Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, во вторникот изјави дека српската министерка е прогласена за персона нон грата поради нејзините изјави, дадени ден претходно, дека, доколку била лидер за време на војната, етнички би го исчистила Косово. Коментарите на Снежана Пауновиќ, српска министерка за државна управа и локална самоуправа, предизвикаа гнев на Косово, а ги осудија и претставници на Европската Унија. Од нашата мрежа ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави минатата недела дека Хрватска се обидува да го набави израелскиот систем за противвоздушна одбрана од типот „Барак“. Односите меѓу Србија и Хрватска редовно се разнишуваат по секоја најава за набавка на ново вооружување. Изминатите месеци во фокусот на размената на изјави меѓу претставниците на Белград и Загреб беа кинеските балистички ракети „CM400AKG“ кои ги набави Србија. Од нашата мрежа ...

Десетици вработени ја тужат Мета, тврдејќи дека технолошкиот гигант користел алатки за вештачка интелигенција за да ги избере работниците за масовни отпуштања. Во тужбата се наведува дека системите несразмерно ги таргетирале лицата кои користеле породилно отсуство или боледување поради инвалидитет. Мета е матичната компанија на Фејсбук, Инстаграм и Вацап, пишува „Гардијан“. Тужбата, поднесена во понеделникот до сојузниот суд во Калифорнија, ...

„Ако немаме пристап до критичните суровини, ќе се соочиме со сериозен проблем.“ Со ова предупредување претседателот на Euromines, Јан Мострјом, ја сумираше европската стратегија за обезбедување на минералите неопходни за зелената транзиција. Во исто време, Македонија располага со значајни резерви на бакар, но нивниот потенцијал останува неискористен. Проектот „Иловица“, кој инвеститорот го претставува како најголема гринфилд инвестиција во ...

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на изјавата на министерката од српската Влада во врска со Косово, опишувајќи ја како глорификација на геноцидните политики на поранешниот југословенски и српски претседател, Слободан Милошевиќ. „Изјавата на министерката од српската влада дека доколку таа беше на местото на Слободан Милошевиќ, ќе го завршеше етничкото чистење на Косово е една од најсериозните изјави што сме ги слушнале од ...

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти денеска дека избрала 36 даватели на платежни услуги (PSP), меѓу кои се банки и финансиско-технолошки платформи, кои ќе учествуваат во пилот-фазата од проектот за дигитално евро. Најголемиот дел од листата на учесници го прават банки како што се Уникредит (Unicredit), Дојче банка (Deutsche Bank), Рајфајзен банка (Raiffeisen Bank), Нова Љубљанска банка (НЛБ) и Пиреус банка (Piraeus Bank). Од нашата ...

Четиригодишната војна и меѓународната изолација ја променија позицијата на Владимир Путин во односите со Кина. Рускиот претседател сè почесто настапува како страна која бара отстапки, а не како онаа која поставува услови, додека Пекинг постепено се подготвува за неговото можно заминување од власт, пишува „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal). Кинескиот претседател Си Џинпинг во 2013 година го нарекуваше рускиот лидер Владимир Путин како ...

Мисијата на ОН за следење на човековите права во Украина наведе дека во јуни загинале најмалку 293 цивили, што е за 37 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година и повеќе од двојно во однос на истиот период во 2024 година. Според податоците на ОН, растот на бројот на жртвите е поврзан со засилената употреба на моќно вооружување во густо населените урбани средини. Од нашата мрежа Скалони: Најдобрите ќе излезат против Англија 19 ...

Поранешниот премиер Никола Груевски доби ослободителна пресуда во случајот „Талир 2“ за незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. При изрекување на пресудата, судијката рече дека таа се должи на измените на Кривичниот законик но и на фактот дека во рамки на процесот обвинителството не ја докажало вината на екс-премиерот. Случајот циркулираше 6 години низ судските лавиринти, а предметот своевремено го отвори поранешното СЈО. ...

На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода ...

Софија Вергара го прослави својот 54-ти роденден во Италија и преку фотографиите од патувањето уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во Холивуд. Актерката своите роденденски моменти ги сподели на Инстаграм, каде посебно воодушевување предизвика кадарот каде таа позира на јахта во црвено бикини, со препознатлив пејзаж од италијанскиот брег. Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, позира во едноставен црвен костим за ...

