Варшава, 24 мај 2026 (МИА) – Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. ...

Варшава, 24 мај 2026 (МИА) – Лажна дојава за пожар во домот на полскиот претседател Карол Навроцки довела до интервенција на пожарникари, кои насилно влегле во неговиот стан во Гдањск, пренесоа денеска полските медиуми. Портпаролот на полскиот претседател, Рафал Лешкјевич, на социјалните мрежи соопшти дека вчера повторно бил упатен лажен повик на бројот за итни случаи 112, а овојпат бил поврзан со куќата на претседателот Навроцки. „Денеска ...

Киев, 24 мај 2026 (МИА) – Најмалку четири лица загинаа при синоќешниот масовен руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев и неговата околина, соопштија локалните украински власти. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потврди дека две од жртвите се регистрирани во самата престолнина, додека началникот на Киевската обласна воена администрација, Микола Калашник, информираше за уште двајца загинати во поширокиот регион на Киев. Кличко ...

Берлин, 24 мај 2026 (МИА) - Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја осуди руската употреба на новата балистичка ракета „Орешник“ во напад врз Украина. „Германската влада најостро ја осудува оваа непромислена ескалација“, напиша Мерц на Х, експлицитно упатувајќи на ракетата „Орешник“. „Германија продолжува да стои цврсто на страната на Украина“, додаде тој. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, го нарече ...

Париз, 24 мај 2026 (МИА) – Употребата на балистичка ракета „Орешник“ во синоќешните руски напади против Украина ја покажува безизлезната состојба на руската воена агресија, напиша на Х францускиот претседател Емануел Макрон. „Орешник“ е ракета со среден дострел која може да носи нуклеарни боеви глави. Нејзината исклучително голема брзина од до 12.000 километри на час, со дострел до 5.000 километри, ја прави потенцијална закана за целиот ...

Рим, 24 мај 2026 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони силно го осуди рускиот напад врз Украина, во кој беше употребена ракета „Орешник“. „Силно го осудувам тешкиот руски напад кој повторно ја погоди цивилната инфраструктура во Украина, во услови на континуирана ескалација на употребеното оружје. Остануваме солидарни со украинскиот народ, кој веќе повеќе од четири години ги поднесува драматичните последици од оваа агресивна војна“, се ...

Москва/Киев, 24 мај 2026 (МИА) – Русија по третпат ја употреби својата нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ за таргетирање на Украина, извршувајќи масовни напади врз Киевската област во текот на ноќта, потврди денеска Москва. Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата била лансирана како одговор на украинските „терористички напади“ врз руски цивилни цели, пренесе ДПА. Украинските власти соопштија дека „Орешник“ го ...

Белград, 23 мај 2026 (МИА) - Во Белград попладнево се одржува голем мирен протест на кој повикаа студентите во блокада под мотото „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ во обид да обноват повиците за предвремени избори. Илјадници граѓани на Белград и од други градови во Србија се на плоштадот Славија каде протестот почна по 18 часот и ќе трае, според организаторите, до 20 часот. Студентите во блокада имаа собири на четири ...

Белград, 24 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека 23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци, додавајќи дека полицијата интервенирала со минимална употреба на средства за принуда дури откако биле нападнати. Дачиќ на прес-конференција нагласи и дека има повредени полицајци. Според него, дури и по предупредувањето на директорот на полицијата дека јавниот собир во Славија треба да ...

Никозија, 24 мај 2026 (МИА) – Нешто повеќе од половина милион гласачи (568.587) денеска ќе го остварат правото на глас на парламентарните избори на Кипар, на кои учествуваат рекорден број партии, коалиции и кандидати, од кои ќе бидат избрани 56 пратеници во Парламентот, додека пак анкетите покажуваат загуби за традиционалните партии и подем на нови политички сили со што драстично може да се смени политичката сцена во земјата, јави ...

Белград, 24 мај 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна денеска во петдневна официјална посета на Кина на покана на претседателот Шји Џинпинг. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот Шји и премиерот Ли Чијанг, со кои ќе разговара за билатералните односи и меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес. Претседателот Вучиќ во делегацијата е ...

Тирана, 24 мај 2026 (МИА) - По принципот „еден член, еден глас" Сали Бериша е реизбран за лидер на најголемата албанска опозициска партија, Демократската. Според синоќа објавените резултати од гласањето, правото го оствариле 39.441 демократи, од нив, 38.902 се важечки, додека 539 се неважечки гласови. Од важечките гласови, поддршка за Бериша дале 37.341, 1.055 биле „против“ и 506 воздржани. Гласањето е спроведено во 87 гласачки места, во 77 ...

Тирана, 24 мај 2026 (МИА) - Руските напади во Украина, со балистички ракети го погодија станбениот комплекс каде што живее албанскиот амбасадор во Киев, Ернал Фило. Веста ја објави албанското Министерство за Европа и надворешни работи (МЕНР), додека министерот Ферит Хоџа остро реагираше по овој напад. Во објава на социјалната мрежа Икс, Хоџа го нарече инцидентот неприфатлив, нагласувајќи дека животот на албанскиот дипломат е ставен во ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА ГАЦОВА Семир Османагиќ, археолог и истражувач кој со години е во фокусот на светската јавност поради своите тврдења за постоењето на босанските пирамиди, во интервју за МИА, снимено во куполата под тунелите, говори за откритијата и истражувањата во Високо - гратче лоцирано на околу 30 километри од Сараево. Според Османагиќ, овој локалитет претставува „оаза на добра енергија“, место кое секоја ...

