Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и дека тоа се класифицирани, строго доверливи документи до кои, рече, нема пристап директорот на затворот „Скопје“, кој изјави дека не би била загрозена безбедноста на Груби. -Таква е одлуката сега, но тоа не значи дека куќниот притвор нема да биде заменет со ефективен. Лицето е обезбедено, ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) – Американецот со македонски пасош Етан Хап ги искажа своите очекување за утрешниот натпревар со Луксембург. - Прекрасно е да се вратам, и да бидам дел од репрезентацијата. Има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот. Па затоа сум среќен што се вратив и сум заедно со тие момци. А и новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене, и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска, на 25 февруари, информираа денеска од МВР. - На натпреварот учествуваа полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обележа успешно завршување на два проекта за развој на работната сила поддржувајќи ја Северна Македонија во праведната транзиција на енергијата, со завршен настан и церемонија на доделување сертификати, која се одржа во Битола, се вели во соопштението од ЕБОР, што МИА го пренесува интегрално. Проектите беа имплементирани во соработка со Владата на Северна Македонија, ...
26 февруари 2026 ВМРО-ДПМНЕ им оддава почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на неговиот кабинет и на екипажот, кои трагично ги загубија животите во авионската несреќа, се наведува во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија во период на сериозни искушенија. ...
Струмица, 26 февруари 2026 (МИА) - Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, родната Струмица одбележа 22 години од неговата смрт. Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии, институции и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ја искажаа својата почит. За ликот и делото на ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Градежната офанзива во општина Илинден започна со активностите за асфалтирање на новоизградената улица „103“ во местото „Јака“ во „Марино“. Оваа улица е во вкупна должина од 512 метри и широчина од шест метри, со тротоари од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри, соопштија денеска од локалната самоуправа. - Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид и истакна дека по ...
Кан, 26 февруари 2026 (МИА) - Режисерот Парк Чан-вук од Јужна Кореја е именуван за претседател на жирито на овогодишниот Филмски фестивал во Кан, објавија денеска организаторите. Жирито ќе одлучува за „Златната палма“, главната награда на меѓународниот фестивал, што треба да се додели на 23 мај. Парк (62) претходно освои неколку награди на престижниот француски фестивал, и ќе биде првиот Јужнокореец кој ќе ја предводи таа жири-комисија. ...
Кјото, 26 февруари 2026 (МИА) - Истражувачки тим на Универзитетот на Кјото, Јапонија, заедно со компанијата „Тераверс“ со седиште во истиот град и кинеската „Икс-НОВА“, разви човековиден робот со будистички изглед и нарави и со вештачка интелигенција, создаден да води разговори и да комуницира со луѓе, пренесува Танјуг. Роботот, наречен „Будароид“ (Budaroid), е заснован на хуманоидниот робот „Јунитри Г-1“ (Unitree G1), произведен од кинеската ...
Париз, 26 февруари 2026 (МИА) - Главниот тренер на ПСЖ, Луис Енрике, го коментираше нерешениот резултат 2:2 со Монако во синоќешниот реванш од плејофот на Лигата на шампионите. - Не бевме изненадени од квалитетот на играта на Монако. Уште еднаш покажавме отпорност и способност да ги надминеме неволјите. Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување и разбираме дека треба да се подобриме. Следните фази ќе бидат предизвикувачки, па затоа е ...
Торино, 26 февруари 2026 (МИА) - Капитенот на Јувентус, Мануел Локатели, ја коментираше победата од 3:2 над Галатасарај во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите, што доведе до нивно елиминирање од натпреварувањето. - Никогаш не ја изгубивме вербата. Само помислата на тоа ме тера да заплачам. Дадовме сè од себе, до последна капка. Резултатот од првиот натпревар ни ја отежна задачата денес. Искрена благодарност до сите - навивачите беа ...
Атина, 26 февруари 2026 (МИА) - Енергијата е сила. Сила на безбедноста, сила на развојот и на меѓународното влијание. Продолжуваме напред со национална гордост и самодоверба - истакна министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, по средбата во Вашингтон со американскиот секретар за внатрешни работи, Даг Бургум, и секретарот за енергетика, Крис Рајт, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од ...
Атина, 26 февруари 2026 (МИА) – Оградата на копнената граница со Турција ќе се продолжи и ќе го покрие целиот Еврос, за да бидеме трајно безбедни од каква било идна закана, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи на вториот подготвителен конгрес на Нова демократија во Александруполи, каде што тема беше безбедност, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис потсети на случувањата во март 2020 година во Еврос на копнената граница ...
