Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Вашингтон, 25 април 2026 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека откажувањето на патот на неговите претставници во Пакистан не значи нужно продолжување на војната со Иран. - Не, тоа не значи тоа. Сè уште не сме размислувале за тоа, изјави Трап во телефонскиот разговор за порталот Аксиос. Тој, на прашањето дали неиспраќањето на Стив Виткоф и Џаред Кушнер се толкува како чекор кон нов круг судири, посочи дека не е во план такво ...
Техеран, 25 април 2026 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, по средбите во Исламабад, на кои се не присуствуваше американска делегација, изјави дека не е јасно дали САД навистина се сериозни во дипломатијата. Арагчи на платформата Икс објави дека во Пакистан го презентирал ставот на Иран за одржлива рамка за завршување на војната, додавајќи дека останува да се види дали САД навистина се сериозни во дипломатијата. Тој по ...
Ерусалим, 25 април 2026 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху им нареди на израелските одбранбени сили (ИДФ) „жестоко да нападнат“ цели на Хезболах во Либан. Претходно, портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае повторно ги предупреди либанските цивил, и покрај примирјето, да не се враќаат во јужен Либан. Во текот на денот се огласија сирените за тревога во областите Менара, Маргалиот и Мисгав Ама. Според израелските медиуми од либанска ...
Москва, 25 април 2026 (МИА) - САД ги напуштаат меѓународно признатите дипломатски конвенции во потрага по сопствени интереси, особено во доминацијата на енергетските пазари, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за руската државна телевизија. Тој истакна дека со своите постапки во Латинска Америка и Блискиот Исток, Вашингтон го враќа светот „во ера кога немаше ништо“ - ниту меѓународно право ниту систем на ...
Киев, 25 април 2026 (МИА) - Најмалку 15 лица се повредени во масовниот руски напад врз Украина во текот на ноќта, соопштија локалните власти, цитирани од ДПА. Сирени за воздушни напади се огласија во многу делови од земјата, принудувајќи ги жителите да бегаат во засолништата. Силни експлозии се слушнаа во Киев, Харков и Днипро (Днепропетровск). Олександр Гања, началник на воената администрација на регионот Днипро, соопшти дека се повредени ...
Берлин, 25 април 2026 (МИА) - Германски поморски единици ќе бидат распоредени во Медитеранот како подготовка за евентуално учество во мисии во Ормуската Теснина, изјави министерот за одбрана Борис Писториус. - Ќе бидат распоредени миноловец и команден и снабдувачки брод, изјави Писториус за весникот „Рајнише пост“. Тој не прецизираше кога точно ќе заминат бродовите. Откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, Иран одговори со ...
Киев, 25 април 2026 (МИА) - Бројот на жртви од масовниот воздушен напад што го изврши Русија во различни делови на Украина во текот на ноќта се искачи на седум, а десетици се повредени, соопштија украинските власти. Руската војска изминатата ноќ ја нападна Украина со повеќе од 660 ракети и беспилотни летала, од кои многу биле насочени кон градот Днепропетровск. Една од ракетите погоди станбена зграда, предизвикувајќи голем дел од неа да се ...
Баку, 25 април 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Азербејџан изјави дека Украина е подготвена за разговори со Русија на азербејџанска територија, објави Укринформ. Зеленски, кој е во официјална посета на Азербејџан, ја даде изјавата по средбата со својот колега Илхам Алиев. Тој рече дека со Алиев разговарал за можноста за средба меѓу Украина и Русија во Азербејџан. - Исто така, разговаравме за напорите за мир. ...
Берлин, 25 април 2026 (МИА) – Руски хакери манипулирале со профилите на германските политичари на комуникациската платформа Сигнал, објавија денеска германските медиуми. Нападнати се профилите на министерката за семејство Карин Приен и министерката за градежништво Верена Хуберц, како и претседателката на Бундестагот, Џули Клокнер. Тие биле членови на различни „чет групи“ во кои бил и канцеларот Фридрих Мерц и другите членови на владата. Како ...
Москва, 25 април 2026 (МИА) – УКраински дрон погоди станбена зграда во Екатеринбург, при што се повредени неколку луѓе. Гувернерот Денис Паслер на социјалната мрежа Телеграм објави дека се евакуирани станарите на погодената зграда. Тоа е прв украински напад врз Екатеринбург од почетокот на војната во 2022 година. Екатеринбург се наоѓа во централна Русија и е оддалечен околу 1.7000 километри од границата. ми/ фото: МИА архива Москва, 25 април ...
