Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Американскиот рапер Џеј-Зи се најде во непријатна ситуација откако последната вечер од неговата серија концерти на стадионот Јенки се претвори во хаос. Стотици луѓе без билети се обидоа насилно да влезат, поради што го концертот беше одложен речиси четири часа, а надвор пред стадионот се одвивале драматични сцени, при што некои обожаватели се онесвестиле и повраќале. Од нашата мрежа Криза го тресе Ал-Наср: Клубот ги суспендира трансферите и ...
Во Собранието денес се одржува 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Во владиниот кабинет ќе се сменат или ќе ротираат во други ресори осуммина министри и двајца заменици министри. Како контра-реплика во однос на обраќањето на пратеникот на ЗНАМ, Бобан Карапејовски, пратеникот од Левица, Борислав Крмов му порача дека ресорот Земјоделство е клучен и дека „ако и за ЗНАМ е клучно, зошто не го прифатиле ...
„На еднократните инвеститори само им е важен профитот што ќе го остварат и тие не водат сметка што утре може и да нема друга локација за градење“, вели градежниот експерт и архитект, Никола Велковски за фактот што цените на становите во Скопје продолжија да растат и во вториот квартал од 2026 година. Индексот на цените на становите достигна 210,03 индексни поени, што претставува годишен раст од 13,3 проценти во споредба со вториот квартал од ...
„ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува падот на поддршката од граѓаните кои живеат во Македонија, да го надомести со гласови по пошта од оние кои живеат надвор од државата“, вели претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ за барањето за електронско гласање на дијаспората или преку пошта. Според него, нејасниот начин на кој најголемата владејачка партија би го организирала гласањето на дијаспората, без јасни заштитни механизми за демократскиот процес ...
Македонскиот музичар Драган Величковски – Тајзи вчера, на Петровден, стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Ангела Анчевска. Од нашата мрежа Почина судијата (38) кој беше отстранет од списокот на ФИФА… 1 час kontra.mk Официјално: Бразилец пристигна на „Олд Трафорд“ 2 часа kontra.mk Билиќ за настапот на Хрватска на Светското првенство: Нè ограбија,… 2 часа kontra.mk Stellantis го враќа легендарниот Autobianchi по три децении 2 часа ...
Слободата на изразување, слободните и чесни избори и почитувањето на владеењето на правото се меѓу најважните елементи на демократското општество за граѓаните на Европската Унија, покажуваат денеска објавените резултати од Евробарометар, во кои исто така се наведува дека граѓаните на ЕУ се загрижени поради ризиците на кои се изложени децата на социјалните мрежи. Европејците во голема мера се загрижени за сите ризици со кои се соочуваат децата ...
Случајот со девојката од Куманово која преку објава на Инстаграм побара помош за хоспитализација на нејзиниот татко кој е алкохоличар и насилно се однесувал кон нејзината мајка и баба, според пратеничата на СДСМ, Славјанка Петровска е само уште една потврда на тоа дека институциите на државата не функционираат. Таа за „Локално“ изјави дека во случајот добро е што јавноста будно реагира на вакви алрми и повици на помош и дека благодарение на ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...
Германија денеска го повтори своето противење на можната забрана за трговија со илегалните израелски населби на ниво на Европската унија, истакнувајќи дека таквите мерки би ги закомплицирале односите со Израел без да ги постигнат саканите резултати. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадепул, пред новинарите во Брисел, во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ, изјави дека според мислењето на Берлин, ова прашање ...
Говорот на омраза и толеранцијата на навредите, особено навредите во поглед на изгледот, возраста, брачниот статус, се причина жените помалку да сакаат да бидат дел од општествениот живот. Ваков став имаат и невладини организации и партенички. Пратеничката на ДУИ, Арбана Пашоли за „Локално“ изјави дека токму навредите и говор на омраза се една од главните причини жените да не сакаат да учествуваат во политиката и да бидат дел од политичкиот ...
