Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција формално ја признала палестинската држава. Тоа е обид да се зголеми притисокот врз Израел додека продолжува со својата кампања во Газа и покрај меѓународниот бес. Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија официјално ја признаа Палестина вчера, пренесува Си-Ен-Ен. Американскиот претседател Доналд Трамп ќе зборува на Генералното собрание на ОН утре. САД остануваат жестоко ...
„Доколку треба да се соочиме со авиони што работат во воздушниот простор на НАТО без дозвола, ќе го сториме тоа“, предупредува Ивет Купер, Министерката за надворешни работи од Велика Британија. Таа се надополни со тоа што изјави дека Путин ризикува вооружена конфронтација со НАТО, пренсува Гардијан. Таа вели дека Русија продолжува да ги „крши своите најосновни обврски според Повелбата на ОН“ со „ескалирање“ на нападите врз Украина и ...
Премиерот Доналд Туск изјави дека Полска нема да се двоуми да собори странски летачки предмети и проектили што ќе влезат на нејзина територија, а воедно повика на претпазливост во понејасни ситуации, пренесува Њуз Аз. Зборувајќи на прес-конференција, Туск нагласи дека членката на НАТО, Полска, ќе го брани своето небо по серијата неодамнешни инциденти во кои беа вклучени руски авиони и беспилотни летала. „Ќе донесеме одлука да собориме летачки ...
Владите ширум светот го зголемуваат производството на јаглен, гас и нафта, што ќе ги направи климатските цели недостижни, покажуваат новите податоци. Земјите се сè уште далеку од намалување на зависноста од фосилни горива, и планираат повисоки нивоа на производство за наредните децении, за разлика од проекциите во 2023 година, кога последен пат беа собрани споредливи податоци. Ова зголемување е спротивно на обврските што земјите ги презедоа ...
Франција и Саудиска Арабија организираат самит во Њујорк, во очи на Генералното собрание на Обединетите нации, на кој ќе соберат десетици светски лидери за да обезбедат поддршка за решение за две држави, а се очекува неколку од нив формално да признаат палестинска држава – потег што би можел да предизвика остри реакции од Израел и САД. Иако самитот би можел да го подигне моралот на Палестинците, не се очекува да донесе промени на терен, каде ...
Два германски авиони „Еурофајтер“ полетаа во неделата за да пресретнат руски воен авион над Балтичкото Море, а Естонија соопшти дека ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН откако руски авиони го нарушија нејзиниот воздушен простор. Германските воздухопловни сили соопштија дека рускиот извидувачки авион Ил-20М ги исклучил своите транспондери и ги игнорирал барањата за контакт. „Еурофајтерс“ полетаа од воздухопловната база ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Чарли Кирк голем американски херој и маченик за време на говорот пред десетици илјади ожалостени на комеморативната служба во Аризона. Трамп беше главен говорник на преполниот настан во неделата, на кој високи функционери од неговата администрација, вклучувајќи го и потпретседателот Џ.Д. Венс, го пофалија политичкото наследство на Кирк откако беше застрелан на 10 септември. „Тој беше убиен ...
Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија ја признаа палестинската држава, потег што произлезе од фрустрацијата околу војната во Газа и имаше за цел да промовира решение за две држави, што предизвика жесток одговор од Израел. Одлуката на четири нации од Западот, кои традиционално се сојузници со Израел, ги усогласи со повеќе од 140 други земји кои исто така ги поддржуваат аспирациите на Палестинците да создадат независна татковина од ...
Британскиот премиер, Кир Стармер, штотуку го објави признавањето на палестинската држава од страна на Велика Британија, што се смета за голема промена во надворешната политика на Велика Британија, иако во голема мера симболична, пренесува Гардијан. Ова доаѓа кратко откако Канада и Австралија одлучија да ја признаат Палестина како суверена држава. Одлуката на Велика Британија носи симболична тежина бидејќи Велика Британија одигра голема улога ...
Претседателот Доналд Трамп јавно го притиска главниот обвинител Пам Бонди, велејќи дека недостатокот на кривични обвиненија против главните противници „го убива нашиот углед и кредибилитет“, пренесува Политико. „Не можеме повеќе да одложуваме“, објави Трамп на Трут Сошл во порака упатена до „Пем“. „ПРАВДАТА МОРА ДА СЕ ЗАСЛУЖИ, СЕГА!!!“ Тој конкретно се пожали на недостатокот на кривични обвиненија против сенаторот Адам Шиф (демократ од ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе му го додели Претседателскиот медал за слобода на Бен Карсон, највисокото цивилно одликување во земјата, трето такво признание што го објави овој месец, пренесува Асошиејтед Прес. „Честитки, Бен. Тој не го знаеше ова“, рече Трамп во говорот за време на настанот во Маунт Вернон за Американскиот институт Корнерстоун, основан од Карсон. „Тој не го знаеше тоа. Се надевам дека е среќен.“ Поранешен ...
