Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Атина, 30 април 2026 (МИА) – Со колегите од министерствата имавме можност да ја оцениме нашата тесна соработка и да размениме мислења. Оваа соработка има опипливи и мерливи резултати, бидејќи мигрантските бранови кон грчките острови се намалија за 65 отсто, наш приоритет останува справувањето со мрежите на криумчари и борбата против нелегалната имиграција, информираше преку Икс министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис за ...
Атина, 30 април 2026 (МИА) - Шест од десет анкетирани сметаат дека на Грција ѝ е потребна политичка промена наспроти 39 отсто, кои сакаат политичка стабилност, а 66 проценти оценуваат дека земјата оди во погрешна насока - покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Metron Analysis за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина. Сепак, иако сметаат дека е потребна политичка промена, ...
Белград, 30 април 2026 (МИА) - Во годинашниот Индекс на слобода на медиумите во светот, објавен од Репортери без граници, Србија падна на 104-то место од вкупно 180 земји, што ја прави најлошо рангирана земја во регионот. Во споредба со лани, регистриран е пад од осум позиции, што дополнително го потврдува негативниот тренд кога станува збор за состојбата со слободата на медиумите. Според извештајот, новинарите во Србија се соочуваат со ...
Тирана, 30 април 2026 (МИА) - Во заедничка акција на албанската полиција, Европол и Евроџaст, во Албанија уапсени се десет лица, како дел од криминална мрежа на онлајн измами. Според истрагата, криминалната мрежа стои зад измами вредни над 50 милиони евра, при што жртви имало низ Европа и пошироко, вклучително и во Италија, Германија, Грција, Шпанија, Канада и Обединетото Кралство. Мрежата броела околу 450 лица организирани во различни ...
Букурешт, 30 април 2026 (МИА) - Романскиот премиер Илија Болохан изјави дека, според моменталниот тек на политичките настани, можна е суспензија на претседателот Никушор Дан, иако, како што изјави, не може со сигурност да тврди дека тоа ќе се случи. Во интервју за Рок ФМ, Боложан рече дека нема доверба во раководството на Социјалдемократската партија (ПСД), обвинувајќи го за недоследност, недостаток на одговорност и „двојни стандарди“, објави ...
Белград, 30 април 2026 (МИА) - Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Северна Македонија (15.064). Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, соопшти денеска српскиот Завод за статистика. Бројот на ...
Приштина, 30 април 2026 (МИА) – Вршителката на должност претседателка на Косово, Албулена Хаџиу, го одреди 7 јуни како датум за одржување на вонредните парламентарни избори, пренесува Косово онлајн. - По неуспехот на парламентот да избере претседател, овој состав се смета за распуштен и изборите мора да се одржат во рок од 45 дена. Вчера разговарав со претседателот на ЦИК, Крешник Радоњиќи, за изборите. Денеска ги завршив состаноците со ...
Тирана, 30 април 2026 (МИА) - Во посета на Тирана , денеска престојуваа шефовите на дипломатиите на Австрија, Чешка и Словачка, кои по средбата со нивниот домаќин, Ферит Хоџа, имаа заедничка прес-конференција. Министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, изјави дека Словачка е подготвена да ѝ помогне на Албанија во затворањето на групните поглавја. -Итната потреба од проширување е уште понеопходна. Тоа е ...
Загреб, 30 април 2026 (МИА) – Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска во Загреб изјави дека растот на инфлацијата во април од 5,8 отсто во најголема мера е последица на зголемувањето на цените на енергенсите. - Да не се менуваа цените на енергенсите, стапката на инфлација би била околу три отсто – рече Пленковиќ во воведниот дел од седницата на Владата. Пленковиќ изрази надеж дека со постепеното намалување на воените активности на ...
Белград, 30 април 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборите ќе се одржат или на 12 јули или од октомври до крајот на ноември. „Најдоцна во следните шест и пол месеци, а можеби дури и за два и пол месеца. Во зависност од ситуацијата во земјата и ситуацијата во светот, ќе се водиме од државните интереси и причини. Верувам дека изборите ќе бидат демократски“, рече Вучиќ. Тој најави дека препораките на ОДИХР ...
Атина, 30 април 2026 (МИА) – Грција, како фактор на стабилност во регионот, водејќи се од меѓународното право и од хуманитарни причини, побара од Израел да ги повлече своите бродови од областа и ги понуди своите добри услуги, преземајќи прием на патниците на своја територија и да се погрижи за нивно безбедно враќање во нивните земји, соопштија од грчкото МНР во врска со бродовите од глобалната флотила „Сумуд“, јави дописничката на МИА од ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) – Фискалниот совет на РС Македонија денеска организира стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, со цел да се поттикне конструктивен дијалог меѓу носителите на одлуки, економските експерти и меѓународните претставници за клучните фискални предизвици во земјата. Според агендата, со поздравни обраќања на настанот што се одржува во амфитеатарот на ...
Вашингтон, 30 април 2026 (МИА) - Шефот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, синоќа ја изрази својата намера и по 15 мај, кога му истекува мандатот, „на неодредено време“да остане во одборот на Централната банка на САД , бидејќи администрацијата на претседателот Доналд Трамп спроведува, според него, невидени правни напади против оваа институција кои се „без преседан“. „Се плашам дека тие удри ја погодуваат оваа институција и на ризик ги ...
Франкфурт, 30 април 2026 (МИА) – Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ги остави клучните каматни стапки непроменети на ниво од 2 проценти, што е во согласност со пазарните очекувања и покрај инфлациските ризици поврзани со војната во Иран. Сепак, економистите во голема мера очекуваат централната банка да ги зголеми каматните стапки подоцна оваа година – можно е веќе во јуни, пренесе ДПА. - Колку подолго трае војната и колку подолго цените ...
