
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Жубор Река на надеж, утринска роса ми ја милува косата, росна трева ме гали под нозете, играм, кренати раце небаре небото ќе се слее врз мене. Нов ден, нова искра на надеж, нов предизвик, нов почеток. Праведноста ми е свиена во рацете, како бело платно што сјае, разиграни бои на виножито ме облеваат околу мене. Искра, нова искра на возбуда, преплетена со восхит танцуваат заедно со мене. Мирисот на розата без трн ме обзема, како свила лебдам кон ...
Постојат пријатели и постојат “пријатели”. Познаваш луѓе и познаваш “луѓе”. Имаш роднини и имаш “роднини”. Голема фамилија и голема “фамилија”. Гледаш хуманитарци и гледаш “хуманитарци”. За жал има натажени и има “натажени”. Мед и млеко им тече од усните, ќе си речеш добри луѓе. Но тие биле само “добри луѓе”. И сè така… додека ги пропуштаме малите знаци во животот, правиме лоши проценки. Правиме големи грешки. Сакаме погрешни луѓе. Даваме ...
„За неа“ на каналот „Слушај поезија и други приказни“ е најновото видео од македонскиот поет Александар Саша Трајковски. Песната е извадок од стихозбирката „Поеми од Балканот“. Ве повикувам да ја чуете, а доколку ви се допадне споделете ја со вашите пријатели. И не заборавајте да го поддржите каналот на YouTube со кликнување на копчето subscribe, бесплатно е и трае две секунди, а за каналот многу значи. Пријатно слушање! Слушнете ја и „Сокаци“ ...
Слушај поезија и други приказни – каналот е збогатен со најновото видео „За јазикот“ од Александар С. Трајковски. Песната е дел од стихозбирката „Лирски елегии“ (2022). Во ова ладно недено попладне слушањето поезија е совршен начин за квалитетно да го поминете вашето слободно време. Слушнете го видеото и споделете го со љубителите на поезијата. Пријатно слушање! Слушнете и „Умирање со насмевка“ од Руми. Блогирањето е важен дел од нејзиниот ...
Франц Кафка е еден од највлијателните и најталентираните писатели од дваесетиот век. Неговиот едноставен, скоро фотографски стил на пишување проткаен со реализам, симболика, алегорија и елементи на фантастичното му даваат еден уникатен потпис преку кој неговите дела лесно се препознаваат. Покрај тоа, Кафка добива и своја придавка. Имено, кога велиме дека нешто е „кафкијанско“ мислиме на нешто што потсетува на кошмарните карактеристики кои се ...
Најубави цитати за летото, морето и сончевите денови кажани од различни автори од различни епохи. Некои потекнуваат од многу одамна, но оригиналноста и вистинитоста на нивното значење нема да се изгубат никогаш. Прочитајте ги во продолжение токму за време на овој летен период. Лекот за сè е солената вода: пот, солзи или морска вода. – Карен Бликсен Животот и смртта се едно, како што се реката и морето едно. – Калил Џибран Не можете да го ...
Мирот е есенцијален за живот и опстанок на едно нормално и здраво општество, па затоа за денес ви подготвивме десет цитати кои ја докажуваат неговата важност. Уживајте во читањето. 1. „Не е доволно да се зборува за мир. Човек мора да верува во него. И не е доволно да се верува во него. Човек мора да работи за да го постигне“. – Еленор Рузвелт 2. „Кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта, светот ќе го запознае мирот“ – Џими Хендрикс ...
Денес се слави денот на писменоста и образованието. Образованието ни помага да бидеме изложени на нови идеи и концепти кои можеме да ги искористиме за да го цениме и подобриме светот околу нас и нашиот внатрешен свет. Образованието е алатка која ги урива сите бариери. Образованието е дел од темелот на секој напредок и раст, како на поединеци така и на општества. Сите работи се можни затоа што се може да се научи. Затоа, еве неколку моќни цитати ...
Ни пристигна и октомври – најпоетичниот месец од сите нив. Месецот на варена тиква и печени костени, месецот исполнет со фантастични филмови од деведесетите и еуфорија за Ноќта на вештерките. Во чест на сево ова, денес ви приготвивме десет цитати посветени токму на октомври и неговата поетичност. Уживајте во читањето. 1. „Крајот на летото не е крај на светот. Да наздравиме за октомври“. – А. А. Милн 2. …работата со октомври, според мене, е тоа ...
Според грчката митологија и митот за Прометеј дознаваме како им бил даден огнот на луѓето. Во дамнешни времиња живееле двајца браќа кои не личеле на другите луѓе, но не биле ни како титаните или како великите богови што живееле на врвот на Олимп. Тие му биле синови на еден од титаните, Јапет, кој се борел против Зевс и поради тоа бил окован во синџири и фрлен во страшниот затвор на Долниот свет. Меѓутоа, двајцата браќа не војувале против Зевс и ...
