Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. - Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Приведено е едно лице од беровското село Двориште кај кое биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Лицето е приведено во Струмица ноќеска во 02 часот. - Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во ...

Крива Паланка, 24 мај 2026 (МИА) - Приведен е водич во автобус во кривопаланечкиот регион поради „давање поткуп“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - Денеска во 6:30 часот на подрачје на СВР-Куманово - ОВР-Крива Паланка, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки. Од извршената ...

Велес, 24 мај 2026 (МИА) - Дрога била пронајдена при претрес на велешкото подрачје, по што приведени биле двајца 19-годишници и еден малолетник, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 2:20 часот, полициски службеници од СВР - Велес ги лишиле од слобода М.А. од велешкото село Долно Каласлари и Ј.П. од Велес, а во 15:15 часот го лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено ...

18 дена - МИА

Скопје, 24 мај 2026 (М(ИА) - На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.К.(30), М.Д.(40), В.Г.(37), сите од Скопје, К.Б.(24) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. Вчера во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода. Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Синоќа во ...

Рим, 24 мај 2026 (МИА) – Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака? Со овие зборови Константин Филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Македонската Православна Младина на Австралија одбележува 20 години од основањето. По тој повод во Мелбурн беше одржана свеченост со која беше прославен јубилејот. На свеченоста присуствувале претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот на Австралија, како и членови на пошироката православна заедница. - Настанот собра повеќе од 500 гости, претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот, ...

Анкара, 23 мај 2026 (МИА) – Од пожари, поплави и земјотреси, протести, убиства и кризни ситуации, па се до воени и високо ризични подрачја новинарите се меѓу првите кои пристигнуваат и информираат за случувањата. Работата и известувањето од кризни ситуации и тешки услови бара не само голема физичка, туку и психичка подготвеност за справување со потресни сведоштва и судбини … Новинарите имаат обврска да известуваат од кризни ситуации, но и да ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на Фејсбук, директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски. Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, Ивановски порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град. - Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) Слободан ИВАНОВ - Сесловенските просветители родум од Солун, Светите браќа Кирил и Методиј во светската историографија се прифатени како творци и поттикнувачи на развојот на словенската писменост и книжевност, преку ширењето на христијанството и богослужбата на словенски јазик во 9. век. Во таа смисла, историски, творците на словенската азбука денес им припаѓаат на сите народи и нации од словенското јазично семејство ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и наука по повод Денот на сесловенските просветители. Продолжувајќи ја нивната мисија, ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Детскиот културен центар „Карпош“ од 26 мај до 6 јуни го организира Фестивалот на детската креативност „Трамболини“ со поддршка на Град Скопје. По седми пат оваа година фестивалот на детска креативност ќе се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативни и креативни работилници ќе ја развива креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со понудените разнолики ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги се трајно врежани во светската историја, во духовната меморија на народите и во темелите на нашата писменост, култура и идентитет, нагласува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Нека е за многу години Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело - „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“. - Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело - „насилство врз дете“ според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. - Во училишниот двор, синот на ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - По повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, изразуваме длабока почит кон делото на браќата кои ја поставија основата на словенската писменост, образование и духовна традиција. Нивната визија и просветителска мисија претставуваат трајна вредност и силен темел врз што се гради културниот и националниот идентитет на македонскиот народ и на сите словенски народи, напиша министерката за ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го честиташе 24 Мај, нагласувајќи дека трајно цивилизациско наследство е делото на светите браќа Кирил и Методиј. - Со својата просветителска и мисионерска дејност, светите браќа ја отворија можноста, словенските народи да читаат, учат и творат на свој мајчин јазик. Нивното дело претставува трајно цивилизациско наследство и темел на ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални. - Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки. - Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. ...

Скопје, 23 мај 2026 (МИА) - Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери, ја пренесе вечерва СДСМ изјавата од претседателот на партијата Венко Филипче што МИА ја пренесува интегрално. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ ќе се обрати на свечената академија насловена „Од слово до вечност“ што ќе се одржи во црковниот храм „Св. Софија“ во Охрид. Претходно, премиерот Мицкоски ќе положи цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на кејот во Охрид. бак/ Фото: МИА архива Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Со особена почит и благодарност денес се сеќаваме на делото на Светите Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, просветителството и духовноста. Нивната мисија не претставува само историско наследство, туку и трајна вредност што не обврзува да продолжиме да го негуваме знаењето, образованието и културниот развој како темели на современото општество, вели министерот за јавна администрација Горан ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите, пишува во денешната честитка на собранискиот претседател Африм Гаши. - По повод 24 мај - Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и ...

Охрид, 24 мај 2026 (МИА) - Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна - секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик. Народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што се одржува во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители. Од црквата „Света Софија“ каде се одржува ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската Унија, но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. - Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на ...

Скопје, 24 мај 2026 (МИА) - Направив сè за да подадам рака кон опозицијата, да се обединиме. Тие секоја шанса ја испуштија и нема постојано да чекаме тие да се одоброволат за да делуваме заедно за националните интереси, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. - Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на ...

Охрид, 24 мај 2026 (МИА) – Кога Константин Филозоф – Свети Кирил ја создавал глаголицата, а заедно со својот брат Методиј ја ширел просветителската мисија меѓу Словените, тие не создавале само писмо. Тие создавале можност цели народи да станат рамноправен дел од духовната и културната историја на Европа. Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна – дека секој народ има ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.25
88%
1018
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
2.68
91%
1021
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.52
79%
1024
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.88
89%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
9.09
89%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.48
93%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.31
85%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.1
84%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
89%
1013
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
78%
1021
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
94%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Бакар

12.52

Алуминиум

3.48

Кобалт

45.39

Паладиум

39545.42

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

131337.93

Родиум

257205.97