Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува измените на Законот за прекршоци да бидат донесени на следната пленарна седница на Собранието, по што проектот „Безбеден град“ може да стартува од 1 февруари. За вчерашната средба меѓу координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски изјави дека биле разјаснети сите нејаснотии околу измените, што произлегоа по лидерската средба во Клубот на пратеници. ДУИ предходно бараше ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20 јануари (вторник) до 31 јануари (сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. „Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 8 до 20 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кратово изјави дека очекува „добри вести“ за македонските граѓани во врска со визите за Соединетите Американски Држави. Тој појасни дека моменталната суспензија не се однесува на сите видови визи, туку исклучиво на имиграциските, додека туристичките и студентските визи, како што рече, продолжуваат да се издаваат без никакви пречки. Мицкоски упати апел до јавноста за трпение и најави дека во наредните ...
Нема пречки за почеток на второто полугодие на 20 јануари во сите основни и средни училишта низ земјава, соопшти денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ова значи дека и покрај состојбата со големиот број заболени од грип на ниво на држава, нема да биде продолжен зимскиот распуст. „Учебната година во сите училишта на територијата на државата почнува на 20 јануари. Вчера ...
Вкупно 9 службени пиштоли кои биле предмет на кривично дело – Тешка кражба извршена на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје се пронајдени во автомобил „Шкода октавија“ сопственост на правно лице од Прилеп при царинска контрола на граничниот премин „Богородица“. Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп кој на 14 јануари го изнајмил возилото од ...
На Универзитетската клиника за психијатрија неодамна се приклучи нов член, Роџер, 2,5 годишен лабрадор, кој веднаш стана миленик на персоналот и пациентите. Видеото за лабрадорот кое беше објавено на фејсбук профилот на Клиниката за психијатрија стана вирално. Вдомувањето на кучето, според директорката на клиниката, проф. д-р Славица Арсова, се прави согласно Animal Assisted Activities, активности поддржани од животни кои имаат за цел ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи. Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат „STEN MKII“ кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум муниција со калибар 9 mm Para соодветна за испалување од тоа автоматско ...
Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени, информираат ...
Вчера во Гренланд почнаа да пристигнуваат војници од неколку европски земји, вклучително и од Германија и Франција, за она што тие го нарекуваат извидничка мисија, пренесува Дојче Веле. Преместувањата на трупите се случуваат во време на несогласувања и раздор помеѓу САД и нивните европски сојузници во НАТО околу иднината на важниот арктички остров. Гренланд, кој има околу 57 илјади жители, е полуавтономна територија во рамките на Данска, која ...
„ТикТок“ ќе воведува нова технологија за проверка на возраста на корисниците низ ЕУ во наредните недели, објави Гардијан. „ТикТок“ и други големи платформи популарни кај младите луѓе, како “Јутјуб“, се соочуваат со зголемен притисок за подобро идентификување и отстранување на сметки што им припаѓаат на деца. Системот, кој тивко беше пилотиран од ЕУ во текот на изминатата година, анализира информации за профили, објавени видеа и сигнали на ...
САД не беа страна во Пржинската спогодба и не ја „измислија“ или наметнаа владата. Нивната улога беше дипломатска поддршка, а сите конкретни одлуки ги донесоа македонските партии со посредство на ЕУ. Пржинскиот договор не е поврзан со промената на уставното име. Пржинската влада беше техничка и ограничена на изборениот процес, додека името се менуваше преку Преспанскиот договор во 2018 година, пишува „Вистиномер“ Во продолжение ви го ...
Неколку недели откако новинарката на „Вашингтон пост“, Хана Натансон, напиша статија од прво лице за тоа како станала „шепотечка на федералната влада“ во весникот, бидејќи добила над илјада совети од федерални службеници негативно погодени од администрацијата на Трамп, одеднаш агентите на ФБИ и го запленија телефонот и лаптопите, пренесува Индипендент. Извршувањето на федерален налог за претрес во домот на Натансон, кој беше дел од истрагата ...
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо му го врачи својот златен Нобелов медал за мир на Доналд Трамп откако се сретна со него во Белата куќа, речиси две недели откако тој нареди киднапирање на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пренесува Гардијан. Мачадо, која ја доби наградата минатата година за нејзината борба против „бруталната, авторитарна држава“ на Мадуро, им изјави на новинарите во четврток дека го сторила тоа ...
Роден во 1925 година во Кремона, Таркинио ја започнал својата професионална кариера по Втората светска војна. Во текот на децениите работел за повеќе издавачки куќи во Италија и Аргентина, а особено е поврзан со издавачката куќа Серџо Бонели Едиторе, каде остави длабок авторски печат. „Серџо Таркинио беше еден од авторите кои вистински ја обликуваа историјата на италијанскиот стрип. Неговиот придонес во вестерн-жанрот и способноста да создаде ...
Царинската управа поднесе кривична пријава против едно правно и едно физичко лице поради сомнение дека нелегално вршеле меѓународни поштенски услуги и криумчарење стока. Од управата споделуваат дека во координирана акција на царинските инспектори од одделението за истраги, во соработка со Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен испекторат, извршиле претрес на фирма која работела ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека Скопје е во комуникација со Вашингтон по последната одлука на американскиот Стејт департмент да ја стави Македонија на листата на земји за кои го суспендира издавањето на имигрантски визи. Уверува дека ќе се најде соодветно решение за визите. Не се работи за никаков прекин, ниту „црна листа“, вели Муцунски, туку за паузирање на постапките за иселенички визи за кои, ...
