Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Општина Аеродром продолжува со инвестиции за подобрување на условите за работа на Јавното претпријатие, со набавка на нова механизација и работна опрема, чија вкупна вредност изнесува околу 2,5 милиони денари. Тоа ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно одржување на јавните зелени и јавни површини. Во рамките на набавката е обезбедена современа механизација за косење, кастрење и одржување на зеленилото, и тоа тримери, моторни косилки, ...
25 годишен жител на тетовското село Мала Речица е задржан во полициска станица откакo по расправија во угостителски објект во Тетово со остар предмет повредил 53-годишен маж. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица. Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло ...
Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од јунската матурска сесија, откако беа разгледани поднесените приговори. Просечната оценка од сите три типа матура изнесува 3,66. Кај државната матура просекот е 3,62, кај државната стручна матура 3,91, а кај уметничката матура 3,59. Министерката Весна Јаневска изјави дека е задоволна од постигнатиот успех, кој е речиси на исто ниво со минатогодишниот просек од 3,69. За ...
Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња. -Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од ...
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, одржа работна средба со претставници на Здружението „ХЕМА-ОНКО“ – здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата „Пеперутки“, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита. Средбата доаѓа на денот на собирот на онколошките пациенти пред ресорното миистерство поради доцнењето на ...
Предлогот за подигнување двометарска бронзена скулптура на жена во традиционална македонска носија со две деца, во Нови Сад, предизвика дипломатски бранови во три балкански земји – Србија, Грција и Бугарија. Иницијативата дојде од Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонци во Војводина. Кој стои зад иницијативата? Предлогот го поднесе Националниот совет на ...
Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена доживеа незгода на настап во Будва, каде што падна на сцената за време на познатото замавнување со ногата, а сè беше снимено од нејзиниот обожавател во првите редови. Брена настапи во клубот „Топ Хил“, а со неколку измени во фенси фустаните и костимите, настапот не се разликуваше многу од концертите. Пред да почне да ја пее „Коловоѓа“, пејачката ја замавна ногата нагоре, што е еден од нејзините ...
На социјалните мрежи се сподели видео од Улцињ, Црна Гора во кое се сведочи како возило „бмв“ со тетовски регистарски таблички непрописно се паркирало и го затворило излезот за осум други возила. Во видеото, на кое се слуша дека го снима жена која повика доколку некој го познава возачот или доколку случајно сам го види видеото, да дојде и да реагира побрзо, бидејќи ќе бидат приморани да повикаат полиција, иако напомена дека тоа не ѝ било ...
Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница ...
Двата аеродроми се најбрзорастечки во регионот по бројот на патници. Тоа е лоша вест за опозицијата, но добра за граганите. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски. На одговор од новинарско прашање Мицкоски истакна дека податоците од операторот на двата меѓународни аеродроми и од Министерството за транспорт покажуваат значителен раст. „Она коешто охрабрува се податоците коишто операторот на двата меѓународни аеродроми ги пренесе, истото ...
Според најновите официјални податоци, јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и се спушти на 58,8 проценти од БДП, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Според изнесените податоци, тоа претставува намалување од 0,1 процентен поен во споредба со претходниот квартал од оваа година. „Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на ...
Современите рударски проекти мора да обезбедат високо ниво на заштита на животната средина, а државата треба внимателно да го следи нивното работење, смета претседателката на Македонското геолошко друштво, професорката Соња Лепиткова. Според неа, Македонија треба да ги препознае сопствените минерални потенцијали и да ги стави во функција на економскиот развој, но исклучиво преку одржливо користење на природните ресурси. Говорејќи за Иловица, ...
Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати. Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра, посочува Сергеј Попов, пратеник на ...
Уапсен е М. Ш. (39) од селото Челопек, тетовско, кој управувал патничко моторно возило во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес. Случајот доби големо внимание откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа автомобил со тетовски регистарски таблички како се движи во спротивна насока по коловозот од автопатот Скопје – Велес. Сообраќајната ситуација предизвика остри реакции и револт кај граѓаните поради сериозното ...
