
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Американскиот Сенат денеска го усвои таканаречениот „голем убав закон“ (big beautiful bill) на претседателот Доналд Трамп. Претставува масовен буџетски пакет што ги зацврстува неговите клучни политички приоритети. Предлог-законот беше изгласан со 51 глас „за“ и 50 „против“. Одлучувачки беше гласот на потпретседателот Џеј Ди Ванс, кој според Уставот има право да гласа во случаи на еднаков број гласови. Законот, обемен околу 940 страници, ...
Апелација одлучи во корист на Општина Струмица Апелацискиот суд од Штип донесе правосилна пресуда со која се потврдува дека водата за пиење во Струмица е „чиста, питка и биохемиски исправна“. Пресудата го потврдува тврдењето на градоначалникот Костадин Костадинов, кој повеќе од една година истакнуваше дека водата не била спорна. Градоначалникот обвинува за ширење паника Во објава на социјалните мрежи, Костадинов ја обвини Агенцијата за храна и ...
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска објави Јавен повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи од областа на летачките операции. Ќе финансира до 50 проценти од цената на чинење за обуките на 27 кандидати. АЦВ инвестира во иднината на воздухопловството Директорот на АЦВ Драги Стојаноски вели дека Агенцијата презема мерки за надминување на состојбата со сериозен недостаток на воздухопловен персонал. Одлучиле ...
Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги. По барањето што го упати минатата недела гувернерот на Народната банка Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација Претседателката на МБА, Маја Стевкова Штериева денеска изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките. Упати и на ветувањето од Народната банка за намалување на надоместоци што банките ги плаќаат за ...
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско. При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, ...
ЕУ го забрзува проширувањето, Планот за раст со видливи придобивки Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска на прес-конференција испрати силна порака за геополитичката реалност и новата динамика на проширување на Европската Унија. Таа подвлече дека е неопходно градење на силна Европа која самата ја одредува својата иднина, и во тој контекст ги вклучи и земјите од Западен Балкан како суштински партнери во процесот. Таа се осврна на ...
Јасна порака од ЕУ за неприкосновеноста на идентитетот Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, од Скопје упати јасна и силна порака во одбрана на македонскиот идентитет, потенцирајќи дека тој не смее да стане предмет на политички преговори. „Идентитетот се носи во душата, не на маса“ На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Кос подвлече дека идентитетот не се утврдува за преговарачки маси, туку се носи длабоко „во ...
Идентитетот не е само култура, туку и историја Премиерот Христијан Мицкоски подвлече дека македонскиот идентитет не може да се сведе само на гастрономски специјалитети и културна традиција, туку треба да се разбира и преку истакнати историски личности и настани. „За мене идентитетот се Гоце Делчев, Кузман Шапкарев, браќата Миладиновци, Илинденското востание, Дамјан Груев, Јане Сандански… Не сум сигурен дека колегите од исток ќе го споделат ова ...
Интегриран граничен систем стартува овој петок Од петок, 4 јули, на граничниот премин Табановце–Прешево ќе почне да функционира првиот интегриран граничен премин помеѓу Македонија и Србија, според моделот „One Stop Shop“. Овој систем, кој овозможува контрола само при влез во државата, има за цел значително да го намали метежот и времето на чекање, особено во летниот период на годишни одмори. Оваа новина доаѓа како резултат на зголемениот број на ...
Нови ленти за побрз излез и влез – олеснување за туристите и камионите Граничниот премин Богородица ќе добие две нови ленти за излез и една дополнителна за влез на товарни возила, потврди денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција во фокус на подобрување на граничниот проток. Со оваа интервенција, Министерството за внатрешни работи очекува значително да се намалат метежите, кои се појавуваат секое лето, кога ...
Системите се поврзани – родителите нема да имаат дополнителни трошоци Од следната учебна година, сите ученици од основното и средното образование ќе добиваат електронски свидетелства, наместо печатени. Оваа дигитална промена, како што соопшти министерката за образование Весна Јаневска, всушност веќе можела да се спроведе годинава, но Министерството одлучило таа целосно да се имплементира од следната година. Министерката објасни дека родителите ...
Запленети 100 килограми марихуана – Разбиен меѓународен канал за трговија со дрога Во координирана полициска акција спроведена вчера во Струмица, беа уапсени три лица, при што беше запленета голема количина на дрога. Возилото со кое се вршел транспортот било натоварено со 100 килограми марихуана, која, според сознанијата, требало да биде извезена надвор од територијата на Македонија. Нашиот медиум во текот на вчерашниот ден ја објави оваа вест. ...
Соопштението го пренесуваме во продолжение: „Како да не беше доволно насилството и заканите на нивниот советник во Советот на Општина Кочани, сега во исто сценарио влезе и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кој јавно се заканува на новинари и повикува на освета. Ова не може да биде случајност, тоа е сценарио на СДС и Венко Филипче да ги заплашат и замолчат новинарите, да не смеат да бидат критички кон нив. Ова го потврдува и фактот ...
Голем пожар избувна ноќеска во кочанско Оризари, при што биле опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма, информираат од СВР Штип. Инцидентот се случил околу 02:30 часот по полноќ, во близина на бензинска пумпа во кочанската населба Оризари. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип, пожарот бил локализиран и изгаснат. За среќа, нема повредени лица. Засега не се познати останати ...
Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријателства, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан, посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на ...
