Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Отворен е повикот за номинации за „Жени претприемачи на годината 2026 во Западен Балкан“, соопшти Сојузот на стопански комори (ССК). Станува збор за иницијатива на Regional Cooperation Council, чија цел е да ги препознае и истакне најуспешните жени претприемачи во регионот, како и да придонесе за унапредување на женското претприемништво и економската еднаквост. -Овие признанија се јасен показател за квалитетот, ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Клубот за младински прашања и политики, Европската недела на младите ја одбележа со јавна расправа на тема „Влијанието на употребата на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“. На јавната расправа воведни обраќања имаа Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација кој порача дека децата во училиштата треба да учат, да се развиваат и да се чувствуваат безбедно во дигиталниот и физичкиот ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Предлог-одлуките за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, селата, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година, беа утврдени денска на четириесет и втората седница на Советот за рамномерен регионален развој, со кој раководеше министерот за локална самоуправа, Златко Перински. Вкупно ...
Куманово, 29 април 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за прелиминарна селекција на кандидати за член на Судскиот совет, по распишаниот оглас што го спроведува Собранието. Дитурије Елези Незири, судија на Управен суд предложена од Здружението на судии, Флора Илковска адвокатот од Скопје предложена од Адвокатската комора, Јелена Кадриќ, ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се обратил на настанот по повод одбележувањето 20 години од работењето на ЕВН Македонија, на кој беше промовирана и „Белата книга“ за развојот и влијанието на компанијата во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, Гаши истакнал дека дведецениското работење на ЕВН Македонија претставува значајна успешна приказна, која се огледа во модернизацијата на услугите, ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Убедени сме дека социјалниот дијалог е најдоброто оружје, би рекол инструмент, преку кој работниците ги остваруваат своите права. Очекуваме синдикатите да бидат третирани како рамноправни партнери со другата страна, која ги претставува работодавачите. Очекуваме дискусија со заклучоци, кои ќе одат во насока на унапредување на правата на работниците, а ќе отвориме расправа и по одредени закони, кои се или ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите со цените се следат и оти ќе се носат соодветни одлуки. Податокот дека сме трета држава во Европа според износот на средства за мерки од буџетот за справување со кризата, како што оцени денеска, покажува дека се грижиме за граѓаните. - Со податокот што го даде Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на состанокот, на кој бевме јас и гувернерот ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Со гостувања на националните театри од денеска Драмски театар продолжува со активностите во чест на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Манифестацијата, како што соопштуваат од Драмски театар, е замислена како повеќедневна културна платформа на гостувања и средби што ќе ја афирмира продукцијата на македонските театри пред публиката во овој театар. Под мотото „Еден е Драмски!“ се организирани гостувања ...
Бангкок, 29 април 2026 (МИА) - Поранешниот тајландски премиер Таксин Шинаватра ќе биде ослободен од затвор следниот месец, соопшти денеска затворската управа. „Тој ќе биде ослободен на 11 мај и ќе мора да ги исполни сите услови до крајот на пробниот период, што вклучува носење електронска нараквица“, соопшти администрацијата. Казната на поранешниот премиер беше намалена поради неговата напредна возраст и фактот дека му останува помалку од ...
Москва, 29 април 2026 (МИА) - Русија нема намера да го напушти ОПЕК+, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Тоа е формат кој сепак овозможува значително, така да се каже, намалување на ваквите флуктуации на енергетските пазари и овозможува стабилизација на овие пазари“, рече Песков. Зборувајќи за одлуката на Обединетите Арапски Емирати да го напуштат нафтениот картел, тој рече дека тоа е „суверена одлука“ на ОАЕ и дека Русија ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Општина Илинден продолжува со вложувања во развојот на спортската инфраструктура и унапредување на условите за младите, при што денес во спортскиот комплекс „Драго Маневски“ се одржа промоција на нова текбол маса, се вели во општинското соопштение. Воведувањето на текбол, како современа и сè попопуларна спортска дисциплина, нагласуваат од Општината, отвора нови можности за учениците и младите да ја подобрат ...
Тетово, 29 април 2026 (МИА) - Јавната установа Национален парк Шар Планина информира дека како институција се приклучува кон проект насловен „Лајф ДинПин Мечка“ (LIFE DinPin Bear,) кој до 2031 година ќе се спроведува во девет европски држави со цел заштита на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка (Ursus arctos). Како институција, активно ќе придонесат во истражувањата на терен преку мониторинг, трап камери и собирање научни податоци ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Со музика во живо и отворена интеракција меѓу професионалните музичари и децата, денес во паркот „Шопен“ официјално започна десеттиот јубилеен фестивал „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“. Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода, првиот фестивалски ден им го посвети на најмладите преку работилницата „JAZZ FOR KIDS“, соопштија од Општината. -Учениците од основните училишта во Општина Кисела Вода, ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Собранието ја продолжи 98. седница по измените на Законот за Владата со којшто се предвидува укинување на техничката влада со одложено дејство, но таа беше повторно одложена за половина час за дополнителни консултации од страна на пратеничката група на СДСМ откако Рина Ајдари, координаторка на пратеничката група на Европскиот фронт побара измените да бидат разгледани на Комитетот за односи меѓу заедниците. ...
