Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Големиот пожар што денеска избувна во Волково и се закани на куќи повторно го отвори прашањето за запуштените и необработени парцели, за кои жителите велат дека со години претставуваат сериозен ризик во летниот период. На социјалните мрежи, веднаш по интервенцијата на пожарникарите, граѓаните покренаа иницијатива да се воведат законски обврски и санкции за сопствениците кои не ги одржуваат своите ниви и имоти „Ќе донесете ли закон за ...
Продолжуваат препукувањата, обвинувањата и навредите на релација СДСМ-Иван Стоилковиќ. Откако утрово опозициската партија порача дека „Стоилковиќ навредува – криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ“, министерот за локална самоуправа преку социјалните мрежи ја осуди објавата и порача дека политичката битка не треба да се претвора во ваков тип на навреди. „Порака со умреница, баш очајно! И во живо и на ...
„Ова е неговото прво доаѓање на Света Гора како епископ, но и прво богослужбено претстоење на Атон по цели триесет и шест години – од времето кога, како млад богослов и искушеник, извесен период живеел во свештената Обител Григоријат“, велат од Бигорскиот манастир фото: Бигорски манастир Епископот антаниски г. Партениј, кој е игумен на Бигорската свештена обител, деновиве престојува на поклонение на Света Гора, соопштија од Бигорскиот ...
ЦУК информира дека денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а осум пожари се изгаснати. Активни пожари има во општина Долнени: с. Бело Поле (ниска вегетација) и с. Браилово (ниска вегетација), како и во Општина Аеродром: с. Горно Лисиче (ниска вегетација). ЦУК информира дека се изгаснати вкупно осум пожари. Меѓу изгаснатите пожари се и тие од околината на Скопје, односно во ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Т. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, на работно место помлад полицаец во Полициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк – ...
Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно – соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. На пожарот интервенираат пожарникари од БППЗ, а се упатени и четири пинцгауери на ДЗС. Попладнево пожар избувна и во скопско Влоково, каде гореше ниска вегетација, и тој постепено се става под контрола. Анеглов информира дека исто така е изгаснат и ...
Дрон што носеше „значителна количина експлозив“ влезе во бугарскиот воздушен простор во саботата наутро и експлодираше недалеку од границата со Романија и Трансбалканскиот гасовод, а потоа се урна во поле, но немаше жртви, објави бугарскиот премиер Румен Радев. „Дронот експлодираше во непосредна близина на граничниот премин Кардам со Романија“, во близина на Црното Море на североистокот на земјата и „1.000 метри“ од компресорска станица на ...
Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во земјава со владин авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се повредил при несреќен случај на тобоган, по што на ...
На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје,скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна ...
Утрово во СВР Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопедот со кој се движело испукало неколку куршуми од автоматско оружје кон семејната куќа на Ш.Б. (48), по што се оддалечило од местото. При извршениот увид биле констатирани оштетувања на металната порта од дворот, фасадата на куќата, објект во дворот, како и на патничко возило „BMW“ кое било паркирано во близина. Од местото биле подигнати шест проектили за ...
Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи – објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби, се вели во соопштението од СДСМ. “Денес, на ...
Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиле од СОЗР за 4news.mk Младиот македонец по пад од тобоган се здобил со тешка повреда, скршил вратен пршлен. Со возилот на брзата помош тој е префрлен на скопските клиники. Здравствените власти од Турција одобриле момчето да биде донесено во земјава со авион, а не со медицинско возило, па на барање на родителите ...
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес повторно беше прекината откако лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, повторно побара дополнително време за разговори со лидерите на другите партии за изборот на нов собраниски спикер. Deputetja e AAK-së hedh vezë në drejtim të Kurtit gjatë seancës së Kuvendit 🇽🇰 Deputetja e Aleancës për Ardhmërinë e Kosovës, Time Kadrijaj, hodhi vezë në drejtim të kryeministrit në detyrë, ...
Унгарско-канадскиот лекар и автор на бестселери Габор Мате, во повеќе свои јавни настапи објаснува дека хормоните на стресот (кортизол, адреналин) еволуирале како краткорочен механизам за преживување, “бори се или бегај”. Проблемот вели тој, настанува кога стресот ќе стане хроничен, особено кога е поврзан со потиснати емоции. Телото тогаш останува во постојана состојба на алармираност, имунолошкиот систем се уморува, и токму тука Мате ја ...
Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, по денешната средба во Белград порачаа дека двете земји сакаат да ја зајакнат економската и политичката соработка. Вучиќ е скептичен околу можноста за брзо членство на Србија во Европската Унија, додека Зеленски најави напредок во преговорите за договор за слободна трговија. Посетата е исклучително значајна имајќи го предвид блискиот однос на Белград со Москва и ...
Два поголеми пожари избувнаа денеска на територијата на Скопје, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Пожар избувнал во населеното место Волково, каде интервенираат екипи на БППЗ Скопје. Според информациите, пожарот постепено се става под контрола. Во исто време, пожар избувнал и на територијата на Општина Сопиште, во пределот зад Водно. Таму започнува интервенција на БППЗ Скопје, а дополнително се упатени и четири „пинцгауери“ ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма информираат дека посетата на Белгија на премиерот освен приватен има и службен карактер – приватниот дел од патувањето ќе биде во Бриж, додека службениот ќе го помине во Брисел. Од таму не наведуваат која институција тој службено ќе ја посети и со кого ...
Вчера во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина ...
Владејачката партија смета дека со случувањата во Ново Село СДСМ покажал тотална дезориентираност. „Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што двајцата лидери заминаа на тет-а-тет средба Зеленски, кој вчера пристигна во Белград, со највисоки државни почести беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ. Пред Палатата „Србија“ беа интонирани химните на двете земји, а двајцата претседатели извршија смотра на почесната гарда. По официјалната церемонија стартуваше ...
🌶️ Трет ден протест на земјоделците од Струмичко! Земјоделците и денеска го изразуваат незадоволството поради ниската откупна цена на црвената пиперка. Тие бараат реална и фер цена за својот производ, со која ќе можат да ги покријат трошоците и да го вреднуваат својот труд. Извор+фото: Strumica live 🌶️ Трет ден протест на земјоделците од Струмичко! Земјоделците и денеска го изразуваат незадоволството поради ниската откупна цена на ...
Актуелниот шпански првак Барселона го откажа пријателскиот натпревар против мароканскиот клуб Етихад поради актуелната криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута. Барселона требаше да одигра контролен натпревар против Етихад на 15 август во северозападниот дел на Мароко како дел од подготовките за новата сезона, но шпанскиот клуб одлучи да ја откаже посетата. „Со оглед на моменталната неизвесност и околностите, веруваме дека не ...
Во 10:05 часот наутро, во близина на Крижевци, се случи судир помеѓу товарен и патнички воз на Хрватски железници. Има повредени, а според првичните информации, машиновозачот на патничкиот воз е тешко повреден. Во моментот на судирот во патничкиот воз имало околу 20 патници. Полицијата и брзата помош се на местото на настанот. Линијата е затворена за сообраќај. Има пожарникари, амбулантни возила… Ужасна слика Жена која била во патничкиот воз ...
Премиерот Мицкоски кога се пресметуваше со опозицијата и ја нарече талог на општеството, се обрати со вистинскиот речник со кој го славеше 2 август, како што му прилега на празникот. Суптилно, дипломатски, господски, како што доликува на најголемите државници во историјата на човештвото. Драго ми е што премиерот не го признава овој празник дека е важен за македонската држава, дека темелите на оваа држава не се ниту во НОБ и АСНОМ, ниту во ...
По преземени мерки и активности, СВР Скопје лишило од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР. На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во ...
Денес, целата јавност е скандализирана од реакцијата на партијата Влен и нивното прозивање на обвинителството. Меѓународната заедница континуирано известува за притисокот на владата врз обвинителството и судовите, додека Влен јавно го потврди ова сомневање денес, велат од ДУИ. „Извештајот на Европската Унија предупредува како никогаш досега за политичко мешање во владеењето на правото. Обвинителството и судовите мора да одлучуваат врз основа ...
Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак. Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован ...
Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“, прашуваат од опозициската СДСМ. „Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше? Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата? Тошковски сигурно исто ...
Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија денеска на Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината. -Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Десет имиња кои Македонија нема право да ги ...