Виена, 25 април 2026 (МИА) – Пожарникари се обидуваат да го стават под контрола големиот шумски пожар јужна Австрија, што изби пред два дена во близина на италијанската граница. Ветерот предизвикаа пожарот да се прошири на површина од 110 хектари. Пожарот во моментов не претставува закана за луѓето или населбите, но операциите за гаснење пожари се отежнати. Противпожарната служба соопшти дека се распоредени и хеликоптери за справување со ...
Будимпешта, 25 април 2026 (МИА) – Претседателот на партијата Фидес – Унгарски граѓански сојуз и премиер во заминување, Виктор Орбан изјави дека ќе се откаже од пратеничкото место, што го освои на парламентарните избори на 12 април. Тој истакна дека е подобро енергијата да ја насочи на „обновување на националното движење“ отколку на седење во парламентот. Орбан истакна дека пратеничката група на Фидес ќе ја води неговиот шеф на кабинет Гергеј ...
Белград, 25 април 2026 (МИА) - За крајот на јуни (26 - 28) во Белград и во Нови Сад се најавени неколку големи собири на приврзаници на владејачката Српска напредна странка, на кои ќе има обраќање и претседателот на државата, Александар Вучиќ и можно е тие датуми да одговараат на потенцијалниот датум на избори, односно митинзите да се одржат на крајот од евентуалната изборна кампања, додека парламентарни избори би можеле да се организираат во ...
Софија, 25 април 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА ГАЦОВА Рано утро во Софија. Во мало кафуле близу булеварот „Витоша“, келнерот без двоумење ја изговара цената: „Две евра и педесет“. Никој не прашува колку е тоа во левови. Само пред неколку месеци, тоа ќе беше првата реакција. Главниот град на Бугарија, по воведувањето на еврото од 1 јануари, живее со нова валута. Во Софија, граѓаните веќе плаќаат во евра, но цените сè уште ги „преведуваат“ во ...
Тирана, 25 април 2026 (МИА) - Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, зборувајќи за напредокот во процесот на европска интеграција, за „Клан њуз“, изјавила дека Албанија е една од земјите на чело на процесот на интеграција, додавајќи дека сè додека е комесар за проширување, ќе се бори земјите-кандидатки да станат полноправни членки на ЕУ, објави АТА. -Се надеваме дека во мај ќе можеме да ги усвоиме сите привремени стандарди ...
Љубљана, 25 април 2026 (МИА) - Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денеска го информираше претседателот на Парламентот Зоран Стевановиќ дека по првата рунда разговори со претставниците на парламентарните групи, таа нема да предложи кандидат за формирање влада. Во изјава за медиумите, претседателката нагласи дека нема мнозинска поддршка од пратениците на Народното собрание за ниту еден кандидат и дека не сака да предложи кандидат за ...
Анкара, 25 април 2025 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека неговата земја би можела да учествува во операциите за расчистување на мини во Ормуската Теснина откако ќе се постигне мировен договор меѓу САД и Иран, објави „Туркие Тудеј“. Во разговор со новинарите за време на официјалната посета на Обединетото Кралство, Фидан рече дека сите активности за расчистување на мини ќе ги спроведува мултинационален ...
Атина, 25 април 2026 (МИА) – Договор за обновување на стратешкото партнерство за соработка во одбраната и безбедноста меѓу Грција и Франција, како и уште осум други договори со кои се зајакнува и проширува соработката меѓу двете земји, беа потпишани по средбата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и францускиот претседател Емануел Макрон, јави дописничката на МИА од Атина. Првиот одбранбен договор меѓу двете земјибеше потпишан во 2021 година ...
Тирана, 25 април 2026 (МИА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за економскиот раст во Албанија, наведувајќи дека растот ќе биде 3,4 проценти до крајот на годинава, што е за 0,2 отсто пониска од претходната процена од октомври 2025 година. - Надолната прогноза е во согласност со меѓународните случувања и неизвесностите што се зголемија како резултат на војната на Блискиот Исток, која ги погоди глобалните енергетски ...
