Делчево, 22 мај 2026 (МИА) - Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо, во кои се споменува Македонија, а кој веќе привлекува внимание кај посетителите и прераснува во нова туристичка и духовна атракција во градот. Паркот е лоциран пред соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, а во него се поставени 27 мермерни плочи, од кои на 26 се испишани библиски цитати и стихови во кои директно се споменува Македонија. Според ...

Делчево, 22 мај 2026 (МИА) – Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска потпиша договор за реализација на проектот „Набавка на механизација за одржување на локалните патишта во села со специфични развојни потреби во Делчево“, со кој за Општината се обезбедени два милиони денари преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Како што информираше Гоцевски, проектот претставува значајна инвестиција за руралните ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - ООУ „Блаже Конески“ денеска беше домаќин на презентација на средните стручни училишта во Аеродром и место каде што знаењето, талентите и занаетите се споија во една инспиративна и едукативна атмосфера. Како што соопшти Општина Аеродром, во соработка со Занаетчиската комора и со средните стручни училишта на Град Скопје, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со различни струки, професии и можности за ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, во Приштина учествуваше на завршната церемонија за доделување на грантови за општините преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија. Како што соопшти Општина Бутел, проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста - REDUCE“ е финансиран од Европската Унија преку ИПА III програмата за прекугранична ...

Дебар, 22 мај, 2026(МИА) - Општина Брвеница и албанската погранична Општина Булќиза, чие седиште е на на 27 километри од Дебар, за време на вчерашната посета на делегација на Општина Брвеница на Булќиза, потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓуопштинските и прекуграничните односи. -На средбата, која се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, претставниците на двете општини разговараа за можностите за продлабочување ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - На 12 вработени, воспитувачки, негувателки, стручни соработници и помошно-технички персонал од градинките во Општина Центар денеска им беа врачени награди за нивната исклучителна посветеност, грижа и ангажман во воспитувањето и развојот на најмладите. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски при доделувањето на наградите нагласи дека овие награди ќе бидат дополнителен поттик во нивната благородна ...

Куманово, 22 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со Институтот „Конфуциј“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со цел унапредување на образовните процеси и развој на заедничка соработка, информираа денеска од општината. На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација, како и претставници од Институтот, меѓу кои проф. д-р Лијао Веи, кинески ...

Куманово, 22 мај 2026 (МИА) - Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „11 Октомври“ во Куманово, на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „4 Јули“, информираа денеска од Општина Куманово. За реализација на проектот се обезбедени 27,2 милиони денари. Од општината апелираат до граѓаните да бидат внимателни и трпеливи за време на изведувањето на градежните работи, поради изменетиот режим на сообраќај на оваа делница, ...

Македонска Каменица, 22 мај 2026 (МИА) – Почина Бошко Стаменковски, еден од најуспешните македонски спортисти во пауерлифтинг и бенч-прес, светски и европски шампион кој со своите резултати ја афирмираше државата на меѓународната спортска сцена. Стаменковски, кој е роден во јануари 1971 година во Македонска Каменица, подолг период се соочуваше со здравствени проблеми. Во текот на својата спортска кариера важеше за еден од најдоминантните ...

Македонска Каменица, 22 мај 2026 (МИА) – Со пригодна церемонија и положување цвеќе, денеска во Македонска Каменица беше одбележана 82-годишнината од смртта на народниот херој Вера Јоциќ. Во знак на почит кон нејзиниот лик, дело и жртва, цвеќе беше положено пред споменикот на Вера Јоциќ во Македонска Каменица, каде присуствуваа претставници на Општина Македонска Каменица, членови на Советот на Општината, како и претставници од повеќе локални ...

Пехчево, 22 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денеска потпиша договор за отпочнување на реализацијата на проект за реконструкција на административната зграда на општината, со цел спроведување мерки за енергетска ефикасност. Проектот претставува дел од стратешките заложби на општината за создавање „зелен град“ и унапредување на грижата за животната средина. -Со реконструкцијата се предвидува подобрување ...

Берово, 22 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Петар Ружински денеска го потпиша договорот со Биро за регионален развој за реализација на проектот „Изградба на потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“ во Берово“, во рамки на Јавниот повик за финансирање на предлог-проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година. За реализација на проектот се одобрени ...

Камбера, 21 мај 2026 (МИА) - Научници открија два грбави кита, кои, пливајќи меѓу Австралија и Бразил, поставиле нов рекорд од 14.500 километри. Китовите биле препознаени според карактеристичните ознаки на нивните опашки на две локации оддалечени 14.500 километри. Тие се движеле во спротивни насоки и поминале поголемо растојание од кој било досега регистриран грбав кит. Според Филип Клефам, поранешен раководител на програмата за истражување ...

Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен" - точно на првата годишнина. „Нејзините песни, автентичен звук и органски прецизниот бенд во мај и јуни 2026 пристигнуваат во Словенија, Црна Гора, Србија и Хрватска. На 22 мај Дина настапува во Кино Шишка во Љубљана - еден од водечките центри за урбана култура во регионот, како дел од ...

