Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Торонто, 30 април 2026 (МИА) – Канадските власти не му дозволија влез во земјата на претседателот на иранската фудбалска Федерација, Мехди Таџ, кој требаше да присуствува на конгресот на ФИФА во Ванкувер. Иранската новинска агенција Тасним објави денеска дека Таџ и уште двајца претставници на иранската фудбалска федерација се соочиле со „несоодветно однесување од страна на службениците за имиграција“ на аеродромот во Торонто и решиле да се ...
Ванкувер. 30 април 2026 (МИА) – Висока делегација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), предводена од претседателот Масар Омерагиќ учествува денеска на 76. редовен Конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во канадскиот град Ванкувер. Во објава на социјалните мрежи, Омерагиќ посочи дека македонската делегација, во чиј состав се и генералниот секретар Леонид Јандреоски и спортскиот директор Горан Пандев, активно учествува во ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) – Одбојкарките на скопски Работнички го совладаа вечерва на домашен терен Наковски Волеј со 3-1 во сетови и израмнија на 1-1 во финалната серија од плејофот за титулата. Избраничките на Душко Деспотовски го добија првиот сет со 25-21, но струмичкиот тим брзо се врати резултатски во игра и доминираше во вториот сет за конечни 21-14. Третиот сет донесе крајно неизвесна битка во која Работнички славеше на крајот на ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Канцеларијата за „Креативна Европа“ при Министерството за култура и туризам, во соработка со „Пасворд продукција“ денеска во Лабораториум во Скопје ќе организира тричасовна „Сесија за музичката сцена“. Сесијата е дел од програмата на дводневиот „Форум за праведност во културната мобилност“ (29–30 април 2026), организиран од меѓународната мрежа „Во движење“ (On The Move), во партнерство со регионалната мрежа ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Националниот џез оркестар денеска во паркот „Ибни Пајко“ организира фестивал „Today It's All About Jazz“ за одбележување на Меѓународниот ден на џезот, на кој, почнувајќи од 16 часот, ќе настапат домашни и странски изведувачи. На програмата се Peach Vice, Next to silence, Arnau Garrofé: „Frantik zen”, Jaco lives! - Нацационален џез оркестар & Dane Alderson и „Леб и сол“. Во случај на неповолни временски ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) – Презентации и дебата на тема „Држејќи ја линијата: Практики, структури и солидарност во визуелните уметности“ ќе се одржат денеска со почеток во 11 часот, во КСП Центар – Јадро, во рамки на Форумот за културна мобилност 2026 на мрежата On the Move. Настанот е дел од годишниот Форум што On the Move го организира со цел да се истражат трендовите и предизвиците во меѓународната уметничка и културна мобилност. ...
Битола, 30 април 2026 (МИА) – По повод Меѓународниот ден на џезот, Младинскиот културен центар – Битола, официјален младински клуб на УНЕСКО, денеска со почеток во 21 часот во кафе-барот „Порта Џез“организира концерт во живо на квартетот Кондовски/Јовановиќ/Букршлиев/Спировски. Публиката ќе има можност да ужива во настап исполнет со слободна импровизација и експериментален џез-звук, во кој Глигор Кондовски, Дориан Јовановиќ, Филип Букршлиев и ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - На малата сцена во Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Западен експрес“, копродукциски проект меѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и МНТ. Претставата е работена по текст на романскиот наградуван автор Матеј Вишњек и во режија на Јари Јутинен. Раскажува приказна за луѓе од Истокот кои посегнуваат по митскиот Запад и неговото ветување за утописка иднина, за на крај да сфатат дека ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Објавен е Конкурсот за необјавено поетско дело за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2026 година. Конкурсот е е објавен во денешниот број на весникот „Нова Македонија“, а во него се наведени и пропозициите за учество. Наградата „Антево перо“ за 2026 година се доделува како исклучително македонско поетско ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2026 година, со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 мај 2026. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: ...
Скопје, 30 април 2025 (МИА) - Македонскиот филм, претставен низ разни генерации и стилови, ќе доминира во мајската програма на Кинотеката на Северна Македонија. Ќе бидат прикажани „Прашина“ на Милчо Манчевски , „Збогум на 20. век“ на Дарко Митревски и Александар Поповски, „Планината на гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски, „Преку езерото“ на Антонио Митриќески, „Нели ти реков“ на Стево Црвенковски, „Викенд на мртовци“ на Коле Ангеловски, ...