Се очекува Велика Британија да ја признае палестинската држава во недела откако Израел не ги исполни условите поставени од Кир Стармер во јули, пренесува Гардијан. Премиерот треба да го објави ова откако заклучи дека хуманитарната ситуација значително се влошила во последните неколку недели. Овој потег доаѓа и покрај притисокот од САД и семејствата на заложниците што ги држи Хамас. Стармер во јули изјави дека ќе ја признае Палестина пред ...
Сеопфатните промени во шемата за виза за странски работници H-1B, на која се потпираат американските технолошки групи, ги натераа компаниите викендов да брзаат да се осигурат дека илјадници вработени низ целиот свет нема да предизвикаат големи нови такси, пренесува Фајненшл Тајмс. Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша проглас со кој ќе се воведе такса за апликација од 100.000 долари за визата, но не разјасни дали промената ќе се ...
Воената парада „Сила на единството“, што денеска се одржа на Нов Белград, ги покажа најновите воени капацитети на Србија, но и предизвика остри реакции поради ограничениот пристап за дел од граѓаните и обвинувања за политичка инструментализација, објави ТВ Н1. Иако српските власти порачаа дека парадата е наменета за целата јавност, граѓани од Белград, вклучително и студентите во блокада, беа задржани од полицијата и жандармеријата во близина ...
„Тоа е чиста провокација“, му рече средовечната госпоѓа на својот соговорник пред да шмркне од утринското капучино на терасата на арт хотелот во центарот на Варшава. Во позадината се слушаа звуците на меланхоличното пијано на Фредерик Шопен, со кого Полјаците исклучително се гордеат и го промовираат како еден од нивните најдобри брендови. Тоа утро речиси сите светски медиуми ја пренесоа веста дека двајца белоруски граѓани се уапсени во ...
Полските и сојузничките воздухопловни сили беа активирани рано утрово за да го обезбедат полскиот воздушен простор, откако Русија изврши воздушни напади врз западниот дел на Украина, во близина на границата со Полска, соопштија вооружените сили на земјата-членка на НАТО. „Полските и сојузничките авиони оперираат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се ставени во највисока состојба на ...
Естонија побара итни консултации со земјите-членки на НАТО откако во петокот три руски воени авиони го нарушија нејзиниот воздушен простор. Според владата, трите борбени авиони МИГ-31 без дозвола влегле во Естонија над Финскиот залив и таму останале вкупно 12 минути. „Ги сметаме за клучни консултациите со нашите сојузници за да обезбедиме заедничка свест за ситуацијата и да се договориме за нашите следни заеднички чекори“, изјави естонскиот ...
Претседателот Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг денес оддржаа телефонски разговор за финализирање на договор со кој ќе се продадат поголемиот дел од американските средства на ТикТок на американски инвеститори. Договорот, доколку се постигне, ќе заврши долгогодишен напор што започна за време на првиот мандат на Трамп и стана клучен фактор во пошироките преговори меѓу САД и Кина во последните месеци, пренесува Си-Ен-Ен. Во понеделник, ...
Она што започна како движење предводено од генерацијата Зед за забрана на социјалните медиуми во Непал, бес насочен против раскошниот живот на т.н. „непо-деца“ или „непо-бебиња“ односно децата на богатите политичари, заврши со пад на владата и со најсмртоносните немири во Непал во последните години. Овие протести се сметаат за најмасовни во модерната историја на Непал. Непалскиот Премиер си поднесе дури и оставка од функцијата по палењето на ...
Украинските сили ги потиснаа руските трупи од територии во источкиот дел од државата кои Русија ги освои во текот на летото, рече претседателот Володимир Зеленски, нарекувајќи ја операцијата важен успех по месеци неуспеси на бојното поле. Украинскиот претседател рече дека неговите трупи вратиле 160 квадратни километри земјиште во близина на источниот град Добропиља, каде што Русија ја проби одбраната на Украина во август. Зеленски рече дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја прослави суспензијата на водителот на ток-шоу Џими Кимел од етерот и рече дека телевизиските емитувачи треба да ги изгубат лиценците поради негативно известување за неговата администрација, додавајќи гориво на националната дебата за слободата на говорот. Сојузниците на Трамп и Чарли Кирк ги предупредија Американците соодветно да го оплакуваат или да се соочат со последиците, а Еј-Би-Си соопшти дека ја ...
