Ова денеска го соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по извршениот увид во состојбата на локалитетот. Според Ѓорѓиевски, Скопското кале претставува еден од најзначајните и најпрепознатливи симболи на градот и како таков заслужува постојана грижа, заштита и одржување. „Скопското кале денес е чисто, уредено и подготвено да ја раскаже својата историја на секој посетител. Наше заедничко обврзување е да го чуваме културното ...

Обвинителството од Франкфурт потврди дека истрагата е насочена против раководители и вработени во банката, која наводно соработувала со странски компании користени за перење пари, објави Financial Times. Рацијата е спроведена само еден ден пред објавувањето на годишните деловни резултати, на кои се очекуваше главниот извршен директор Кристијан Зевинг да извести за најголема добивка на банката во последните неколку години. Истрагата, според ...

Со транспаренти на кои пишуваше „Бараме пристојна плата“, „Зголемување на сите плати“ и со извици „Лопови!“, демонстрантите упатија критики кон Владата и стопанствениците, барајќи зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра, како и раст на сите останати плати за 6.000 денари. Протестот беше проследен со музика и работнички песни, меѓу кои и „Интернационалата“, како и социјално ангажирани нумери што дополнително ја засилија ...

Одлуката е донесена по покренувањето истрага од страна на италијанското обвинителство за таканареченото „сараевско сафари“, односно наводите дека странци плаќале за да пукаат врз цивили во опколеното Сараево, објави Радио Слободна Европа. Истрагата во Италија е покрената врз основа на пријава поднесена од писателот и новинар Ецио Гавацени, кој тврди дека за време на војната странски државјани плаќале големи суми пари за од позиции на Војска ...

Унгарската енергетска компанија MOL би можела да плати околу 1,4 милијарди евра за купување на 56,15 отсто од акциите на НИС, кои се во сопственост на рускиот партнер, објави унгарскиот портал Непсава, повикувајќи се на сигурни извори. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна изјави дека мнозинскиот удел во НИС ќе биде платен меѓу 900 милиони и една милијарда евра. Од друга страна, брокерот Бранислав Јоргиќ посочи дека ...

Пленковиќ го потврди разговорот во кратка изјава за новинарите пред седницата на парламентарниот Одбор за финансии, на која требаше да го претстави кандидатот за министер за финансии Томислав Ќориќ. „Со оглед на тоа што Милановиќ минатата недела најави дека треба да се слушнеме, денеска имавме краток разговор во врска со Одборот за мир и повелбата. Ставот на Владата е дека Хрватска во овој момент не треба да се приклучи на Одборот за мир, од ...

Германија ќе започне разговори за продолжување на таканаречениот двобрзински план на политиките на ЕУ за забрзување на некои одлуки, заедно со Франција, Шпанија, Италија, Холандија и Полска, објави денес Ројтерс. Германскиот министер за финансии Ларс Клингбеил повика на видеоконференција со своите колеги од пет земји за да разговараат за „конкретна агенда за зајакнување на суверенитетот, отпорноста и конкурентноста на Европа“, објави Ројтерс. ...

Првиот круг од овие преговори, насочени кон завршување на конфликтот кој наскоро влегува во четвртата година, беше одржан на истата локација минатиот викенд. Во однос на можната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека таков состанок мора да биде темелно подготвен и ориентиран кон конкретни резултати. Ушаков за државната ...

Процентот на граѓани во Македонија кои го поддржуваат членството на земјата во ЕУ се зголемува, според анкетата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, чии податоци се објавени на веб-страницата на невладината организација. Анкетата покажува дека 71 процент од граѓаните го поддржуваат членството на земјава во ЕУ, што е за речиси 10 проценти повеќе отколку во анкетата од 2024 година. Евроскептици се 14 проценти од населението, според ...

Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.01.2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес во Париз одржа средба со данската премиерка Мете Фредериксен, а во таа пригода зборуваше и на гренландски. Зборувајќи на гренландски, Макрон рече дека овој остров е единствениот што може да одлучи за својата судбина. „Гренланд не е на продажба и не може да се земе. Гренландците ќе одлучат за својата иднина“, рече Макрон. Прочитајте повеќе: Францускиот претседател зборуваше и на дански. DIRECTO | ...

