Одлуката се однесува на аналитичарот Валон Бела и имамот Бекир Халими – двајцата со македонско државјанство Министерство за внатрешни работи на Албанија прогласи двајца граѓани за непожелни поради сомнителни активности против албанската држава, објави Топ чанел (Top Channel). Како што објавија медиумите во Тирана, двајца државјани на Северна Македонија се прогласени за „персона нон грата“, оти против нив има информации за активности на штета ...

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека во текот на наредните два дена 456 онколошки пациенти, кои аплицирале за еднократна парична помош, ќе ги добијат средствата на своите трансакциски сметки. Според него, за оваа мерка вкупно аплицирале 1.200 пациенти, а обработката на документацијата е во тек. — реклама — „Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти, кои аплицираа за еднократна парична помош, ќе ги ...

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот беше досега таков, затоа што ...

Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот. Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди. ...

Соопштение на СДСМ ВМРО-ОКГ продолжува само со лаги и навреди – лицето од Ташмаруништа е македонски граѓанин ВМРО-ОКГ повторно лаже. Како и секогаш. Тврдат дека лицето кое полицијата го легитимирала во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта. Тоа не е точно. Лицето (С.Г. – родено 1974 година во Кочани), е македонски државјанин и има македонска лична карта. Обична, класична лага на ВМРО-ОКГ. Кај Мицкоски сѐ е лага. Незадоволството кај ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во центарот на Скопје, во близина на Собранието, каде што во судир на две патнички возила се повредени две лица, според првичните информации. Повредените биле згрижени од екипа на Итната медицинска помош, која пристигнала на местото на несреќата, по што биле пренесени во болница за понатамошно лекување. Од силниот удар двата автомобили претрпеле големи оштетувања, а бил урнат и семафорот на ...

Одделот за внатрешни работи (ОВР) Струга поднесе кривична пријава против С.Г. (52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство“ (член 386, став 5 од Кривичниот законик). Инцидентот се случил на државниот празник Илинден, на 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа. Според пријавата тој упатувал вербални навреди кон јавни лица кои присуствувале на настанот за одбележување на 2 ...

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука. Од вечерва на полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар. Цената на ...

На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски изјави дека проблемите со квалитетот на водата за пиење во Гостивар постоеле и во периодот кога СДС беше на власт, обвинувајќи го претседателот на партијата, Венко Филипче, дека тогаш не биле преземени соодветни мерки. Манасиевски изјави дека партијата секојдневно објавува документи кои, според нив, покажуваат дека во 2022, 2023 и 2024 година биле евидентирани ...

По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, ЛДП предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. -ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Според Финансиската полиција, првопријавениот М.Д., како сопственик и управител на компанијата, во 2021 година преку фиктивни ...

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар – село Градец, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, несреќата била пријавена на 3 август 2026 година околу 10:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со германски ...

Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври, откако британската Влада го промени својот план за намалување на пренатрупаноста во затворите, објавија властите денеска. Првично беше планирано околу 6.000 затвореници да бидат ослободени веќе од септември, но по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни ...

Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 зема 195 примероци за ...

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период ...

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, смета дека не доликува претседателот на Собранието да го замени одбележувањето на 2 Август-Илинден со учество на меѓународна конференција. Ако не ги почитувате елементарните датуми за создавање на државата и државноста, вели Димитриевски, тогаш не ја почитувате ниту државата. -Се знае редот. За 2 Август секогаш претседателот на државата оди на едно од трите значајни места за ...

Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот дека планира да затвори пет дипломатски мисии во странство, соопштија денеска извори. Во известувањето испратено кон крајот на минатата недела до одредени конгресни комисии, беше наведено дека САД планираат да затворат канцеларии во Сент Џорџ (Гренада), Нагоја (Јапонија), Медан (Индонезија), Дуала (Камерун) и во Винипег (Канада), објавија британските медиуми, повикувајќи се на изворите кои ...

Претседателот на венецуелскиот парламент Хорхе Родригез вчера објави дека бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија земјата во јуни се искачи на 6.125 луѓе, пренесува „Ројтерс“. Според податоците што Родригез ги објави на „Телеграм“, речиси 61.000 луѓе биле згрижени во болниците, а досега биле отстранети само 16,5 отсто од урнатините предизвикани од земјотресите. Вршителката на должноста претседателка, Делси Родригез, која ...

Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниско ниво е измерено во Русе каде водостојот е на котата минус 94 сантиметри, што е за два сантиметри пониско од вчера. Во Орјахово е измерено минус 82 сантиметри, во ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...

Oсновниот суд Куманово, по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, ѝ одреди притвор на 41-годишна жителка на Кратово, осомничена за узурпација на локалитетот „Куклица“ и спречување службени лица во вршење службени дејствија. -Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без ...

За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската Теснина. „Ако некој треба ...

Поранешниот врховен командант на украинските вооружени сили, а сега амбасадор на Украина во Велика Британија, Валериј Залужни, изјави дека не гледа перспектива земјата да стане членка на НАТО – цел што е запишана во украинскиот Устав. Според украинскиот портал „Европска правда“, Залужни на средба со украински амбасадори изјавил дека Украина во моментов не ги исполнува воените стандарди потребни за приклучување кон Алијансата. „Многу добро ...

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, се соочува со остри критики од дел од европските лидери поради миграциската политика на неговата влада, по минатонеделната криза во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. Според податоците на шпанските и мароканските власти, повеќе од 80 мигранти загинале при обид за преминување во Сеута, вклучително и лица кои се удавиле или настрадале во стампедо при обид да ја совладаат граничната препрека. Во ...

Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...

Во дилемата помеѓу спасување на луѓе или лажна историја, властите го избраа второто, бидејќи добро знаеја дека овој народ е навикнат да ја бара среќата токму таму каде што сите други ја изгубиле. Се продолжува со (не)логичното – нека живеат мртвите дури и ако умираат живите! Мерсел Биљали Македонија немаше среќа со лидерството уште од самиот почеток, и пропушти бројни можности да го пронајде вистинскиот пат низ годините. „Успешните лидери ...

Американските гласачи првпат по речиси една деценија оценија дека Демократската партија подобро управува со економијата од Републиканската, покажуваат резултати од спроведена анкета на „Ипсос“. Испитувањето на јавното мислиење исто така покажува пад на поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп, чиј рејтинг на одобрување се намалил на 35 проценти. Анкетата укажува дека начинот на кој администрацијата на Трамп се справува со ...

Одборот за мир – иницијативата предводена од САД – вчера соопшти дека израелската армија целосно ќе се повлече од Појасот Газа само откако Хамас ќе биде разоружан. „Спротивно на неточните извештаи, повлекувањето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) зад Жолтата линија ќе дојде само по завршувањето на процесот на разоружување, на кој Хамас се обврза пред медијаторите“, соопшти одборот за мир на Икс, додавајќи дека ова се однесува на лесното и ...

Фестивалската треска полека го обзема градот, па во тоа име и едно изненадување за сите љубители на BOOKSTAR! Во склоп на програмата, но пред официјално да започне Фестивалот, во Скопје ни доаѓа Леа Ипи!, соопшти Антолог. „Жена која не се плаши да го сподели своето мислење, носејќи го Балканот и нејзиното детство на овие простори како уникатен беџ низ животот, но и низ творештвото. Прогласена за една од десетте најважни мислители на ...

Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна, наведува СДСМ во соопштение. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07