На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, ...
Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави ...
Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот ...
Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – ...
Џани Инфантино се извини за грешките поврзани со контроверзниот план дел од натпреварувањата под капата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да им се продаде на приватни инвеститори, но ќе остане претседател на светската фудбалска организација, откако доби поддршка од највисокото раководство на состанокот во Рабат, Мароко. По сè погласните критики за неговата идеја – од која, според медиумите, во меѓувреме се откажал – Инфантино ...
Секој шести Британец презема „драстични мерки“ како спиење во кујна, отсуство од работа или престој во хотели за да се справи со топлотните бранови, покажува истражување на хуманитарната организација „Ситизенс адвајс“. Од организацијата предупредуваат дека милиони луѓе во Обединетото Кралство се „заробени во домови што не можат да ги разладат“, при што речиси половина од испитаниците (44 проценти) посочуваат дека не се во можност да спречат ...
Речиси три децении по едно од најпознатите нерасветлени убиства во музичкиот свет, во Лас Вегас започна судењето на Двејн „Кифи Ди“ Дејвис, кој е обвинет дека учествувал во организирањето на убиството на легендарниот рапер Тупак Шакур. Шеесет и тригодишниот Дејвис е обвинет за убиство со употреба на смртоносно оружје и за дејствување во корист на криминална група. Тој се наоѓа во притвор од крајот на 2023 година, а во текот на целата ...
Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист. По него трагаше крајбрежната служба на Грција од неделата попладне. Тој заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, но ја напуштиле оти пловела без контрола во близина на грчкиот остров Сими. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските часови во морскиот дел западно од Сими било пронајдено безживотно тело кое било идентификувано како осмиот исчезнат ...
Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и на договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка-Деве Баир од Коридорот 8. Договорите се потпишаа во Владата, а присуствуваа премиерот ...
Бројот на пиварници во Германија опаѓа со години, а минатата година се намали за уште 53. Остануваат 1.415, најмалку во последните седум години, објави Дестатис по повод Меѓународниот ден на пивото, a објави B92 Минатата година, во Германија работеа 137 пиварници помалку отколку на повеќегодишниот максимум во 2019 година. Трендот одразува долгорочен пад на продажбата, заедно со вртоглаво зголемување на трошоците. Растот на продажбата на ...
Целта е поголемо домашно производство Македонија треба да произведува поголем дел од храната што ја троши и постепено да ја намалува зависноста од увоз, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА. Тој нагласи дека храната и водата претставуваат прашање на национална сигурност, бидејќи државата што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и зависна од ...
Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) соопшти дека при тестирање, моделите „Митос“ на компанијата „Антропик“ и „Сол“ на „ОпенАИ“ се обиделе да измамат луѓе за да ги исполнат зададените задачи. Според Институтот, најсериозниот инцидент се однесувал на моделот „Митос“, кој во рамките на тест од областа на сајбер-безбедноста се обидел да внесе злонамерен код во платформата „ГитХаб“. За да ги зголеми шансите за ...
СДСМ обвини дека Владата неодговорно постапува со состојбата со водата за пиење во Гостивар, по објавата на министерот за здравство Сашо Клековски дека официјалните резултати од анализата на водата ќе бидат познати до 20 август. „Како тогаш можеше да се тврди дека водата е технички исправна, ако анализите сè уште не се готови?“, прашуваат од СДСМ, оценувајќи дека Владата се обидува политички да ја претстави состојбата. Од партијата ...
Граѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода. И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна вода за пиење и со присуство на зголемен број на ...
Тениската ѕвезда Јелена Докиќ на заминување од Македонија им сподели на фановите видео на Инстаграм со избрани моменти од заедничкиот престој со нејзиното момче Јане Веселинов во земјата од која потекнува Македонецот од Мелбурн. „Беше магично. Прекрасно време во Македонија. Ти благодарам љубов моја Јане за неверојатните спомени и моменти. Навистина беше магично да го доживеам ова со тебе“, напиша полуфиналистката на Вимблдон од 2000 година и ...