Спорната зделка се однесува на марината и крајбрежното шеталиште во комплексот Луштица Беј кај Тиват, изградени на државно земјиште со површина од околу 18 000 метри квадратни. Како што објави црногорски „Вијести“, Владата на Црна Гора на 29 јуни го прифатила барањето на „Луштица Девелопмент“ со што требало да се овозможи воспоставување заложно право во корист на Алта банка – Белград како обезбедување за враќање на кредитот од 15 милиони ...

Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано од долгиот период на голема суша, откри историска глетка во самиот центар на унгарската престолнина. Во непосредна близина на унгарскиот Парламент, од речното корито се појавија остатоци од Втората светска војна кои лежеле недопрени 81 година. Случајните минувачи и локалните власти забележале метална конструкција и материјали во калта, по што веднаш биле повикани специјализирани ...

Трагичен сообраќајен инцидент се случил рано утринава во ресенскиот регион, каде животот го загубил 44-годишен жител на Љубојно. Според информациите од МВР, околу 05:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на влезот во село Брајчино, Ресенско, мотоциклистот В.Т. (44) од Љубојно, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата тој се здобил со тешки повреди, од кои починал ...

Од утре патниците во градскиот и приградскиот превоз во Кавадарци ќе можат да го платат билетот само безготовински. ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информира дека готовина повеќе нема да се прима во автобусите. Плаќањето ќе се врши со КА-карта или со платежна картичка Visa или Mastercard, преку бесконтактно плаќање директно во автобусот. Од претпријатието информираат дека официјални места за продажба и надополнување кредит на КА-картите се ...

Тој во изјава за медиумите посочи дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. „Пациентот е во добра состојба. Виталните параметри се стабилни. Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови се негативни на инфекција и најверојатно станува збор за реакција на транспортот и претходната операција. Од ...

Вчера во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот. Полициски ...

Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност и Јавното обвинителство е должно да постапи веднаш, но наместо тоа одлучи да молчи, обвинуваат од опозициската СДСМ. Кети Штерјова од СДСМ на денешната прес-конференција истакна дека иако има јавни изјави и познати имиња, реакција од правосудните органи сè уште нема. „Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според ...

Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 13 часот денеска, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет пожари се активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати. Активни пожари има во пет општини. Во Општина Аеродром, пожарот е регистриран во село Горно Лисиче, каде што гори ниска вегетација, дрва и пченка. Во Општина Илинден, активен е пожарот на автопатот ...

Окружното обвинителство во Пловдив побара притвор за пет тинејџери, три момчиња и две девојчиња на возраст од 14 до 17 години, кои под маската на „ловци на педофили“ претепаа 37-годишен маж, кој подоцна почина во болница. Злосторството било претходно планирано преку социјалните мрежи, а нападот бил снимен со мобилен телефон. Истрагата покажа дека на нападот му претходела планирана комуникација на социјалните мрежи. Една од девојките во ...

Ноќеска во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагира дека записниците од владините седници не се објавуваат и на албански. Оттаму велат дека се работи за практика која трае речиси една година. „Последниот записник објавен на албански јазик е од 19 септември 2025 година. Оттогаш се одржани 83 седници на Владата, а записниците од нив сè уште ги нема во албанската верзија на официјалната веб-страница. Станува збор за официјална документација на ...

Основното јавно обвинителство-Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. „Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои ...

Пожарот што вчера околу 11 часот избувна на депонијата за комунален отпад во непосредна близина на Крива Паланка е од поголем обем, а во неговото гаснење повеќе од 15 часа се вклучени сите расположливи служби, информира градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски. Митовски посочи дека во текот на ноќта во гаснењето активно учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, вработени во јавното претпријатие ...

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија на владејачката партија Тиса, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Маѓар објави на Фејсбук дека Бака ја прифатил номинацијата од желба да ѝ служи на нацијата и да работи за единството на унгарскиот народ и создавањето демократска, европска Унгарија. Унгарскиот премиер објави фотографија направена за време на средбата со Бака, кога ...

Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола. Но, за разлика од политичките прес-конференции на Филипче, бројките не можат да се приспособуваат според дневнополитичките потреби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. На 27 март Филипче тврдеше: „Сведоци сме како цените на храната растат ...

