Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци, апелираат во Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што велат дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. „Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека царините околу Гренланд би биле грешка и ветува „непоколеблив“ одговор од Европа. Таа, говорејќи за кризата околу Гренланд, изјави дека „царините се грешка, посебно меѓу долгогодишни сојузници“, пренесува „Гардијан“. Претседателката денеска во Давос ги потсети присутните дека САД и Европа постигнале трговски договор минатата година. Во индиректна порака до претседателот ...
Со новиот закон за заштита од пушење предвидена е забрана за производство, увоз и продажба на никотински производи со овошни, слатки, ментол, билни и други вкусови, за кои се смета дека ја олеснуваат првата употреба и ја забрзуваат зависноста, соопштија во Министерството за здравство. „Ова е една од најсилните превентивни мерки и во европските земји. Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински ...
Се зголемуваат цените на бензините и дизелот, објави Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од утре цената на бензините Еуросупер 95 и 98 и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за еден литар, а цената на Еуродизел се зголемува за два денари за литар. Според новата одлука, еден литар на Еуросупер 95 ќе чини 72, а Еуросупер 98, 74 денари, додека дизелот ќе ...
На осомничениот судија од Неготино да му биде определена мерка куќен притвор, предложил јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд, иформираа денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). „Денеска предметниот јавен обвинител го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил ...
Во „приватна порака“ до американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон предложил да се организира самит на Г7 во четврток во Париз, на кој би биле поканети Данска, Украина, Сирија, а „покрај главната средба“ и Русија, пренесува Дојче Веле. Автентичноста на пораката, која Трамп ја објави на својата социјална мрежа Truth Social, ја потврди и кабинетот на Макрон. „Можам да организирам состанок на Г7 во Париз во ...
И годинава растат и јавниот и државниот долг. Во ревидираната Стратегија за управување со јавен долг повторно „поместени границите“ за задолжување. Очекуваната и најавувана „фискална консолидација на долгот“ ќе почека до 2029 та – 2030 та година пишува Порталб. За почеток на годинава , Еврообврзница од 1 милијарда евра, најавен заем од 20 милиони евра за инфраструктурни проекти и уште 40 милиони евра кредит од една деловна банка. На “хартија“ ...
Стелт игрите Styx: Master of Shadows и Styx: Shards of Darkness Deluxe Edition се бесплатни за превземање на платформата Epic Games до четврток. Овие игри потсетуваат на серијалите игри Thief, Splinter Cell, Assassin’s Creed и Dishonored кои се засноваат на прикрадување, убивање од сенки и поставување стапици за стражари, нешто што во Styx игрите ги изведува истоимениот гоблин во околина и атмосфера како од делата на Џон Роналд Руел Толкин. ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, инфорираат во Обвинителството. „Завчера по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на ...
Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека ќе поднесе оставка, поттикнувајќи ги шпекулациите дека ќе формира своја политичка партија за да се кандидира на претстојните парламентарни избори откако претходната влада се повлече минатиот месец. Радев, кој требаше да ја извршува претежно церемонијалната функција до јануари 2027 година, изјави дека денеска ќе ја поднесе својата оставка до Уставниот суд. Доколку биде одобрена, тој ќе биде ...
Доналд Трамп вели дека сто отсто ќе ја исполни својата закана за воведување царини на европските земји кои се спротивставуваат на неговото барање да ја преземе контролата врз Гренланд. Европските сојузници се обединија околу суверенитетот на Гренланд. Министерот за надворешни работи на Данска нагласи дека американскиот претседател не може да го загрози својот пат до сопственост на полуавтономната данска територија. Министерката за надворешни ...
Експертите кои ја испитуваат причината за излетувањето на брзиот воз од шини во неделата во Шпанија, кога загинаа најмалку 39 лица, пронајдоа скршен спој на шините, според извор информиран за првичните истраги за катастрофата. Вагоните што излегоа од шините се судрија со воз што доаѓаше од спротивната насока, туркајќи го од шините и надолу по насипот, во една од најлошите железнички несреќи во Европа во модерното време. Несреќата се случи во ...
Минатата година милијардерите се збогатија трипати побрзо од вообичаено, што е рекордно ниво и со ова се продлабочува економско-политичкиот јаз, загрозувајќи ја демократската стабилност, пренесува Ројтерс. Во извештајот кој се објавува секоја година пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос, организацијата против сиромаштија Оксфам, наведува дека богатството на милијардерите во 2025 година пораснало за 16 проценти и достигнало 18,3 ...
Швајцарскиот град Давос повторно ги пречекува највлијателните личности од политичкиот, економскиот и културниот свет на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ), пренесува Дојче Веле. Настанот се одржува во време кога претседателот на САД, Доналд Трамп настојува да го разниша постојниот меѓународен поредок, од укинување на воспоставените трговски правила и масовно повлекување од меѓународни организации, до апсењето на ...
Денеска се одбележаа христијанскиот празник Богојавление, познат и како Водици, кој го симболизира крштевањето на Исус Христос во реката Јордан и осветувањето на водите. Традиционално, манифестациите се одржаа во Скопје и Охрид, каде верниците учествуваа во обичаите на положување на светиот крст во осветените води. Во главниот град околу 160 граѓани се обидоа да го фатат крстот во Вардар. Во Охрид, кој и годинава беше центар на прославата на ...