Најпознатата италијанска инфлуенсерка, Киара Ферањи, е ослободена од обвиненија за тешка измама во случај вреден околу два милиони евра, поврзан со продажба на божиќни колачи, велигденски чоколадни јајца и донации за деца заболени од рак, објави Си-Ен-Ен. Судија во Милано во средата одлучи дека обвиненијата за тешка измама против Ферањи не се прифатливи за судска постапка. Обвинителството бараше затворска казна од 20 месеци за 38-годишната ...
Главната претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, приватно им изјавила на пратениците дека состојбата во светот можеби значи дека е „добар момент“ да се почне со пиење, пренесува „Политико“. Како што се додава, Калас им рекла на лидерите на политичките групи во Европскиот парламент дека, иако не е личност која многу пие, сега можеби е време да се почне, имајќи ги предвид настаните низ светот, според двајца луѓе кои биле ...
Јавното обвинителство на РСМ денес испрати претставка до Адвокатската комора на РСМ и претседателот Љубомир Михајловски поради неетички јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. „Почитуван Претседател на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,Јавното обвинителство на Република Северна Македонија најостро реагира на неетичкиот и непрофесионален јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи ...
Во текот на втората недела од јануари, односно од 5 до 11 јануари, одговорните во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирае 2.322 заболени лица со грип и заболувања слични на грип, информираше денеска епидемиологот Драган Кочински. „Тоа е за 36,4 отсто повеќе во однос на претходната недела. Ако споредиме со истата недела од минатата сезона, имаме зголемување 2,2 пати, а ако споредиме со просекот, имаме зголемување од 31 процент. Се ...
Двомесечно бебе починало синоќа на детското одделение во болницата во Кавадарци, информираа од СВР Велес. Случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци околу 21:35 часот. Бебето било хоспитализирано на 12 јануари годинава, но по два дена починало. Лекарскиот тим извршил реанимација, но бебето починало. За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатото бебе е дадено на обдукција. Двомесечно бебе починало синоќа на детското ...
Вкупно 25 училишта низ земјата, од кои 18 основни и седум средни, добија финансиска поддршка од Министерството за образование и наука за реализација на програми насочени кон заштита на учениците во учебната 2025/2026 година. Поддржаните активности се фокусирани на превенција од врсничко насилство и дискриминација, како и спречување на злоупотреба на алкохол, дрога и игри на среќа. Според МОН, целта е да се зајакне безбедноста и инклузивноста ...
Данскиот министер за надворешни работи изјави дека постои „суштински несогласувања“ со САД околу Гренланд по разговорите во Белата куќа, пренесува Би-Би-Си. Ларс Леке Расмусен рече дека средбата со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и државниот секретар Марко Рубио во средата била „отворена, но конструктивна“. Сепак, тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп инсистирал на „освојување“ на Гренланд, што, според него, е „целосно ...
Четири астронаути се на пат кон Земјата по порано од предвиденото заминување од Меѓународната вселенска станица. Претставниците на НАСА го нарекоа тоа „контролирана медицинска евакуација“, првпат по 25 години астронаут да ја напушти МВС поради оваа причина, пренесува Њујорк Тајмс. Четирите астронаути, кои се возеа во капсулата „Спејс Екс“ Кру Драгон, требаше да се вратат следниот месец откако пристигна заменик-екипаж. Но, медицински проблем ...
Украина прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор во земјата, со посебен фокус на Киев, додека тековните руски напади продолжуваат да оставаат илјадници жители без струја, пренесува „Би-Би-Си“. Претседателот Володимир Зеленски ја обвини Москва дека намерно ги искористува суровите зимски услови со -20 степени целзиусови, како дел од својата воена стратегија. Прогласувањето на вонредната состојба доаѓа во време кога неговиот американски ...
На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаала 75 годишна жена, кај која лабораториски бил потврден грип од типот А, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Ова е прв смртен случај поврзан со грип од почетокот на годинава. Пациентката имала коморбидитети и не била вакцинирана против сезонски грип. Директорот Цана соопшти дека во моментов со симптоми на грип на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти, од кои дел се на кислородна ...
Стејт департментот ја паузира обработката на имигрантски визи за 75 земји во обид да се справи со апликантите за кои се смета дека веројатно ќе станат јавен товар, пренесува Фокс Њуз. Меморандум на Стејт департментот им наложува на конзуларните службеници да одбијат визи според постојниот закон додека одделот ги преиспитува процедурите за проверка и скрининг. Земјите вклучуваат Сомалија, Русија, Авганистан, Бразил, Иран, Ирак, Египет, ...
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба кажа дека сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да се укине. На лидерската средба во Клубот на пратеници присуствуваа и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, лидерот на Вреди Билал Касами, како и лидерите на опозиционите ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче не присуствуваше. Причината за ...
Само 17 отсто од Американците го одобруваат преземањето на Гренланд, а мнозинството од демократите и републиканците се против користење воена сила за анексија на островот, покажува анкетата на Ројтерс и Ипсос. Дводневната анкета, која заврши вчера, покажува дека постои голема загриженост кај американското население поради заканите на Трамп кон Данска за преземањето на Гренланд, кој со векови е данска територија. Трамп изјави дека Гренланд е ...
Минималната плата во Македонија и понатаму е под прагот на сиромаштија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, на кои се повикува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во реакцијата на нивниот официјален Фејсбук профил. Според официјалните бројки, стапката на сиромаштија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, а прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра. „Тоа значи дека едно ...