Од советничката група „Шанса за Центар“ остро реагираат откако Советот на Општина Центар со 13 гласа „за“ и девет „против“ го усвои Нацрт-Деталниот урбанистички план (ДУП) за градската четврт Барутана, оценувајќи дека со оваа одлука се ставаат приватните интереси пред безбедноста на граѓаните. „Социјалдемократите и демохристијаните заедно сметаат дека правото на сопственост и на градење на Водно е поважно од правото на граѓаните да бидат ...

Окружното јавно обвинителство во Пула, Хрватска започнало истрага против 55-годишен државјанин на Македонија за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија. Нападот се случил на брод во областа Медулин, а осомничениот е спроведен во притвор поради ризик од бегство, соопштиле од тамошното Јавно обвинителство. Постои основано сомнение дека 55-годишниот осомничен го нападнал 48-годишниот маж со нож во понеделникот, 13 јули, на брод во ...

Албанскиот премиер Еди Рама предупреди на ризиците доколку кандидатите за членство во Европската Унија (ЕУ) останат настрана, нарекувајќи ги земјите-преговарачи „деца на Урсула“, алудирајќи на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен. Во интервју за „Еуроњуз Србија“, Рама рече дека Фон дер Лајен „мора да ги држи земјите-кандидатки собрани околу заедничката маса, за да не паднат под влијание на Русија или Кина“. Од нашата ...

Политичкиот аналтичар Љупчо Зиков смета дека е легитимен потег што опозицијата излезе од седницата за владината реконструкција бидејќи, вели не треба да се трпат навредите и ниските нивоа на обраќање. Оценува дека премиерот се извини во празна сала кога не беше присутна опозицијата. -Овие правни фори што ги гледаме 35 години, посебно последните години, веќе се толку излитени и не се ни интересни. Не се ниту комични заради тоа што кога се ви е ...

По години борба, разочарувања и чувство дека постојано се вртат во круг, овие четири хороскопски знаци конечно влегуваат во помирен животен период. Според астролозите, втората половина од 2026 година означува голем пресврт за сите што долго време минувале низ тешки животни лекции – од емотивни потреси и финансиски предизвици до големи промени кои ги принудиле да станат посилни. Според астрологот Ејми Демур, биковите, лавовите, скорпиите и ...

Обвинителството на денешното рочиште против судијата Ѓоко Ристов, кој е обвинет за нелегално прибавување и прикривање имот и за перење пари, пред судот презентираше телефонски разговори од други обвинети лица кои се обвинети за нелегална трговија со дрога и проституција, како и разговор меѓу обвинетиот судија и друго лице, кои според обвинителката Искра Хаџи Василева треба да покажат едно коруптивно поведение. Таа рече дека поради тешкотија ...

Одбраната на судијата од апелацикиот суд Ѓоко Ристов, кој е обвинет за нелегално стекнување и прикривање имот и за перење пари, тврди дека Обинителството не покажало ниеден доказ за негово коруптивно однесување. Бранителот Звонко Давидовиќ, по завршување на судењето рече дека од прибавените докази со посебни истражни мерки се слуша што се се случува во Апелација, и дека Обвинителството спие и не презема мерки. Во однос на тоа дека вештаците ...

Обвинителството е задоволно од пресудата за поранешната претседателка Татјана Димитровска и Миле Стоилевски, кои денес ба прогласени за виновни, изјави обвинителката Наташа Поп Трајкова. Според пресудата на судијата Илија Трпков, Димитровска е виновна за одавање службена тајна и компјутерски криминал за стекнување на безбедносен сертификат, а Стоилевски за компјутерски криминал и тоа што полагал место поранешната претседателка на ДКСК за да ...

Бранителот на поранешната претседателка на Државната Комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, Владимир Туфегџиќ, најави дека пресудата ќе ја обжали и очекува Апелациониот суд да донесе законита и правилна пресуда. Димитровска денеска беше прогласена за виновна по обвинението за оддавање службена тајна и компјутерски криминл кој го направила заедно со Миле Стоилевски кој полагал место неа за да добие безбедносен ...