Сончево со умерена облачност низ целата земја Денешниот ден ќе биде претежно сончев, со мала до умерена локална облачност. Се очекува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува, дувајќи од северен правец. Минималните температури ќе се движат меѓу 11 и 22 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 31 до 38 степени. Скопје подготвено за тропски жежини Главниот град ќе има слични временски услови — сончево ...
Маск остро против новиот закон за трошоци: „Партијата на свињите ја води Америка“ Технолошкиот милијардер Илон Маск јавно се спротивстави на предлог-законот за даноци и трошоци, кој го турка поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и преку серија објави на социјалната платформа X упати жестоки критики кон политичарите што го поддржуваат. Маск најавува нова партија: „Америка е земја со една партија – партијата на свињите!“ Во продолжение ...
Упорноста во сите овие месеци и тоа што презентиравме дека постои инженерски, а не политички проблем, даде резултат. И доведе до тоа Бугарија да ги преземе своите обврски за изградбата на пругата од Коридорот 8. Ова го стакна во гостувањето на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, откако изминатиот викенд се сретна со својот бугарски колега Гроздан Караџов во Истанбул. -Ние подолг временски период имавме проблем ...
Пристапот до праведно финансирање е клучен услов за успех и за доверливи партнерства во справување со глобалните предизвици, порачала претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот, којашто под покровителство на ОН се одржува во Севиља. Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска – Давкова, таа во своето обраќање ја истакнала важноста на мултилатерализмот и заедничките ...
Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ. Достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација. -Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во ...
Изминатата година во изградбата на патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години. Ова го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. (ВИДЕО) Николоски од отворање на патот Дреново – Фариш до Прилеп: Го избравме најбрзиот и најбезбеден пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува час и 15 минути Во гостување на ТВ Сител, Николоски вечерва посочи дека суштинскиот проблем за доцнењето со изградбата на ...
Пред неколку минути на улицата „Климент Охридски“ во Струмица се одвива полициска акција со големо присуство на полициски сили, каде биле лишени од слобода три лица осомничени за шверц на наркотична дрога. Според неофицијални информации, Бирото за јавна безбедност преку Секторот за внатрешни работи Струмица се исправило на патот на канал за меѓународна трговија со марихуана, на релација Скопје – Струмица, со крајна дестинација најверојатно ...
Силен индустриски импулс – раст забележан во рударството, производството на опрема, возила и мебел Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, истакна дека зголемувањето на индустриското производство за 9,4% во мај 2025 година, во споредба со мај 2024, претставува јасен показател за стабилен курс на раст на македонската индустрија. Индустриското производство во март порасна за 5,2% – Мицкоски ја поздрави позитивната вест Во својата ...
Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за третман на онколошки заболувања. -Лекот Paclitaxel е навреме нарачан од Клиниката, но заради застој во дистрибуцијата, најавено ни е дека овие денови ќе биде дистрибуиран на клиниката. За paclitaxel има замена од истата група на лекови со идентична ефикасност и тоа е docatexel-от. Исто така, лекот Еrlotinib, се ...
Патот што го „глумеше“ вештачката интелигенција – сега е реалност на терен По повеќегодишни одложувања, денес официјално е пуштен за сообраќај експресниот пат од Фариш до Дреново, делница долга 10,2 километри со вредност од речиси 45 милиони евра. Министерот за транспорт, Александар Николоски, ја опиша изградбата како еден од најсложените инфраструктурни подвизи по автопатот Кичево–Охрид. (ВИДЕО) Николоски од отворање на патот Дреново – Фариш до ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава. Ќе земе учеството на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст. Во Владата ја пречека премиерот Христијан Мицкоски, со кого е предвидено да одржат тет – а – тет средба по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации. На Меѓународниот аеродром во Скопје таа беше пречекана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, кој ...
„Ќе испратиме многу писма“ – САД подготвени за нов бран царини Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема намера да ја продолжи тековната деведесетдневна суспензија на воведувањето трговски давачки за повеќето странски држави, откако таа истече на 9 јули. Оваа изјава доаѓа во клучен момент за глобалните економски односи, со што се зголемува неизвесноста за иднината на меѓународната трговија со САД. Трамп истакна дека ...
Македонското Министерство за надворешни работи информира дека на 29 јуни, во местото Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо, трагично загинало деветгодишно девојче со потекло од Македонија. МНР е во контакт со семејството на починатото дете. Деталите прочитајте ги во продолжение. ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Се удави 10 годишно девојче со македонско потекло Несреќата се случила покрај брегот на реката Пјаве. Конзулатот во Венеција е известен за ...
„Пописот како предавство“ – ВЛЕН со тешки обвинувања кон ДУИ за манипулации и намалување на бројот на Албанците Коалицијата ВЛЕН остро ја нападна Демократската унија за интеграција (ДУИ), обвинувајќи ја за повеќе од две децении „деструктивна власт“ која, според нив, довела не до развој, туку до масовно иселување на Албанците од Македонија. Особено се истакнува пописот од 2021 година, кој ВЛЕН го нарекува „срамно предавство“ и средство за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат Фариш – Дреново, делница долга 10,2 километри и вредна речиси 45 милиони евра. (ВИДЕО) Николоски од отворање на патот Дреново – Фариш до Прилеп: Го избравме најбрзиот и најбезбеден пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува час и 15 минути Станува збор за значаен инфраструктурен проект што, како што истакна премиерот, претставува директна ...