Добитно лото-ливче вредно еден милион евра беше пронајдено во Италија, откако неговата сопственичка побарала помош од комуналните служби, пренесува АФП. Жената го проверила ливчето во локална продавница, каде што на апаратот се појавила порака дека добивката не може да биде исплатена на тоа продажно место. Погрешно помислила дека не добила ништо и го оставила ливчето, кое подоцна завршило во отпад. Кога се вратила дома, член од семејството ѝ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела се судри со министерот за одбрана Пит Хегсет околу состојбата на залихите со муниција. Трамп му рекол на министерот дека верува оти Белата куќа била погрешно информирана за залихите, во контекст на евентуално продолжување на воените операции во Иран, објави „Вашингтон пост“. Разговор во Кемп Дејвид Весникот цитираше два извори и рече дека разговорот се одржал во Кемп Дејвид за време на ...

Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа. Комеморативната церемонија почна со минута молк точно во 8:15 часот, времето кога на 6 август 1945 година експлодираше атомската бомба над градот. Се проценува дека до крајот ...

Скопје денеска одбележува десет години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало ...

Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќањето на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје. Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. -Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва ...

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8. Како што соопшти владината прес-служба, потпишувањето на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на ...

Кристијано Роналдо повторно го привлече вниманието со својата страст кон луксузните автомобили. Ал Наср објави фотографии од неговата приватна гаража, а зад португалската фудбалска ѕвезда се гледа колекција од повеќе од 40 автомобили. Според проценките на странските медиуми, вредноста на целата колекција денес надминува 50 милиони евра. Ал Наср фотографиите ги објави со краток опис: „Моите играчки“, додека бројот и вредноста на автомобилите ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за можноста Украина да добие дополнителни пресретнувачки ракети за својата воздушна одбрана. Зеленски по разговорот објави дека Руте е добро запознаен со заканите со кои се соочува Украина и дека двете страни ги координираат напорите со земјите кои располагаат со потребните ракети и имаат можност да помогнат. „Марк е добро запознаен со ...

Речиси сите регистрирани случаи на западнонилска треска годинава се од Скопскиот регион и Велес, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој информираше дека се извршени вонредни прскања против комарци околу домовите на пациентите, а проверено е и дали општините ги спровеле планираните редовни прскања. „Минатата година скоро сите случаи беа во Јужна Македонија, сега скоро сите случаи се во Скопскиот регион заедно со Велес. ...

Прекумерното користење паметни телефони и социјални мрежи во вечерните часови може сериозно да влијае врз сонот, концентрацијата и училишните резултати на тинејџерите. Најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предупредува дека младите сѐ почесто остануваат будни до доцна со телефоните в рака, што доведува до хроничен замор и послабо учество во наставата. Според извештајот, голем број млади корисници ...

Иран и Оман направија чекор кон ново уредување на пловидбата низ Ормускиот теснец, што би можело да му даде на Техеран поголема контрола врз бродскиот сообраќај. Двете страни ги усогласиле географските параметри на рутата, но сè уште не се договорени сите детали. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека заедничката изјава на Иран и Оман е во завршна фаза, доколку процесот не биде попречен од трети ...

Американскиот политичар Кирил Бејсин (40), кој има амбиции да стане член на Конгресот, бил уапсен по конфликт на плажа на Хаваи. Полицијата го привела поради сомнение дека упатувал терористички закани, откако наводно се заканувал со огнено оружје и извадил нож. Инцидентот се случил во саботата, 1 август, на плажата Кеавакепу на островот Мауи, објави „Њујорк пост“. Бејсин претходно влегол во конфликт со 61-годишен маж, кој го замолил да ја ...

Сателитските снимки направени од 1 до 3 август покажуваат драматично намалување на водостојот на Лоара, По, Рајна и Дунав. На делови од реките се појавиле големи песочни и чакалести спрудови што претходно биле целосно под вода, што укажува на сериозните последици од долготрајната суша и високите температури во Европа. На снимките се прикажани Лоара кај Сомир во Франција, По кај Кремона во Италија, Рајна кај Бопард во Германија и Дунав кај ...

Папата Лав ќе ја посети Јужна Америка во ноември, каде што ќе престојува во Уругвај, Аргентина и Перу. Ватикан денеска соопшти дека посетата ќе трае од 6 до 17 ноември и ќе биде една од неговите најзначајни пасторални патувања досега. Според најавата, папата ќе биде во Уругвај од 6 до 8 ноември, во Аргентина од 8 до 11 ноември, а во Перу од 11 до 17 ноември. Лав, кој е првиот папа роден во САД, има и перуанско државјанство. Во Перу поминал ...

Во Владата на Република Македонија утре (6 август) со почеток во 09:45 часот ќе се одржи свечено потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот VIII (Фаза 3). На настанот ќе бидат потпишани Договор за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски присуствуваше на партиски настан во Ново Село, каде што се сретна со иселеници, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави проект за изградба на експресен пат Радовиш–Струмица–Ново Село, кој, според него, ќе го подобри животот и поврзаноста на жителите од регионот. „Работиме и на проект за изградба на експресен пат Радовиш – Струмица – Ново Село. Уште еден значаен ...