Заменик-министерот за образование и наука денеска ја поднесе својата оставка до премиерот Христијан Мицкоски, со што, како што наведе, заокружува едно поглавје од својата професионална ангажираност во Министерството за образование и наука. Тој, на својот официјален Фејзбук профил објави фотографија од оставката, а во опис на фотографијата, министерот изрази благодарност за укажаната доверба и поддршка за време на извршувањето на функцијата, ...
Годинава од водите на Вардар на празникот Богојавление Водици, крстот го извади Дарко Митровиќ. Дваесет и четири годишниот Дарко успеа да стигне прв до светиот крст кој беше положен во немирните води на Вардар од страна на Митрополит Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан. На чинот на положување на чесниот крст му претходеше литија која тргна од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде што претходно беше одржана ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и високи членови на неговата администрација постојано ја повторуваат својата решеност да ја преземат контролата врз Гренланд преку ноќ, само неколку часа откако европските лидери почнаа френетично да го координираат својот одговор на потегот на САД за воведување тарифи на најгласните противници на планот, пренесува Гардијан. Трамп преку ноќ изјави во објава на социјалните мрежи: „НАТО ѝ кажува на Данска, ...
Според „Телеграф“, цитирајќи го личниот адвокат на американскиот претседател, во администрацијата на Доналд Трамп се водат дискусии за евентуалното доделување азил на еврејските граѓани од Велика Британија од страна на САД, пренесува Гардијан. Адвокатот на Трамп, Роберт Гарсон, изјави за весникот дека водел разговори со американскиот Стејт департмент за нудење засолниште на британските Евреи кои ја напуштаат Велика Британија, наведувајќи го ...
Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. Оваа година првпат водите на Охридското Езеро ги освети и во нив Чесниот крст го положи новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј. На манифестацијата меѓу многубројни верници присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Традиционално, фаќачот на крстот денеска ќе ги ...
Брз воз излета од шините при што се удри во друг воз од спротивната страна во јужна Шпанија, при што загинаа најмалку 39 лица, а десетици други се тешко повредени. Ова беше најсмртоносната железничка несреќа во Шпанија што се има случено уште од 2013 година, пренесува Њујорк Тајмс. Бројот на жртви беше потврден од страна на шпанската Цивилна гарда рано во понеделник. Бројот на повредени беше објавен претходно од агенцијата за итни случаи во ...
Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд, денеска беше извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на осомничениот судија, каде соѕидани во простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра, за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени, информираа денеска во Основното јавно обвинителство, од каде што информираат дека претресите и другите ...
Амбасадорите од 27-те земји членки на ЕУ ќе се состанат денеска на итен состанок, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави бран зголемени царини против европските сојузници, сè додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд, пренесува „Гардијан“. Кипар, кој го држи шестмесечното ротирачко претседателство со ЕУ, соопшти доцна синоќа дека го свикал состанокот за недела. Дипломати на ЕУ изјавија дека тој треба да започне во ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 22 казни во вкупна вредност од околу 40 илјади евра, откако инспектори спровеле вонредни инспекциски контроли во маркети и хипермаркети, информираат оттаму. Биле контролирани 188 оператори со храна, а кај 10 од нив инспекциските служби утврдиле полесни прекршувања од областа на безбедноста на храната, како што се несоодветна селекција на разладни уреди и нејасни или нечитки декларации на ...
На 16.01.2026 во 13:00 часот во ПС Гостивар С.А. (34) од Гостивар пријави дека преку СМС порака добил известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка на лажната веб-страна, од неговата сметка во неколку наврати биле извршени неовластени трансакции во вкупен износ од 89.106 денари кон примач во странство. Од МВР известуваат дека се преземаат мерки за ...
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека е во постојана и целосна соработка со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област, вклучително и во актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени. Од УЈП информираат дека до обвинителството е доставена целосна документација, како и стручни материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките, кои ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело. Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода. Со автомобил “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за стоки од земјите кои се противат на неговите напори да ја преземе контролата врз Гренланд, објави Би-би-си. „Можеби ќе воведам царини за земји што се противат на преземањето на Гренланд, бидејќи ни е потребен за националната безбедност“, изјави Трамп на состанок во Белата куќа, без да прецизира кои држави би биле погодени и врз која законска основа би се вовеле мерките. 11 ...
Со измените на медиумската легислатива што стапија на сила во јули 2023 година, за првпат официјално се признава постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите како даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Со тоа, овие физички лица стануваат предмет на регулација и имаат законска обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Обврската за ...
Влада донесе одлука за ангажирање на вкупно 10.000 странски државјани во 2026 година, со цел да се покријат потребите на домашниот пазар на труд. Одлуката стапува на сила од 16 јануари и, како што посочуваат надлежните, е насочена кон поддршка на економијата и надминување на недостигот од работна сила. Најголемиот дел од квотата, односно 9.750 дозволи, се однесуваат на редовно вработување. Од нив, 4.500 се наменети за нови работни ангажмани, ...