На локалниот пат Илинден – Марино, ноќеска на една минута по полноќ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол. Тестот покажал дека тој има 2,13 промили алкохол во крвта, а возел и без дозвола. – При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило ...

Соопштение на Сдсм Вчера конечно добивме име и презиме на авторот на текстот полн со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и проф. д-р Венко Филипче. Авторот е Мирослав Тричковиќ.Прво го потпиша како „Србите”. Вчера призна – тој лично бил. Кој е навистина Мирослав Тричковиќ? • Бил советник во Советот на Општина Куманово од листата на ВМРО • Висок функционер на Демократската партија на Србите во Македонија • Долгогодишен близок ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба. На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе. Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него. Снимката е објавена откако во ...

Против поранешниот унгарски министер за надворешни работи Петер Сијарто е поднесена кривична пријава поради сомнеж за примање поткуп, објави унгарскиот портал „Индекс“. Пријавата ја поднел унгарски активист, а обвинителството ја проследило до полициската станица во Будимпешта, која има надлежност да спроведе истрага. По приемот на пријавата, обвинителите соопштиле дека доставените информации „може да укажуваат на примање поткуп“. Сомнежите ...

Брисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии. Екскурзија е организирано патување на група луѓе – најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување, велат од опозициската СДСМ. „Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски. Одвои осум дена. Остануваат уште седум. Четири дена Брисел – „стручна екскурзија“. Таму, ...

Еден од реакторите во нуклеарниот комплекс Ои во централна Јапонија се исклучи синоќа откако се активираше аларм што укажува на проблем со генераторот, соопшти операторот на комплексот. Реакторот број 3 на нуклеарната централа во префектурата Фукуи е исклучен околу полноќ, објави Електроенергетската компанија Кансаи. „Не е откриено радиоактивно истекување во нуклеарната централа“, додаде компанијата. Еден од реакторите во нуклеарниот ...

Вонредна состојба е прогласена на територијата на Британска Колумбија поради шумски пожари, поради што на речиси 22.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, соопштија денеска официјалните претставници на најзападната канадска покраина. Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби изјави дека на сите 12.000 жители на округот Самерленд им е наредено да ги напуштат своите домови синоќа, бидејќи шумскиот пожар во Болд Рејнџу брзо се проширил во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз тој град. Јапонската премиерка Санае Такаичи рече дека изјави дека Јапонија ги поддржува трите принципи на ненуклеарно оружје. Таа посочи дека Јапонија, како единствена земја што преживеала нуклеарно уништување за време на војна, ќе продолжи да вложува „реални и практични“ напори за постигнување свет без нуклеарно оружје. Такаичи исто така ...

Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија. Пожарот над село Зелениково, во Општина Зелениково, е ...

Оман соопшти дека преговорите за условите за пловењето во Ормуската теснина се одвиваат во „позитивна и конструктивна атмосфера“, објави ДПА. Министерството за надворешни работи на Оман во кратко соопштение објавено синоќа не прецизира кои земји учествуваат во разговорите. Оман, кој заедно со Иран граничи со Ормуската теснина повика на избегнување на какви било дејствија што би можеле да влијаат на „овие преговори и постигнатиот напредок, ...

По долга и тешка борба со болеста, Хорхе Меси почина на 69-годишна возраст. Таткото на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, не беше само татковска фигура за својот син, туку и некој што го водеше и го советуваше во текот на целата негова кариера, а беше и еден вид менаџер. Сепак, да не беше Хорхе и неговата упорност, Лионел Меси немаше да стигне ниту до Њуелс Олд Бојс, а камоли до Барселона и врвот на светот. И не, ова не е ...

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје, кој загина на лице место, соопшти полицијата. Едно лице загина во судир на две возила на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден, соопшти полицијата. Според полицискиот портпарол Фатмир Реџепи, ...

Гостиварци се четврта недела без питка вода. Иако квалитетот на водата е подобрен, таа сè уште не е исправна за пиење Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска информира дека последните анализи покажуваат подобрување на квалитетот на водата во споредба со претходните мерења, но дека е потребно дополнително време таа да биде прогласена за безбедна за пиење. „Состојбата со водата во Гостивар е значително ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07