03/01/2024 08:19 - Крајбрежје

И еве, јас тоа го викам надеж. Тоа што те сонив пред некој ден. Сега знам дали те гледам и во утрата. Секое утро се будам и помислувам на тој сон. Знаеш, откако те сонив немам веќе други соништа. И еве затоа тоа јас тоа го викам надеж. Потајно се надевам дека тој сон ќе стане јаве. Потајно се надевам дека нема да биде нашата средба која ја сонив само еден тажен неисполнет сон. Сон во кој нема трепет и сјај. Потајно се надевам дека ќе биде ...

Грег Бакстер е роден во Тексас во 1974 година и живее во Даблин каде работи како новинар и држи курсеви по креативно пишување. Неговите мемоари „Подготовка за смртта“ се непоколебливо искрен приказ на неговото лично самоуништувачко пропаѓање во неговите рани 30-ти години и неговото откупување преку пишувањето. Како што кажува и самиот тој:„Преку интензивно проучување на автобиографиите – почнувајќи од Уметноста на личниот есеј, антологија ...

Едно девојче ја среќава својата професорка и ја прашува: „Се сеќавате ли на мене?“ Таа вели, не. Тогаш девојчето кажало дека била нејзина ученика, а таа ја прашала: „Што работиш?“ Девојчето одговорило: „Станав професорка”. „А, одлично, како мене?” – прашала таа. „Да. Всушност, станав професорка затоа што Вие ме инспириравте да бидам како вас”. Професорката љубопитно, го прашала девочето како одлучило да стане професорка. А тоа ѝ ја раскажало ...

Сѐ уште верувам во љубовта. Сѐ уште верувам дека може да гледам во облаците. Се уште верувам дека ќе ги видам ѕвездите. Низ проѕирната облакова бела воздушна смеса. Таму најчесто се кријат сите тајни. Ги кријат ангелите. Таму ќе ги прашам дали можеби ја виделe мојата љубов. Ќе ги запрашам: „Верувате ли дека треба да ја најдам? Дали верувате дека можеби ќе ја најдам и дали можеби сте ја виделе?“. Знам дека нема да ми одговорат. Тие никогаш не ...

За Ненад Џамбазов, средбата, детството и приказната Пред некој ден од нафталин (ко што би рекле малку постари од мене) ги извадив старите книгичиња што ми ги беа купувале како дете. Меѓу нив беше и „Земјата на лажговците” од нашиот поет и писател Ненад Џамбазов. Тоа е еден краток расказ кој ми светнува во главата само што ќе се почне муабет за детство. За да ова има смисла, морам да се навратам малку во минатото. Бев второ или трето одделение ...

Најдов една стара кутија облеана со златна прашина. Имаше иницијали П.В. Беше на таванските простории каде ги чувавме оние стари дреболии кои никому не беа потребни, но не сакавме да ги фрлиме. Не сакав да ја допрам. Уште помалку да ја отворам . Знаев дека штом има иницијали, мора да припаѓала некому. Некому кому му значела и таму се чувале некои скришни тајни кои не треба да допрат до никого. До ничие срце. Ја сокрив што можеше поскришно. За ...

Имав одамна еден, што го сакав толку многу, па почнав песни да му пишувам. Низ книгите од факултет, во срце му го заокружував името. Другарките ми се умираа од смеење. И точно се сеќавам на едни стихови што му ги испратив: „Јас сум пеперутка, а ти си пеперут. Така се бакнуваат пеперутките, смотко, ти текнува?“ После тоа не пропуштаа прилика, а да не ме подбуцнат. До ден денеска се смееме ко ќе ни текни на пеперутот. Е тој, пеперутот, вечерта ко ...

Имавме по дваесет и нешто години кога жицата се скина и сѐ она што вриеше измеѓу едноставно прекина. Слави, родендени, слични кругови…Се среќававме во наредните три месеци, после и тоа испари. Секој на своја страна, во свој свет и галаксија. Триесет и нешто, четириесет и нешто… Изминаа ко кругчиња направени од чад од цигара. На педесет и нешто се сретнавме во темната кафана, таа на крајот од светот, таму кај што одат, кога животот ќе ги одмине, ...

