Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Денеска до 18 часот има два активни пожари на отворено, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека гори кај местото викано Стојанова Населба во селото Грешница во Општина Македонски Брод и меѓу селата Ново и Старо Коњарево во Општина Струмица. Денеска се регистрирани вкупно 18 пожари, од кои 12 се изгаснати, а четири се ставени под контрола. Под контрола се пожарите кај депонијата во Делчево, кај селото Падалишта ...
„Несудениот амбасадор и неуспешен градоначалник на Центар можеби посакува, но ниту ќе биде прифатен францускиот предлог, кој предавничкиот СДС слепо го прифати за ден повеќе да остане на власт, ниту ќе има отстапки од веќе утврдени позиции. На Македонија местото ѝ е во Европската Унија како рамноправна членка и почитуван рамноправен партнер, со зачувано национално достоинство и национални идентитетски обележја“, се вели во партиската реакција ...
Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово оствари средба со вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Никол Варнс, на која разменија мислења за актуелните политички случувања, но и за зајакнување на партнерството меѓу двете земји. Од средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со в.д. амбасадорката на САД во земјава, Никол ...
Ерол Ризаов Во некои држави пишувачите на говори на претседателите и на премиерите се познати во јавноста. Тоа се уважени, ценети и компетентни личности кои ја работат одговорно својата работа во согласност со значењето на поводот за обраќање до граѓаните на највисоките државници, политички лидери и јавни личности. Кај нас пишувачите на говори анонимноста ги ослободува од секакава одговорност за секој напишан збор, бидејќи нарачките се ...
Од скопското обвинителство информираат дека е поднесена жалба на ослободителната пресуда за случајот ,,Талир 2″. -Надлежниот јавен обвинител ја прими првостепената пресуда и вложи жалба, информираа од Обвинителството. Инаку, пред неполн месец во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе престојува во официјална посета на Република Србија во сабота, 8 август 2026 година, пренесоа медиумите во Србија. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го пречека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти Службата за соработка со медиумите на Република Србија. Вучиќ и Зеленски претходно се сретнаа во Киев. кога претседателот на Србија го посети Киев кон средината ...
Четириесет и осумгодишна жена е тешко повредена откако ја удрил автомобил „фиат“ во скопската населба Ѓорче Петров, соопшти МВР. Возачот потоа избегал од местото, оставајќи ја тешко повредената жена на патот. „На 05.08.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, патничко возило „фиат“ удрило во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата со ...
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ. Обвинителството побара судењето да се одржи во нивно отсуство. Во соопштението на Обвинителството, обвинетите се идентификувани само со иницијали и се товарат за воени злосторства против цивилното ...
Германскиот институт за јавно здравје „Роберт Кох“ ја зголеми проценката за бројот на смртни случаи поврзани со екстремните горештини оваа година на приближно 11.900. Според ревидираните податоци, околу 9.600 смртни случаи се поврзуваат со топлотниот бран во периодот од 22 до 28 јуни, кога температурите во многу делови од Германија достигнаа речиси 40 Целзиусови степени. Претходната проценка за истиот период изнесуваше нешто повеќе од 5.000 ...
Сообраќајна несреќа во која учествувал трамвај во западниот германски град Гелзенкирхен во четврток повреди 25 лица, од кои 10 сериозно. Како се случил судирот Полицијата соопшти дека трамвај што се користел за обука одеднаш застанал во центарот на градот во близина на арената Велтинс. Трамвајот зад него, кој превезувал патници, се судрил со „запрен или бавно движечки“ трамвај, објасни портпаролката на полицијата. „Според моменталната ...
До 22 август годинава истекува максималниот законски рок за мерката куќен притвор на ексвицепремиерот Артан Груби, висок функционер од редовите на Демократската партија за интеграција (ДУИ). Доколку до тој датум Обвинителството не подигне обвинение, мерката ќе биде укината, објави порталот „СДК.мк“. Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и ексминистер за политички систем / Фото: Архива Груби, дома е од 23 февруари, односно истиот ден кога се ...
Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Ново Село Денеска сме тука во Ново село поради инцидентот кој што се случи синoќa. Инцидент кој што не требаше да се случи, но кога веќе се случи, благодарение на организираната криминална група на Христијан Мицкоски, не смее и не треба да се премолчи. Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е ...
Бројот на основци во земјава е значително намален и во моментот имаме 4 900 првачиња помалку од лани, кажа денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Бројката не е дефинитивна, затоа што уште ќе се запишуваат, напомена министерката, но останува фактот дека има драстичен пад. „Бројката во основни училиште е значително намалена и во овој процент се ближи над 4 000 деца помалку од лани. Не е дефинитивна бројката затоа што уште ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана. -Надзорите беа спроведени во Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската документација, а беа ...
Вчера во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно ...
