Изутринава осамна веста за големата трагедија во автобуската несреќа случена синоќа во која загинаа 46 македонски државјани. Меѓу жртвите имало и 12 деца од кои најмалите биле на четиригодишна возраст. Речиси и да нема човек кој не прочитал барем една статија или не слушнал на вести за овој трагичен настан. Во текстов нема да пишувам за недопотврдените факти, кој е виновен, каде треба да се бара одговорноста и зошто се случила несреќата. ...

Гледаме вести – црни хроники, тага и очај. Гледаме вести. Читаме весници ко маѓепсани, ко изгубени. Не можеме да одолееме на апатијата што излегува од таа магична кутија и затоа не се помрднуваме, ниту трепкаме, ниту подголтуваме. Се навикнавме – велат нашите. Нема ништо убаво – велат помладите. Родени во општество со граници, да веруваат во сѐ грдо што ќе речат весници, портали и телевизии. Толку заслепени, безнадежни што не ни го бараат ...

Има ли смисла, навистина, Уште да се пишува, Кога е веќе толку и толку изнапишано? Има ли смисла, луѓе мои, Мислата да се цеди, Кога е веќе сè доисцедено? Зборот, комај ни се доизарчил, Не велиме – пресушил, Бидејќи животот Познава препознатливост… Кажуваме за точката! Местото нејзино е Таму кадешто завршува јаснотијата На реченото. Па ако нешто го преднасетува крајот Редно е да се помисли И на точката, т.е. Да се изнајде право место за неа И да ...

Напомена: Инспирирано од Музејот на Распаднатите Врски кој се наоѓа во Загреб – Хрватска Музејот на Скршените Срца е интересно место. Полно со предмети донирани од луѓе со… па, скршени срца. Заостанати предмети на бивши, екс – пријатели и семејство кое веќе не фигурира како семејство. При самиот чекор во музејот едно е јасно; извира со меланхолија, тоне во очај и горко помирување. Ама, некако стои и како утеха дека сѐ што било и болело еден ден ...

Раскинати сме од канџите на империјализмот. Секој сака да изгради сопствена империја. Блескава. Да ги маѓепсува другите. Кристална империја што се крши секоја ноќ кога легнуваш на студената перница до партнерот што си го одбрал само за да додаде вредност на твојата империја. Од надвор гледаш гламур. Театар зад чии кулиси се кријат тажни моно драми. Глас во главата кој вреска. Сакаш да го запреш. Да не го слушаш. А некогаш посакуваш да имаш два ...

Четири букви заменија морал, етика, љубов, емпатија, добрина… П-А-Р-И. И уште пари. Уште пари. Пари. ПАРИ! ПАРИ!!! Афоризмот на генерациите кои постојат (а не живеат) во 21 век гласи: „Со пари не можеш да купиш среќа, ама подобро да плачеш во Ламборџини, наместо на велосипед.“. Тогаш плачете! Плачете во Ламборџини. Нека ви се искине душата. Нека ви потонат сите бродови. Уништете си ја надежта. Ама, нели, плачете во Ламборџини? Не е лесно да се ...

Луѓето се расфрлаат со зборови, а ништо не кажале. Други пак штедат на зборови, а многу повеќе рекле. Лесно е да се зборува, потешко е да се одгатне вистинската намера зад било што кажано. Не секогаш се зборува без причина. Оти не секогаш причината е онаа којашто на прво слушање ти изгледа за валидна. Никогаш докрај нема да можеме да бидеме сигурни која е вистинската намера зад туѓите зборови. Токсичните луѓе имаат една цел: „да направат да се ...

Војната е погубна за човештвото, но дали владеачот на едната завојувана страна се однесува дека ова го знае? Воопшто не изгледа така. Се дистнцирам од постојано гледање вести, не сакам да следам политика, но ова не смее да се занемари. Зошто? Бидејќи сите сме засегнати на некој начин иако изгледа дека војната е далеку од нас. Порталите се изнапишуваа секакви информации уште од почетокот на нападите од Русија врз Украина. Практично бевме ...

„Една жена мора да има пари и сопствена соба ако сака да пишува фикција.” Вирџинија Вулф, „Сопствена Соба“ Осумдесет и една година токму денеска изминува од смртта на генијалната писателка Вирџинија Вулф. Таа го усовршува стилот на пишување наречен „Свесен наратив” и скоро совршено успева да го фати она што никој пред неа не успеал: Сегашниот момент. За Вулф можам да пишувам и зборувам многу. Можам да развлечам за цвеќето во „Г – ѓа Даловеј”. ...

На денешен ден се навршуваат точно дваесет и девет години од трагичниот крај на Сараевските Ромео и Јулија-Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ. Двајца заљубени, трагично убиени млади во војната во Сараево во 1993 – та година. Приказната зад сараевските Ромео и Јулија Во далечната 1993-та, во град поделен на две закрвавени страни и два огна, Бошко и Адмира со само дваесет и пет години затежнати на нивните им срца, уживаат во својата вонземска љубов и ...

