Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Без струја денеска во одредени периоди од денот ќе бидат корисниците на неколку улици во општините Студеничани, Карпош и Центар. Како што информира ЕВН Македонија АД во период од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Морани и викенд населба Морани во општина Студеничани. Во периодот од 08:30 до 17:30 часот бе струја ќе бидат корисниците од објекти во круг на фабрика ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - После многу години чекање, жителите на Долно Лисиче конечно добиваат чиста и безбедна вода за пиење, напиша денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. Ѓорѓиевски информираше дека денеска со градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, извршиле увид на работите на новата водоводна мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче. - Ова е проект што за луѓето овде, значи многу. Значи ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Голем број граѓани денеска го искористија убавото сончево време за да ја посетат Зоолошката градина во Скопје, која оваа година одбележува сто години од постоењето и која е најстара на Балканот. Одбележувањето на стогодишнината почна минатата недела со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира дека утре времено без струја ќе бидат делови од општина Кисела Вода. Во периодот од 05:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од индустриската зона на булеварот „Борис Трајковски“ на потегот од Пинтија до Драчево, а во истиот период краткотрајни прекини ќе имаат и корисниците од улиците „Јустинијан ...

25 април 2026 Регионалниот саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“ со голем успех се реализира во општина Илинден и денес го заокружува тридневното издание, оставајќи силен впечаток како еден од најзначајните економски настани во регионот, пишува во денешното соопштение на локалната самоуправа, што МИА го пренесува интегрално. Спортската сала „Гоце Делчев“ беше центар на интензивни деловни активности, каде над 70 компании од различни ...

Скопје, 24 април 2026 (МИА) - Четири пријави за семејно насилство се евидентирани во последното деноноќие, едно лице било лишено од слобода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Денеска во 3:40 часот во СВР - Скопје, 20-годишна жена пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер О.В., 18-годишен скопјанец. Од полициски службеници од СВР - Скопје, О.В. бил приведен во ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нареди да се спроведе истражна постапка против две лица осомничени за кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Државното Јавно обвинителство информира дека осомничени се судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, кои од август 2025 до 7 април 2026 година директно примиле награда од 500 ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М.(58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години" казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик на РСМ. Судот на скопјанецот му одредил мерка притвор. Имено, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, истиот на 15.04.2026 година во Скопје извршил обљуба врз 13-годишно девојче од Скопје ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Кривична пријава е поднесена за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - ОВР - Кочани до Основното јавно обвинителство - Кочани поднесе кривична пријава против Трговско друштво за вработување инвалидни лица - заштитно лице за производство, трговија и услуги Але - Дар Дооел од Кочани во својство на правно лице, и А.А., на возраст од 34 ...

Гостивар, 25 април 2026 (МИА) - Машко лице било лишено од слобода по сомнение дека силувало малолетничка во Гостивар и објавувало експлицитни содржини на социјалните мрежи. Од Секторот за внатрешни работи - Тетово информираа дека од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гостивар, од слобода бил лишен 29-годишниот Т.Б. од село Здуње. - Тој бил пријавен на 24.04.2026 година од страна на ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - На 24/25.04.2026 во Скопје, на разни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Р.В.Ц.(27) од Велика Британија, Е.Б.(27), У.М.(19), Д.Г.(28), А.Н.(27) и Т.К.(20) сите од Скопје затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 24.04.2026 во 19:30 часот ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.З. (37) од Стар Дојран, Б.К. (54) од Нов Дојран и А.А. (41) од Стар Дојран, осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот закон. Според пријавата, пред две години, на 29 април 2024, пријавените со неизвршување на своите службени должности во ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Иднината на државата се гради дома, преку знаење, идеи и храброст, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која денеска го отвори Националниот натпревар за најдобар бизнис-концепт за зелени иновации за средните училишта 2026/2027, што се одржа на Машинскиот факултет при УКИМ. Натпреварот е платформа во која младите ги претвораат своите идеи во реални концепти – решенија ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - На шест лица осомничени за шверц и естетски интервенции со лажни филери и ботокс им е определена мерка пртивор, а на четворица куќен притвор. На останатите девет приведени лица им се определени мерки на претпазливост. - Од доставените 11 предлози за определување на мерка притвор, Обвинителството, по сослушување на осомничените, за две лица го преиначи предлогот во мерка куќен притвор, од кои, судот едниот го ...