Иако против постапките на Ѓоко Ристов биле поднесени пријави и претставки до Судскиот совет, судијата, кој заврши во домашен притвор откако 350.000 евра беа пронајдени во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино, тој никогаш не успеа да се соочи со разрешување од највисокиот судски орган. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, потврди дека Советот разгледал претставките против Ристов, но нема точни податоци за тоа колку ...

Денеска, партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во која живее македонско национално малцинство. Со тужбата јасно се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната ...

Хрватска одлучи да не ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на иницијативата на Комитетот за мир, објави премиерот на земјата – Андреј Пленковиќ Пред парламентарната седница на Комитетот за европски прашања, Пленковиќ објави дека попладнево разговарал со претседателот Зоран Милановиќ. „Ставот на Владата и парламентарното мнозинство е дека во овој момент нема да се приклучиме на Комитетот за мир од ...

„SoftBank Group“ е во преговори за инвестирање дополнителни 30 милијарди долари во OpenAI, објави Ројтерс, повикувајќи се на лице запознаено со ова прашање. Јапонскиот конгломерат го удвојува својот удел во сопственикот на ChatGPT. Новата инвестиција би била дел од рунда на финансирање што би можела да собере до 100 милијарди долари за OpenAI, проценувајќи ја компанијата на околу 830 милијарди долари, рече лицето запознаено со случувањата. ...

За помалку од три недели, американскиот претседател Доналд Трамп издаде четири закани со царини кои вообичаено би ги вознемириле инвеститорите, би ги стресирале извршните директори и би ги натерале економистите да се борат да ги ревидираат своите прогнози за раст. Наместо тоа, финансиските пазари и менаџерите ги игнорираа најновите предупредувања, насочени кон трговските партнери на Иран, поддржувачите на Гренланд, Канада и Јужна Кореја. За ...

Извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, одобрил пристап на малолетници до чет-ботови со вештачка интелигенција за кои безбедносните службеници предупредиле дека се способни за сексуални интеракции, според интерни документи на компанијата, поднесени во судски случај во Ново Мексико и објавени во понеделникот. Тужбата, поднесена од државниот обвинител Раул Торес, за која е закажано судење следниот месец, тврди дека Meta „не успеала да го ...

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи го коментираше донесувањето на новиот Кривичен законик. „Со новиот Кривичен законик кој си го изгласаа т.н. големи партии, кривичните дела на функционерите повторно ќе си застаруваат како до сега, а министрите и директорите целосно се амнестираат од несовесно работење — правда по мерка на помоќниот“, ...

Индија е најнаселената земја во светот. Во последниве години, таа постигна импресивен економски раст од просечно шест до седум проценти годишно. Ова се стапки на раст за кои другите земји можат само да сонуваат, пишува Дојче Веле (DW). Индија има растечка средна класа и младо население кое станува сè побогато. „Новиот договор за слободна трговија со ЕУ затоа е секако можност за германската автомобилска индустрија да отвори нов пристап до ...

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, пристигна во Кина на тридневна посета, во придружба на околу 60 британски бизнис и културни лидери. Големо внимание се посветува на посетата и иднината на односите меѓу Велика Британија и Кина, бидејќи тоа е прва посета на британски премиер на азиската земја од 2018 година. На летот за Пекинг, Стармер рече дека се надева оти посетата ќе им користи на „луѓето дома“ и дека сака „сеопфатен и ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски утрово во Загреб одржал работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На средбата на која се потврдиле одличните билатерални односи меѓу двете земји, двајцата вицепремиери во фокус на разговорот го истакнале проблемот со транспортерите и новиот систем за електронска евиденција во ...