Во скопски Карпош ноќеска целосно изгорел патнички автомобил, кој, според информациите, го користел судијата Ѓоко Ристов. Обвинителството го товари Ристов за прикривање имот и перење пари откако во ѕид од кујната во семејниот дом на неговите родители беа пронајдени 350 000 евра завиткани во алуминиумски фолии. „На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило ...
Билал Касами и Изет Меџити ќе бидат под политички надзор на министерот кој не успеа да ја заштити институцијата задолжена за спроведување на Охридскиот рамковен договор, изјави пратеничката Арбана Пашоли, од Демократската унија за интегрција. Таа на прес конференцијата пред поетокот на собраниската седница на која се расправаше за реконструкцијата на Владата, рече дека најавената реконструкција не е освежување на владиниот состав, туку ...
Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија за избор на заменик-директор, донесена спротивно на законските одредби и професионалните стандарди. Велат дека станува збор за сериозен пример на политичко заробување на јавниот сервис, институција која им припаѓа на сите граѓани и се финансира со јавни средства. -Изборот на лице кое не ги исполнува законските услови за ...
Политичарите имаат одговорност да промовираат дијалог и аргуметирана расправа, а не со говор на омраза да го нормализираат ненормалното, изјави за „Локално“ пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Таа смета дека секој поединец е одговорен за да се намали говорот на омраза, но дека тука особено улога имат политичарите и јавните личности, бидејќи тоа секако влијае на целото општество. Од нашата мрежа Меси: Овој тим ги навикна луѓето дека ...
Белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, во понеделникот ја обвини Европската комисија за предложување „недоволни“ мерки против трговијата со илегалните израелски населби, додека земјите членки на ЕУ се разидуваат во мислењата за тоа прашање. Прево порача дека Комисијата им дала на државите членки само „коска за глодање“, наместо да предложи конкретни мерки за ограничување на трговијата со населбите на Западниот Брег, пишува ...
Европската комисија соопшти дека покренала иницијатива со 15 партнери за испорака на 883,6 милиони евра помош за Газа. Се наведува дека „Иницијативата на тимот за Газа“, покрената на состанокот на Донаторската група за Палестина во Брисел, ќе ги поддржи тековните и планираните проекти за рано закрепнување на народот во Газа. Од нашата мрежа 📸Трачеви кружат на мрежите, најубавата жена на светот проговори за… 12 минути kontra.mk Бизнис пред ...
Европската унија во првата половина од 2026 година увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот проект „Јамал ЛНГ“ (Yamal LNG), со кој управува компанијата „Новатек“, само неколку месеци пред да стапи на сила забраната за увоз на руски гас. Според податоците на компанијата „Кплер“, увозот на ЛНГ од постројката „Јамал“ достигнал 9,89 милиони тони во периодот од јануари до јуни 2026 година, што е за 18 отсто повеќе во споредба ...
Пратеничката и потпретседателка на ЗНАМ, Весна Бендевска му порача на својот довчерашен сопартиец, Миле Цеков дека Движењето ЗНАМ е демократска партија. Ова се случува на денешната расправа за владината реконструкција и назначувањето на нови членови на владиниот кабинет. -Ако Миле Цеков мислеше дека како неговите шефови ќе бркаме од партија за различно мислење, ние тоа нема да го направиме. Тој ќе си го користи своето демократско право – од ...
Летните одмори се период кога многу семејства патуваат со своите деца, а подготовките речиси секогаш вклучуваат и патувачка аптека. Сепак, според педијатрите, многу родители и понатаму прават една иста грешка – бараат антибиотик да понесат „за секој случај“, сметајќи дека така ќе бидат посмирени доколку детето се разболи за време на одморот.летн Д-р Валентина С. Ливринска од ПЗУ „Др. Ливринска“ вели дека ова не е правилен пристап и апелира ...