Петиот ден, повторно благодарение на овцата, ја открив оваа тајна од животот на малиот принц. Одеднаш, без размислување, ме праша, како да ми поставува проблем за кој долго време размислувал во тишината: – Ако овцата јаде гранки, таа исто така јаде и цвеќиња? – Овцата јаде сѐ што ќе сретне. – Дури и цвеќињата што имаат трнчиња? – Да, дури и цвеќињата што имаат трнчиња. – Добро, а за што им служат трнчињата? Јас тогаш не го слушав. Бев многу ...

Ми паѓаш на дланкиве слободно, како снегулка и се топиш во нив. Очите ти се ситни и насмеани, ама триста ѓаволштини ти се кријаат во погледот. Толку ти се чисти очите, што се плашам дека целосно ќе ме обземат, ако уште некој миг гледам во нив. Се плашам дека ќе се удавам во твоите длабочини, а многу си ми драга. Сонцето завршило одлична работа на твоето лице. Секоја бенка и сите пеги се распослани совршено врз твојата мека, тенка кожа. Кожата ти ...

Заминува една година полна со многу неочекувани очекувања. Година кога секојдневно неочекуваното куцнуваше на нашите врати. Ќе речеме дека животот е склоп од неочекувани очекувања, но годинава беше за мене полна со изненадувања кои никогаш не сум ги очекувала, би рекла лекции од кои многу научив и кои ја сменија мојата свест. Моите соништа станаа поголеми и научив вистински да сакам, да го сакам секој момент од мојот живот. Научив да заборавам, ...

Малку поспа. Оној сосема опуштен сон кој трае петнаесеттина, дваесеттина минути. Навистина мораше некаде да стигне, но тоа морање сепак не беше сосема задолжително; можеше и да не стигне. И Рајна малку се размрда и рече: „Ние, изгледа, малку поспавме“. Веќе познатото чувство на празнина, некоја поинаква празнина, го обзеде Игор и тоа повеќе во ушите и слепоочниците, отколку во било кој друг дел од телото. Ниту краткиот сон, ниту тоа будење не ...

Копнеж за недофатливо, вечен траг за смисла, заборав на она што ќе биде некогаш, како усовршено и сè уште неусовршено битие што му ја намалува вредноста на секое ситно коцкиче, за утре кога ќе се разбуди да се прашува зошто и каде му беше заборавено делчето и која е сложувалката за чие решавање немаше материјал. Кој ли беше влегол во машината во изградба за таа да покаже поместена, но сепак нормална реалност? Дали реалноста може да се измери ако ...

– Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите. И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина. Додека татко ми почнуваше да нѐ благословува со молитвата за кудиш сите мирно седевме и чекавме да заврши за да почнеме со вечерата и со долго очекуваната оддишка. Беше Шабат и време на одмор, на растеретување од секојдневните обврски, на мир и ...

Си бил еден фармер кој во својата фарма имал многу животни, меѓу кои и еден коњ. Еден ден коњот избегал од фармата и сите соседи дошле да го утешат фармерот. „Каков баксуз е ова коњот да ти избега!“, му рекле тие. „Којзнае дали е тоа среќа или несреќа. “, одговорил фармерот. „Се разбира дека е несреќа!“, рекле соседите. По една недела коњот се вратил дома, а со него дошле и дваесет диви коњи. Соседите секако дошле да го видат тоа чудо. „Каква ...

Сонцето веќе заоѓаше додека Моша ја вдлабнуваше менората во неодамна класениот камен. Сакаше да го вклеса симболот на народот на кого му припаѓаше за да остане таму за сите наредни векови. Наслушнуваше како доаѓа војската на Теодосиј, се тресеше земјата од коњаниците на императорот кој доаѓаше од престолнината на исток, спремен да ја заштити империјата од неверниците. Беше забранил градење на нови синагоги и кај Моша тлееше немирот дека може да ...