Вратата на Европската Унија е отворена ширум. Има целосна подршка за Северна Македонија да влезе во ЕУ и сметам дека во овој момент е неопходно земјата да се обедини – Владата, опозицијата, Собранието, граѓанското општество, бизнисите и младите да бидат прагматични да ги забрзаат реформите, порача денеска евроамбасадорот во земјата, Михаил Рокас. Тој на промоцијата на двата истражувачки труда, „Анализа на јавното мислење за пристапување на ...

Американскиот центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS) објави кумулативна проценка за вкупниот број на воени жртви од почетокот на руската инвазија на Украина, и таа е застрашувачка, според западните медиуми. Како што објавија речиси сите реномирани светски медиуми, ова е прв пат загубите да бидат претставени реално, а бројките што се откриени укажуваат дека хуманитарната трагедија на војната е уште поболна и поразорна отколку што ...

„Нашите членови, како дел од синдикатите, можат автентично да учествуваат во протестите, но СДСМ нема и нема да даде организирана, партиска поддршка. Протестите мора да останат автентичен израз на незадоволството на работниците, исто како што и нивната организација е автентична и независна“, велат од СДСМ за денешниот протест на ССМ и барањето за покачување на минималната плата. Од партијата додаваат дека во времето на нивното владеење со ...

Лидерите на три холандски политички партии изјавија вчера дека во принцип се согласиле да формираат малцинска коалициска влада по месеци преговори. Центристичката партија Д66, која беше прва на изборите минатиот октомври, демохристијанскиот Апел (ЦДА) и либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) ќе ги здружат силите во коалиција која ќе има само 66 места во Долниот дом на холандскиот парламент, 10 помалку од потребното ...

Глобалната побарувачка за електрични возила порасна за 20 проценти, додека Европската Унија постигна историски резултат: продажбата на електрични автомобили за прв пат ја надмина продажбата на бензински автомобили. И покрај честите медиумски извештаи за забавувањето на пазарот на електрични возила, како и неисполнетите прогнози за продажба, најновите податоци за 2025 година сè уште укажуваат на стабилен глобален раст. Според студијата на ...

Одржаниот 31-ви конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, треба(ше) да означува, еден вид на консолидациска пресвртница за оваа политичка партија, после серијата на последователни катастрофални порази кои ја снајдоа партијата на двојните парламентарни и претседателски избори во 2024-тата година и уште покатастрофалиот епски пораз на СДСМ на минатогодишните локални избори, каде што дното во освоени гласови од пред две години со ...

Во обид соодветно да одговори на неочекувано големиот обем на нарачки за новиот електричен SUV iX3, BMW одлучи да воведе трета смена во своите унгарски производствени погони пред предвиденото, така што производството на автомобилот што премиерно беше претставен на Саемот за автомобили во Минхен (во септември минатата година) ќе трае 24 часа и нема да биде намалено дури ни за време на викендите. Еден месец по неговата септемвриска премиера, ...

Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека ерата на сегашниот светски поредок е завршена, велејќи дека не верува дека некогаш ќе се врати. Таа ја даде изјавата на јавен форум на Универзитетот „Sciences Po“ во Париз, каде што учествуваше со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, пишува „Гардијан“. Обраќајќи се пред студентите, Фредериксен нагласи: „Светскиот поредок каков што го знаеме е завршен и не мислам дека ќе се врати“. ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо ги отфрли информациите дадени во статија во Politico. Бриселското издание, повикувајќи се на пет анонимни европски дипломати, објави дека Фицо им рекол на лидерите на ЕУ на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд Трамп го шокирала во врска со менталната состојбат на американскиот претседател. Според двајца дипломати, Фицо го употребил зборот „опасно“ за да го опише впечатокот што американскиот ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
61%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
50%
1020
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
63%
1021
weather icon

Софија

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
53%
1021
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.0
65%
1021
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
58%
1021
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
7.6
75%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
43%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
63%
1021
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
45%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
11.32
75%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Злато

166450.52

Калај

47.03

Паладиум

50058.71

Родиум

366518.51

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.36

Бакар

11.49

Цинк

3.19

Кобалт

66.14

Платина

66937.85

Иридиум

258288.78