Петочки размисли за насобраните каписи како еден начин за “ослободување“ од некои натежнати мисли. Се сеќавате на оние детски играчки – пиштоли со каписли што момчињата ги имаа како деца? Капислите од младоста што мислевме дека се едно исто со дијаболи се во поинаква форма, стигаат подалеку од вистинските дијаболи и одеднаш можат да “погодат“ повеќемина. Претворени се во изгубени надежи, натежнати мисли што сакаат да се ослободат, некогаш ...

Последниве неколку години, особено за време на пандемијата на Корона вирусот, тотално се измести начинот на празнување на новогодишните празници. Некогаш, многу одамна, елките ги китевме со шарени ленти и бомбони, со по некоја честита и жолти сијалчки. Денес, врз нив го истопоруваме целиот гламур, ама не ни носат никаква топлина, ниту магија во домот. Луѓето се отчовечени. Плоштадите се празни, без светулки, без деца кои трчаат по парковите. ...

Ви се тресе ли тлото вака кога го достигнавте дното? Секој ден сè поблиску до дното кое сами си го сервирате. Како не ви е срам да му го правите она што му го направивте на МКЦ? Што сакате да докажете? Ви покажа народот кога почнавте да удирате по културата дека е на прва борбена линија за да си го спаси она што му припаѓа. И тоа не е сè, глумите хуманитарци, а луѓе умираат од ретки болести бидејќи лековите не можат да се набават. Не може да ви ...

По повот 25-ти Март – Светскиот ден на лицата со церебрална парализа Ангел значи оној кој ќе ти ги стопли душата и срцето. Онака искрено од душата, бидејќи тие знаат што е добро. Тие умеат да почувствуваат искреност и емпатија. И покрај играта на животот да бидат поразлични, тие се најхрабрите, најборбените. Тие се со најубавата и најтоплата насмевка која за сите останати треба да будат магичен кураж дека секој има свој пат. Таков како што те ...

“А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: кого ќе Го целивам, Он е, фатете Го и водете Го претпазливо! Па, кога дојде, веднаш се приближи до Него и рече: радувај се, Рави! И Го целива.“ (Марко 14, 44-45) Некој интернетски мудрец вели дека предавството е вина за уништена лојалност или верност, или измама која една личност ја направила кон друга, при што дејствува спротивно од очекуваното, нешто поинаку од претходно меѓусебно ...

“А тој почна да се колне и се заколна: Не Го познавам Овој Човек, за Кого говорите. И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: Уште пред двапати петел да запее, трипати ќе се одречеш од Мене. И почна да плаче.“ (Марко 14, 71-72) Пред овој инсерт од случувања, беше воден разговор помеѓу Исус и Петар, кога Господ му рече дека таа ноќ сите ќе се соблазнат поради Него. Петар беше сигурен во себеси, дури и подготвен да ...

Не така одамна си живееше еден човек, кој со никој и никогаш не го повиши тонот на зборување, не се расправаше, едноставно на мирен начин ги решаваше проблемите. Потекнуваше од многудетна фамилија и неговите браќа уште од мал го задеваа, често ќе го истепаа за да видат до каде може да оди неговата попустливост? Во тие моменти, без збор ќе побегнеше во блиската шума и знаеше со часови да остане таму. Тогаш беше ранлив како сите останати деца, му ...

Насилство. Ова веќе станува сериозен проблем за кој нема вакцина. Ова станува опасен вирус за кој владата нема никакво решение, никакви мерки. Од страна на дебилите се зголемува сексуалното насилство врз малолетни дечиња, за ова никој не зборува? Или нема што да каже? Во семејствата трпението се намалува и тука поради недоволно воспитание кое мајката требала да му го пружи на еден човек, тој сега жената си ја удира со каиш како да сме во 19-ти ...

Македонскиот јазик е нашето најголемо духовно и културно наследство кое треба да се чува како најсвет аманет, зошто нашите предци во многу тешки и неповолни историски околности се избориле за правото на употреба на својот јазик. И за докажување на неговата посебност и единственост, во услови кога тоа несомнено било спречувано и оспорувано од страна на туѓите пропаганди. Зачувувањето на македонскиот јазик е од огромно значење поради тоа што, тој ...

Среде оваа пустелија, среде оваа бура и кротка избезумена умешност, јас открив дека во себе носам непобедливо лето исполнето со магични слатко-страсни плодови! Нека одат по ѓаволите. Нека ги снема сите чудотворни болки кои ми ја истоштуваат оваа кожа која мириса на кокос. Нека одат по ѓаволите сите вампирски синови кои ни го загорчуваат прекрасното синило на небото. И знајте една работа…Ние треба да научиме да се движиме и кога нозете ни се ...

