Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите истакна дека до средината на јули неговата партија ќе ги обелодени кандидатите за градоначалници. – Ние досега неколку пати потврдивме дека ЗНАМ на овие избори ќе учествува со кандидатски листи за советници самостојно како нов политички субјект. И тоа е добро за нас, да се провериме каде сме и како е ...

Александар Вучиќ игра шах – фотографија со порака „Моменти на релаксација“ Претседателот на Србија, Александар Вучиќ игра шах додека Белград протестира, и тоа го објави на Инстаграм со фотографија од зградата на Претседателството. На неа игра шах со Лука Петровиќ, градскиот секретар за инвестиции, придружена со коментар: „Моменти на релаксација“. Објавата дојде во истиот момент кога низ Белград се одвиваа студентски протести на Видовден. ...

Седум години… изгубени. Не беа само бројки, беа години во кои згаснуваа соништа. Во кои се гасеше светлината во очите на народот. Години во кои некој си играше со државата како со туѓа ствар. Со твојата мака, со твојата доверба. Секој почеток е тежок. А секој нов почеток е уште потежок. Зашто не почнуваш од нула, туку од минус. Од доверба што мора повторно да се заслужи. Ги поставуваш столбовите одново, ги зајакнуваш носечките што со години биле ...

Предвремени парламентарни избори или граѓанска непослушност – студенти и граѓани во Белград поставуваат ултиматум до власта Белград, 27 јуни – Предвремени парламентарни избори или граѓанска непослушност – тоа е ултиматумот што денеска го испраќаат студентите и граѓаните во српската престолнина. Белград попладнево ќе биде преплавен од демонстранти, кои од повеќе локации ќе се упатат кон плоштадот Славија, каде ќе се одржи масовен протест. Два ...

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче: „Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ. Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја. Исто така, добро е што СДС и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, ...

Недоразбирања околу малолетна ќерка завршија со насилство На 27 јуни 2025 година, околу 15 часот, во ходникот на Центарот за социјални работи во Пехчево, настанала физичка пресметка помеѓу две лица, поради недоразбирања поврзани со нивната малолетна ќерка. Настанот е пријавен во Полициската станица Пехчево. Според официјалната пријава, до инцидентот дошло по расправија помеѓу В.Т. (27) од Гевгелија и В.П.Н. (23) од Пехчево, при што В.Т. ја ...

Обвинувања за манипулација со бројките, поделба на Албанците и „тајна статистика“ Движењето „Влен“ денеска остро го критикуваше пописот на населението од 2021 година, нарекувајќи го „политички проект“ со цел, како што велат, „сведување на Албанците на хартија“ и нивно исклучување од статистиката и процесите на одлучување. Сејдиу обвини дека со потпис од ДУИ и техничка имплементација од СДСМ, Државниот завод за статистика бил претворен во ...

„Генерациски самит со историски последици“, оценува шефот на дипломатијата Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, во интервју за американскиот тинк-тенк „Atlantic Council“, изјави дека одлуките донесени на последниот самит на НАТО во Хаг ќе имаат долгорочни историски последици и ќе го обликуваат патот на генерациите што доаѓаат. Во интервјуто, Муцунски особено ја нагласува улогата на САД и ...

„Да знаеме што имаме, кого имаме и со што располагаме“ Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека ја поддржува идејата на премиерот Христијан Мицкоски за спроведување на вонреден електронски попис на населението. „Ја поздравуваме таа идеја на премиерот и го чекаме да дојде тој материјал до нас и веднаш потоа ќе се произнесеме. Да, добро е секогаш да знаеме што имаме, кого ...

Претседателот на Србија со најави за инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека очекува инциденти вечерва во Белград за време на протестот под мотото „Се гледаме на Видовден“, организиран од студентите што веќе неколку дена го држат главниот град под блокада. Според него, инцидентите ќе започнат во периодот помеѓу 20.45 и 21.45 часот, при крајот на официјалниот дел на собирот. Властите ќе ...

Средба со Олаф Шолц во рамки на Конгресот на СПД Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Берлин испрати јасна порака за заштита на македонскиот јазик и државните интереси. Во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), тој оствари средба со поранешниот канцелар Олаф Шолц. Во своето обраќање, Филипче изрази благодарност во името на партијата и граѓаните за континуираната и принципиелна поддршка што Германија и ...

