Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Лагите на Филипче и СДС се повторни демантирани, Филипче и СДС лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче и СДС ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување. 8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ. Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно, се вели во соопштението на Левица кое МИА го објавува интегрално. Поради ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Денеска објавуваме нови информации, како продолжение на изминатите соопштенија поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Ова што денеска го презентираме отвора сериозни прашања и претставува повод надлежните институции да постапат и да го испитуваат потеклото на капиталот и имотот, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција кое МИА го објавува интегрално. Станува збор за компанијата ЛИНЕ ЛТД ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДС со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Левица алармира дека македонската коцкарска индустрија е длабоко поврзана со меѓународни компании чии сопственици се гонат за корупција и поткуп на политичари. Односно, најголем удел во македонскиот бизнис со коцкање има австриската компанија ,,Novomatic AG", која преку низа фирми контролира значителен дел од автомат клубовите во државата, се вели во соопштението на Левица кое МИА го објавува интегрално. Додека ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека Буџетот е пред колапс, а Владата е фокусирана да најде нови извори за задолжувања, при што, како што рече, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра. -Јавниот долг е зголемен за само две години, генериран е нов долг од 2,5 милијарди евра, пари коишто ќе ги враќаат којзнае колку следни генерации. Последното задолжување на коешто сакам да ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Филипче пак на прес-конференција изнесе невистини и глупости кои се далеку од реалноста, а не кажа за неговата соработка со човекот на кој му е забранет влезот во Македонија, Виктор Стојанов, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, која МИА ја објавува интегрално. Филипче требаше денес да излезе на прес и да се извини на македонските граѓани за неговите антимакедонски ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - АКТ денеска откива нов скандал, нова бомба. Скопјани се повторно жртва на корупцијата и криминалните тендери на ВМРО-ОКГ. Додека граѓаните со часови чекаат по станиците и се возат во распаднати автобуси, фокусот на власта е исклучиво со местење тендери и милионски зделки. Затоа пропадна тендерот за набавка на 150 автобуси кој го најавуваше Орце и затоа скопјани уште ќе чекаат, ќе дремат по автобуски станици, ќе ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Очајот во СДС по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија. Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ за тендерот за електричните автобуси што МИА ја пренесува интегрално. Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок ...
Делчево, 23 мај 2026 (МИА) - Во Делчево со свечена академија синоќа започнаа тридневните настани по повод одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, при што беше упатен и јавен повик за доизградба на соборната црква во градот. Градоначалникот Иван Гоцевски во своето обраќање истакна дека обврска на сите граѓани е да придонесат за завршување на храмот, кој, како што нагласи, ќе претставува духовен центар, место на молитва и траен ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Власите се нераскинлив дел од кодот на Македонија. Дел од нејзината меморија, нејзината борба, нејзината култура и нејзиниот дух, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. - Народ што низ вековите знаел да го зачува својот јазик, својата песна, своите обичаи и своето достоинство, но, никогаш не стоел настрана од судбината на оваа земја. Напротив, бил дел од секоја ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пушање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, на 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во ...
Велес, 22 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес, вчера вечер во 01:00 часот по полноќ го лишиле од слобода 31 годишниот П.Н. од Велес. Tој од полицијата бил затекнат како врши оштетување на возила, при што оштетил три патнички возила паркирани на улица „11 Октомври“ и едно патничко возило паркирано на ул. „Никола Карев“ во Велес. При превземање мерки било констатирано е дека е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,47 ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Обвинителството предложи притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица, познатиот баритон Ристе Велков, неговиот 20 годишен син и уште две 20-годишни момчиња. - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против ...
Гостивар, 23 мај 2026 (МИА) - Труп на кафеава мечка, која најверојатно била застрелана откриена е на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информира дека вчера попладне околу 16:30 часот во Полициското одделение Маврово, одговорно лице од НП „Маврово“ го пријавило случајот. - Според пријавата, на регионалниот пат Маврово-Дебар, на местото наречено „Криви мост“ покрај коритото на река Радика, била ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода. Во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите со желби за мир, здравје, благосостојба и спокој во нивните домови. Во честитката премиерот посочува дека влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава. Како што нагласува во честитката, влашката култура, традиција и обичај се силен белег во развојот на државата. -Единството, толеранцијата, ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!", научниот соработник и заменик национален координатор за трансплантација Александар Гавриловска Брзанов, упатува силна порака за поддршка на органодарителството. -Со едно „Да“ можеме да спасиме повеќе човечки животи - органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој ...
Рим, 23 мај 2026 (МИА) - Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај. Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите, нагласувајќи дека влашката заедница била и останува важен дел од културниот мозаик на нашата држава. -По повод Денот на Власите, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам најискрени честитки до сите припадници на влашката заедница. Овој ден претставува посебна можност ...
Рим, 23 мај 2026 (МИА) - Ова чествување не е само дипломатски и државнички чин туку и длабоко духовен и цивилизациски настан, кој е силен потсетник на вредностите врз кои се темелат словенската култура, образованието и писменоста, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација на чествувањето на св. Кирил во Рим, кое годинава го организира Собранието на Република Северна Македонија. Љутков во ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Националниот ден на Власите е значаен не само за влашката заедница, туку и за целата држава, бидејќи преку чествувањето на една заедница се потврдува духот на Македонија како мултиетничка држава на соживот, меѓусебно почитување и разбирање, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. Тој, како што соопшти ...
Рим, 23 мај 2026 (МИА) - Вашиот труд не исчезна со вековите, вашето слово и денес живее меѓу нас, вашата молитва сè уште нè крепи, а вашата жртва продолжува да раѓа нови плодови. Свети Кирил и Методиј не се само великани од минатото, туку се жив темел на нашата историја и на сиот наш бит, истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на молебенот во чест на свети Кирил. Во словото на гробот на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 - 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 - 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО - Скопје, Канцеларијата на УНФПА - Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации кои работат на областа, ...
Скопје, 23 мај 2026, (МИА) Роза ШУЛЕВА - Ќе бидам многу јасен и концизен. Секоја автоимуна болест кај која ќе утврдиме дефицит на витамин Д, може да се сопре со надополнување на овој витамин и доведување на витаминот Д на задоволително ниво и бидејќи така се стопира и таа аберантна (абнормална) ТХ17-реакција. Значи, можеме да ја стопираме. Затоа треба што порано да се реагира, веднаш по утврдувањето, бидејќи автоимуниот процес секојдневно ги ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин биле утврдени сериозни повреди на законски обврски. МФ информира дека надзорот утврдил грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – ...
Скопје, 23 мај 2026 Минатата недела, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова заедно со помошник директорката Весна Новаковиќ, учествуваше на меѓународен настан организиран од Меѓународен монетарен фонд во Атина, на тема: „Од реформа до резултати – докази за впечатлива реформа на даночна администрација“, се вели во соопштението на УЈП. На настанот присуствуваа директори и високи претставници на даночни администрации, ...
Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП. - Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата ...
Скопје, 22 мај 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на ...