За поголем дел од вработените просечната плата останува недостижна, а не нивна секојдневна реалност. Меѓу 50 и 58 проценти од сите вработени примаат плата до 36.900 денари, односно минимална плата или плата блиску до минималната, вели Иван Пешевски од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање. Според него, ова покажува дека најголемиот дел од работниците се наоѓаат во најниските платни групи, што директно влијае врз животниот ...

-Не навлегувам во тезите и теориите на заговор дека овој политичар е „сврзан како измеќар на српските интереси на Вучиќ, Додик и БИА“ , кај нас и дека „оваа Влада е тотално просрпска“, но факт е дека Стоилковиќ е навистина важна политичка фигура и коалициски партнер за оваа власт, вели политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски за инцидентите во Собранието меѓу новиот министер и пратениците од опозицијата. Атанасоски за реконструкцијата вели ...

За дел од познавачите на состојбите во Бугарија, официјална Софија кога стана дел од ЕУ, не го искористи своето членство доволно мудро. Според бугарскиот аналитичар и историчар, Димитар Атанасов, доказ за ова е фактот дека околу 100.000 бугарски пасоши им беа обезбедени на македонските граѓани, но не поради желбата да станат дел од бугарската политичка нација, туку да послужат како документи за патување без визи во Европската Унија, комплетно ...

Левица соопшти дека во јавноста денес се пласираат наслови дека премиерот Христијан Мицкоски се извинил за инцидентите во Собранието (неалудирајќи на оние коишто самиот ги стори и предизвика). Но, само неколку минути пред тоа, од собраниската говорница, додаваат од партијата, Мицкоски лично одржа говор исполнет со лаги, навреди, омаловажувања, лични дисквалификации кон пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, и повторно ги вмешаа семејните ...

„Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО. По 8 години “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО“, велат од СДСМ за пресудите во случајот „Талир 2“ , според кои екс-премиерот е осободен и е одмрзнато седиштето на ...

Земјите од Европската Унија денеска водат трка со времето за да се договорат за новиот, 21. пакет санкции против Русија. Клучен е рокот што истекува утре, а кој во случај на неуспех на преговорите би можел да ја ослаби една од главните мерки за ограничување на приходите на Москва од продажба на нафта и со тоа да ги зголеми руските извозни приходи. Се очекува амбасадорите на 27-те држави членки во Брисел до доцна во ноќта да се обидат да ги ...

Изречена пресудата за случајот „Талир 2“, предметот во кој е обвинет екс-премиерот Никола Груевски за незаконска изградба на партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ. Судењето за овој предмет почна во 2019. Според денешната одлука, Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер. Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023 година, а со ...

Украинската премиерка Јулија Свириденко, според неофицијални информации, ја одбила понудата по смената од функцијата да стане нова амбасадорка во Соединетите Американски Држави. Иако за тоа се шпекулираше, извори од тимот на претседателот Володимир Зеленски тврдат сека Свириденко засега не се согласила на таа должност, пишува „Украинска Правда“. Еден од изворите наведува дека нејзиното одбивање било категорично. „Јулија тоа изречно го одби. ...

ВЛЕН најостро ја осудува скандалозната изјава на министерката за државна управа и локална самоуправа во Владата на Србија, Снежана Пауновиќ, која во интервју за српската телевизија „Курир” изјави дека, доколку ја имала слободата на дејствување што ја имал Слободан Милошевиќ, „етнички ќе го исчистела Косово во 1998 година“. Според партијата, ова е неодговорна и опасна изјава која ја оживува расистичката идеологија и го навредува споменот на ...

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека Србија и Соединетите Држави, „првпат во историјата“, ги подигнуваат односите на ниво на стратешко партнерство, а првата сесија од дијалогот ја најави за петок, 17 јули. Ѓуриќ за Радио-телевизија Србија (РТС) изјави дека одлуката на Вашингтон за започнување стратешки дијалог меѓу Србија и САД е „една од најзначајните вести во односите меѓу двете земји во последните неколку години“ ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Бакар

12.58