Силен дожд и студ продолжија да ја погодуваат Газа минатиот викенд, додека бројот на Палестинци убиени од суровото зимско време продолжува да расте. Во неделата загинаа две лица, вклучувајќи и седумгодишно дете, кога ѕид се урна поради студеното време, според цивилната одбрана на Газа. Додека Палестинците бараат засолниште од обилните дождови во бомбардираните урнатини, агенциите за помош предупредија за ризиците што ги претставуваат ...

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека брзо ќе формира нова влада откако неговата партија освои половина од гласовите на изборите во недела, сигнализирајќи можен крај на едногодишната политичка блокада што го парализираше парламентот и го одложи клучното меѓународно финансирање. Ова гласање е второ оваа година во Косово откако партијата Ветевендосје на Курти не успеа да освои мнозинство во февруари. Месеците неуспешни коалициски преговори ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека тој и украинскиот претседател Володимир Зеленски се многу поблискудо договор за прекин на војната во Украина, признавајќи дека судбината на регионот Донбас останува клучно нерешено прашање. Двајцата лидери разговараа на заедничка прес-конференција по средбата во одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго, во Флорида, во недела попладне. Двајцата лидери објавија напредок по две од ...

Бугарија ќе стане 21. држава што ќе ја усвои валутата на ЕУ, а креаторите на политики се надеваат дека овој потег ќе ја зајакне економијата, пренесува „Гардијан“. Ова се очекува да се случи во во јануари, во услови на нови внатрешни политички турбуленции и стравувања дека дезинформации поврзани со Русија ја продлабочуваат недовербата кон новата валута. Балканската земја со 6,5 милиони жители ќе стане 21. членка на еврозоната на 1 јануари, а ...

Во ноември, бројот на пријавени случаи на акутни заразни заболувања изнесува 1.242 случаи, што е за 29,2 отсто повеќе отколку во октомври, наведено е во билтенот на акутни заразни болести што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што се наведува, повеќе од половина од случаите, 808 случаи биле овчи сипаници, што ја прави оваа болест најраспространета во ноември. Следни се ентероколитисите со 257 случаи. Регистрирани се и помали ...

Бугарија ќе стане 21. држава што ќе ја усвои валутата на ЕУ, а креаторите на политики се надеваат дека овој потег ќе ја зајакне економијата, пренесува „Гардијан“. Ова се очекува да се случи во во јануари, во услови на нови внатрешни политички турбуленции и стравувања дека дезинформации поврзани со Русија ја продлабочуваат недовербата кон новата валута. Балканската земја со 6,5 милиони жители ќе стане 21. членка на еврозоната на 1 јануари, а ...

Новогодишниот базар во Чаир кој започна вчера, а ќе трае четири дена, ги отвори вратите синоќа на плоштадот Скендербег, со што беше означен почетокот на празничната програма. Базарот го посетија стотици граѓани кои и покрај студеното време, уживаа во празничната декорација, штандовите и во музичката програма. Вечерта беше збогатена со музика на ди-џеј Едмир. Денеска од 18 часот, ќе се реализира посебна програма за деца со маскоти и празнични ...

Во тригодишниот мандат на антикорупцискиот офицер на најстариот универзитет во државата – „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), професорот Гордан Кајајџиев не добил ниту една пријава, а исто така и професорката Гордана Лажетиќ, која е на оваа позиција од април годинава. Студентите, пак, сметаат дека корупција постои, но истата е „нормализирана“. Според антикорупциската програма, објавена на сајтот на УКИМ, под корупција се подразбира „секое дејствие ...

Вистиномер рецензира објава во социјалната мрежа Фејсбук, која вели: Западнине нацисти не се спремат за одбрана од Русија, туку за одбрана на својот нацизам! Ова е проруска пропагандистичка објава, која нема никаква врска со фактите и која ја дезинформира јавноста. Да видиме дали западните земји навистина спроведуваат национал-социјалистички политики (или накусо: нацистички). Таа идеологија не е владејачка ниту во една современа западна ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 46-годишен маж за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, по што Основниот суд во Кавадарци го прогласи за виновен, откако тој го призна делото, и му изрече казна затвор од една година. Како што информира Обвинителството, инцидентот се случил на 21 декември по полноќ, кога обвинетиот, управувајќи патничко возило „Фолксваген“, не запрел ...

Европските лидери ќе учествуваат на заеднички повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во сабота, како дел од засилените напори за постигнување мировен договор, пред Зеленски во недела да отпатува за Флорида, објави британски Гардијан. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе се приклучи на повикот во сабота, изјави портпарол на Комисијата за Ројтерс, во пресрет на ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира до политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), по повод нивната јавна објава на социјалните мрежи со наслов „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!“, во која, како што наведуваат од ЗНМ, на навредлив, омаловажувачки и деградирачки начин е таргетиран новинарот Бранко Героски. Од ЗНМ изразуваат сериозна загриженост дека ваквиот тип на комуникација од страна на ...

Дислокацијата на цементарата „Усје“ не е проблем, смета премиерот Христијан Мицкоски, откако Советот на Скопје ја поддржа иницијативата за преместување на фабриката која се смета за голем загадувач на воздухот. Мицкоски денеска изјави дека инспекциските контроли и надзорот на големите индустриски инсталации биле активни и досега, а ќе продолжат и во иднина. Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа, пак, кој на ...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска беа презентирани 120-те нови автомобили „Пежо 408“ за полицијата, чија вкупна вредност изнесува околу 3,9 милиони евра. На презентацијата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа набавка е дел од планот за подобрување на мобилноста на полициските службеници во секојдневното извршување на нивните задачи. „Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), и Управата за јавни приходи (УЈП) спровеле заеднички контроли кај приватни здравствени установи и матични гинеколози и утврдиле неправилности кај 23 ординации. Како што информира денеска директорот на ФЗО, Сашо Клековски, Фондот имал склучено договори со вкупно 149 приватни здравствени установи кои се надлежни за обезбедување примарна здравствена заштита. Во ноември биле извршени контроли во 49 ...