Хемиско вештачење покажува дека мазутот кој РКМ ДОО Скопје е со соодветен квалитет и ги имал потребните сертификати согласно позитивните законски прописи. Сведок од ЕСМ вели дека секоја цистерна е примена со сертификат за квалитет, а претходно и самата ОКТА, од каде е купен најголем дел од мазутот, потврди дека мазутот бил согласно стандардите. – Параметрите за квалитет на мазут кои се дел од Договорот на ДПТУ РКМ ДОО Скопје со АД ЕСМ се ...
Соопштение на Левица: 🚨Веќе набрани, во време кога на сила е забраната за движење во шума, ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА на дрвократци, највероватно логистички потпомогната од страна на концесионерите за сеча, ГИ КРАДАТ ДРВАТА пресечени по налог на Ј.П. Национални Шуми (претходно Македонски Шуми), со што штетата врз граѓаните ја проценуваме на над 15.000.000,00 денари. Штетата по екосистемот е непроценета и допрва ќе ги согледуваме последиците. 📢Ова ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на најавата дека во претстојната учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку, оценувајќи дека тоа е најсериозниот показател за состојбата во државата. Од партијата велат дека изјавата на министерката за образование е „најтешката оценка за политиките на Владата“ и предупредуваат дека намалувањето на бројот на првачиња не е само статистички податок, туку сигнал дека ...
Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.С.(26) од Скопје. Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски ...
Шефот на дипломатијата смета дека земјава станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови можат да го попречат процесот на проширување на ЕУ Идејата за промена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Политико“, говорејќи за закочениот евроинтегративен пат на земјава. Неговата оценка е дека Македонците се ...
Пожар избувнал во стан на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, при што три лица, меѓу кои и двајца полициски службеници, побарале лекарска помош поради вдишување чад. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека настанал пожар во стан сопственост на Г.С. (36). Екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар интервенирала и го изгаснала пожарот. Поради вдишување ...
Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат се воведени оваа година. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по ...
Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, денеска соопшти дека во најголемата еднодневна акција за спасување што досега ја спровеле безбедносните сили на земјата биле ослободени најмалку 308 лица кои претходните месеци биле киднапирани во повеќе напади на северот од Нигерија. Како што наведе Тинубу во соопштение, меѓу ослободените се 163 луѓе киднапирани во февруари од заедницата Воро во областа Кајама, во сојузната држава Квара, како и 145 ...
Во плевна во селото Логоварди, Општина Новаци, вчера избувнал пожар во кој е причинета голема материјална штета, информира Министерството за внатрешни работи. Пожарот бил пријавен на 5 август во 11:30 часот во СВР Битола. Според пријавата, огнот избувнал во плевна сопственост на В.Д. од селото Логоварди. Во пожарот изгореле 800 бали сено, 600 бали слама, 3.500 килограми пченица, молзачка за млеко, како и други предмети. Екипа на ...
За власта ова е најсложен инфраструктурен проект што го имала државата. На 22 километри ќе има вкупно 21 тунел и уште 52 мостови и вијадукти Овој проект нема да заврши на половина тунел, во слепа улица, кажа премиерот Мицкоски Со 149 милиони евра грант од Европската Унија и по 175 милиони евра кредити и од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, почнува третата фаза од изградбата на железничкиот коридор 8, ...
Во пресрет на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Брисел, СДСМ преку соопштение обвини дека Владата подготвува „таен план“ поврзан со евроинтеграциите и евентуалното продолжување на преговорите со Европската Унија. Од партијата велат дека Брисел во август не е дестинација за туристички посети, туку место каде што се оди исклучиво кога има конкретни разговори со институциите на Европската Унија. Според нив, посетата на Мицкоски доаѓа ...
Не размислуваме за зголемување на цената на струјата, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека иако од почетокот на годината наваму има големи предизвици, Владата се справува. Одговорот на Мицкоски дојде по новинарско прашање – колку вложувањето во обновливи извори на енергија ќе ја зголеми отпорноста на енергетскиот систем на климатските промени, кои веќе не се само еколошки, туку и енергетски предизвик. Премиерот потсети ...
СДСМ вчера соопшти дека за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски во Ново Село биле нападнати млади активисти на партијата По вчерашните случувања во Ново Село, СДСМ бара Јавното обвинителство и полицијата веднаш да ги пронајдат и да ги приведат напаѓачите. За потсетување, СДСМ вчера соопшти дека за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски во Ново Село биле нападнати млади активисти на партијата. Тврдат дека меѓу луѓето ...
Многумина беа повредени, а голем број домови уништени Пред десет години на денешен ден, скопските села Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново беа погодени од катастрофални поплави во кои животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва е двегодишно дете, многумина беа повредени, а голем број домови уништени. Невремето започна во попладневните часови, кога селиот Скопски Регион беше погоден од обилни дождови и силен ветер. Во текот на ноќта беа ...
Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Просечната ...