30 април 2026 Дојче Веле Безбедносната состојба во Мали брзо се влошува по координираните напади врз неколку градови и атентатот врз министерот за одбрана, што дополнително ја потресува владејачката воена хунта и ја доведува во прашање стабилноста на земјата. Во текот на изминатиот викенд, дури пет гарнизонски градови - Кати, Бамако, Севаре, Гао и Кидал - беа истовремено цел на напади. Одговорноста ја презедоа џихадисти поврзани со Ал-Каеда ...
Бејрут, 30 април 2026 (МИА) - Најмалку девет лица загинаа утрово во израелски напади во јужен Либан, објавија либанските медиуми. Најмалку три лица загинале, а седум се повредени во израелски напад врз станбена зграда во Џебчит во јужен Либан, северно од реката Литани, објави Ал џезира. Се известува дека четири лица загинале, а шест се ранети во израелскиот напад во градот Тулу, додека две лица загинале во напад врз градот Харуф во јужен ...
Вашингтон, 30 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно го нападна германскиот канцелар Фридрих Мерц поради неговите критики за војната во Иран, пренесе ДПА. Коментарот на Мерц претходно неделава, во кој сугерираше дека иранската влада ги „понижила“ САД во преговорите, предизвика гневен одговор од Трамп, кој се закани со повлекување на американските трупи стационирани во Германија и упати серија напади кон ...
Вашингтон, 30 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска повторно го постави прашањето кога телевизиската мрежа Еј-Би-Си ќе го отпушти водителот на ток-шоуто Џими Кимел, додавајќи дека би било подобро тоа да се случи наскоро. „Кога Еј-Би-Си, таа лажна медиумска мрежа, ќе го отпушти крајно ’незабавниот‘ Џими Кимел, кој неспособно води една од најлошо оценетите емисии на телевизија? Луѓето се бесни. Подобро би било тоа ...
Техеран, 30 април 2026 (МИА) – Шефот на иранската делегација во преговорите за примирје и воспоставување прекин на огнот со САД, Мохамед Багер Калибаф, денеска изјави дека Иран, преку воспоставување контрола над Ормуската Теснина, ќе обезбеди иднина без присуство и мешање на САД, повикувајќи се на историскиот наратив за протерувањето на европските колонизатори од Персискиот Залив во 1622 година. - Во 1622 година, по 115 години окупација, ги ...
Лондон, 30 април 2026 (МИА) - Припадници на Кралските воздухопловни сили (РАФ) соборија повеќе од 100 ирански беспилотни летала и ракети за време на неколкунеделните напади врз коалициската база во Ирак, соопштија воени извори. Базата, која британските сили помагаат да се заштити, наводно била цел на околу 28 беспилотни летала и ракети дневно во период на зголемени тензии меѓу САД, Израел и Иран, пред да се постигне привремен прекин на огнот, ...
Киев, 30 април 2026 (МИА) – Командантот на украинската војска, генералот Олекасандар Сирски нареди задолжително двомесечно ограничување за војниците на првата линија на фронтот, кои служат на првите позиции за да се реши клучниот проблем за недоволно екипираната армија на Киев во петтата година од војната со Москва. Наредбата на Сирски дојде во услови на чести и честопати вознемирувачки извештаи дека украинските војници со месеци го служат ...
Париз, 30 април 2026 (МИА) - Шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, изјави дека светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата поради нарушувањата предизвикани од конфликтот со Иран. „Пазарите на нафта и гас минуваат низ големи тешкотии. Кога последен пат погледнав, цената на нафтата беше повеќе од 120 долари, што врши голем притисок врз многу земји“, рече Бирол на конференција во Париз. Тој ...
Киев, 30 април 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара објаснување од Соединетите Американски Држави за предлогот на Москва за прекин на огнот што почнува на 9 мај. „Ќе разјасниме за што точно станува збор - неколку часа обезбедување за парадата во Москва или нешто повеќе“, напиша Зеленски во објава на социјалните мрежи. „Нашиот предлог е долгорочен прекин на огнот, сигурна и загарантирана безбедност за народот и траен ...