Дислокацијата на Усје е долгорочно решение за кое е потребно многу време и финансии да се реализира, а на скопјани итно им треба чист воздух. Една од можностите е капацитетот да работи на гас и постојано да се контролира од независни институции. Советот на Скопје го усвои барањето на Зелен хуман град за преместување на фабриката надвор од урбаната средина и побара Министерството за животна средина да го испита работењето на Усје и сите големи ...

Папата Лав ги осуди условите за Палестинците во Газа во својата божиќна проповед во четвртокот, во невообичаено директен апел за време на она што вообичаено е свечена, духовна служба на денот кога христијаните низ целиот свет го слават раѓањето на Исус. Лав, првиот американски папа, рече дека приказната за раѓањето на Исус во штала покажува дека Бог го поставил својот кревок шатор меѓу луѓето во светот. „Како тогаш да не помислиме на шаторите ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде позитивна оценка за разговорот што го имал со американските претставници за тоа како да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина. Зеленски рече дека телефонскиот разговор во четвртокот со Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кој траел речиси еден час, донел нови идеи во однос на форматите, состаноците и времето за тоа како да се постигне вистински мир. Тој зборуваше еден ден откако даде детали за ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека наредил смртоносен напад врз терористите на Исламска држава во Нигерија, кои ги обвини за прогон на христијаните во земјата. Во објава на социјалните медиуми, Трамп рече дека наредил моќен и смртоносен напад врз терористички огранок на ИСИС во северозападна Нигерија, за која рече дека убивала невини христијани. Африканската команда на САД соопшти дека ги извршила нападите во државата Сокото, која се ...

Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше за трагедијата на денешното судење во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје, каде што продолжи судењето за трагедијата во која загинаа 6а3 лица, а над 200 беа повредени. Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата. Николов кобната вечер бил во „Пулс“. Тој пошол со ...

Муамет Хоџа денеска официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што стана одговорен за ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На својот прв работен ден, Хоџа одржа работна средба со заменик-министерката Ане Лашкоска и со раководниот тим на Министерството. Тој истакна дека негови приоритети ќе бидат доследно спроведување на законите, ...

Турските власти соопштија дека спречиле напади планирани за време на божиќните и новогодишните прослави откако уапсиле повеќе од 100 осомничени членови на Исламската држава. Масовни рации биле извршени на 124 локации низ градот, при што биле запленети огнено оружје, муниција и документи поврзани со организацијата, објави Би-би-си. Полицијата привела 115 лица, додека трае потрага по уште 22 осомничени. Во соопштение се наведува дека уапсените ...

На 24.12.2025 во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје. При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р. – полициски службеник во ...

Општина Аеродром ќе мери и ќе казнува за бучава која доаѓа од фирми, а особено од угостителски и туристички објекти. Во станбените објекти, во вечерниот период од 19 до 23 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 35 децибели, а во ноќниот период од 23 до 7 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 30 децибели. За сите кои ќе ги прекршат овие правила ќе следуваат казни, кои се движат и до 69.000 евра. „Започнуваме со ...

Сите студенти кои користат бесплатен студенстски билет за транспорт со автобусите на Јавното сообраќајни претпријатие Скопје, можат на сите билетарници да го заверат билетот за да им важи и во 2026 година. Како што информираат од ЈСП, заверките почнуваат од денеска и ќе се вршат во било кој центар за персонализација. „Потребно е лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана ...

Со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија. Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени ...

Силна експлозија се случи во раните утрински часови на Божиќ пред филијала на банка во Евосмос, Солун. Експлозијата предизвика штета на влезот од продавницата и на паркирани автомобили, пренеусва грчкиот ЕРТ Њуз. Сили на грчката полиција и противпожарната служба брзо се упатија кон местото на настанот и го блокираа местото на настанот. Обвинителството за организиран криминал го презеде случајот. Антитероризмот и TEEM се на местото на ...

Белата куќа им нареди на американските воени сили во следните два месеца да се посветат на спроведување блокада на венецуелската нафта, изјави за Ројтерс анонимен американски функционер. Според функционерот, иако воените операции остануваат како опција, приоритет е користење економски притисок преку спроведување санкции со цел да се постигне исходот што го посакува Белата куќа. Американскиот претседател Доналд Трамп јавно не ги прецизираше ...

Според официјалните изјави и извештаите на државните медиуми од двете страни, одвоени ноќни напади погодија пристанишни објекти во јужна Русија и украинскиот регион Одеса, пренесуваат Укринформ и РТВ. Во рускиот регион Краснодар, два резервоари за нафта се запалија во пристаништето Темрјук по она што регионалните службеници за вонредни ситуации го опишаа како украински напад со беспилотни летала. Според извештаите, пожарот се проширил на ...

Американските власти открија уште повеќе од еден милион документи потенцијално поврзани со покојниот педофил Џефри Епштајн, кои планираат да ги објават во наредните денови и недели, велат официјални лица. ФБИ и федералните обвинители во Њујорк го информираа Министерството за правда за откритието. „Имаме адвокати кои работат деноноќно за да ги разгледаат и направат законски потребните измени за заштита на жртвите, и ќе ги објавиме документите ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
36%
1011
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
47%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
53%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.04
76%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
69%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
32%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
85%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00