Новиот закон на Путин предвидува блокирање сметки, забрана за располагање со имот, ограничување на конзуларни услуги и губење на практичните права за Руси кои живеат надвор од земјата и се осудени во отсуство. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат низа ограничувања за руски државјани кои живеат во странство, а се осудени во отсуство и според руските власти „избегнуваат извршување на казната“. Законот, потпишан ...

Цената од 200 евра за дневно користење на плажен сет ја изненадила чешката авантуристка Кејт за време на посетата на црногорското крајбрежје. Таа ги проверила цените на лежалките и чадорите на неколку познати плажи во Милочер и на Свети Стефан, а своето искуство го споделила на Инстаграм, каде што редовно ги документира своите патувања низ Европа. Првата станица била плажата во Милочер. Таму Кејт дознала дека користењето лежалки и плажен ...

Недостигот на анестезиолози, радиолози и патолози е еден од најголемите предизвици во македонското здравство, но проблемот не може да се реши преку ноќ бидејќи специјализациите траат шест години, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој најави вработување на 300 млади специјализанти, проширување на Позитивната листа со современи лекови и видливи подобрувања во Клиничкиот центар во следните шест месеци. Според Клековски, моделот со ...

Општина Карпош, преку општинскиот Инспекторат и во соработка со Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски контроли во населбата Злокуќани. При надзорите биле утврдени неправилности кај бесправно изградени објекти, по што се поведени соодветни инспекциски постапки. Во рамки на акцијата бил отстранет и кабаст отпад од јавните површини на улицата „Скупи“ и од внатрешноста на населбата. Повеќе лица биле опоменати поради ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, порача дека дел од опозициските структури самите се препознале во изразот „општествен талог“ и оцени дека нивната политика се темели на ширење хистерија, страв и безнадежност. „Општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознаа, се храни со хистерија, страв и безнадежност. Се обидува да нѐ убеди дека ништо не може да се промени, дека успехот е невозможен и дека ...

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник објави статус на социјалнната мрежа фејсбук, во кој дирекно се упати кон лидерот на опозицијата. Што си мислат Венко и „лојалистите“ – дека можат да продаваат патетика дека се „згрозени“ од самопрепознавањето во „талогот на општеството“? Се препознаа и се залетаа уште посилно со сеење омраза и поделби – им смета надежта и успехот на државата. Еве мал видео-коментар, како потсетување за ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар постепено се стабилизира, бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми се намалува, а резултатите од анализите на водата за пиење се очекува да бидат објавени до 20 август, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. „Во основа, сега излегуваме од акутната фаза. Веќе можам да кажам дека сме влезени во нормален период. Бројот на новопријавени пациенти се движеше од 40 до 80 овие неколку дена. ...

Продолжениот топлотен бран ја зафати Полска, поради што метеоролошката служба издаде највисоко предупредување за Варшава и за поголемиот дел од земјата. Највисоките температури се очекуваат во југоисточниот дел, каде што живата во термометрите може да достигне 40 степени Целзиусови. Во Варшава, според прогнозите, температурата ќе се искачи до 38 степени. Истовремено, метеоролозите предупредуваат дека високите температури нема да се задржат ...

Фудбалски натпревар во Тајланд заврши со трагедија откако гром удри на теренот и усмрти 24-годишен играч. Во инцидентот, уште 12 фудбалери се здобиле со повреди и изгореници. Несреќата се случила за време на регионалниот турнир „Голок куп“ на стадионот „Сантипап“ во провинцијата Наративат. На теренот во моментот на ударот играле аматерски екипи од Тајланд и Малезија. Снимка од натпреварот го прикажува моментот кога силен блесок од гром го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со тешка одлука околу понатамошниот тек на војната со Иран, оценува Си-Ен-Ен во своја анализа. Телевизијата предупредува дека конфликтот би можел да се претвори во најголемата грешка што ќе го одбележи неговиот претседателски мандат, бидејќи Трамп се наоѓа во ситуација од која ниту лесно може да излезе, ниту едноставно да прогласи победа. Според анализата, Трамп досега избегнувал масовна ...

Присуството на црногорски претставник на одбележувањето на годишнината од хрватската воено-полициска операција „Олуја“ предизвика различни ставови во црногорските институции. Од Кабинетот на претседателот Јаков Милатовиќ порачаа дека присуството не претставува државна обврска, додека Министерството за надворешни работи истакна дека Црна Гора веќе десет години континуирано испраќа претставници на оваа церемонија во Хрватска, согласно ...

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана побара официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик, покрај албанскиот. Иницијативата е упатена до градоначалникот на општината, претседателот на Општинскиот совет и општинските советници. Од друштвото посочуваат дека барањето се темели на Законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија. Со него се гарантираат правата на националните ...

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, тврди дека опозициската партија располага со информации од Брисел дека Владата веќе договорила конкретни чекори и дека прави пресврт во однос на своите претходни ставови. „Се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали што пристигнаа и од Брисел, Берлин и од Париз. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Сребро

1670.34