(Есеј по повод 60 години Струшки вечери на поезијата) Краток историјат на СВП Идејата да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер која ќе се одржува во Струга како смотра на поетските остварувања во текот на ед-на година се родила на литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот одржан во Струга на 15 јули 1961 година по повод излегувањето на Зборникот на браќата ...

Јазикот е наше најголемо културно и историско богатство, но тој е многу повеќе од ова. На денешен ден се празнува денот на македонскиот јазик како мајчин јазик на македонците, и сите што го зборуваат како прв или втор јазик од самото раѓање. Јазикот е најпрвиот елемент што го усвојуваме од најразна возраст. Покрај надворешните дразби и сетилното искуство во првите години од животот, децата најпрво ги слушаат родителите кои им зборуваат на ...

Скопје, 19 април 2022 година Почнувам да ја пишувам оваа кратка содржина на мојата втора стихозбирка „Куќа од хартија“ што излезе од печат пред десетина дена во издание на ПНВ Публикации, но јас, не знаејќи да пишувам кратки содржини и не можејќи да раскажувам поезија, се фаќам себе како го пишувам овој есеј, водејќи се од мислата да дадам ад хок анализа на мојот конкретен резултат – книгата „Куќа од хартија“, обидувајќи се да навлезам во ...

„Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ како дел од делото на Кочо Рацин „Стихови и проза“ го пренесуваме од онлајн верзијата во целост. Прочитајте во продолжение. Во долгиот, мачен процес на формирање на свеста на народот од Повардарјето, современата народна книжевност е значајна културна појава и културна придобивка. Пишувана на јазик на кој тој народ најинтимно си мисли, најдлабоко ги чувствува и изразува своите вековни патила и ...

Пишува: Владимир Д. Јанковиќ На тромеѓата помеѓу Коњарник, Зелено Брдо и Мали Мокри Луг слободата можеби не умее да пее, но во срцето ја пречистува тагата. Во животот многу често го споменував стихот на Милан Младеновиќ „во секој пораз јас видов дел од слободата“, толку често што, не еднаш, се прашав себе: зошто ми е мене толкава слобда, толку видувања со неа? Вистинскиот пораз, притоа, подразбира дека сме сами, значи лично одговорни за него. ...

Во оваа (раз)мисла или обид за современ одговор на прашањето дали убавината ќе го спаси светот (поставено во едно дело на Ф. Достоевски), поетот, книжевниот критичар и есеист, Јовица Тасевски-Етернијан го опишува неговиот став на темата. Прочитајте го во продолжение. „Посветувањето внимание на уметноста на зборот или на некоја друга уметност, или, пак, сосредоточеноста на нешто што самото по себе се одликува и восхитува со својата убавина, не е ...

Бранимир Периќ е српски поет, есеист и раскажувач, кој за себе напиша: „Она сум што моето перо ќе произведе, некогаш со мастило, денес дигитално. Во своето пишување сум целиот јас, оној кој сум. Сè останато е материјално постоење.“ Пишува и објавува од школските денови, прво како писател на научна фантастика, а потоа се сврте кон современата проза и поезија. Творбите ги објавува во списанија, во дневни весници и на социјалните мрежи. Автор е на ...

03/01/2024 08:19 - Крајбрежје

И еве, јас тоа го викам надеж. Тоа што те сонив пред некој ден. Сега знам дали те гледам и во утрата. Секое утро се будам и помислувам на тој сон. Знаеш, откако те сонив немам веќе други соништа. И еве затоа тоа јас тоа го викам надеж. Потајно се надевам дека тој сон ќе стане јаве. Потајно се надевам дека нема да биде нашата средба која ја сонив само еден тажен неисполнет сон. Сон во кој нема трепет и сјај. Потајно се надевам дека ќе биде ...

Грег Бакстер е роден во Тексас во 1974 година и живее во Даблин каде работи како новинар и држи курсеви по креативно пишување. Неговите мемоари „Подготовка за смртта“ се непоколебливо искрен приказ на неговото лично самоуништувачко пропаѓање во неговите рани 30-ти години и неговото откупување преку пишувањето. Како што кажува и самиот тој:„Преку интензивно проучување на автобиографиите – почнувајќи од Уметноста на личниот есеј, антологија ...

Едно девојче ја среќава својата професорка и ја прашува: „Се сеќавате ли на мене?“ Таа вели, не. Тогаш девојчето кажало дека била нејзина ученика, а таа ја прашала: „Што работиш?“ Девојчето одговорило: „Станав професорка”. „А, одлично, како мене?” – прашала таа. „Да. Всушност, станав професорка затоа што Вие ме инспириравте да бидам како вас”. Професорката љубопитно, го прашала девочето како одлучило да стане професорка. А тоа ѝ ја раскажало ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1008
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1011
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.95
91%
1009
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
97%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
2.68
59%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
81%
1011
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 11ᴼ
3.13
86%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
68%
1011
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56