Најлесно е да се откажеш од сè што ќе започнеш. Сите со себе носиме рани. Најмногу “багаж“ имаат луѓето што живееле подолго. Си носиме лузни што животот ни ги задавал на најразлични начини. Поголем багаж значи и поголемо животно исксутво. Поголемото животно искуство значи повеќе болка, страдање и борба. Сечија животна борба е различна. Во многу наврати се наоѓаме во иста борба како милиони луѓе во цел свет. Начинот на страдање и радување ни се ...

Денес Мокси откри дека не знае да плива. Зa среќа тука беше Тот кој му помогна, на свој начин. Авантурите на Тот, Мокси и Миа, можете да ги следите и на нивната фејсбук страница Палавковците. Таму ќе се сретнете и со една виспрена баба, со црна мачка и со ред други нешта од нивниот секојдневен живот исполнет со секакви згоди и незгоди. Владо Јаневски е македонско-австралиски писател, сликар, илустратор, стрип уметник, светски патник. Од 1989 ...

Јелица Мерџаноска е млада, надежна и екстремно талентирана уметница. Велам уметница затоа што ниту еден друг збор не може да го искаже она што таа го содржи во себе. Ученик е во средното медицинско училиште во Гостивар. Неверојатниот талент што таа го искажува на своите осумнаесет години пркоси на талентите на многу постари и поискусни уметници. Нас, на тимот на Крајбрежје ни беше огромна чест што разговаравме барем накратко со неа зошто уште од ...

Театарот настанал во Грција паралелно со развитокот на драмата, како последица од потребата за место каде ќе се изведуваат делата на големите антички писатели. Во почетокот бил граден од дрво, а потоа од камен, тетатарот оставил во наследство величествени изданија, често пати изградени од најквалитетниот мермер кој можел да се најде во тоа време. Прочитајте ги во продолжение интересните факти за старогрчкиот театар. 1. Античката грчка драма, е ...

„Од небо до дно“ е најновата песна на Каролина Гочева, македонската музичка ѕвезда за која честопати велам дека е наша, а светска. Песната беше промовирана со музички спот на јутјуб, има брз ритам и е поразлична од последните албуми на кои навикнавме да ја слушаме Каролина. Ритамот е заразен, па уште при првото слушање влегува во уши, народски кажано. Нема сомнеж дека ќе биде еден од хитовите вртени на нашите радиа. Пред три часа на нејзината ...

Јубилејни 20 години од премиерата на „Прашина“ на отворањето на Венецискиот фестивал во 2001. Вчера се одбележаа со презентација на филмот на три платформи. Македонската радио телевизија го емитуваше во 23 часот. Во 20 часот беше прикажан под отворено небо во дворот на Кинотека каде што на секој посетител му следуваше подарок пакет од три ДВД-ија со филмовите Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“. На фан страницата на Манчевски на Фејсбук ...

Снимката од третото „поглавје“ како што милуваме да ги нарекувме епизодите од нашата емисија Кулитерација веќе е прикачена на Mixcloud и истата можете да ја слушнете со кликнување на линкот подолу. Во третата епизода која е еден вид продолжение на втората со наслов„Поезијата е насекаде околу нас – поезијата сме НИЕ“, накратко зборувавме за значењето на поезијата, а во вториот дел гостин ни беше младиот и талентиран поет и автор, Филип Димкоски ...

Во емисијата Кулитерација имавме можност да поразговараме со младата студентка и авторка Верица Мукоска. Таа е студентка т.е. апсолвентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Со неа поразговаравме на повеќе теми каде таа ги даде нејзино мислење и став за сите наши прашања. Која е Верица којашто уште на десетгодишна возраст ја имала објавен својата прва збирка поезија? Кои се нејзините ставови за литературата (книжевноста), за книгите, ...

Анте Поповски е роден на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. На денешен ден се родил, а да беше меѓу нас ќе го прославуваше 91 роденден. Тој ќе биде вечно присутен преку неговото творештво, сè додека има кој да го зачува, негува и почитува. Вечност постанал со неговото заминување, преминал од овоземниот во другиот свет оставајќи ни трајни литературни белези во аманет. Во продолжение неговата песна „Вечности“ од збирката „Ненасловена“ ...

Никола Боало (1 ноември 1636 – 13 март 1711), бил француски класицист. Роден е на 1 ноември во 1636 година. Светска слава стекнал како теоретичар, законодавец и водач на класицизмот. Боало својата писателска дејност ја почнал со пишување сатири, посланици и дидактични поеми. Тој немал поголема поетска дарба и затоа се формирал како литературен критичар и теоретичар. Како и сите поети и писатели од времето на класицизмот, кои своите дела ги ...

Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 – 23 април 1616) – англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било ...

Човечките очи се едни од најкорисните органи кои се наоѓаат во/на човечкото тело. Очите секојдневно ни ги олеснуваат задачите како на пример навигација или собирање информации. Честопати не го цениме доволно својот вид ниту па многу размислуваме за него. Во продолжение следуваат занимливите факти за очите кои ќе ве натераат да го цените овој неверојатен орган. Очите во текот на борба во Рим Изразот: „Сè е забава и игра додека некој го изгуби ...

Нели Блај е псевдонимот на новинарката со име Елизабет Џејн Кокран која живеела во 19 век. Во текот на својата кариера, истражувачките новинари се соочуваат со многу опасности. Од нив работата бара постојано да бидат во првите редови, впуштени во најразлични акции. Замислете го ова во Америка од 19 век и ќе ви стане јасно колку било малку веројатно жената да успее на ова поле. Нели Блај се истакнала како жена на својот занает. Покрај тоа што ...

Дали оваа приказна е точна или не, никој со сигурност не може да каже. Факт е дека истата Кафка го следи веќе долго време, а прераскажувана е и од негови пријатели долго по неговата смрт. Приказната постои во неколку верзии, сите од нив во детал или два различни, но тематиката во глобала е иста. Кафка пружа утеха таму и тогаш кога е најпотребна. Па, вистинита или не, прочитајте ја подолу оваа топла приказна за Кафка, куклата и малото девојче и ...

О ѕвездо непокорна те слушам тивко ме повикуваш, ме бараш спомени ти навраќаш. Сликата народна Вардарот ја понел, до Егејот дур ја однел. Секоја капка пролеана крв ќе се памти те уверувам нема времето да се врати! О татковино ти шепотиш народот да го потсетиш, дека и здивот бил вреден со надеж дека не е последен. И кога секоја капка крв болеше и кога секоја солза за тебе молеше, слободата силно блесна, се запеа македонска песна. Храброста веќе ...

Пејзажот што го насликав во длабината на твоите очи -го нема, се измил од солзите неистечени, ме гледаш жолто, меко и врнежливо тажно. Зар не се вжарува твојата снага, од сонцето што ти изгрева и заоѓа на вишновите усни, јас -пепел што ветрот го чита. Твоите умни нозе ми ги газат трулите мисли; Давам род на божества во кои целосно тебе сум ти ветен, каде немаат право на збор ни земјата, ни небеста. Ти -напрсток кој ме чува од острилото на ...

Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 22 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2021“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“. Според пропозициите на конкурсот за афоризам секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со најмногу десет ...

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по шести пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На конкурсот можат да ...

Ми стинеа градите во мака, ама стапката ми беше лесна. Ја навлеков на левата рака ракавицата од мојата рака десна. Се чинеше многу скали има денот, а јас знаев се сал три! Eсенскиот шум во кленот Mе замоли „Умри со мене и ти! Ме прелажа и умори Cудбината неверна во небичас“. „Мене исто така!“ – одговорив: „Мил мој, со тебе ќе умрам и јас…“ Да, тоа е песната за крајот, Гледав в домот темен в ноќна доба. Само на свеќите се лееше сјајот Жолт и ...

Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Какви се децата“ од поетот за деца, Ненад Џамбазов. Дел е од збирката Земјата на лажговците (1999), се состои од пет римувани строфи посветени на детската игра и генерален темперамент, а какви се децата според Џамбазов и каква е нивната игра, прочитајте подолу. Збор по збор, збор по збор, пожар избувна во двор. Од кавгата што ги стресна, секна песна, игра лесна. И што стана: караница, шлаканица, ...

Ја здогледав тагата во твојата мелодија, додека симфонијата ја пригушуваше целата просторија со тежината од твојата болка. Чекор по чекор како да е нешто што долго време го правиш и нешто што најдобро го знаеш… Полека присетувајќи се на стариот ти! Сè она што останало сокриено со векови и децении во некоја далечна просторија во најгорната полица, прикриено со прашина и пајажина. Твоите очи кои криеа тајни полека почнаа да раскажуваат најболни ...

