денешниот напад во еврејскиот кварт во Голдерс Грин во Лондон, во кој беа избодени две лица, се третира како терористички инцидент. Тејлор рече дека „високо специјализиран“ тим на антитерористички истражители работи заедно со Метрополитен полицијата за да се „унапреди истрагата“ и додаде дека полицијата соработува со ...

Дојран, 29 април 2026 (МИА) - Со учество на повеќе од 500 основци, пожарникари од доброволната и професионалната противпожарна единица, како и подружниците на Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст за подрачјето на Гевгелија денеска во ООУ „Владо Кантарџиев“ се одржа симулациска вежба за заштита и спасување под мотото „Да ја спасиме иднината“. Според надлежните, акцијата се реализира успешно, а во рамки на вежбата се спроведени ...

Москва, 29 април 2026 (МИА) – Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за провоцирање нуклеарна војна, предупредувајќи ја Европа за последиците. Киев ја гранатира нуклеарната централа Запорожје, а Зеленски бара не само членство во НАТО, туку и нуклеарно оружје за безбедноста на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. - Тој ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Собранието попладнево го донесе Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе се укине техничката (преодната) влада. Т.н. пржинска влада беше воведена како ад хок решение за изборите во 2016 година и како механизам што ќе гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри предложени од ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) – Собранието на денешната 98. седница усвои повеќе законски решенија по скратена постапка, меѓу кои и измените на законите за минерални суровини, за концесии и јавно‑приватно партнерство, за јавните претпријатија, како и за внатрешната пловидба. Расправата за измените на Законот за пратениците, со кои се предвидува услов кандидатите да имаат исклучиво македонско државјанство, беше одложена откако седницата беше ...

Мадрид, 29 април 2026 (МИА) – Голманот на шпанскиот второлигаш Сарагоса, Естебан Андрада (35), е суспендиран на 13 натпревари откако удри противнички играч во главата на неделното дерби против Хуеска. Аргентинскиот голман доби суспензија од 12 натпревари поради удирање противник, а уште еден за црвен картон. Андрада и неговиот клуб, исто така, ќе мораат да платат и парична казна. Андрада доби втор жолт картон во последните минути од ...

Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, утре ќе престојува во работна посета на Загреб, во рамки на која е предвидена средба со неговиот хрватски хомолог. На средбата, информираат од МНРиНТ, двајцата министри ќе разговараат за актуелните политички состојби во двете држави, ...

Гевгелија, 29 април 2026 (МИА) – Финалето од Купот на Македонија во футсал е на програмата вечерва во Гевгелија каде за трофејот ќе се борат КМФ Кеги Моби од Велес и КМФ Проект од Валандово. Патот до финалето беше различен за двете екипи. КМФ Кеги Моби дојде до финалето по неизвесни натпревари. Во осминафиналето го победи Шкупи со 4-3, во четвртфиналето беше подобар од Бутел со 8-6, а во полуфиналето триумфираше против Јувентус Серава на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.89
71%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
76%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.65
71%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.66
66%
1022
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.99
87%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.15
91%
1022
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.3
66%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.35
62%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
0.89
94%
1020
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
81%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.74
100%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Платина

53756.05

Калај

51.97

Бакар

12.52

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39

Злато

131337.93

Сребро

2072.63