Во секој момент треба да започне обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски по повод страшната трагедија која ја потресе цела Македонија во која загинаа 59 лица, а 155 беа повредени во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Очекувањата се дека на прес-конференцијата премиерот Мицкоски ќе ги соопшти најновите официјални информации поврзани со трагедијата, како и мерките што ќе ги преземе Владата за поддршка на семејствата на жртвите ...

Родителите и роднините на загинатите во пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани се согласија да се повлечат од пред Кочанската болница и да дозволат телата на нивните деца да бидат пренесени на обдукција во Скопје. Ова следи по постигнат договор со обвинителите, по тензичен ден исполнет со протести и жив штит пред болницата, каде родителите првично го блокираа влезот. Родителите и роднините во Кочани: Постигнат договор за обдукција По долгите ...

Во Општата болница во Кочани пристигнаа околу триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија. Тие треба да ги транспортираат телата на загинатите во пожарот на обдукција во Скопје, јавува дописникот на МИА од Кочани. Кочани во молк и тага по трагедијата: 59 загинати, 152 повредени, насобран народ пред болниците – ужаснo сведоштво од чуварот на соседниот објект! Меѓутоа, оваа одлука предизвика револт кај ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека во врска со синоќешниот пожар во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, МВР и Јавното обвинителство осомничиле над 20 лица, од кои 15 се приведени во полициска станица. Тој откри дека дискотеката немала легална лиценца за работа, а истрагата укажува на мито и корупција, со вклученост на поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и ...

Ова е нелегалната лиценца која коруптивно била издадена на дискотеката во Кочани. Фотографијата , односно документот од нелегалната лиценца е објавена на социјалните медиуми на страницата Скандал. Претходно објавивме дека дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која утринава во катастрофален пожар загинаа 59 лица работела со фалсификувана лиценца која била издадена во периодот кога министер за економија беше Крешник Бектеши од ДУИ, покажуваат ...

Родители на загинатите во пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани формираа жив штит пред Кочанската болница, спречувајќи ги властите да ги пренесат телата на нивните деца во Скопје за обдукција. Пожарот, што избувна утринава, однесе 59 млади животи на возраст од 14 до 25 години, главно од Кочани, а родителите, гневни и очајни, бараат да им бидат предадени телата за да ги подготват за погреб. Родители во Кочани: Гнев и очај пред болницата ...

Владата на Македонија информираше дека осум од тешко повредените пациенти од пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани моментално се на Меѓународниот аеродром „Скопје“, од каде што ќе бидат пренесени на лекување во болниците „Пирогов“ во Софија и во Варна, соседна Бугарија. Претходно, тројца други тешко повредени пациенти од Клиничкиот центар во Скопје се упатени во болницата „Папаниколау“ во Солун, со возила за интензивна нега. Транспорт на ...

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените 27 во пожарот во дискотеката во Кочани. Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника „Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ. Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”. Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти ...

Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти официјални информации за состојбата на пациентите повредени во пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, потврдувајќи дека сите се згрижени и во стабилна, релативно добра состојба. Вкупно 117 пациенти од пожарот се лекуваат во здравствени установи низ државата, додека 13 се испратени на лекување во странство, а постои план за дополнителен транспорт на други повредени. Арбен Таравари: Пациентите се ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, каде синоќа избувна пожар, имало 500 гости, иако биле пријавени само 250 влезници. Тој потврди дека меѓу присутните имало и малолетни лица, при што дваесетина од повредените се тинејџери, а тројца од загинатите биле деца под 18 години. Панче Тошковски: Преполн капацитет и малолетници во дискотеката Панче Тошковски откри сериозни ...

Архиепископот Стефан Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан изрази сочувство. „Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот. Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме дека Бог е Бог на живите и дека во Него нема ...

Факултетот за музичка уметност во Скопје со длабока тага ја потврди смртта на вонредната професорка Сара Пројковска, која загина во пожарот што избувна ноќеска во Диско клубот „Пулс“ во Кочани. Пројковска, освен што беше посветена професорка, беше и придружен вокал на бендот „ДНК“, чиј концерт се одржуваше кога се случи трагедијата. Сара Пројковска: Талент и добрина загубени во трагедија Факултетот за музичка уметност изрази огромна тага за ...

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент, во врска со трагедијата во Кочани, има осомничено повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој кривично-правен настан се починати, дел се во болница, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, раководител на сектор во Мнистерство за економија, ...

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион „Спартан“ на бугарското воено воздухопловство денеска отпатува за Македонија со цел да транспортира пет тешко повредени лица од пожарот во Кочани до бугарските болници, соопшти бугарската Влада. Во авионот патуваат медицински тимови од Бугарија, составени од лекари за интензивна нега и специјалисти за изгореници, кои ќе се грижат за повредените за време на транспортот. Пациентите ќе бидат примени на ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип, соопшти дека дваесетина од најтешко повредените пациенти од пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани ќе бидат пренесени на лекување во странство. Тие ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, додека Албанија и Холандија исто така понудиле поддршка. Министерот истакна дека здравствените установи се опремени со доволно средства и крвни ...

Сопственикот на дискотеката е уапсен Од МВР стигна потврда дека е уапсен сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според информации на Радио Лидер, името на сопственикот е Дејан Јованов – Деко. Во сопственичката структура имало повеќе лица, а дозволата за работа му била до 24 март. Според информациите до кои стигна Радио Лидер, Јованов кој бил еден од сопствениците на дискотеката имал и останати бизниси како кафулиња, но и компании во ...

