
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Од вечерва на полноќ, се менуваат малопродажните цени на Еуродизел, Екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Дизелот поевтинува за денар и половина, па од ноќеска ќе се продава по цена од 71,5 денари за литар. За денар и половина поевтинува и маслото за горење, кое од ноќеска ќе чини 70,5 денари за литар. Мазутот поевтинува за 0,734 денари за килограм и од вечерва ќе ...
Од независноста на државата досега, со екипирање на новиот владин кабинет, во Министерството за финансии ќе седне седумнаесеттиот министер по ред. Со оваа институција раководеле двајца министри, етнички Албанци. Од сите досегашни министри најдолг мандат имаше Зоран Ставревски, а најкраток Зоран Заев, како привремен министер, пишува Порталб.мк. Прв министер за финансии во првата експертска влада во независна Македонија беше Методија Тошевски, кој ...
Светската здравствена организација (СЗО) информираше за смрт на маж од Мексико предизвикана од видот на птичји грип наречен H5N2 (Х5Н2), кој никогаш досега не бил пронајден кај човек. 59-годишниот маж, кој бил хоспитализиран во Мексико Сити, починал на 24 април откако развил треска, отежнато дишење, дијареја, гадење и општа непријатност. СЗО вчера соопшти дека не е јасно како лицето се заразило, пренесува Гардијан. „Иако изворот на изложеност на ...
Четири лица починаа, а 26 се повредени откако патнички и товарен воз се судрија во чешкиот град Пардубице, пренесе Гардијан. Несреќата се случила вчеравечер на околу 60 километри западно од градот. Чешката државна телевизија објави дека возот носел повеќе од 300 патници, од кои голем дел биле странски државјани. Премиерот на Чешка, Петр Фиала изрази сочувство на социјалната мрежа „Х“, велејќи дека несреќата претставува голема катастрофа. За ...
Четворица заложници киднапирани од Хамас се обединети со нивните семејства откако беа спасени при вчерашна рација на израелските сили, пишува Би-би-си. Ноа Аргамани (26), Алмог Меир Јан (22), Андреј Козлов (27) и Шломи Жив (41) беа ослободени осум месеци откако беа киднапирирани. Израелските сили кажувата дека воделе интензивни вооружени борби со Хамас во областа Нусејрат и ја нарекуваат мисијата високоризична и сложена. Палестинските власти ...
Грчките власти потврдија дека на островот Сими е пронајдено телото на исчезнатиот британски ТВ водител Мајкл Мосли, пишува Гардијан. Тој исчезна откако отишол на крајбрежна прошетка на островот а потрагата по него траеше 5 дена. Телото е откриено на карпест терен блиску до ограда на околу 50 метри од мало одморалиште до кое може да се пристапи само со чамец или пеш, на спротивната страна од заливот каде што претходно во текот на денот ги ...
Најмалку 274 Палестинци загинале, а 698 се ранети откако бил извршен напад на бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа при израелската операција за спас на 4 заложници, соопшти денес Министерството за здравство на Газа. Жозеп Борел, дипломат на ЕУ ја нарече ситуацијата „масакр“, а во објава на социјалната мрежа „X“, „најостро“ ги критикуваше извештаите од Газа за уште еден масакр на цивили, пишува Гардијан. Тој повика на прекин на огнот и ...
Францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори, откако екстремната десница во оваа земја освои далеку повеќе гласови на европските избори викендов. Национален собир освои над двојно повеќе гласови од центристичката алијанса на Макрон, јавува Би-би-си. „Не можам да се однесувам како ништо да не се случило“, изјави Макрон вчеравечер, објавувајќи ја својата одлука за предвремените парламентарни избори. Францускиот ...
Коалицијата предводена од актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС е првата политичка сила на националните избори и изборите за Европскиот парламент што се одржаа вчера. Оваа коалиција освои 24,63 отсто од гласовите на парламентарните избори, јави БГНЕС. Бугарската Централна изборна комисија ги соопшти резултатите од обработени 93,53 отсто од гласовите за националното собрание и 93,35 отсто од обработените гласови од изборите за ...