Средба Николоски – Караџов: Тунел е од суштинска важност за Коридор 8 Средбата помеѓу македонскиот вицепремиер Александар Николоски и бугарскиот министер за транспорт Гроздан Караџов, одржана во рамки на Форумот „Глобална транспортна поврзаност“ во Истанбул, донесе неколку клучни резултати. Најважната – и двете страни се согласија дека мора да се гради заеднички тунел меѓу Македонија и Бугарија како суштински чекор во реализацијата на ...

„Очигледна и глупава лага“, порача Трамп до Хаменеи Поранешниот американски претседател Доналд Трамп остро му одговори на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хаменеи, кој претходно ја прогласи „победата над Израел“ и го критикуваше Трамп во своето обраќање. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Хамнеј „таканаречен врховен лидер“ и оцени дека изјавата за победа е „очигледна и глупава лага“. Повлечени авиони, ...

Средба лице в лице меѓу Мицкоски и Кос – почеток на важен дијалог Во главниот град Скопје, во текот на понеделник и вторник, ќе се одржи значаен самит на лидерите од Европската Унија и земјите од Западен Балкан, со фокус на Стратегијата за развој на регионот. Како што информираа од Владата, централна улога на овој настан ќе има еврокомесарката за проширување, Марта Кос, која доаѓа во официјална посета на Северна Македонија. „Во понеделник ќе се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов. Средбата се одржа во рамки на Форумот “Глобална Транспортна Поврзаност” што се оддржува во Истанбул, каде свое обраќање имаше и вицепремиерот Николоски. На средбата беше истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на ...

Обвинувања за етничка нерамноправност во МВР Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) повторно излезе со критика кон државните институции, овојпат реагирајќи на јавно изнесените ставови на Независниот полициски синдикат. Според партијата, изјавите на синдикатот недвосмислено потврдуваат дека Албанците во полицијата се систематски дискриминирани и дека со години се спречени да напредуваат во службената хиерархија. „Според претставници на ...

Исклучени од светот: Иранците без пристап до информации и до најблиските Војната меѓу Иран и Израел прерасна во крајно брутален судир, без милост и граници. Израелската операција „Лав во издигнување“, иако официјално беше најавена како напад врз воени цели, брзо доби поинаков лик. Цивилните жртви се бројат со стотици, а последиците од ракетите, дроновите и хаосот не ги поштедуваат ни жените, ни децата, ни старците. Како дополнителен удар, ...

Попладнево во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“. Родителите и блиските од семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно ќе излезат на улица за да побараат правда, но и поголема поддршка за побрзо закрепнување на повредените во трагедијата. И овој марш ќе почне од Паркот на револуцијата, ќе продолжи кон трговскиот центар, Општина Кочани, а оттаму кон полициската станица и пред Основниот суд и ...

Заштитна мерка против пожари: нови рестрикции за движење Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) од 1 јули стапува на сила нова забрана за слободно движење низ македонските шуми. Одлуката доаѓа како превентивна мерка поради високите температури и зголемената опасност од шумски пожари – опасност која лани предизвика големи материјални штети низ целата држава. Според новите правила, движењето во шумските подрачја ќе биде ...

Скопје меѓу најтоплите градови во Европа Скопје меѓу најтоплите градови во Европа – главниот град денеска достигна 41,7°C во скопското село Петровец, според мерењата на метеоролошкиот портал „Огимет“. Температурата е регистрирана помеѓу 14 и 15 часот. Највисоката температура на европскиот континент ја имаше турскиот град Ајдин, каде се измерени 42,6°C. Веднаш зад него беше Фетие, исто така во Турција, со 41,7°C. Покрај Ајдин и Фетие, топлотниот ...

Промоција на дигиталната лична карта и возачката дозвола Дигиталната лична карта и возачката дозвола ќе бидат достапни за сите граѓани од 1 октомври, преку мобилна апликација што ќе се промовира на Самитот за дигитализација на Западен Балкан. Настанот ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври, а од тој ден, ќе може да се симне и тест-верзијата на апликацијата, информира Министерството за дигитална трансформација. Апликацијата ќе функционира како ...

