65-годишен скопјанец го загубил животот во несреќа на работното место во круг на фирма на подрачјето на општина Аеродром. Според МВР, случајот бил пријавен на 12 август околу 12:25 часот од Итната медицинска помош. В.Н. (65) извршувал работни задачи кога бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил. На местото на несреќата биле повикани надлежните служби, а смртта на работникот била констатирана. За случајот бил известен јавен ...

Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а најголем предизвик, вели, се пожарите во општините Студеничани и Македонски Брод, додека ...

Левица 📌Епидемијата од западнонилска треска во скопските општини е уште еден печат на неспособноста, неодговорноста и неажурноста на вмровската власт која имаше цела пролет и половина лето да го пресретне ризикот. Комарците не се појавија преку ноќ, сезоната не беше изненадување, а западнонилскиот вирус не е нова и непозната закана. Сепак, ДПМНЕ и вмровските градоначалници успеаја една од најпредвидливите сезонски опасности да ја дочекаат ...

ДУИ изразува сериозна загриженост поради поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука. По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение. Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но истовремено бараме еднаква и неселективна правда. Колективните одлуки не можат да се претворат во инструмент за селективна ...

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони евра во „Државна лотарија“: Злоупотребена службената положба за набавка на видеолотариски терминали Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање легло со мачиња во Скопје, откако случајот бил пријавен од граѓанин. Инспекциската контрола била спроведена по информација добиена од ЈП „Лајка“, поддржана со видеоснимки и фотографии од настанот во парк во близина на скопски трговски центар. Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со ...

Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните. СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му ...

Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот, по што лицето Л.Х. било пронајдено со повреди, додека смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. – ...

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето во домашен притвор, откако депонира банкарска гаранција од 500.000 евра. Со одлука на надлежниот суд, мерката притвор му е заменета со домашен притвор до стартот на судскиот процес. Во домашен притвор е и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, кој обезбеди гаранција од 1.000.000 евра. Илчо Ѓорѓиоски, ...

Со остри критики за економската политика на Владата, СДСМ преку соопштение ја спореди вредноста на платите со трошоците за живот и порача дека официјалните економски пораки не се совпаѓаат со секојдневието на граѓаните. Од партијата наведуваат дека потрошувачката кошница изнесува околу 70.000 денари, додека минималната плата е околу 26.000 денари, а просечната плата околу 49.000 денари. Според СДСМ, за млад човек кој нема сопствено ...

Турист од Грузија вчера се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денеска СВР Охрид. Според информациите, вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од видите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но набргу констатирала дека лицето починало. Според инфомрациите, немало видливи повреди. Првичната истрага покажала дека се работи за ...

Владимир Путин повеќе не може да прогласи победа во Украина, вели Нобеловецот Дмитриј Муратов. Во интервју за Би-Би-Си, поранешниот главен уредник на „Новаја Газета“ опишува како неговиот весник, некогаш симбол на независното новинарство во Русија, е практично уништен. Ходниците на московската канцеларија сега се тивки и празни. „Весникот го нема“, вели Муратов, чиј весник беше затворен откако Кремљ ги национализираше неговите печатници и му ...

Готовината е сè уште најшироко прифатениот метод на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и другите дигитални плаќања, според нова студија на Европската централна банка (ЕЦБ). Според резултатите објавени денес, 92 проценти од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации прифаќаат готовина, во споредба со 90 проценти во 2024 година. ЕЦБ проценува дека ова го запре падот на ...

Косовската компанија „Проекс Интернационал“ има намера да стекне контрола врз „Тинекс маркет“ ДООЕЛ Скопје, покажува известувањето доставено до Комисијата за заштита на конкуренцијата. Постапката за концентрација е официјално пријавена на 10 август 2026 година. Според објавените информации, на 2 јули годинава било склучено Писмо за намери и рамка за трансакцијата меѓу „Тинекс-МТ“, како продавач, и „Проекс Интернационал“, како купувач. Со ...

Поминаа пет недели – граѓаните на Гостивар сè уште немаат чиста вода. Резултати за водата не се објавени, власта секојдневно излегува со различни информации, пишува во денешното соопштение на СДСМ од прес-конференција на Маја Борозан. Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па потоа Клековски призна дека во водата има бактерии, не една туку повеќе. Никогаш не објавија извештај и резултати за водата, кој одобрил да се користи, ...

Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Во објава на Фејсбук пртседателот ...

Венко Филипче од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. ...

Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО. Сиљановска-Давкова истакна дека симболично ја избрала Струга за посета ...

Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, вели претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод одбележувањето на годишнината од договорот. -Денес, одбележувајќи ја годишнината од Охридскиот рамковен договор, се потсетуваме на еден од ...

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, ...

Коосновачката на стартапот „Фиа“ (Phia), Фиби Гејтс, ќерка на милијардерот Бил Гејтс, е обвинета за користење софтвер што ѝ овозможувал на компанијата да собира провизии од онлајн продажба дури и кога клиентите не ги користеле нејзините услуги, објавија американските медиуми. Според медиумите, Фиа поставила таканаречени колачиња за следење на компјутерите на корисниците дури и кога тие не кликнале на понудите на компанијата. На тој начин, на ...

Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...

И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците, се наведува во соопштението на ВРЕДИ. Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во ...

На прес-конференција, Кети Штерјова денеска обвини дека институциите задоцниле со превентивните мерки против западнонилската треска, оценувајќи дека реакцијата повторно следува дури откако здравствената состојба почнала да се влошува. Штерјова посочи дека по здравствената криза со водата во Гостивар, земјата сега се соочува и со нов предизвик поврзан со ширењето на западнонилската треска. Од СДСМ велат дека станува збор за позната болест и ...

Соопштение на ДУИ: Денес одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, јубилеј кој претставува една од најзначајните пресвртници во современата историја на Северна Македонија. На 13 август 2001 година, со поддршка и гаранции од Соединетите Американски Држави, Европската Унија и НАТО, земјата го избра патот на мирот, еднаквоста и градењето општество во кое државата им припаѓа подеднакво на сите нејзини граѓани. ...

Министерството за внатрешни работи презема мерки по ширењето лажни информации на социјалните мрежи дека водата за пиење во Скопје е загадена со опасна бактерија. Од МВР за МИА информираат дека Секторот за компјутерски криминал ги идентификува профилите од кои биле објавувани повици граѓаните да не ја пијат водата во Скопје. Дел од лицата веќе се повикуваат на информативен разговор. „Секторот за компјутерски криминал при Министерството за ...

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик Алсат. Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција. Хајредини беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и телевизиска продукција. Покрај неговата менаџерска ...

Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, наведувајќи дека стратешкиот поморски пат и натаму е „блокиран“, јави ДПА. Повеќекратните објави на американски претставници на социјалните мрежи за укинување на блокадата не ја менуваат ситуацијата, соопшти на мрежата „Икс“ новата иранска служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив. „Ормуската ...

Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...

Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на приоритетен пристап до пораките на претседателот предизвикува сериозна загриженост и се ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75