Во Собранието едногласно беше донесен Законот за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола. Со оваа одлука, донесена на 11 јуни, Високата медицинска школа прераснува во Факултет. Досега студиите во Школата беа тригодишни, односно 6 семестри, а сега Факултетот ќе овозможи факултетско образование за истите профили. Поточно, четиригодишни студиски програми за медицинска ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изразува благодарност до министерката за образование и наука, професор д-р Весна Јаневска, за нејзината поддршка и заложба за развој на високото образование, како и до сите пратеници кои ја препознаа важноста на законското решение со кое Високата медицинска школа во Битола прераснува во Факултет за медицински науки и здравство. Од УКЛО информираат дека донесената одлука претставува значаен исчекор ...

