Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Охрид, 26 мај 2026 (МИА) - Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро - оцени хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ при денешната посета на земјата. Одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција во Охрид со премиерот Христијан Мицкоски, забележа дека единственото отворено прашање во овој момент се односите со Бугарија. - Бугарија имаше ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Меморандумот, како што информираат од МЕРМС беше потпишан во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Државната изборна комисија на денешната седница едногласно го усвои Годишниот план за работење и напредување за 2026 година. Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ истакна дека планот е подготвен во целосна согласност со законските одредби од Законот за вработените во јавниот сектор и Изборниот законик. -Основната цел на овој план е да обезбедиме, што е еден тренд во последните две години и добро е да продолжи, ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, замениците на генералната секретарка, Бобан Стојановски и Никола Ѓошевски, учествуваа на презентацијата на анализата на јавното мислење „Поглед на Собрание: перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2026)“ спроведена од Институт за демократија „Социета Цивилис“. Анализата, како што информираат од Собранието, е подготвена ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија оствари средба со италијанскиот амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтери во земјава, на која, како што информираат од Собранието, било разговарано за севкупната билатерална соработка, процесот на евроинтеграција и нашата дијаспора во Италија, која е успешно интегрирана и добро етаблирана во италијанското општество, ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по потпишувањето денеска во Охрид на Договорот за стратешка соработка меѓу двете држави. ...
Ѕинан, 26 мај 2026 (МИА) - Во свет кој се соочува со бројни економски и глобални предизвици, соработката не е избор – таа е неопходност. А токму платформата за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа претставува пример како преку дијалог, почит и заедничка визија може да се создаваат нови можности за сите, порача денеска од Ѕинан, главниот град на кинеската провинција Шандонг вицепремиерот и министер за односи меѓу ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и Нада Милкова, директорка на издавачката куќа „Метаноја“. Заблагодарувајќи им се за посетата, ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Институциите континуирано комуницираат со концесионерот на комплексот „Македонско село“ со цел објектот успешно да функционира и да не биде затворен, изјави директор на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ. Томовски истакна дека државата обезбедува логистичка и институционална поддршка, додавајќи дека комплексот веќе една година работи стабилно. -Комуницираме ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати пред учесниците на летната школа „Re:Europe: Rethinking Europe Together“, проект финансиран од Канцеларијата за француско-германско пријателство, имплементиран од Парискиот Институт за политички науки при Дижон и Хумболтовиот универзитет од Берлин, при што, како што информираат од нејзиниот кабинет, порача дека ЕУ мора да се реформира за да биде ...
Париз, 25 мај 2026 (МИА) – Во Франција е прогласен жолт метеоаларм во 18 департмани поради силниот топлотен бран, а истото предупредување од денеска се воведува и за Париз и неговите предградија, додека британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран во таа земја денеска би можел да собори три рекорди. „Метео Франс“ соопшти дека оваа година е обележана со рано доаѓање на исклучително топло време, со утрински температури меѓу ...
Ватикан, 25 мај 2026 (МИА) – Папата Лав XIV во својата прва енциклика ги повика владите низ светот да го забават развојот на системите со вештачка интелигенција (ВИ), предупредувајќи дека тие шират дезинформации, поттикнуваат конфликти и се закануваат да го воведат светот во состојба на бесконечна војна, пренесува Хина. Во опсежната енциклика насловена „Magnifica humanitas“ (Величествено човештво), првиот папа кој потекнува од САД упати низа ...
Москва, 25 мај 2026 (МИА) – Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди странците да го напуштат украинскиот главен град Киев. Министерството соопшти дека руските сили ќе почнат да вршат серија напади врз објекти на украинската одбранбена индустрија во Киев. Нападите ќе бидат насочени и кон центрите за донесување одлуки и против командните постови во градот. „Нападот на вооружените сили на Украина врз Старобелск ја прели чашата на ...
Лондон, 25 мај 2026 (МИА) – Во Лондон денеска е регистриран најтоплиот мајски ден во историјата, откако на аеродромот Хитроу беше измерена температура од 33,5 степени Целзиусови. Со ова е надминат претходниот рекорд од 32,8 степени Целзиусови, што беше највисоката температура измерена во мај, пренесува Скај њуз. Највисоката дневна температура е забележана откако во текот на претходната ноќ беше измерена и највисоката мајска ноќна температура ...
Париз, 25 мај 2026 (МИА) – Во Франција продолжува топлотниот бран кој главно го засегна западниот дел на земјата и парискиот регион. За утре е издаден портокалов код за опасно топло време за 8 департмани. Денеска 18 департмани во Западна Франција и во областа на Париз беа под жолт код за високи температури. Метеоролозите предупредуваа дека денеска температурите би можеле да достигнат 35 Целзиусови степени во Бретања, а 36 и 37 Целзиусови ...
Москва, 25 мај 2026 (МИА) - По гранатирањето на Белгород од страна на украинските вооружени сили, 35.000 луѓе во тој град денеска останаа без струја и вода, изјави вршителот на должноста регионален гувернер, Александар Шуваев. - Како резултат на денешните масовни ракетни напади во Белгород, утврдена е штета на голем број критични објекти на општествената инфраструктура, а повеќе од 35.000 жители останаа без струја и вода – информира Шуваев во ...
Киев, 25 мај 2026 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина постигнала мал напредок во преговорите со САД за проширување на производството на системи за противракетна одбрана и оти работи со Европа за решавање на ова прашање. - За жал, веќе подолго време нема напредок со Америка во однос на проширувањето на производството на противбалистички ракети. Се обидуваме да ја забрзаме оваа работа во Европа, со ...