Скопје, 30 април 2026 „Народната банка продолжува со унапредување на оперативната поставеност на монетарната политика, заради поефикасен пренос на монетарните сигнали кон финансиските пазари и реалната економија. Нашето внимание и понатаму ќе биде насочено кон унапредувањето на оперативната рамка во согласност со најдобрите практики на развиените централни банки“, ова го истакна вицегувернерот Игор Величковски на гостувањето на поткастот ...
30 април 2026 На 28 април во Скопје се одржа 21-от состанок на Поткомитетот меѓу ЕУ и Северна Македонија во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, за областите образование и култура, дигитална трансформација и медиуми, социјална политика и вработување, слобода на движење на работниците и наука и истражување. Претставниците на Европската комисија разговараа за најновите случувања во овие области со надлежните органи на Северна ...
Скопје, 30 април 2026 Лагите на СДС и Венко Филипче како меур од сапуница се распрснуваат секој ден. Нема ден да измислат лага, а за истата експресно да бидат демантирани од релевантни институции. Така и овој пат, лажејќи за напредокот на Македонија, како и за ИПАРД програмата, Филипче и СДС повторно се демантирани и целосно разобличени. Овој пат двојната шлаканица дојде од Брисел и од европратеникот и известувач на Европскиот парламент за ...
Скопје, 30 април 2026 Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина одлучуваа во име на сите Албанци, додека народот ја плаќаше цената на нивната ароганција, алчност и безобразна потреба за власт, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално Тој модел падна. И не падна случајно. Падна затоа што Албанците повеќе не прифаќаат да ...
Скопје, 30 април 2026 Додека беше во опозиција, Христијан Мицкоски инсистираше дека техничката влада мора да остане сè до влезот на Македонија во Европската Унија. Сега, со мнозинство на ВМРО-ОКГ и ЗНАМ, неговата тендер коалиција, Собранието изгласа укинувањето на техничката влада, која постоеше од 2016 година како единствен механизам за заштита од целосна узурпација на институциите и обезбедување барем минимално фер услови на изборите, се ...
Скопје, 30 април 2026 Филипче најде да говори за слободата на медиумите и извештајот на Репортери без граници. Филипче се најде за кредибилен и легитимен да говори за слободата на медиумите, кога нема медиум, портал и новинар со кого не се скара, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставот на претседателот на СДСМ Венко Филипче, што МИА ја пренесува интегрално. Односот на Филипче и СДС, по насока на ПР шефот на куќниот пријател на Заев, ...
Скопје, 30 април 2026 Застапувајќи ги интересите на сопствените спонзори, десничарската влада целосно заборави на работникот и третирајќи го како орудије за остварување профит, доведува до социјално-економска криза, структурната експлоатација и континуираното дерогирање на работничките права. Пред само неколку дена сведочевме за тоа како животот на работникот нема никаква вредност за државните институции кога се во прашање милионите на ...
Скопје, 30 април 2026 Демократската унија за интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, по меѓународната одлука која ја обврзува државата да плати 6 милиони евра штета директна последица на неговите одлуки, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Латифи ја раскинал постојната договорна обврска со компанијата Енергоинвест од Сараево и ја заменил со ЕЛНОС ...
Скопје, 30 април 2026 ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово. Денес, за првпат, „Вреди“ ја менува таа политика и започнува реално поврзување и вмрежување со Албанија и Косово, токму таму каде што ДУИ 20 години не направи ништо, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА ...
Скопје, 30 април 2026 Градежната мафија на ВМРО-ОКГ во Скопје е опасна по живот ама никој ништо не и може. Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени. Сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ...
Скопје, 30 април 2026 Либерално-демократската партија (ЛДП) реагира на вчерашната прес-конференција на министерот за правда, на која, наместо да се информира јавноста за реформите и законските решенија, беше злоупотребена говорницата на Министерството за правда за политичка пресметка со опозициона партија, само затоа што не присуствувала на состанок на работната група за Изборниот законик, се вели во соопштението од ЛДП, кое МИА го објавува ...
Скопје, 30 април 2026 - Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека реализацијата продолжува, додека европратеникот Томас Вајц јасно посочи дека Македонија има напредок во делот на Реформската агенда. Со тоа, паднаа во вода обидите на Филипче и СДС за манипулација на јавноста и земјоделците. Тие со месеци ширеа невистини дека европските средства се изгубени, дека програмата е запрена и дека земјоделците нема да добијат ...
Скопје, 30 април 2026 - Желбата на СДС да дојдат на власт е толку голема, до степен да негираат се што е македонско, да прифаќаат услови од земји кои што ја ветоизираат Македонија и и го попречуваат патот кон ЕУ. Членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ...
Скопје, 30 април 2026 Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија. Тој систем се вика Pegasus. Pegasus е шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group. Може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, да пристапи до сите пораки, фотографии, локација, камера, микрофон, контакти и ...
Скопје, 30 април 2026 Христијан Мицкоски повторно покажа каков е, безобразен уличар, шеф на криминална организација. Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, тој излегува со ниски, уличарски провокации и „загриженост“ за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ. Ние не сме загрижени за неговото здравје. Ние сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат, се вели во соопштението од ...
Скопје, 30 април 2026 Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Х, по веста дека пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник, порача дека тендер-коалицијата на ВМРО и ЗНАМ почнува да се распаѓа, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Во продолжение е целосната објава на Филипче: Тендер-коалицијата почнува да се ...