Митот за Аталанта која била изгледана од планинската мечка е грчки мит, што го споделуваме во продолжение. Овде може да го прочитате митот за Хипомен и Аталанта. Во еден сончев крај на Грција што се викал Аркадија, некогаш живееле еден крал и една кралица, кои немале деца. Тие многу сакале да имаат дете, за да стане еден ден крал на Аркадија. Кога виделе дека годините минуваат, тие го замолиле големиот Зевс да им помогне. И нависти на, по ...
Борбата за Аталанта ја прикажува снаодливоста на единствениот младич кој успеал да ја надитри најбрзата девојка и тоа не со сила туку со помош на златните јаболка. Прочитајте во продолжение како се снашол херојот со помош од божицата Афродита. По смртта на Мелеагар, Аталанта се вратила во планините на Аркадија. Таму продолжила со иста страст и вештина да се занимава со лов. Ништо не ѝ создавало поголемо задоволство отколку да шета низ шумите и ...
Вавилонска/Бабилонска кула претставува мит кој објаснува зошто луѓето во светот зборуваат различни јазици. Кулата исто така е поврзана и со изградбата на градот Вавилон, каде се наоѓала кулата. Кулата според Библијата Според Библијата по Потопот човечкото општество го претставувало еден народ, кој говорел на еден јазик. Од исток народот се насочил кон земјата Шинар (на долниот тек на Тигар и Еуфрат), и го изградиле градот (Вавилон) и една висока ...
Одисеј бил легендарен херој во грчката митологија, крал на островот Итака и главен протагонист на епот на Хомер, „Одисеја“. Синот на Лаерт и Антиклеја, Одисеј бил добро познат меѓу Грците како најелоквентен говорник, генијален и лукав измамник. Еден од додворувачите на Елена, Одисеј бил обврзан да се приклучи на тројанската експедиција – иако тоа не го сакал, бидејќи бил повеќе од среќен покрај неговата сопруга Пенелопа и неговиот новороден син ...
Непознатиот идендтитет на Годо, кој Владимир и Естрагон упорно го чекаат, темите на несигурно и неодредено чекање, недореченоста во смисла дека самиот писател не дава клуч за негово толкување, отворениот крај допринесуваат „Чекајќи го Годо“ да стане едно од најтолкуваните дела на 20-тиот век. Ова дело е задолжителна лектира. Извесната еластичност на содржината овозможува разни интерпретации на делото. Книжевните критичари во минатиот век ...
За повеќето луѓе терминот женска приказна веднаш предизвикува доза на незадоволство. Најчесто сакаат да тврдат дека жените читаат и гледаат само глупости. Затоа сè што е женствено мора да биде поврзано со шопинг, нокти и фризури. Но не! Ова е женска приказна која ве допира до срж. Во неа толку многу се препознавате што тоа може да биде шокантно за вас. Додека не ја прочитате, можеби не сте ни свесни дека ги имате тие чувства во вас. Жената која ...
Минуваат 185 години од создавањето на „Ревизор “ на Гогољ, објавено во 1836 година. И покрај тоа оваа претстава успева да опише што се случило, што се случува и што ќе се случува секогаш. Затоа припаѓа на класиците на реализмот и мора да се прочита. Ова е дело што мора да се анализира и прочита за да се запознае подобро, ни помалку ни повеќе, туку човечката раса. Според жанрот, „Ревизор“ им припаѓа на комедиите, и тоа, комедија на општеството. ...
Романот Вториот пол е во суштина збирка од егзистенцијалистички и феминистички есеи од Симон де Бовоар, објавен во 1949 година. Два тома Романот Вториот пол е поделен на два тома – Факти и мит и Живо искуство. Секој волумен е потоа поделен на неколку делови. Првиот том има три дела, додека вториот том има четири дела. Потоа, секој дел е поделен на поглавја, од кои само некои имаат наслови. Книгата започнува со вовед и завршува со заклучок. Тој е ...
Патот на вистината е борба, како и оваа книга што го здогледала светлото на денот (на насловната пишува *забранета)Зошто? Зошто едно општество еден народ има потерба да ја потисне вистината за битисувањето на жената кое е неизвесно од почетокот па сè до крајот на оваа книга како и во вистинскиот свет. Со оваа книга дејсвото се одвива во Иран, а главниот лик Мазума ни ја прикажува моќта на една жена која колку повеќе е спречена во ...
Италијанската влада донесе одлука дека 25 март ќе биде Национален ден на Данте во чест на прославениот автор на Божествената комедија, „симбол на унификација на Италија“. Неговата „Божествена комедија“ е најзначајното книжевно дело на средновековниот период и основа на современиот италијански јазик. Данте Алигиери, филозоф и теолог, симбол на Италија Данте Алигиери бил филозоф и теолог што се занимавал со религиски и политички прашања во ...