Битола, 25 април 2026 (МИА) Марјан ТАНУШЕВСКИ Зголемување на квалитетот и на образовната и научно-истражувачката работа на универзитетите во Македонија е неопходно, а УКЛО не се плаши од мерки за подобрување на квалитетот на високото образование и науката или давање на отчетност за секој потрошен денар. Ние дадовме поддршка на нацртот на новиот закон. На УКЛО и сега факултативно се применуваат некои од решенијата што ги нуди нацртот на новиот ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Во општина Велес денеска ќе се одржи трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“ на Министерството за земјоделство, шумарство и восотопанство. Кампањата почна на 18 март годинава од Босилово и, како што беше најавено, ќе се реализира во над 30 општини, со посета на повеќе од 120 населени места. Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Компаниите од здравствениот сектор, членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), најостро ги осудуваат сите наводи и постапки кои укажуваат на евентуално вршење на нелегални медицински третмани и употреба на недозволени препарати. Ваквите дејствија, се наведува во соопштението на ССКМ, доколку се потврдат од надлежните институции, претставуваат сериозно нарушување на медицинската етика, директна ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски говорејќи за проектите на Коридор 8 изјави дека во моментов во процедура е изборот на изведувач заедно со ЕБОР на потегот од Букојчани до Кичево и додаде дека Кичево - Охрид е веќе при крај. -Тоа е оној заборавен проект од кој сите се имаа откажано и ние како Влада кога бевме избрани решивме да го завршиме. Веќе 37 км се завршени од кои 34 км се во ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека Владата силно работи на развој на ависообраќајот во кој се воведени 28 нови дестинации и силен раст од 30 отсто на бројот на патници во првиот квартал од годината. -Тоа е стратегија која ја работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот опаѓа многу, се намалува бројот на патници некаде околу 2,5 милиони патници. Создадовме ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Во Велес вечерва се одржа трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. - Разговараме со земјоделците, ги слушнавме нивните потреби и предлози. Своите искуства ги споделија полјоделците Аце и Драган, сточарот Рамадани и останатите. Средбите се потврда дека вистинските решенија се креираат заедно со граѓаните за силно и ...

25 април 2026 Укинувањето на Пржинска влада води кон изборен фалсификат, предупреди претедсетаелот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Трилинг“. Филипче посочи дека укинувањето на Пржинската влада е сериозен ризик за демократскиот процес, и укажа дека владата на премиерот Мицкоски нема капацитет да организира фер избори, поради силна партизација на институциите. Тој додаде дека институциите се целосно ставени под партиска ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Во Законодавниот дом попладнево ќе се одржи дводневна Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ. Како што информираат од собраниската прес-служба, на првата Пленарна сесија на тема „Моделот на вклучување на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ“ ќе говорат претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, Зоран Димитровски, заменик-министер за надворешни работи и ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук информираше дека заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и заменик - министерката за европски прашања, Викторија Трајков, се сретнале со Македонци кои живеат во Србија. - Состанокот помина во дух на конструктивен дијалог и заедничка визија за иднината. Во фокусот беше испратена силна порака за обединување и сплотеност на Македонците ...

Атина, 25 април 2026 (МИА) – Грција ја реафирмираше својата посветеност активно да ја поддржи секоја иницијатива што ја промовира безбедноста, стабилноста и владеењето на правото во поширокиот регион, нагласувајќи дека успехот на Процесот Акаба зависи од колективниот напор и претворањето на дијалогот во конкретни резултати, соопштија од Министерството за заштита на граѓаните на Грција за учеството на министерот Михалис Хрисохоидис на ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Речиси 90 проценти од законите што ги предлага Владата се во редовна постапка. Останува овој проблем да го надминеме и кај пратениците кога поднесуваат предлог законски решенија, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на дводневната национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ што попладнево почна во законодавниот дом. - Најчести предлагачи се Владата и пратениците. Пред ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел. Сега има аргументи и „за“ и „против“. Јас сум еден од поборниците дека треба да ги отвориме листите. И граѓаните, освен партијата што ќе ја направи листата, мислам дека треба да имаат право да изберат свој омилен пратеник. Ова го истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната дводневна дебата „Гласот на граѓаните во Собранието: ...

Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Заменик - министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски очекува во наредниот период со новата влада во Софија да се влезе во дијалог и да се најде решение што ќе биде прифатливо за сите. Димитровски денеска присуствуваше на настан во Собранието каде беше прашан дали Владата ќе прифати влез на Бугарите во Уставот и другите помали заедници и дали има рок за влез во ЕУ. - За жал, ниту од ...

Рио де Женеиро, 24 април 2026 (МИА) – Како што се приближува почетокот на Светското фудбалско првенство, проблемите се натрупуваат за бразилската репрезентација, која најверојатно ќе биде без својот силен адут, 18-годишниот играч на Челзи, Естевао. Фудбалерот на лондонскиот премиерлигаш ја повреди тетивата за време на натпреварот против Манчестер Јунајтед. Бразилскиот фудбалер потоа беше подложен на магнетна резонанца и сите потребни ...

Скопје, 24 април 2026 (МИА) - Единаесет возачи биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Од нив, деветмина возеле без возачка дозвола, еден алкохолизиран, а друг имал забрана за управување возило, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина затоа ...

Берлин, 24 април 2026 (МИА) – Откако Штутгарт го победи Фрајбург со 2-1 во четвртокот вечер и дојде до финалето на германскиот Купа, пласман во европските купови следната сезона обезбеди и седмопласираниот тим во Бундеслигата. Вообичаено шест германски тимови обезбедуваат место во европските натпреварувања на УЕФА преку Бундеслигата. Екипите од првото до четвртото место одат во Лигата на шампиони, петтото место носи настап во Лигата на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
61%
1020
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
68%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1021
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.89
65%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
74%
1019
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
43%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
51%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1020
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
0.45
51%
1020
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
70%
1020
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Калај

50.46

Паладиум

47550.95

Злато

151548.67

Рутениум

53788.20

Родиум

323115.00

Сребро

2439.04

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.60

Кобалт

45.39

Бакар

12.12

Цинк

0.00

Платина

64944.51