Во име на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, упатуваме искрени честитки до господинот Петар Маѓар по повод укажаната доверба од граѓаните, како и до партијата ТИСА за остварениот изборен резултат, стои во денешното соопштение на ЗНАМ. „Уверени сме дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, како и дека ќе се унапредат на уште повисоко ниво, водени од заедничките ...

Легендарната поранешна македонска репрезентативка и ракометна икона, Индира Кастратовиќ е назначена за шеф на делегацијата на Македонија за претстојното Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во Скопје од 21 до 29 април. Македонија за првпат е домаќин на едно вакво големо натпреварување, кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт. Кастратовиќ која беше ...

Синдикатот на културата на Република Македонија со остра реакција по одлуката на Уставен суд од 8 април 2026 година, обвинувајќи за контрадикторно толкување и потенцијално уривање на работничките права. Во соопштението, Синдикатот посочува дека истиот член 66 од Колективниот договор за култура бил оспоруван и во 2021 и во 2026 година, но со различни правни позиции од страна на Судот. Според нив, во 2021 година Судот јасно утврдил дека ...

Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп поради заканата за блокада на иранските пристаништа, објавувајќи фотографија со цените на горивото во близина на Белата куќа. „Уживајте во сегашните цени. Со таканаречената блокада, наскоро ќе бидете носталгични по бензинот од 4–5 долари“, напиша Галибаф, кој беше учесник во неуспешните мировни разговори. Цените на нафтата значително ...

Венко Филипче и актуелното раководство на СДС, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки. Такви матни крими партнери Заев има повеќе. Меѓу нив се сомнителни имиња на некои бизнисмени како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од последните случаи за кои ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) на неговата веб страница. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав XIV, нарекувајќи го „ужасен“ во надворешната политика и „слаб во борбата против криминалот“. Во објава на платформата „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан. Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој смета дека е прифатливо Иран да поседува нуклеарно оружје или кој се ...

Папата Лав XIV денеска ја започнува 11-дневната турнеја низ четири африкански држави – Алжир, Камерун, Ангола и Екваторска Гвинеја – што претставува најдолго патување во неговиот понтификат, кој започна пред помалку од една година. Ниту еден папа досега не го посетил Алжир, земја со околу 9.000 католици во претежно муслиманското население од речиси 47 милиони жители. Алжир има посебно значење за Лав XIV, бидејќи во овој регион во 4 век е ...

Американските демократи вчера го прославија изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека сојузниците на претседателот Доналд Трамп и републиканците имаа мешани реакции на заминувањето на политичарот што го поддржуваше Трамп. Трамп отворено го поддржа Орбан пред гласањето, дури и кратко разговараше по телефон минатата недела на предизборен митинг во Унгарија, за време на посетата на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс. Но, ...

САД од денеска ќе воведат блокада на иранските пристаништа со цел да се спречи движењето на бродови по клучната рута за транспорт на нафта и гас, објави претседателот Доналд Трамп. Тој најави „целосна блокада“ на Ормуска Теснина по неуспешните мировни преговори со Иран. Командата ЦЕНТКОМ соопшти дека од 10 часот (14:00 по Гринич) ќе биде блокиран целиот поморски сообраќај кон иранските пристаништа. Како што се наведува, блокадата ќе се ...

Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа. Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари. Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, ...

Убедливата победа на Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија ѝ донесе силен мандат на неговата партија Тиса, што ќе ѝ овозможи одврзани раце за спроведување реформи, зајакнување на владеењето на правото и потенцијално одмрзнување на милијарди евра од Европската Унија. Според анализите, двотретинското мнозинство што го обезбеди новата власт се смета за најповолен исход за европските пазари и институции, иако до последен момент важеше ...

За само две години, Петер Маѓар прерасна од практично непозната фигура во унгарската политика во најголема закана за партијата Фидес – неговиот поранешен политички дом – и нејзиниот 16-годишен непрекинат мандат во владата. Маѓар се здоби со популарност во 2024 година, кога владата се соочи со скандал со претседателско помилување во кој беше вклучен соучесник на злоставувач на деца. Пред тоа, тој пораснал во конзервативно семејство и бил сè ...

„Победата на унгарската опозиција на вчерашните избори, како оние во Полска во 2023 година, е победа за демократијата, не само во Европа, туку и во целиот свет. Пред сè, тоа е доказ за отпорноста и решителноста на унгарскиот народ, како и потсетник за сите дека мора да продолжиме да се залагаме за правда, еднаквост и владеење на правото“, рече поранешниот американски претседател. Како потсетување, Унгарците гласаа вчера на изборите на кои ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, светилник на десницата, кој инспирираше популистички движења низ целиот свет, не можеше да го надмине растечкото незадоволство на своите граѓани, пишува „Њујорк тајмс“, наведувајќи дека Орбан денес го признал изборниот пораз на парламентарните избори. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, ѕвездата-водилка за воините на културата на МАГА и десничарските популисти во Европа, го призна поразот во неделата на општите ...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната ...