Андреј Ѓорѓиески, еден од членовите на дуото „ДНК“, херојски загинал спасувајќи млади од пожарот што го зафати Диско клубот „Пулс“ во Кочани. Веста за неговата смрт е потврдена од неговото семејство до телевизијата Телма. Во истата трагедија загинаа и други членови на бендот, вклучувајќи го Филип Стевановски од Куманово и Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица, додека фотографот на групата исто така е меѓу жртвите, според најновите информации. Андреј ...

Дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што утринава во катастрофален пожар загинаа 59 лица. Според нови информации дискотеката работела со фалсификувана лиценца која била издадена во периодот кога министер за економија беше Крешник Бектеши од ДУИ, покажуваат првичните резултати од истрагата. Радио Лидер дознава дека на фалсификатот лиценца потпишана е Размена Чекиќ Дуровиќ – екс државен секретар на министерство за економија, дел од тимот на Крешник ...

Амбасадата на Русија во Северна Македонија изрази длабоко сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во катастрофалниот пожар што го зафати ноќниот клуб во Кочани. Оваа порака доаѓа како дел од меѓународните реакции по трагедијата, придружена со симболичен гест на цвеќе, според објавата на официјалната страница на Амбасадата на социјалните мрежи. Амбасадата на Русија: Мисли со семејствата Амбасадата на Русија ја сподели својата тага за ...

Кочани е завиен во молк и тага по катастрофалниот пожар во Диско клубот Пулс, каде синоќа околу 03:00 часот загинаа 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а 152 се повредени и хоспитализирани низ здравствени установи во државата. Обвинителството и полицијата вршат увид за утврдување на причините, додека насобран народ, ожалостени родители и блиски, чекаат вести пред Кочанската и Штипската болница, каде спасувачките операции продолжуваат. Пожар во ...

Страшна трагедија ја потресе Македонија, а особено македонскиот спорт бидејќи почина Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи, пренесува СпортСпорт. Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи почина во болницата во Штип каде беше пренесен утринава по трагедијата во Кочани. Лазаров имаше само 25 години. Тој како вистински херој ги спасувал животите во запалената дискотека, немал потешки изгореници ама вдишувал од чадот што бил присутен во просторијата и тоа ...

Андреј Ѓорѓиески, познат како Андреј од дуото „ДНК“, сè уште не лоциран по катастрофалниот пожар што избувна синоќа во Диско клубот Пулс во Кочани за време на нивниот настап и трагичниот настана што однесе многу млади животи. Првичната вест од „Слободен печат“, дека тој не е заведен како исчезнат, нема тешки изгореници и е во подобра здравствена состојба во споредба со неговиот колега Панчо, кој е на кислородна поддршка, веројатно не е точна ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи. Испратени се пораки за обединување и сила за справување со последиците од трагичниот настан. Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на ...

Министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип изјави дека дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство Според Таравари, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија. Првите три пациенти од Клинички центар тргнаа со возила опремени за интензивна нега за ...

Градоначалникот на Општина Струмица преку објава на Фејсбук соопшти тажна вест за своите сограѓани. „Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…“, напиша Костадинов. Тој додаде дека со неизмерна тага ја примил веста за оваа трагична загуба. „Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија формира кризен штаб во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, каде пожарот во Диско клубот Пулс однесе многу животи. Штабот редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции, нудејќи поддршка и помош, додека е активен дежурен телефонски број за информации. Кризен штаб: Координација и поддршка Министерството за надворешни ...

Директорката на болницата во Кочани, Кристина Серафимова, потврди дека за само 15 минути по дојавата за пожарот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани, целиот медицински персонал, вклучувајќи и оние што не биле на работа, се мобилизирале за да се справат со последиците. Таа истакна дека повеќето од починатите загинале од стампедо предизвикано од паника, додека пациентите се со изгореници и вдишување на јаглероден моноксид, со дел од нив префрлени во ...

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Небојша Настов, соопшти дека во установата се хоспитализирани 29 лица од Кочани, повредени во пожарот во Диско клубот Пулс. Пациентите, на возраст од 17 до 45 години, се со изгореници од 7 до 60 проценти, при што двајца се на респиратор, а двајца други можат да бидат ставени на ист таков. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги посети повредените и ...

Македонија доби бројни пораки на сочувство од светот по трагедијата во Диско клубот Пулс во Кочани, каде загинаа 51 лице, а над 100 се повредени. Соседните земји – Србија, Грција, Бугарија и Албанија – понудија медицински капацитети, спасувачки тимови и друга помош за справување со последиците. Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази подготвеност за испраќање хеликоптери и медицински тимови, додека Албанија, преку премиерот Еди Рама, исто ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека е распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во Диско клубот Пулс во Кочани, кој синоќа однесе 59 животи, од кои 35 се идентификувани, а дополнилтени 155 лица се повредени. Тој откри дека меѓу жртвите е и еден полицаец, кој загинал при контрола за наркотици и психотропни супстанции, додека МВР и Обвинителството работат на обезбедување документација и детали за ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.37
77%
1015
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
1.17
88%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
0.97
81%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.97
80%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.88
88%
1017
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.92
95%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
84%
1009
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.39
81%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.73
80%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
85%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
0.45
74%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.25
80%
1013
Currency

61.535

Currency

55.5002

Currency

73.0477

Currency

35.306

Currency

39.6877

Currency

65.6796

Currency

7.69221

Currency

0.68415

Currency

0.37503

Currency

0.52503

Currency

1.42807

Currency

0.6539

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62