Четири тима младински истражувачи денеска ги претставија наодите од нивните истражувања кои опфаќаат клучни теми што ги засегаат младите во земјава: младинско учество, корупција, заштита на животната средина и дигитализација во високото образование. На истражувањата, дваесетте млади работеле изминативе дваесет месеци, под менторство на искусни истражувачи, со цел да поттикнат младинско застапување и да обезбедат основа за креирање на младински ...

Слем-поетот Матеј Петров е победник на годинешното издание на „Слем поетри Македонија“ – 2024, кое од 10 до 13 октомври по 14-ти пат се одржуваше во Прилеп. Петров пред публиката настапи со песните „Слика“ и „Преку леб, погача“. За гласовите беше задолжена петчлена жири-комисија, а со минимална разлика во гласовите со победникот, второто место го освои Виктор Спасески од Прилеп. Третото место, според бројот на гласови, го поделија четири ...

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во јужниот град Накуора бил повреден за време на „воени активности во близина“, јавува Би-би-си. „Тој беше опериран во болница во Накура за да биде отстранет куршумот, моментално е стабилен“, велат во соопштението. Дополнително, САД и европските сили повикаа Израел да ја ...

Во Советот на Европа се расправа за правата на секс-работничките, но една објава на Фејсбук тоа лажно го опишува како чекор кон легализација на трговијата со жени и девојчиња. Објавата тоа ѝ го припишува на ЕУ, иако Советот на Европа нема врска со ЕУ. Авторот на објавата е наводно згрозен од сексуалната експлоатација, но неговата фејсбук-страница има еротски назив и е полна со фотографии од разголени жени, кои можеби и самите биле жртви на ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда. Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштетената за ...

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен ...

Режисерот на првиот македонски долгометражен анимиран филм Гоце Цветановски го отвори деветтото издание на фестивалот „Киненова“ со неговиот филм “Јон Вардар против галаксијата“. Филмот по голем број на прикажувања и премиери низ светот и Европа, на фестивалот ја имаше својата официјална премиера и во Македонија. На отворањето на фестивалот беше доделена наградата „Златна Грива“ на австрискиот режисер „Улрих Зајдл“ познат по филмовите “Спарта, ...

Свеченото отворање на годинешното издание на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм, информираат организаторите. „Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Фестивалот ќе биде отворен со првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против ...

Во објавата што ја рецензираме Украина е обвинета дека војува со Русија, иако Русија е таа која што изврши неиспровоцирана воена инвазија врз украинска територија, принудувајќи ја земјата да се брани. Во тие напори за самоодбрана бројни западни држави помогнаа и помагаат на најразлични начини, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал и пишува: ,,Вие ...

Албанија денеска ќе го отвори своето прво поглавје од пристапните преговори со Европската унија во Луксембург, што претставува напредок во деценискиот обид да се приклучи кон блокот. Конференцијата за пристап ќе биде втора што се одржува помеѓу ЕУ и Албанија, откако таа стана земја кандидат во 2014 година. Денешната конференција ќе му овозможи на Брисел да ги испита таканаречените „основи“ на пристапувањето, вклучително и тоа како земјата се ...

Објава на Фејсбук му го честита 72-от роденден на рускиот претседател Путин, тврдејќи дека без него дури не би постоела Македонија, па дури ни православието, чиј лидер или цар е наводно тој. Тоа е манипулирање со националните и верските чувства на нашите граѓани какво што многупати сме виделе од „кујната“ на Кремљ. Исто така, повеќето држави со мнозинско православно население не се на страната на Путин, туку се членки на НАТО и/или ЕУ, или, пак, ...

Подземните тестови спроведени од Советскиот Сојуз продолжија до 1990 година, Обединетото Кралство до 1991 година, САД до 1992 година и Кина и Франција до 1996 година. Со потпишувањето на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови во 1996 година, овие земји ветија дека ќе ги прекинат сите нуклеарни тестирања. Договорот сè уште не стапил во сила поради неуспехот да биде ратификуван од осум земји. Непотписничките Индија и Пакистан последен ...

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, учествуваше на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, кој започна вчера и ќе заврши денес. „Учествував во првата сесија од Берлинскиот процес, посветен на регионалната соработка и заедничкиот ...

Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем, информираат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Пред само една недела, АХВ издаде забрана за пиење на водата во водоводот, откако добиле позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган над максимално дозволените концентрации. „Беа земени десет ...

Во скопскиот Кривичен суд денеска Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања Ѓорчевска, кажа дека таткото на девојчето Александар Ѓорчевски, од првиот момент тврдел дека неговата ќерка е киднапирана, со образложение дека „немало што друго да е во прашање“. „Не ме обвинуваше мене за ништо. Со пријател гледаа камери во едната соба. Јас бев со едни инспектори, тој со други инспектори. Во недела на 3 декември заедно и мене и него нè повикаа во ...

Министерството за култура минатата година исплатило вкупно 318 милиони денари, односно над 5 милиони евра за различни културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба, што може да влијае на субјективен избор на проектите, се вели во новиот извештај што го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите констатирале недостатоци во распределбата на средствата за културни проекти, која се врши преку Годишен конкурс согласно ...

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, бројот на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 680. Од нив 131 лице починало, а 545 лица ...