Maж се полил со бензин и се самозапалил утрово пред зградата на Владата на Хрватска. Пред зградата на Владата видно шокиран бил и премиерот Андреј Пленковиќ кој веднаш го повикал министерот за здравство Вили Берош и координирале акција за згрижување на лицето, пренесува „Јутарњи“. На местото на несреќата одекнуваат сирени на полиција и на Итна медицинска помош. Како што се наведува, лицето е пренесено на интензивна нега на Клиниката за ...
Советот за безбедност на Обединетите нации изгласа резолуција за примирје во Газа. Резолуцијата беше ставена на гласање од САД. Сите петнаесет членови на Советот за безбедност гласаа за неа, освен Русија, која беше воздржана, пренесува Гардијан. Во резолуцијата се наведени три фази на прекин на огнот. Во првата фаза, која би траела шест недели, е предвиден целосен прекин на огнот и размена на затвореници. Израел би ослободиле палестински ...
Ерик Сиоти, претседателот на популарната француска десно-ориентирана партија „Републиканците“, најави дека би коалицирал со крајнодесничарската партија „Национален собир“ на предвремените парламентарни избори на крајот на месецот, пренесува Гардијан. Парламентарната лидерка на „Национален собир“, контроверзната Марин Ле Пен, која има претрпено два порази против претседателот Емануел Макрон на последните два претседателски избори, ја поздрави ...
Денес започна овогодишниот самит на групата Г7, во која спаѓаат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединето Кралство, САД, како и претставници од Европската Унија, пренесува Гардијан. Самитот ќе се одржи во јужноиталијанскиот град Фасано. Таму, во луксузниот комплекс Борго Егназција, италијанската премиерка Џорџа Мелони ги пречека лидерите од останатите членки на Г7. „Ќе ја повториме нашата поддршка за Украина и ќе продолжиме да ...
Медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија д-р Марјан Шокаровски и на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, се разрешени заради пропусти во нивната работа, реагира денеска преку соопштение министерот за здравство во заминување, Илир Демири. Неговата реакција следува откако во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кажаа дека ќе бараат одговорност од Демири бидејќи двајцата директори ги разрешил ...
Мрежата Стела и Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикуваат стрип автор(к)ите и илустратор(к)ите да учествуваат на наградниот конкурс за стрип наречен „Кое е твоето чудо?!”, најавија МладиХАБ. Станува збор за конкурс за оригинални авторски стрипови, чии теми ќе се поврзани со борбата за родова еднаквост. „Уметничките дела треба да поттикнат теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат ...
Денес и утре ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје, известува Министерството за внатрешни работи (МВР). Посебниот сообраќаен режим започна вчера, поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за ...
Во матичната општинска организација Бутел, Славјанка Петровска ја започна кампањата за претседателка на СДСМ. Таа пред членството го презентираше „Манифестот за Социјалдемократија”, програмата со која, како што вели, планира големи реформи во СДСМ и со која ќе се врати победничкиот дух. „Тоа е за доброто на државата. Благодарам на сите за масовата поддршка на првиот ден од кампањата“, напиша Петровска на својот профил на фејсбук. Славјанка ...
Повеќе од 100 лидери, меѓу кои потпретседателката на САД, Камала Харис и претседателите или шефовите на земјите од ЕУ, Јужна Америка, Блискиот Исток и Азија, денеска ќе се соберат во Швајцарија за еден од најамбициозните обиди досега да се создаде мировен план за Украина. На дводневната мировна конференција, која ќе се одржи во луксузното одморалиште Бургеншток надвор од Луцерн, ќе се разговара за предложениот план од 10 точки на Киев за ставање ...
Црногорскиот фудбалер и голман на државната репрезентација, Матија Шаркиќ, починал утрово околу 6 часот и 30 минути во Будва, објави РТЦГ. Веста за ненадејната смрт на 26-годишниот фудбалер ја потврдија и Фудбалската федерација на Црна Гора, како и клубот Милвол, во чиј тим Шариќ се придружи минатото лето. Спореди информациите, тој почувствувал непријатност во својот стан во Будва, по што пријателите повикале брза помош, но тој во меѓувреме ...