Стотици илјади луѓе излегоа на улични демонстрации низ цела Франција, додека синдикатите штрајкуваат за да извршат притисок врз новиот премиер, Себастијан Лекорну, да ги преиспита буџетските намалувања и да дејствува во однос на платите, пензиите и јавните услуги. Прекинат беше јавниот превоз бидејќи возачите на возови, автобуси и трамваи штрајкуваа, болничкиот персонал се придружи на протестите, а девет од 10 аптеки беа затворени бидејќи ...
САД по шестти пат ставија вето на нацрт-резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации, која бара итен и траен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците. Заменик-претставничката на САД за Блискиот Исток, Морган Ортагус, рече дека текстот не оди доволно далеку во осудата на Хамас или во признавањето на правото на Израел да се брани. Сите 14 други членови на Советот за безбедност гласаа за нацрт-резолуцијата – која ја ...
Трамп и Стармер штотуку потпишаа нов договор за технолошко партнерство меѓу Велика Британија и САД, при големата посета на претседателот Трамп на Велика Британија, пренесува Би-Би-Си. Двајцата лидери го пофалија „специјалниот однос“ и „нескршливата врска“ меѓу САД и Велика Британија. Тие потпишаа ново технолошко партнерство, за кое Стармер рече дека ќе се одвиваат милијарди долари „од двата правци на Атлантикот“. Премиерот рече дека тие ...
Судија за имиграција во САД нареди депортација на пропалестинскиот активист Махмуд Калил во Алжир или Сирија, поради тврдења дека изоставил информации од апликацијата за зелена карта, пренесува Би-Би-Си. Судијата Џами Команс, со седиште во Луизијана, кажа дека Калил „намерно погрешно ги претставувал материјалните факти со единствена цел да го заобиколи процесот на имиграција“. Во изјава до Американската унија за граѓански слободи, Калил ...
Само една третина од светските речни сливови биле во своите нормални граници минатата година, бидејќи климатската криза доведе до екстремни суши и поплави. Водениот циклус е сè понепредвидлив и создава големи проблеми за општествата и владите и предизвикува милијарди долари штета, предупредуваат научниците. Нарушувањето на природните водни циклуси резултираше со недостиг на храна, слаби приноси на земјоделски култури и зголемување на цените, ...
Наставници, возачи на јавен превоз, медицински персонал, фармацевти и вработени во јавниот сектор штрајкуваат во Франција, додека синдикатите прават ретка демонстрација на единство за да извршат притисок врз новиот премиер, Себастијан Лекорну, да ги преиспита буџетските намалувања и да дејствува во однос на платите, пензиите и јавните услуги, пренесува Гардијан. Се очекува околу 800.000 луѓе да се приклучат на протестите низ целата земја, во ...
Тројца полицајци беа убиени, а двајца се уште се во критична, но стабилна состојба откако осомничениот отвори оган додека службениците за спроведување на законот се обидуваа да извршат потерница во рурална централна Пенсилванија, изјави комесарот на државната полиција на Пенсилванија, полковник Кристофер Парис, пренесува Си-Ен-Ен. Осомничениот за пукањето е мртов откако беше застрелан од полицијата, соопштија официјални лица. Службениците за ...
Eмисијата „Џими Кимел во живо“ е симната од програмата на каналот Еј-Би-Си, откако коментарите на водителот на ноќната емисија за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк предизвикаа закани од страна на претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендан Кар. Претседателот Доналд Трамп, кој постојано врши притисок врз радиодифузерите да престанат да емитуваат содржина што ја смета за неприфатлива, ја прослави веста во објава ...
Десетици израелски тенкови и воени возила навлегле во голем станбен кварт во градот Газа, на вториот ден од израелската копнена офанзива насочена кон окупирање на областа, сведочат за Би-Би-Си локални жители и очевидци. Видео снимките покажуваат тенкови, булдожери и оклопни транспортери како се движат по рабовите на Шеик Радван, во северниот дел на градот Газа. Густи облаци од чад може да се видат додека израелските сили пукаат со артилериски ...