
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава. Ќе земе учеството на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст. Во Владата ја пречека премиерот Христијан Мицкоски, со кого е предвидено да одржат тет – а – тет средба по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации. На Меѓународниот аеродром во Скопје таа беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој ...
„Ќе испратиме многу писма“ – САД подготвени за нов бран царини Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема намера да ја продолжи тековната деведесетдневна суспензија на воведувањето трговски давачки за повеќето странски држави, откако таа истече на 9 јули. Оваа изјава доаѓа во клучен момент за глобалните економски односи, со што се зголемува неизвесноста за иднината на меѓународната трговија со САД. Трамп истакна дека ...
Македонското Министерство за надворешни работи информира дека на 29 јуни, во местото Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо, трагично загинало деветгодишно девојче со потекло од Македонија. МНР е во контакт со семејството на починатото дете. Деталите прочитајте ги во продолжение. ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Се удави 10 годишно девојче со македонско потекло Несреќата се случила покрај брегот на реката Пјаве. Конзулатот во Венеција е известен за ...
„Пописот како предавство“ – ВЛЕН со тешки обвинувања кон ДУИ за манипулации и намалување на бројот на Албанците Коалицијата ВЛЕН остро ја нападна Демократската унија за интеграција (ДУИ), обвинувајќи ја за повеќе од две децении „деструктивна власт“ која, според нив, довела не до развој, туку до масовно иселување на Албанците од Македонија. Особено се истакнува пописот од 2021 година, кој ВЛЕН го нарекува „срамно предавство“ и средство за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Фариш – Дреново, делница долга 10,2 километри и вредна речиси 45 милиони евра. (ВИДЕО) Николоски од отворање на патот Дреново – Фариш до Прилеп: Го избравме најбрзиот и најбезбеден пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува час и 15 минути Станува збор за значаен инфраструктурен проект што, како што истакна премиерот, претставува директна ...
Прв мандат со акцент на општините и рамномерен развој Во првата година од мандатот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвојува 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции насочени кон сите општини во државата. Од партијата информираат дека оваа финансиска поддршка има цел да го подобри животниот стандард на граѓаните, преку зајакнување на локалната самоуправа и финансирање на развојни проекти низ целата територија, пренесува ...
Се запали глисер – веднаш интервенирала полиција, армија и пожарникари Глисер кој утринава се спуштал низ Студенчишкиот канал во Охрид се запалил и предизвикал паника кај локалните жители и туристи. Според информациите што ги потврди охридската полиција, инцидентот се случил околу 10:20 часот, при што на терен веднаш реагирале екипите на СВР Охрид, езерската полиција, припадници од армискиот центар за обука на вода и противпожарната единица. ...
Почеток на високи разговори меѓу ЕУ и Западен Балкан во главниот град Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денес и утре ќе престојува во Скопје како дел од нејзината официјална посета на Македонија. Повод за посетата е учеството на лидерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан, на кој централна тема ќе биде Планот за раст за регионот. Како што соопшти Европската комисија минатата недела, Кос доаѓа во Скопје на состаноци со лидерите од Албанија, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски се обрати на пуштањето во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп. Тој најпрво упати честитки до граѓните до целиот регион. Ова лето граѓаните од тиквешкиот регион, Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани, но и сите кои сакаат да одат на одмор во Охрид и полесно да стигнат до таму може да го користат овој експресен пат. Би сакал да им честитам на сите кои беа ...
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бара итна разрешница. „Ова е доказ за тоталната безидејност на СДСМ. Кога немаат идеи – имаат омраза, кога немаат програма – имаат насилство, кога немаат политика и предлози – имаат некрофилија. Градоначалникот на Струмица и близок соработник на Заев, оди по неговите стапки. Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на ...
Попладневно капење заврши со трагедија Тешка несреќа ја потресе заедницата во Сан Џакомо ди Педероба, близу Тревизо, каде што денеска околу 16 часот животот го загуби десетгодишно девојче со македонско потекло. Како што јавува италијанската државна телевизија „Раи“, девојчето се удавило додека се капело во реката Пјаве со своите браќа. Инцидентот се случил за време на попладневен семеен одмор покрај брегот на реката. По ненадејното исчезнување ...
„Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците без учебници, наставниот кадар и стручниот персонал без достоинствени примања, а образовната инфраструктура целосно запоставена. За една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се започна со градење на модерен систем на образование кој ги вклучува сите чинители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За прв пат после 7 години, учебната ...
Утрово сообраќајот се нормализира, но протестниот дух останува жив По цела ноќ на блокади, демонстрации и судири со полицијата, Белград утринава (30 јуни) почна да се враќа во нормала. Министерството за внатрешни работи на Србија информираше дека сите блокади, вклучувајќи и многуте контејнери се отстранети и сообраќајот низ главниот град може да се одвива непречено. (ФОТО) СТУДЕНТИТЕ ЗАПОЧНАА „ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ“: Улици се блокираат со ...
Целосна забрана од 1 јули до 31 август поради ризик од пожари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека од утре, 1 јули, стапува во сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште низ целата држава, а истата ќе важи до 31 август 2025 година. Забраната е воведена како превентивна мерка против шумски пожари во период кога температурите се екстремно високи, а ризикот од пожари значително ...
„Граѓанска непослушност“ од Белград до Ниш – улици блокирани со контејнери Протестите во Србија преминаа на ново ниво откако властите започнаа масовни апсења по Видовденскиот протест. Ден по масовниот граѓански собир, улиците на Белград, Ниш, Нови Сад и други градови се претворија во сцени на организиран отпор – со контејнери поставени како барикади, блокирани крстосници и непрекинато присуство на демонстранти. БЕЛГРАД ПОД ОПСАДА: Ултиматум за ...