Синоќа во Прилеп, во Центарот за култура беше отворено 58 издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, на Драмскиот театар од Скопје, беше првата претстава од официјалната програма што ја виде публиката. Денес на пладне е организирана тркалезна маса со екипата на фестивалот. Во библиотеката „Борка Талески“ беше отворена изложба на фотографии со портрети на Горан Стефановски. Вечерва во 19.30 ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својата предизборна програма насловена „За Илинден гарантираме“, вети дека ќе изгради стадион со трибини во општина Илинден. Според одговорите што ги добивме од општинита, изградбата за овој проект е веќе започната, па оттаму да заклучиме дека ова ветување е во тек на реализација, иако во програмата беше наведено дека стадионот ќе биде завршен во текот на 2022-2023 година. Изградбата ...
Стотици милиони гласачи излегоа на гласање на изборите за Европскиот парламент. Во повеќето земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Шпанија и Полска, граѓаните гласаат денес, на последниот ден од четиридневниот изборен циклус што започна во четвртокот во Холандија, пишува Гардијан. Најголем број европратеници или 96 се избираат во Германија, по што следува Франција со 81, Италија со 76, Шпанија со 61, Полска со 53, ...
Во 2023 година, Агенцијата за заштита на лични податоци примила 234 претставки од граѓани кои се однесуваат на социјалните мрежи, покажува Годишниот извештај на оваа институција. Според причината за пријавување, најкарактеристични се претставките од физички лица кои се однесуваат на лажни профили, понатаму за пробиени (хакирани) профили, претставки кои се однесуваат за неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на туѓи профили на ...
Триесет и шесгодишна жена од Кратово синоќа ги убила сопругот и свекорот. МВР соопшти дека жената со иницијали В.И. е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Како што соопшти денеска МВР, жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. ...
Со само еден глас против денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието го донесе решението за добивање апанажа на поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли. Претходно апанажа побараа и добија 29 пратеници од претходниот парламентарен состав. Тие, одреден период, не повеќе од една година, ќе ја добиваат истата пратеничка плата. ...
Клип на Фејсбук прикажува тепачка, наводно меѓу граѓани на Украина и нејзината регрутна служба, која врши нивна присилна мобилизација, а сцената е опишана како борба „против режимот на Зеленски“, иако тоа не е поткрепено со извор и ние не знаеме што точно се случува во клипот. Лицето кое го објавило се прашува зошто такви клипови нема и од Русија, создавајќи впечаток дека таму нема присилна мобилизација. Но, неа во Русија и тоа како ја има, само ...
На 8 јуни во „Станица 26“, со почеток од 21 часот, ќе се одржи концерт на Мии Бланко, меѓународно етаблиран музичар, перформанс уметник и ЛГБТК+ активист. Со овој концерт официјално ќе се отвори дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје 2024, чија тема годинава е „Останувајќи со нелагодноста“. Влезниците за концертот се достапни онлајн на овој линк. „Покрај концертот на Бланко, вечерта свој настап во живо ќе има и балканскиот ...
Земјотрес чиј епицентар бил припаѓа на епицентралното подрачје Штип – Радовиш, вчеравечер бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во 19 часот и 54 минути, а бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од населението во градот Штип и ...
Тврдењето дека Гаши во својство на претседател на Собранието се сретнал со косовската претседателка не е точно. Тој се сретнал со Османи, но во 2023 година и тоа во својство на лидер на партија, поради што и македонското знаме не било истакнато, бидејќи не станувало збор за официјална посета на државно ниво. Ширењето на оваа манипулативна објава, веројатно била инспирирана од објавата на претседателката на Косово, Вјоса Османи на социјалната ...
Проруската објава има за цел да ја оправда воената инвазија на Русија врз Украина. Дека Украина е земја на нацисти е невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија која ја почна на 24 февруари 2022 сосема неиспровоцирано. Терминот „специјална воена операција“ е исто така пропаганден и скован од Кремљ за да се минимизира и замагли вистинската природа на војната што ...