Прага, 25 мај 2026 (МИА) – Чешката влада денеска одобри измена на законот со која ќе се заострат правилата за престој и финансиска поддршка за украинските бегалци, наведувајќи дека на тој начин реагира на злоупотребата на помошта и на перцепцијата според која бегалците во некои погледи имаат предност во однос на локалното население. Земјата со повеќе од десет милиони жители прими 385.000 украински бегалци, изјави министерот за внатрешни ...
Москва, 26 мај 2026 (МИА) – Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се отпишуваат долговите на новите регрути за војната во Украина и на членовите на нивните семејства, соопшти Кремљ. Мерката е дел од напорите на Русија за зголемување на бројот на војници во конфликтот што трае повеќе од четири години. Според указот, лицата кои потпишале договор со руското Министерство за одбрана по 1 мај, како и нивните сопружници, можат ...
Белград, 25 мај 2026 (МИА) - Најмалку пет луѓе се повредени откако трамвај претпладнево излета од шини во Белград и удри во зграда. Возачката кабина на трамвајот е целосно уништена, прозорците на трамвајот се скршени, а дел седишта се искорнати. „Според податоците од Градското сообраќајно претпријатие (ГСП), во несреќата се повредени пет лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот. Тој е префрлен во Ургентниот центар, изјави за Н1 Иван ...
Атина, 25 мај 2026 (МИА) – Бесплатна телефонска линија за психолошка поддршка на учениците кои се подготвуваат за полагање на државните приемни испити за упис на факултет во Грција, како и за нивните семејства, воведе Министерството за образование, религија и спорт, јави дописничката на МИА од Атина. Телефонската линија, ќе функционира од денеска и сè до завршувањето на испитите на крајот на јуни, а како што информираа од Министерството, ...
Белград, 25 мај 2026 (МИА) - Петнаесет луѓе се повредени денеска, меѓу кои и две деца, откако трамвај излета од шините во белградската населба Дорќол и удри во зграда. Три лица се со тешки повреди, имаат контузии и скршеници. Сите повредени се во здравствени установи во главниот град на Србија Несреќата се случи околу 9.30 часот утрово. Дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград беше на истрагата за ...
Атина, 25 мај 2026 (МИА) – За 51 отсто се зголемиле вонредните контроли на траектите, туристичките бродови и сите други видови пловни средства во Грција во однос на безбедноста, противпожарната заштита, средства за спасување, а контролите дополнително ќе се интензивираат во пресрет на летната сезона, соопштија од Министерството за поморство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. До 21 мај годинава биле спроведени 515 вонредни ...
Тирана, 25 мај 2026 (МИА) – Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас, денеска престојува во посета на Тирана, каде најпрво оствари средба со неговиот албански колега Ермал Нуфи, по што се сретна и со премиерот Еди Рама. Според медиумите на средбата со Нуфи станало збор за билатералната соработка во областа на одбраната и регионалната безбедност. - На средбата со премиерот Рама, што е и главната цел на посетата на Дендиас, тој побарал ...
Атина, 25 мај 2026 (МИА) – Во периодот од јануари до март годинава, бројот на туристи во Грција се зголемил за 38,3 отсто, додека пак приходот за земјата од туризам бележи пораст од 64,3 проценти, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првите три месеци од 2026 година Грција ја посетиле 3,4 милиони туристи, наспроти 2,5 милиони во истиот период лани, а драстично се зголемени, за 84,3 отсто ...
Тирана, 25 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, изјави дека Албанија влезе во нова фаза од борбата против организираниот криминал и корупцијата, каде што главниот фокус е удар врз криминалната економија и враќање на конфискуваниот имот во корист на граѓаните. Во својот говор на конференцијата „Од конфискација до јавно добро“, организирана од Агенцијата за управување со запленет и конфискуван имот (AAPSK), ...
Скопје, 25 мај 2026 (МИА) - Промоција на „Економија на заемноста: Редефинирање на економската парадигма“ и средба со еден од авторите д-р Џеј Јакуп (DPhil, Oxon) ќе се одржи денеска во „Литературно кафе Метаноја“ во Скопје, во организација на издавачката куќа „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура. Оригиналната верзија е во издание на Oxford University Press. Настанот ќе го отвори м-р Нада Милкова, директорка на ...
Скопје, 26 мај 2026 (МИА) - Приоритет на Владата е да имаме градски воз, а делницата од Зелениково до главната железничка станица ќе биде во функција од септември, нагласува во интервју за ПРИЗМА, директорот на Македонски железници – инфраструктура, јавното претпријатие задолжено за изградба и одржување на пругите и железничките станици. - Во моментов активни се градежните работи од Зелениково до главната железничка станица, во должина од ...
Берлин, 25 мај 2026 (МИА) – Кинеските директни инвестиции во Европа минатата година пораснаа втора година по ред и достигнаа 16,8 милијарди евра, што е највисоко ниво од 2018 година, покажува најновото истражување на аналитичките куќи „Родиум груп“ (Rhodium Group) и „МЕРИКС“ (MERICS). Вкупниот раст од 67 проценти во споредба со 2024 година беше предводен од процесите на спојувања и преземања (M&A), кои на годишно ниво забележаа скок од 89 ...
Белград, 25 мај 2026 (МИА) - Дводневен експертски состанок на претставници на ревизорски институции од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Словачка, почна денеска во Белград, чија цел е зајакнување на соработката и започнување заеднички ревизии за користењето на јавните средства за постигнување на Целите за одржлив развој, особено на локално ниво. Генералниот ревизор и претседател на Државната ревизорска ...