Од денес, 15 октомври, започна грејната сезона 2024/2025 година за потрошувачите што се приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, управуван од АД ЕСМ, соопштија од Електрани на Северна Македонија. Од таму велат дека испораката на топлинска енергија до потрошувачите ќе се врши во периодот од 6 до 22 часот, следејќи строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските и надворешните температури. Според овие правила, ...

Минатата година 346 жени ја изгубиле битката со ракот на дојка во Северна Македонија. Меѓутоа, експертите од оваа област нагласуваат дека раното откривање ја спречува болеста, затоа самопрегледите и лекарските прегледи треба да бидат редовни, пишува Порталб.мк. Во Македонија во периодот од 2017-2021 година, ракот на дојка зазема прво место по бројот на нови случаи на малигни неоплазми кај жените. Ракот на дојка е и најчестата причина за смрт од ...

Во анонимната анкета на Порталб случаи на корупција во општините од полошкиот регион пријавиле петмина граѓани. Четири случаи се однесуваат на општина Тетово, а еден на општина Врапчиште. Ниту еден случај не бил пријавен од различни причини. Од полошките општини велат дека не се известени за случаи на корупција, а од Обвинителството тврдат дека такви случаи има, пишува Порталб.мк. Анкетата се однесуваше на случаите на корупција во општините и ...

Употребата и продажбата на наркотици од страна на учениците, недостатокот на обезбедување на влезовите во училиштата, недостатокот на стручен кадар, коцкањето – се само дел од проблемите поврзани со девијантното однесување во тетовските училишта, пишува Порталб.мк. Претседателката на општинскиот совет за спречување на малолетничката деликвенција, Блерта Ахмеди, вели дека училиштата се соочуваат со голем број на предизвици и проблеми. „Во сите ...

Студентите од техничкиот кампус при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“, денеска на Машинскиот факултет го посетија саемот за пракса и вработување, кој ќе трае и утре. Целта е студентите од Машинскиот факултет, од Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, како и студентите од Технолошко-металуршкиот факултет – ТМФ, да се запознаат со можностите ...

На 1 октомври годинава премиерот Христијан Мицкоски даде отчет за работата на првите 100 дена од Владата на РСМ, меѓу другото, како едно од достигнувањата на Владата, го посочи и издавањето лични документи на граѓаните „кое сега е регулирано и е во рамките на законски утврдениот рок“. Оваа изјава на премиерот Мицкоски може да се оцени како полувистината, со оглед на тоа што бројките на примени барања за издавање лични карти и пасоши е видно ...

Министерството за образование и наука (МОН) денеска до медиумите ги сподели првите фотографии од внатрешноста на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, чија реконструкција е во тек. На фотографиите може да се забележат дел од собите, тоалетите и инвентарот. фото: Министерство за образование и наука (МОН) 1 Во меѓувреме, министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека активностите за етапна реконструкција на студентските ...

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето деветто издание. Во Киното Фросина, во Младинскиот културен центар Скопје (МКЦ Скопје) во 20:30 часот е предвидено да започне свеченото отворање, со проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветковски. Овој филм е во официјална селекција за награда на Фестивалот. Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската филмска уметност е ...

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од самото лансирање на играта. Еден од главните новитети во играта е новата класа „Spiritborn“ која што дава уникатен стил на играње што не сме го виделе досега во „Диабло“ франшизата. Впрочем, и главната премиса на новата класа е револт во еколошка смисла. Вие сте еден шаман ...

Согорувањето на биомаса за греење, сообраќајот, минералната прашина од градежништвото и од улиците, палењето на стрништата и друг отпад на отворено, секундарните честички и горењето на мазут и нафта во јавните објекти и дел од индустриски објекти, се најголемите извори на загадување на воздухот со ПМ 2,5 честички во пет градови во земјава, Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Студијата за пропорционирање на изворите на загадување на ...

Радиото „Џез ФМ“, Најстарото и единствено македонско радио посветено на промоција на џез-музиката, започнува нова проширена програма, со нови емисии во утринските и пладневните часови, со нови водители. „Се стремиме кон претставување нови перспективи и следење на развојот на џезот, обезбедувајќи динамична и релевантна програма со која се поттикнува љубопитноста на слушателите. Програмата е збогатена и освежена со нови водители и емисии. Во ...

Изминатиов викенд заврши првото Отворено квиз првенство на Македонија (Macedonian Open 2024), соопштија од Македонската квиз асоцијација. На првенството учествувале натпреварувачи од десет земји од три континенти – од Перт и Бризбејн во Австралија, повеќе европски земји, до Ванкувер во Канада. Во големата конкуренција триумфот им припадна на претставниците на Велика Британија кои ги освоија сите три места на победничкиот подиум. Првото место го ...

Re: store, центарот за рестилизирање на стари модни парчиња повторно ќе се отвори на 16 октомври (среда) во Културно едукативниот центар „Лабораториум“, во рамки на просториите „Лаб дизајн маркет“. Ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот. „Денес, во средина каде доминира „fast fashion“ или брза мода, Re: store повторно нуди алтернатива која во исто време е стилска и одржлива. Како надополнување на “Лаб дизајн маркетот“, Re: store ќе ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
48%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1020
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
63%
1023
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.25
81%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
60%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
56%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
78%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
41%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
53%
1018
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
52%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.2
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60