Москва, 30 април 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека 450.000 луѓе потпишале договори за приклучување кон руските вооружени сили во 2025 година, а уште 127.000 го сториле тоа од почетокот на оваа година. „И минатата година, како резултат на сите воени договори, 450 илјади луѓе дојдоа да служат во заедничката команда на трупите. Тоа е сè. И оваа година, од денеска, го ...
Москва, 30 април 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за време на телефонскиот разговор вчера се согласија да продолжат со медијациските напори за решавање на конфликтот во Украина, но сè уште не се одредени конкретни датуми за нови разговори - изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков им рече на новинарите дека Путин и Трамп се согласиле да продолжат со контактите меѓу ...
Брисел, 30 април 2026 (МИА) - Телефонските разговори меѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, оставаат многу прашања неодговорени, изјави денеска шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас. „Секако, кога ги гледаме овие разговори меѓу претседателот Трамп и Путин, секогаш знаете, има многу прашања што остануваат неодговорени, со оглед на тоа што Русија отворено ја фали херојската борба што Иран ја води ...
Киев, 30 април 2026 (МИА) - Украински дронови ја погодиле рафинеријата за нафта Лукоил-Пермнефтеоргсинтез во близина на рускиот град Перм, која се наоѓа на повеќе од 1.500 км од украинско-руската граница, објавија украински медиуми. Бронтовите биле управувани од Центарот за специјални операции Алфа, се вели во соопштението на Службата за специјални операции (СОС). Лукоил-Пермнефтеоргсинтез е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија и ...
Киев, 30 април 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закони одобрени од Врховната рада претходно оваа недела за продолжување на воената состојба и општата мобилизација за три месеци. Украинскиот парламент ги поддржа двата закони на 28 април. Времетраењето на воената состојба и општата мобилизација во Украина сега е официјално продолжено до 2 август 2026 година. Ова е дванаесетто продолжување на воената состојба и ...
Киев, 30 април 2026 (МИА) – Во напад на руските сили врз Дњепарската област загина едно лице, а бројот на повредени се зголеми на 17, соопштија локалните власти. Началникот на Дњепропетровската администрација, Олександар Ханжа на својот канал на Телеграм напиша дека бројот на повредени во „непријателскиот напад во Дњепарскиот округ се искачи на 17“, пренесува Укринформ. Тој додаде дека седум лица се хоспитализирани. Според него, во тешка ...
Лондон, 30 април 2026 (МИА) – Во центарот на Лондон се појави нова скулптура која му се припишува на британскиот анонимен уличен уметник Бенкси. Скулптурата, која прикажува маж во движење со знаме што му го покрива лицето, е поставена на постамент на „Ватерло плејс“ (Waterloo Place), во близина на трговскиот центар во центарот на Лондон. Уметничкото дело се појавило во текот на ноќта, а Бенкси дополнително го потврди авторството, пренесува ...
Берлин, 30 април 2026 (МИА) – Бројот на невработени во Германија во април е намален за 13.000 во споредба со март, но и понатаму е поголем од три милиони, што укажува на стагнација на пазарот на труд, објави денеска Сојузната канцеларија за труд (БA). На годишно ниво, бројот на невработени е поголем за 77.000 во однос на април 2025 година, додека стапката на невработеност остана непроменета на 6,4 отсто, пренесува „Виртшафтсвохе“ ...
Брисел, 30 април 2026 (МИА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска во Брисел изјави дека, според бројките со кои располага, Русија губи голем број војници во Украина. Таа на прес-конференција рече дека во мај ќе продолжат разговорите за одбрана на европските безбедносни интереси. На новинарски прашања за преговорите, Калас рече дека не гледа знаци дека Русија е подготвена да ...
Париз, 30 април 2026 (МИА) – Канцеларијата на парискиот обвинител покрена истрага против петнаесетгодишник осомничен дека ја хакирал националната агенција за издавање лични карти и се обидел да ги продаде податоците на милиони Французи на „dark web“ претходно овој месец, соопшти денеска обвинителството. Тинејџерот, чиј идентитет не е откриен, е приведен на 25 април и задржан во полициски притвор на испитување, откако се појави сомнеж дека тој ...