Букурешт, 25 април 2026 (МИА) – Повеќе од 200 луѓе се евакуирани од Галац откако делови од руски дрон синоќа паднаа врз романскиот град. Над 110 домови се под контрола на романските безбедносни сили. Околу 555 домаќинства се без снабдување со гас откако добавувачот го прекина снабдувањето од безбедносни причини. Остатоците од дронот паднаа врз помошен објект и електричен столб, но нема повредени луѓе. Екипите испратени на местото на настанот ...
Тирана, 26 април 2026 (МИА) - Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер за време на неговата посета на Албанија, заедно со министерот за одбрана Ермал Нуфи ја посетија и воздухопловната база Кучово, целосно реновирана со средства од НАТО. Амбасадорот Витакер и министерот Нуфи, разговараа за подготвеноста на Албанија да стане логистички центар на НАТО во регионот преку инвестиции во Коридорот осум, како и за начините на кои Албанија може да ја ...
Скопје, 25 април 2026 На 24 април 2026 година на граничниот премин Табановце успешно беше реализирана заедничка вежба во организација на Дирекцијата за радијациона сигурност. Вежбата имаше за цел тестирање на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на институциите во случај на радијационен вонреден настан. Во активностите учествуваа претставници од Царинската управа, Граничната полиција, Институтот за јавно здравје, како и правни лица кои ...
Скопје, 25 април 2026 (МИА) - На гробиштата во Блаце се одвиваат градежни работи на парцела која, според официјалните податоци, фигурира како сопственост на компанијата Flamingo Casino. Доколку се потврди дека таму се гради објект за дејност поврзана со игри на среќа, тогаш станува збор за една од најнеодговорните и најнавредливи одлуки кон чувствата на граѓаните, наведува ДУИ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Тоа што граѓаните ...
Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Венко Филипче, очигледно, доби сила откако газдата, Зоран Заев му се појави на Бихаќка и повторно се засили да држи пресови и да си игра и портпарол, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Филипче ретерираше од ставот, поточно заканите што ги кажа пратеникот Митко Трајчулески, дека ќе излегле од Собрание ...
Скопје, 25 април 2026 Во јавноста се појавија одредени шпекулации во врска со предложените измени на Законот за минерални суровини. Сметаме дека е важно, јасно, прецизно и транспарентно да ги објасниме фактите, затоа што дел од изнесените тврдења не соодвествуваат со содржината на самиот закон, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, коешто МИА го пренесува интегрално. Најнапред, клучно е да се ...
Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Владата ретерира откако СДСМ побара законот за двојно државјанство да важи за сите избрани и именувани функционери, рече на прес-конференција Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ и секретар за меѓународна соработка, наведува Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално: Имаме многу важна тема којашто мора да продолжиме да ја дискутираме во јавноста, затоа ...
Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Реформата во високото образование не се прави со политичка ароганција ниту со наметнати одлуки. Таа се прави со слушање на студентите, професорите и институциите кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на високото образование, наведува Вреди во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. Токму затоа, ВЛЕН го избра патот на консултација. Ги слушнавме академската заедница и албанските универзитети. Затоа ...
Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Актуелните политички случувања во земјата, со посебен акцент на предизвиците поврзани со почитувањето на Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност, како и загрижувачките тенденции што ја нарушуваат меѓуетничката рамнотежа и демократското функционирање на институциите биле разгледани на третата седница на Претседателството на Генералниот совет на ДУИ, што ја свика претседателот на ДУИ Али Ахмети, ...
Скопје, 25 април 2026 (МИА) - ДУИ, хранета и одржувана со години од игрите на среќа и казината, денес се обидува да манипулира со теми што самата ги произведувала со години. Иронијата е брутална. Тие што со години ја претворија индустријата на игрите на среќа во политичка каса, денес глумат лудило. Апсурд кој не држи вода, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Вистината е едноставна. Кога ДУИ зборува за казина, од ...
Скопје, 25 април 2026 (МИА) - Улична акција насловена „Уметност против омраза“ ќе се одржи денеска во Куманово во периодот од 10 до 16 часот. Акцијата е организирана од неформална група мировни активисти собрани со поддршка на Центарот за ненасилна акција, со цел да се исполнат јавните простори со слики што промовираат солидарност, различност и заедништво, наместо пораки за нетолеранција и насилство, информираа од Центарот за ненасилна акција ...