26 февруари 2026 Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни, пишува во соопштението од СДСМ, што МИА го преенсува интегрално. Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 ...
26 февруари 2026 Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - На граѓаните им е веќе јасно и знаат сè. Разоткриени се секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со очила, насмевка, лисици. Недостигаше уште црвен килим за Груби. Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40 % од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан. Потоа крешендо со одредување куќен притвор од Обвинителството и ...
26 февруари 2026 Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Вистина е дека Артан Груби не е „обичен“ ...
Берлин, 26 февруари 2026 (МИА) - Извршниот директор на водечката државна Втора германска телевизија - 2ДФ, Норберт Химлер побара строги правила за употреба на слики и материјали создадени со помош на вештачка интелигенција, по неодамнешните контроверзии околу употребата на такви материјали како илустрација во вести на информативната програма на радиодифузерот, јави ДПА. - Може да користиме само слики чие потекло можеме да го утврдиме без ...
Битола, 26 февруари 2026 (МИА) - СВР Битола утрово информира дека е регистран нов случај на измама на возрасно лице од лажен лекар кој на 84-годишна битолчанка и одзел 9.600 евра. Од СВР Битола информираат дека вчера во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавните обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавните обвинители на РСМ по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево - Охрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај 2027 година, со којшто се обезбедуваат уште 151 ден за добивање ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Следната недела почнува реконструкција на аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид, прва од неговата изградба - најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според Николоски, преземени се активности и аеродромот е легализран, што, истакнува, беше тежок процес. - Реконструкцијата ќе биде прва од овој тип од неговото градење. До неодамна беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на ...
Торино, 26 февруари 2026 (МИА) – Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, ги искажа впечатоците по синоќешниот натпревар (2:3) со Јувентус во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите и пласманот во осминафиналето. -Знаев дека ќе биде вака вечерва - го познавам овој тим и атмосферата на овој стадион. Знаев дека ќе биде тешко, дека навивачите на Јувентус ќе ни го направат животот кошмар. Благодарност и до навивачите на Галатасарај. Јас ги ...
Барселона, 26 февруари 2026 (МИА) - Членот на Спортскиот комитет на Барселона, Жоан Солер, изјави за радио станицата „Кадена СЕР“ дека каталонскиот клуб има финансиски средства да го купи напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, или напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Солер, кој претходно беше директор на клубот и учествуваше во изборната кампања на Жоан Лапорта, истакна дека Каталонците можат да си дозволат да потпишуваат ...
26 февруари 2026 Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што првично дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно. Директорот на истражниот затвор јавно соопшти дека нема поплаки, дека е извршен лекарски преглед и дека неговата безбедност е гарантирана. Само неколку часа подоцна, Министерството за внатрешни работи на чело со Панче Тошковски и Агенцијата за национална безбедност со Бојан Христовски презентираат процени, без ...
Лос Анџелес, 26 февруари 2026 (МИА) - Шимпанзата во дивината често јадат овошје коешто природно содржи алкохол, се вели во ново истражување на Универзитетот на Калифорнија во Беркли, САД. Овошјето гамбеја албида (gambeya albida) познато како африканско ѕвездесто јаболко, содржи мали количини алкохол поради природна ферментација - обично 0,1 отсто, но во некои случаи и до 0,4 насто. Според истражувањето, спроведено во Националниот парк ...
Мадрид, 26 февруари 2026 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, во Винисису Жуниор гледа лидер на неговиот тим. Реал синоќа ја победи Бенфика со 2:1 во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите. - Ниеден натпревар не е лесен. Мора да бидете трпеливи бидејќи Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во Европа. Бенфика притискаше, што ни го отежнуваше излегувањето од одбраната. Имавме простор, но не го искористивме. Сè ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Во рамките на културната понуда на Град Скопје како европска престолнина на културата 2028, во галеријата КО-РА во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечерва ќе биде отворена семестрална изложба на студентски проекти „Домување, обликување, движење“. Оваа групна изложба на студентски проекти е во рамките на соработката помеѓу ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје и Факултетот за архитектура - МИТ универзитет - ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - „Зимски салон 2026“, изложба во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер ќе биде отворена во Националната галерија, објект „Мала станица“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам како Национален проект за 2026 година. Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од словенечката ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија, ...
Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Оркестарот на Филхармонијата, вечерва, во 20 часот, ќе го одржи симфонискиот концерт „Нови хоризонти“. Како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментот на светската музичка сцена. Диригент е маестро Емил Табаков. На програмата се: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 во Бе-мол, оп. 23 од Чајковски и Свитата бр. 2 „Ромео и Јулија“ од С. Прокофјев. Маестро Емил ...