Белград, 24 мај 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми. Тој, исто ...

Анкара, 24 мај 2026 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, при што изјави дека Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка во фазата на спроведување на евентуален договор со Иран. На состанокот, кој се одржа преку видеоврска, учествувале и кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Калифа, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, катарскиот ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Делото на Светите браќа Кирил и Методиј е нашата писменост и нашиот идентитет. Тоа е милениумската црвено-црна нишка со која го чуваме македонскиот јазик како најскапоцен дар со кој, како ретко кој народ, со гордост го носиме знаењето и просветителството. Делото на Светите солунски браќа е нашиот македонски цивилизациски код и најсилниот доказ за нашиот вкоренет идентитет на овие простори. Затоа што писменоста што ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и духовно наследство е длабоко поврзано со нашата татковина, со Охрид како еден од најзначајните центри на словенската писменост, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче во честитката по повод 24 ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители. - Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата ...

24 мај 2026 По повод 24 Мај - Денот на Светите Кирил и Методиј, Демократски сојуз упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија. Денес оддаваме почит на великото дело на светите браќа од Солун, сесловенските просветители кои со создавањето на словенската писменост ги поставија темелите на духовниот, културниот и просветниот развој на македонскиот и на другите словенски народи. Нивната мисија беше мисија на знаење, просветлување и ...

24 мај 2026 Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, бидејќи, како што истакна пратеникот Сашко Јанчев, со нив се прават сериозни законски и уставни прекршувања во корист на рударското лоби, пишува во денешното соопштение што МИА го пренесува интегрално. Како што појасни Јанчев, народот во Македонија изминатата деценија континуирано се ...

24 мај 2026 Поминаа повеќе од 1.160 години од Моравската мисија (863 година), кога Константин Филозоф - Свети Кирил и неговиот брат Методиј ја започнаа својата просветителска дејност меѓу Словените. Создавањето на глаголицата и поставувањето темели за словенската писменост претставува цивилизациски чин со значење што ги надминува границите на времето и државите, пишува во денешното соопштение на Левица, што МИА го пренесува интегрално. По ...

24 мај 2026 Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј - основачите на првото словенско писмо. Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме наследството кое Светите Кирил и Методиј ни го оставија. И горди сме што покажавме ...

24 мај 2026 Сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДС со Бугарија е разобличена, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ - интегрален текст од прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално. Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДС. Рубин Земон одржа средба со Виктор Стојанов, човекот кој ја води Фондацијата ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Додека јавноста сè уште чека одговори за тоа како директорот на НОМАГАС, Недим Рама, од рент-а-кар бизнис стигна до луксузни апартмани во Маврово, а притоа нема пријавено никаков имот до ДКСК, денеска отвораме уште едно важно прашање - медиумско-бизнис мрежата која стои зад промоцијата и заштитата на овој капитал, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Да потсетиме, според јавно достапните ...

24 мај 2026 По одлуката да му се одземе лиценцата на финансискиот субјект „Креди Јес“ и затворањето на неговите 40 филијали поради законски прекршувања, ВЛЕН ги охрабрува државните институции решително да ја продолжат борбата против финансиските злоупотреби и појавите што им штетат на граѓаните, се наведува во денешното соопштение на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. ВЛЕН вети дека ќе биде во првите редови на борбата против појавите што ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Ништо друго не прави ама затоа врти-сучи Мицкоски постојано му диктира задачи на јавниот обвинител Ненад Ало Савески. Како што му диктираше насоки по телефон, како што му делеше задачи со чувства од собраниската говорница, од телевизија, сега нова наредба од Мицкоски до Ало Савески. На празник, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Трпението му било на крај, вели Мицкоски, во последната ...

Копенхаген, 21 мај 2026 (МИА) – Данските власти се откажаа од првичниот обид да го одвлечат трупот на грбавиот кит познат како „Тими“ до копното, откако напорите за отстранување на животното – покренати поради стравувањата дека надуениот труп би можел да експлодира во близина на туристичкиот остров Анхолт – наидоа на потешкотии. Официјални лица денеска се обидоа да го одвлечат китот во подлабоки води за да може да биде пренесен до пристаниште ...

18 дена - МИА - +7

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - На 22/23.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(28), М.К.(30) и С.А.(30) од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно расчистување на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. Утрово околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скендербег Кастриоти“ во населба Драчево настанал пожар во ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници вчера лишиле две лица од Скопје кои се фатени крадејќи пари од простории на правно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.25
88%
1018
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
2.68
91%
1021
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.52
79%
1024
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.88
89%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
9.09
89%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.48
93%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.31
85%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.1
84%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
89%
1013
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
78%
1021
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
94%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Иридиум

253540.09

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Паладиум

39545.42