Одбележувањето на 104 години од смртта на Ѓорче Петров „Ѓорче Петров беше државник пред да постои држава“, порача премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 104 години од смртта на македонскиот револуционер. Во говорот, Мицкоски се повика на еден од најпознатите цитати на Ѓорче Петров: – Нашето движење е народно, без разлика на вера и народност, а стремежот е кон автономија, кон самостојност и достоинствен живот, рече премиерот, ...

Меџити: Реконструкцијата на водоводната мрежа – залог за чиста вода и здравје Министерството за животна средина и просторно планирање официјално ја започна првата фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа преку замена на азбестни цевки во градот Струга. Проектот е вреден 90 милиони денари, односно приближно 1,5 милиони евра, и има цел да ја подобри безбедноста на водоснабдувањето и да го заштити јавното здравје. Проект со стратешко значење ...

Софија е влезена во многу опасен наратив, кој е спротивставен со стратешките интереси и на ЕУ и на НАТО, а кој одговара на трети страни кои сакаат нестабилност во регионот, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција на која даде отчет за стаботеното во изминатата година – Сакам да ја повикам Софија да се однесува рационално, да не биде заглавена во ретроградните наративи кои што за ...

На 8 август ќе бидат официјално распишани локалните избори, а според предвидениот изборен рок од 60 до 90 дена, првиот круг најверојатно ќе се одржи на 26 октомври, а вториот две недели подоцна – на 9 ноември, пренесе телевизијата „Канал 5“. Но она што го засенува изборниот календар е правниот вакуум за независните кандидати, кој настана откако Уставниот суд ги укина спорните одредби од Изборниот законик – токму оние што го зголемуваа бројот на ...

Малолетник прободел друг малолетник на Партизанска – 16-годишник напаѓал со нож по расправија Малолетник прободел друг малолетник на булеварот Партизански одреди во Скопје. Настанот се случил на 2 јуни, а напаѓачот, 16-годишно момче, е пријавен за кривично дело „тешка телесна повреда“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според официјалните информации од истрагата, инцидентот започнал со вербална расправија меѓу двајцата малолетници. ...

Данела Арсовска му нудела пари на Латас – сведоци потврдиле дека целта била соборување на Мицкоски Данела Арсовска му нудела пари – ова го тврди новинарот Драган Павловиќ-Латас во најновата епизода од подкастот „Проверитас“. Тој откри дека средбата се случила во присуство на четворица сведоци, и дека понудата била поврзана со проекти на американската амбасада. Вели дека целта била – соборување на премиерот Христијан Мицкоски. Латас изјави дека ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и утре учествува на Форум за министри за транспорт што се одржува во Истанбул. Во планираната агенда е предвидено обраќање на вицепремиерот Николоски на панелот насловен „Иновативни можности и решенија за финансирање на транспортни коридори”. На Форумот „Глобална Транспортна Поврзаност” предвидено е да се обрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, министерот за ...

Жените и децата најчести жртви Во првиот квартал од 2025 година, дури 391 лице во Македонија било жртва на насилство. Од нив, 284 се жени, 54 деца, а 53 мажи, покажуваат официјалните податоци на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Стапката на насилство останува алармантна, при што најголем дел од сторителите – 266 од вкупно 286 – се мажи, објавува ТВ21. СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО БУТЕЛ: Жена нападната со чадор и давена од својот ...

Долгогодишна мистерија доби неверојатен пресврт Хрватскиот државјанин Борис Ц., кој пред речиси три децении исчезна од германскиот град Виерсен, е пронајден жив во Франција, пишува Јутарњи лист. Случајот што со години се водеше како нерешено убиство, конечно доби неочекуван развој. Борис живее под ново име и има ново семејство. Во 1994 година, кога исчезнал, Борис имал 37 години. Неговиот автомобил бил пронајден во Дизелдорф, а во него – траги ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
37%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
5.66
37%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 27ᴼ
1.54
44%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.9
28%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.73
32%
1020
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.03
75%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.2
52%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
0.51
31%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
35%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
39%
1020
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
40%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
12.86
51%
1015
Currency

61.54

Currency

52.5547

Currency

71.3135

Currency

34.3787

Currency

38.1702

Currency

65.2959

Currency

7.32516

Currency

0.66149

Currency

0.35636

Currency

0.52485

Currency

1.28904

Currency

0.60088