Токио, 21 мај 2026 (МИА) - Според истражувањето спроведено од компанијата за истражување на пазарот „Никеи рисрч“ (Nikkei Research), третина од јапонските компании користат или размислуваат за воведување роботи со вештачка интелигенција, при што транспортниот сектор се издвојува како најнапреден. Во анкетата биле опфатени голем број компании во Јапонија, од кои четири проценти веќе активно користат ВИ, а други пет проценти од фирмите ...

Њујорк, 21 мај 2026 (МИА) - Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) официјално ги потврди плановите за својата прва понуда за тргување со акции. Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија што планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според ...

Вашингтон, 22 мај 2026 (МИА) - Компанијата Волт Дизни се соочува со колективна тужба поради користење технологија за препознавање лица во своите забавни паркови, откако група посетители обвини дека компанијата не обезбедува доволно јасни известувања за скенирањето на лицата при влез во парковите. Во тужбата се наведува дека Дизни користи системи за препознавање лица на влезовите во Дизниленд и „Калифорнија Адвенчер“, без посетителите да бидат ...

Подгорица, 22 мај 2026 (МИА) - На синоќешниот концерт на порториканскиот пејач Рики Мартин во Подгорица, организиран по повод 20 години од независноста на Црна Гора, бил фрлен солзавец, поради што настапот накратко беше прекинат. Според објавите на социјалните мрежи, граѓаните во паника почнале да бегаат од плоштадот веднаш по инцидентот. Очевидци сведочат дека дел од присутните во првиот момент помислиле дека станува збор за експлозивна ...

Вашингтон, 22 мај 2026 (МИА) - Компанијата „Спејс икс“ синоќа го прекина тест-лансирањето на својата најнова и најголема ракета „Старшип“ на само триесетина секунди пред планираното полетување поради серија технички проблеми во завршната фаза од одбројувањето. Ракетата, висока 124 метри, требаше да полета од лансирниот комплекс „Старбејс“ во Тексас и да изведе суборбитален лет на траекторија која се протега околу половина од Земјината топка. ...

Нгерулмуд, 22 мај 2026 (МИА) - „Држава со 21.000 жители распоредени на 500 острови ја забрани кремата за сончање и на секој турист му наплаќа 100 американски долари. Архипелагот со нешто повеќе од 500 острови во западниот дел на Тихи Океан, во регионот Микронезија, има усвоено низа политики за заштита на морската средина какви што ретко која држава во светот ги спроведува во толкава мера. Државата во 2009 година стана првата земја во светот ...

Скопје, 22 мај 2026, (МИА) Роза ШУЛЕВА - Ќе бидам многу јасен и концизен. Секоја автоимуна болест кај која ќе утврдиме дефицит на витамин Д, може да се сопре со надополнување на овој витамин и доведување на витаминот Д на задоволително ниво и бидејќи така се стопира и таа аберантна (абнормална) ТХ17-реакција. Значи, можеме да ја стопираме. Затоа треба што порано да се реагира, веднаш по утврдувањето, бидејќи автоимуниот процес секојдневно ги ...

Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - СВР Велес поднесе известување против Б.А.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.12.2025 кај Спомен костурницата во Неготино, пријавениот под клупа оставил марихуана и амфетамин, кои се пронајдени и одземени. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ...

Куманово, 21 мај 2026 (МИА) - Кумановската полиција поднесе кривична пријава против шеесет и едногодишен кумановец кој подолго време психички ја малтретирал и ѝ се закананувал, соопшти денеска СВР Куманово. По предлог на СВР Куманово, Основен суд Куманово донесе решение за итна мерка отстранување од домот во времетраење од 30 дена. -СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека ...

Скопје, 21 мај 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно четири пријави за семејно насилство, додека две лица се лишени од слобода. Вчера во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д.(33) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот по расправија во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Во 11:00 ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје. Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош. ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Еден од водечките македонски баритони, Ристе Велков е меѓу загинатите во тешката сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на скопската обиколница, потврдија од Национална опера и балет. Претходно Министерството за внатрешни работи информира дека четири лица загинале во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. МВР информира дека синоќа во 23 ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - На 21.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - По вчерашниот состанок на претставници на коалицијата „Менуваме“ со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната прес- конференција изразуваме задоволство затоа што беше најдено решение, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, за нашиот проблем по незаконското намалување на поддршката за лични асистенти - изјави Суарет Алишан, координатор на коалицијата. На состанокот ...

Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Средствата што Европската Унија ќе ги додели по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи ќе се слеат главно во државниот буџет, а распределбата за Министерството за образование и наука ќе ја утврди Министерството за финансии - изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на одбележувањето 77 години постоење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.28
85%
1019
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1020
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.17
84%
1024
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.84
65%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
9.02
91%
1016
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.36
95%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
60%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.21
82%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.97
82%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.92
96%
1012
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
3.58
78%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.58
100%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Калај

51.97

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39

Сребро

2072.63

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

12.52