Во времето кога ти не беше тука нивната растроеност и осаменост се спојуваа во еден мрачен дом на уништените среќни восочни фигури, нивната безвременска триологија, а можеби некогаш и многулогија, бидејќи се бесконечни, не им ја баш разбирав, оти беа заедно секогаш, паѓаа посебно, а сепак, се соединуваа како да се нешто вечно и неминливо… А ние? Ние паѓавме заедно, тоневме и се топевме како нашата оддалеченост да брои бесконечен број на ...

Ти верував, се надевав, сила си давав. Во срцево те чував, од заборав се плашев. Но ме достигна и тој, никогаш не бев свој… Тебе ти припаѓав… За љубовта наша жалев, тагував и пак продолжував. Живот пуст, ми остана, тешка рана, не ми помина. Иако годините заминаа, во мене сè остана исто. Ќе го паметам засекогаш нашето место. Онаму каде почна и заврши сè. А толку многу имавме истовремено и немавме изгубивме… Не се враќај не лажи ме, допри ме на ...

Пет прекрасни цитати за август кажани од писатели, поети и музичари. Некои се од дела, некои пак, од лични дневници и музика, но без разлика од каде и од кога потекнуваат, овие цитати имаат нешто заедничко, а тоа се убавината, меланхолијата и поетичноста на август од чии нишки баш потекнала инспирацијата за тие да бидат напишани. Уживајте во преостанатиот дел од август и уживајте во читањето. 1. „Се чувствувам како патник низ времето: Јуни, ...

Метју Пери, актерот кој го препознаваме по улогата на Чендлер во култната серија „Пријатели“ беше пронајден мртов во своето купатило. Метју Пери (Август, 19 1969 – Октомври, 2023) долги години се бореше со зависност од алкохолизам, дрога и лекови. Склоноста кон зависности како што ќе признае сам му донесла многу проблеми, меѓу кои и на снимањето на сетовите на најпопуларната серија во деведесеттите. Минатата година Метју ги објави своите мемоари ...

Пегаз (грчки: gasγασος) бил крилест коњ во грчката митологија, син на Посејдон и Медуза. Хесиод го поврзува името на Пегаз (грчки Πήγασος) со зборот (грчки πηγή), или пега, што значи „извор“, затоа што каде и да го допрел Пегаз на земјата, ќе потечел извор – изворот на Хеликон „коњски извор“ – Хипокрен. Но, името Пегаз најверојатно доаѓа од лувискиот збор „pihassas“ или молња, или од зборот „pihassasas“ што значи бог на времето и молњата, а ...

Филип и Демостен Грчкиот владетел Филип бил опкружен со ласкавци и лицемери. Неколку дворски измамници го барале познатиот оратор Демостен со намера да го убедат да им се придружи во фалењето на кралот Филип. „Зошто никогаш не го пофалиш кралот со збор? Зошто не најдеш ниту еден убав збор за неговите многубројни квалитети? – Кои се тие квалитети? прашал Демостен. „Кралот е одличен оратор, многу убав човек и секако, прв е во пиење на алкохол “, ...

„Модар накит“ претставува дело за еден свет што на повеќето жени од развиените делови на светот им е далечен. Но на некои, кои секојдневно чекорат низ истите улице, се возат во ист автобус со нас, делат иста просторија им е толку близок и секојдневен, а ние може никогаш да не бидеме свесни за тоа. Од почеток на делото истакната е супериорноста на мажот врз жената. Мажот е оној кој се грижи за својата чест и за честа на своето семејство. Мажот е ...

Делото на Стивен Кинг „It“ (Тоа) ги возбудува љубителите на хоророт ширум светот. Но, што точно е ТОА? Дали сте чуле за кловнот Пенивајз? Што е ТОА? Кловнот Пенивајз е навистина одлична креација на Стивен Кинг. Сепак, Пенивајз е само една од многуте форми што ги носи ова чудовиште. Тоа е суштество од световите на Макроверс. Макроверс е универзум во кој се одвиваат сите романи на Стивен Кинг. Тој ја поврзува Темната кула. Чудовиштето Тоа доаѓа од ...

Впечатоците од најновиот роман ,,Савески” (2023) на младата писателка Анастасија Лефкоска полека спласнуваат и го заземаат своето место. Темата во романот предизвикува, метафорите звучат како поеми испеани тивко во ноќта, за да останат запаметени и од нив да ги согледаме своите слабости, стравови, но и своите предности. Сите брзаат некаде уверени дека имаат време. Ве сакаат, жал им е, но реката едноставно влече, и тие заминуваат по патот на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
85%
1010
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
4.63
89%
1012
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1011
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.41
78%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
96%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
2.68
44%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
73%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
79%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
92%
1011
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
72%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56