Емануел Макрон: Победа на демократијата Францускиот претседател Макрон преку платформата Х упати срдечни честитки до Маѓар, истакнувајќи ја важноста на овие избори за европската иднина на Унгарија: Франција ја поздравува масовната излезност и демократското учество на граѓаните, објави 4news.mk Победата ја покажува приврзаноста на унгарскиот народ кон вредностите на Европската Унија. Унгарија ја потврди својата стратешка улога во рамките на ...

Виктор Орбан го призна поразот во говорот пред своите поддржувачи. Тој им рече: „Резултатот од изборите е јасен и болен“, објави Би-Би-Си. Порано, Петер Маѓар, лидерот на Тиса, рече дека Орбан им се јавил за да им ја честита победата. Орбан им рече на своите поддржувачи дека нивната задача е јасна: „Немаме тежина да ја водиме земјата, па затоа мора да ги обновиме нашите заедници“. Тој им се заблагодари на два и пол милиони гласачи кои досега ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на „Икс” напиша дека вечерва Унгарија кажа ДОСТА Е, падна Орбан, Европа не сака автократи! „Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока ...

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. & pic.twitter.com/4vwrEx0f7k — Vivian Aisen 🇮🇱 (@VivianAisen) April 12, 2026 – На 12 април, првпат во ...

Унгарија денес гласаше на избори што би можеле да го завршат 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан, да ја потресат Русија и да ги потресат десничарските кругови низ Западот, вклучително и Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп. Орбан, евроскептичен националист, создаде модел на „нелиберална демократија“ што движењето „Make America Great Again“ (MAGA) на Трамп и неговите обожаватели во Европа го гледаат како модел за ...

Министерството за внатрешни работи даде детали за обидот за опожарувањена објектот на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје. Од СВР Скопје за МИА изјавил дека во двор на верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење. „Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, дополнуваат од МВР. Еврејската заедница во ...

Се бројат гласовите од изборите во Унгарија. Според првите пребројани гласови, опозициската партија на Петер Маѓар има предност во мандатите пред владејачкиот Фидес на Виктор Орбан. Изборниот ден помина во знакот на масовна излезност од речиси 78 отсто. Врз основа на првите официјални податоци од 6,56 отсто обработени гласови, опозициската партија Тиса оствари неочекувано убедливо водство во бројот на мандати. Моментална распределба на ...

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. – На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и ...

До 17 часот беше срушен апсолутниот рекорд за излезност, при што гласаа 74,23 проценти од гласачите, или 5.587.935 луѓе. Ова веќе го надмина претходниот рекорд од 2002 година, кога вкупната излезност беше 73,5 проценти. За споредба, на изборите во 2022 година, излезноста во 17 часот беше 62,9 проценти. Унгарските медиуми забележуваат дека во 2002 година, последните податоци во текот на денот беа објавени во 17:30 часот, па затоа нема ...

По неуспешните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, американскиот претседател Доналд Трамп најави блокада на Ормускиот теснец и упати остри обвинувања кон Техеран поради нуклеарната програма. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп наведе дека разговорите завршиле без договор за клучното прашање – нуклеарната програма на Иран. Тој најави дека американската морнарица ќе започне со процес на блокада на сите бродови што се ...

Иранската организација за судска медицина идентификувала 3.375 лица загинати во американско-израелските воздушни напади што започнаа кон крајот на февруари, соопшти државната телевизија IRIB. Според директорот Абас Масџеди Арани, идентитетот на жртвите бил утврден со научни и специјализирани методи. Во периодот од 28 февруари до 7 април, меѓу загинатите се идентификувани 2.875 мажи и 496 жени, додека податоци за уште четири лица не се ...

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 април 2026 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.М. (23), Т.Б. (24), Д.М.А. (24) и Ф.Е. (27), сите од Скопје. Како што наведуваат од МВР, кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од Министерството за ...

Најмалку 30 лица загинаа во стампедо на популарна туристичка локација на Хаити, јавија локалните медиуми. Голем број посетители се собрале вчера кај тврдината Цитадела Лафериер, во северната општина Мило, објави весникот „Ле нувелист“. Тврдината од 19 век, која е под заштита на УНЕСКО, претставува симбол на борбата на Хаити за слобода од француската колонијална власт и е една од најпосетуваните туристички атракции во земјата. Премиерот на ...

Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во февруари 2026 година е намалено за 4,2% во однос на истиот месец минатата година. Падот не е рамномерно распределен, туку најсилно се чувствува во одделни сектори и производни гранки. Најзначајно намалување е забележано во секторот Рударство и вадење камен, каде падот изнесува 9,6%, додека Преработувачката индустрија бележи опаѓање од 1,9%, а секторот Снабдување со ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1019
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
49%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
4.63
56%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1019
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.59
92%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
60%
1014
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1017
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
8.75
83%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
46%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.7275

Currency

7.72322

Currency

0.70654

Currency

0.32919

Currency

0.52513

Currency

1.17186

Currency

0.55633

Бакар

11.92

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

52984.43

Родиум

321507.47

Злато

147447.44

Платина

62147.39

Калај

49.49

Сребро

2365.28

Паладиум

46200.62

Алуминиум

3.54