29 април 2026 Филипче и СДС повторно демантирани и разобличени, овој пат од Томас Вајц и Брисел, ИПАРД програмата не е блокирана, Реформската Агенда има напредок, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. За ситни политички поени, Филипче и СДС го манипулираа народот и ги лажеа земјоделците. Лажеа дека средствата од ИПАРД програмата се блокирани и дека ...
29 април 2026 Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение, истакна на прес-конференција пртаеничка и потпретседателка на СДСМ Јована Тренчевска, што МИА ја пренесува интегрално. Сега, кога е на власт, истиот Мицкоски го менува ставот и ...
Скопје,29 април 2026 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРСМ. - Детето, во судир со законот, во февруари 2026 ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Џ. од с.Лопате, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. Полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против В.Л.(34) од с.Воѓани, општина ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни и им изрече затворски казни на Раде Трајковски-Штекли во траење од осум години, Александар Гучевски - шест години, Стефан Китанов и Филип Таневски - по пет години и на Стојан Миланов во траење од три години и десет месеци како членови на група која неовластено продавала кокаин и марихуана. Судот утврди дека осудените во периодот од јануари 2024 година ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Во периодот од 2020 до 2024 година во државата се евидентирани 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца, при што системот за заштита на жртвите реагира фрагментирано, не обезбедува навремена поддршка и често предизвикува секундарна виктимизација - покажуваат наодите од најновата анализа на Народниот правобранител. Според податоците што ги презентира денеска заменик-народниот правобранител Васка ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Подготовката на физибилити-студијата за проектот за брза пруга е во тек и конечната верзија треба да биде готова во јуни. - Подготовката на студијата трае 270 дена и мора да помине мај за да биде комплетно изработена. Во јуни би требало да ја имаме - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. И министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека студијата е во ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Министерството за правда соопшти дека поради отсуството на пратениците на СДСМ е одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните. Министерот за правда, Игор Филков информирал дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Безбедноста на децата во дигиталниот простор е прашање што бара јасен, системски и одговорен пристап. Затоа предлагам да разгледаме модел кој ќе опфати забрана или строго ограничување на користење телефони за време на наставата, јасни исклучоци за образовни цели и унифицирани правила за сите училишта, како и видео надзор во училиштата според европски искуства, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува партиските причини на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени, но смета дека таа иницијатива нема шанси да успее со оглед на тоа што што за нивно усвојување е потребно двотретинско мнозинство. - Според нашиот Устав, уставни измени може да предложат 30 пратеници или 150 илјади граѓани. Иницијаторот нема 30 пратеници во ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Ова е историски ден не само за мене туку и за сите нас во државата бидејќи претседател на Швајцарија е во прва официјална посета на нашата држава - истакна денеска претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по приемот и посетата на претседателот на Швајцарија, Ги Пармелан. Сиљановска-Давкова нагласи дека денешната посета на Пармелан значи дека тој на Западен Балкан му придава ...
Мадрид, 29 април 2026 (МИА) - Атлетико Мадрид е подготвен да одбие понуда од приближно 150 милиони евра за трансфер на напаѓачот Хулијан Алварез, објави „Скај Спортс“. Шпанците се цврсти во својата желба да го задржат 26-годишниот Аргентинец. Арсенал, Барселона и ПСЖ се заинтересирани за играчот, па дури и понуда од таков обем не би го привлекла клубот да го продаде фудбалерот. Алварез е во Атлетико Мадрид од август 2024 година. Неговиот ...
Киев, 29 април 2026 (МИА) - Украинските поморски сили погодија санкциониран танкер на околу 210 км југоисточно од руското пристаниште Туапсе на Црното Море со воени беспилотни летала, соопшти Генералштабот на социјалните медиуми. Бродот „Маркиз“ кој пловел под камерунско знаме не бил натоварен во времето на нападот, се додава во соопштението. Бродот е санкциониран од Украина, Велика Британија, Европската Унија, Швајцарија, Нов Зеланд и ...
Берлин, 29 април 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека му кажал на американскиот претседател, Доналд Трамп, зошто мисли дека војната во Иран е погрешна, но, истовремено, се обидува да одржува добри односи со него и дека досега успеал во тоа. Мерц ова го кажа за германски „Шпигел“ кога беше прашан зошто појасно не му се спротивстави на американскиот претседател и додаде дека за време на неговата последна посета на САД не ...
Белград, 29 април 2026 (МИА) - Во Белград денеска беше презентиран редовниот економски извештај на Светска банка според кој прогнозата за економски раст за Србија е намалена од 3,0 на 2,7 проценти оваа година, и од 3,1 на 3,0 проценти во 2027 година, поради глобалната неизвесност и последиците од конфликтот на Блискиот Исток. Водечкиот економист во СБ за Западен Балкан, Ричард Рекорд, истакна дека меѓународната финансиска институција ...
Атина, 29 април 2026 (МИА) – Грчката поддршка за Катар против неиспровоцираните напади на Иран, ја изрази премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на средбата во Атина со емирот на Катар, шеик Тамим Бин Хамад ал Тани, кој од своја страна изрази надеж дека конфликтот преку преговори, ќе заврши наскоро, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, на средбата станало збор за последните случувања во Иран ...