Градоначалникот на скопската општина Чаир Изет Меџити изјави дека ја решиле ситуацијата со дивоградбата на трафиката „Али Тобако“ и дека во постапка е решавање на другите дивоградби во општината. На прашањето на „Локално“ дали тоа е единствената дивоградба во општината за која локалната власт успеала да најде решение, градоначалникот ни порача прво информации да побараме од другите општини каде има повеќе дивоградби, па потоа изјави да бараме ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, соопшти денеска, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел, дека во режимот на санкции против Русија ќе бидат вклучени уште 250 поединци и ентитети. Таа на социјалната мрежа „Х“ наведе дека одлуката ќе биде донесена заедно со 21-виот пакет санкции. Од нашата мрежа РК Пролет 62 се повелкува од Супер лигата 19 минути ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руското раководство „полудело од војна“ и дека неразумно одбива да ја прекине инвазијата, по уште еден бран ноќни напади врз украинските градови. Во објава на Телеграм тој порача дека Русија повторно гаѓала исклучиво цивилни објекти, пишува „Kyiv Post“. Зеленски истакна дека најновите напади ја покажуваат итна потреба на Украина од дополнителни системи за противвоздушна одбрана и посилна ...
Цените на становите во Скопје продолжија да растат и во вториот квартал од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Индексот на цените на становите достигна 210,03 индексни поени, што претставува годишен раст од 13,3 проценти во споредба со вториот квартал од 2025 година. Во однос на првиот квартал од годинава, цените се повисоки за 5,5 проценти. Податоците покажуваат дека и покрај одредено забавување на годишната стапка ...
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Лазаров Александар (41) од Кочани од татко Методи и мајка Даринка. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање од Основен суд Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 вв.член 22 од Кривичниот законик. Лазаров кој бил приведен откако во возило во кое се наоѓал била пронајдена бела прашкаста материја, успеал да избега од полициската станица во ...
Регулаторната Комисија за енергетика објави дека од вечерва ќе се зголемат цените на горивата, особено цената на дизелот. Според РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ...
Германија финансира набавка на 50 илјади борбени дронови за Украина, изјави извор запознаен со прашањето, а станува збор за една од најголемите познати купувања на дронови за Киев што досега ги спровела некоја од западните влади. Украина во текот на повеќе од четири години војна против Русија во голема мера се потпираше на различни видови беспилотни летала, а годишно произведува милиони дронови додека украинските сили секојдневно изведуваат ...
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави денеска дека Баку размислува за целосно повлекување од Советот на Европа. На Азербејџан пред две години му беше суспендирано правото на глас во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Од нашата мрежа Милер-Мекинтаер: Олимпијакос следи ист систем, затоа често стигнува до Фајнал… 19 минути kontra.mk Ги предводеше Лејкерс до шампионски прстен, а сега го засили… 26 минути kontra.mk ...
Цените на нафтата пораснаа во понеделникот за повеќе од четири отсто бидејќи испораките на енергенси преку Ормускиот теснец и понатаму се загрозени, а САД и Иран најавија обновување на воените удари. Цените на суровата нафта „Брент“ (Brent) пораснаа за 3,10 долари, или 4,08%, на 79,11 долари, додека американската нафта „Вест Тексас Интермедиат“ (West Texas Intermediate – WTI) порасна за 2,95 долари, или 4,11%, на 74,36 долари по барел. Од ...
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска соопшти дека братот на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески бил унапреден од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ. Според Кузеска, уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а јавноста за него дознала дури пред неколку дена, кога членовите на Управниот одбор ...
Неделениот хороскоп 13-19 јули 2026 година носи една од емотивно најзначајните недели од овој месец. Младата Месечина во Рак на 14 јули ги поттикнува сите хороскопски знаци да се ослободат од минатото, да ги затворат старите поглавја и да направат место за нови почетоци. Ова е идеално време искрено да ги согледате своите емоции, да ги обновите односите што ви значат и да донесете одлуки што долгорочно ќе придонесат за вашиот внатрешен мир. ...