„Горчливо срце“ од Виктор дел Арбол ми остави длабок впечаток. Штом после три месеци од прочитувањето импресиите ми се прилично свежи, заслужува осврт. На Инстаграм ветив дека ќе направам рецензија, но одлучив да ја објавам и на блогов подолгата верзија. Тргнувајќи од фактот дека претходната негова прочитана „Милион капки“ не очекував ништо помалку и од ова дело. Авторот е добитник на наградата “Премио Надал“ за 2016 година. Се работи за шпанска ...
За два дена рече „Да“ е романтична комедија која и оние најмалку емотивните нема да ги остави рамнодушни. Лесно читлива која авторот сам на шега знае да ја нарече “лимонада“ или некои читатели ја доживеале како таква, заслужува да биде прочитана. Токму во нејзината навидум “лимонадеста“ содржина читателот ја согледува леснотијата на донесувањето важна животна одлука, а од друга страна го тера да се запраша “што би направил/а јас да бев на ...
Најновото видео веќе е објавено на каналот „Слушај поезија – и други приказни“ и можете да го чуете читањето на песната „Улица“ од Октавио Паз. Улицата Има една темна улица издолжена и тиха. Низ темницата одам се поревам и паѓам се кревам и ги газам со слепите нозе немите камења и исушените лисја а некој зад мене исто така ја гази: застана ли, и тој застанува; трчам ли, трча. Го свртувам лицето: никој. Мрачно е сè и без излез, и ги обиколоувам ...
„Кротки приказни“ (кратки раскази) и „Крај-пат“ (роман) се првите две дела од авторот Игор Анѓелков по кои следува романот „Фото синтеза“. После одлично напишаните осврти кон овој роман кои се наоѓаат во самата книга навистина тешка задача е да се напише исто толку добар текст. Пишувам во улога на читател чиишто импресии се спласнати после прочитувањето. Книгава ја завршив пред некои два месеца, но дури сега дојде моментот кога накратко ќе ви ...
„Не, ја не можам овде мирно да седам и на неправдите низ прсти да им прогледам.“ Интересна парола што ја смислив токму во моментов почнувајќи ја денешната колумна. Во петок обично објавувам рецензија, но бидејќи рецензиите ги паузирам решив да го изнесам својот став во вид на ваков текст. За кои неправди зборувам? Ох ги има колку сакаш во секојдневието. Прво да се дефинира терминот неправда. Во најопштата дефиниција тоа е отсуство на правда, на ...
Единствено правило според кое треба да живееме е тоа да се биде човек во секоја ситуација. Добрите луѓе ќе ви донесат среќа. Лошите ќе ве наградат со искуство. Од најлошите ќе научите лекција, а најдобрите ќе ви донесат спомени. Ценете ги сите. Луѓето мислат дека ќе бидат среќни, ако се преселат на друго место. Потоа сфаќаат дека каде и да одат се носат себеси. Среќата е како прегратка. За да уживаме во неа, мора да ја споделиме. Ценете ги ...
Останаа уште само неколку дена пред да ја испратиме оваа година. На почеток изгледаше дека месеците поминуваа премногу брзо иако бевме прилично ограничени во движење. Оние кои беа најодговорни и внимателни сами одлучуваа оваа година да паузираат од одење некаде на одмор, или патување на некоја дестнација надвор од земјава. Но ги имаше и таквите кои се авантуристи, луѓе кои ништо не можеше да ги спречи да патуваат, па истераа понекој одмор. Имаше ...
Дали некогаш сте слушнале дека колку помалку знаете, толку сте посмирени? Дали незнаењето е навистина благослов? Дали им е полесно на неуките? Дали тие навистина не го гледаат страдањето на другите? Дали не се погодени од банкарските измами, лоша состојба, туѓата болест и сиромаштија? Дали сме навистина слепи или ние одлучувме да не видиме? Секој ден се среќаваме со разни ситуации во кои можеме да видиме проблем, секако, ако одлучиме така. ...
Еден од најинспиративните луѓе на денешницата, Џек Ма, сопственик на компанијата Алибаба може да ви ги даде најдобрите лекции за тоа што е успех. Навистина. Секој негов збор враќа надеж, дава сила, ве турка и ве тера да одите напред. Неговите зборови ни покажуваат што може да направиме, каде да одиме и како да се снаоѓаме во лоши ситуации. Но, од друга страна, Џек Ма, знае да ја сврти и другата страна од коцката. Со трпелив глас ќе ви каже колку ...
Антони Де Мело некаде преведен кај нас и како Ентони Де Мело напишал цела книга околу “будењето“, како тоа многумина спијат и не сакаат да се разбудат. Еден период од својот живот мислев дека живеам како во сон. Не дека во животот ми цветале рози, напротив, туку тоа чувство би го опишала како носење превез на очи. Кога наоколу гледаш нејасно, малку матно и со потешкотии. Најверојатно будењето е подолг процес кој некому се случува порано, а ...