Нови индикатори и анализа за „Мој Термин“: Пренатрупаноста ќе се решава со системско филтрирање Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека според проценки на стручни медицински експерти, „во моментов, 70 отсто од пациентите што се лекуваат на терцијарно ниво, всушност припаѓаат на секундарното здравство“. Изјавата ја даде на прес-конференција во Министерството за здравство, одговарајќи на прашања за метежот и долгиот период на чекање ...
Пожарот во Визбегово на дивата депонија е ставен под контрола по интервенцијата на противпожарната бригада со 7 возила и 20 пожарникари. На депонијата сè уште чади, па две екипи дежураат на терен. Пожарот е во близина на хотелот „Њу Стар“, а оттаму бил пренесен од дивата депонија во Шуто Оризари – Визбегово. Од ЦУК велат дека е зафатена површина од 5 илјади квадратни метри, жито, магацин со градежни материјали и двор од околниот хотел. ЦУК бара ...
Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, јавно ширела невистини и клевети против него. Како што информира премиерот преку објава на социјалните мрежи, судот ѝ наложил на Петровска не само да се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите. „Ова е уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки ...
Напади во џакузи просторија во Барбаросабад Германската јавност е потресена по информациите за сериозен инцидент во јавниот базен во Барбаросабад, населба со околу 23.000 жители во Гелнхаузен, југоисточен Хесен. Минатата недела, неколку девојчиња пријавиле до персоналот на базенот дека група мажи ги допирале по целото тело во просторијата со џакузи. Настанот се случил околу 17 часот, по што веднаш била повикана полиција. Брза интервенција ...
Максим Димитриевски денеска беше едногласно реизбран за претседател на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија на вториот партиски конгрес. Тој најави дека ЗНАМ ќе дејствува како коректор на власта, која, според него, заслужува шанса бидејќи ја добила довербата од граѓаните на изборите. Неговата партија моментално има 2 министри во владата предводена од Мицкоски. „ЗНАМ не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, а уште помалку СДСМ. ЗНАМ е гласноговорник на ...
Од следната година уписот ќе биде целосно дигитализиран Од 2025 година, учениците кои се запишуваат во средно училиште повеќе нема да имаат обврска да доставуваат документи во хартиена форма. Министерката за образование, Јетонка Јаневска, најави дека процесот на упис ќе се одвива исклучиво по електронски пат. Новиот систем предвидува интеграција со електронскиот дневник кој стартува на 1 септември, преку кој автоматски ќе се издаваат и ...
Дел од пациентите побарале да останат подолго Во рехабилитацискиот центар „Пониква“ во тек е закрепнување на првата група пациенти повредени во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Министерството за здравство соопшти дека со нив работи стручен тим составен од пет физиотерапевти, физијатар и општ хирург, кои внимателно го следат процесот на нивно опоравување. „Дел од повредените изразија желба да останат и понатаму во центарот, заедно со ...
Претседателот на Србија најави дека нема да потпише помилувања за оние што поттикнуваат насилство Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска објави дека Србија, според него, „победила над насилството“ по синоќешните инциденти во Белград, каде што студентскиот протест заврши со судири и интервенција на полицијата. „Доаѓа време за одговорност. Нема да потпишам помилувања за гонењето на оние кои многу пати сме ги предупредиле да не учествуваат ...
Потполковник Максим Устименко соборил седум цели пред да загине во оштетен Ф-16 Украинската армија потврди дека пилот од прва класа, потполковник Максим Устименко, загинал во текот на масовен руски воздушен напад, откако неговиот авион Ф-16 бил оштетен при извршување на борбена задача. Командата на воздухопловните сили соопшти дека станува збор за најмасовниот напад врз Украина од почетокот на војната, при кој Русија користела повеќе од 500 ...
Четворица спасени од Охридското Езеро благодарение на брзата реакција на полицијата Четворица спасени од Охридското Езеро во саботата вечерта откако, поради лошите временски услови, ја изгубиле контролата врз едрилица. Инцидентот се случил на 28 јуни 2025 година, околу 19:30 часот, кога било пријавено дека неколку лица од пловен објект, кој се наоѓал 2,5 километри од брегот наспроти авто кампот „Извиднички“, повикуваат помош. Брзата интервенција ...
Одлуката донесена на барање на членството на партија на пензионерите: 90% поддржале коалиција со актуелната власт Партија на пензионерите официјално ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврди претседателот Илија Николовски. Одлуката, како што рече, е донесена врз основа на широк внатрепартиски консултативен процес и доминантно изразеното ...
Во изминатата една година остваривме голем дел од програмските определби и цели со што поставивме темели за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем кој ќе овозможи еднаквост, ефикасност, потребно знаење и вештини, синхронизираност со пазарот на трудот и генерално задоволство кај сите чинители на воспитно – образовниот процес. Фокус на Владата е и науката, се вложува двојно повеќе од претходно, така што овие два сегменти, ...
Во период од една година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди поддршка за општините за капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните. За сите општини на територијата на државата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини. Од првиот јавен повик 288 одобрени проекти за општините од областа на транспортот, животната средина, образованието, културата, ...
-Имав чувство јас како министер, со промената на владата дека почнуваме, не од нула да го градиме системот во земјоделство, практично да го враќаме од минус состојба, да е во една позитивна нула, рече Трипуновски. Трипуновски ја посочи состојбата во која водостопанството било оставено од страна на претходната влада и ја спомена браната Калиманци, каде водата се испуштала без потреба, што подоцна создало проблеми со наводнувањето и производството ...
Земјотресот од 3,3 степени според Рихтерова локална магнитуда е почувствуван утрово во Валандово и околината , соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија, го регистрирала земјотерсот утринава во 5 часот и 54 минути чиј епицентар потекнува од ...