Кога умира љубовта… умира некако вака… Ноќ по ноќ, солза по солза, тивко полека, а ноќва умирам и јас со неа. Дел од мене го погребувам со последното жарче надеж што ми згаснува во гради. Провалијата во мене проголтува сè, мојата гордост, мојата љубов, ги убива желбите, ги затишува спомените… Те проголтува тебе… а јас плачам. Плачам присетувајќи се на многу љубови осудени на смрт, кога не ти преостанува ништо друго освен да си заминеш и да се ...

“Постојат многу љубовни приказни но, нашата беше поинаква – совршена. Никој не ни кажа дека вистинската љубов боли. Или пак, ние тоа не сакавме да го знaеме? Сосема небитно. Проклет да е тој ден што нè уништи. Љубовта не, но нас да. Го нема повеќе она “ние’, сега сме само јас и ти. Двајца луѓе што некогаш си значеа многу еден на друг, а денес се само двајца туѓинци. Помина многу време, а како вчера да беше. Сè уште се сеќавам на моите први ...

Жена кога е скршена тогаш е најмоќна. Толку цврста, а воедно и скршена, со насолзени очи и огорчена душа, таква е најубава. Таа е жена која може да те сака како ниту една друга. Скршена, а жива… Војува таа жена битки во себе да ги задржи солзите само во рамката на нејзините очи, да не излезат од нејзе, да не се тркалаат по нејзиното меко лице. Тогаш е најмоќна, тогаш кога е на работ да се сруши пред мене. Кога срцето ѝ се кине, а пред светот ...

Девојко, крени ја главата високо. Зарем не си ја знаеш твојата вредност? Исправи се и чекори цврсто онака како што секогаш правеше. Не паѓај премногу си силна. Секоја солза што ти потекла бидејќи ти го кршеле срцето, секој збор што те повредил ќе им се врати ним. Остави ја кармата ќе си го направи своето кога тогаш ќе им врати. Ти давај ја својата добрина и љубов онаму каде што ја заслужиле. Тргни се од негативните луѓе. Во што се претвори ...

Ако треба да ги ставам нијансите од твојата личност на хартија, да те опишам од глава до пети, ќе морам да се борам. Со годините престанав да се сеќавам на нешто што би можело да биде поврзано со тебе. Како низ магла се сеќавам како се насмевнуваш, како ти светат очите кога си среќен, или како ти се палат ноздрите кога си лут… како нервозно грицкаш нокти или како нервозно го гнечиш со забите лајчето од испиеното којзнае кое кафе од утрово. ...

Пишува: Владимир Д. Јанковиќ Најтешко беше тоа пакување на црната ролка. Прво ја рашири на креветот, па ја сврте, па повторно ја рашири, па ги диплеше ракавите. Па повторно, божем, ја протресе, ја рашири. Убава црна ролка. Потоа повторно онака ја сврте, па ги свитка ракавите, па целата ја превитка, внимавајќи да биде што подобро спакувана. А никогаш не умееше облеката добро да ја здипли; со кратки ракави некако и успеваше, со долги – тешко. Дури ...

Уште еден ден во низата. Навидум сличен на претходните денови, но нималку ист на ниту еден претходно. Денот беше протечен малку повеќе од половина кога одлучив да појдам до продавница на пазарување некои важни работи што требаше да ги купам. Се движев и размислував колку многу работи сè уште не сум доживеала. „Сè во свое време“, си реков во себе и продолжив да чекорам со лесен чекор. Надвор беше полутемно, автомобилите минуваа по улиците, луѓето ...

Неочекуваните пресврти во животот доведуваат до убави и незаборавни моменти понекогаш. Тоа го знаеја тие двајца, преземаа ризици за кои не беа целосно сигурни како ќе завршат. Неслучајната средба, заедничкото поминато време беа само почеток на нешто за кое ни двајцата не се сигурни кон каде ќе се одвива. Но погледите не лажеа, првиот спој на усните и она позитивно внатрешно чувство дека си го пронашол парот усни што сакаш долго да ги бакнуваш не ...

Сакаше мир во светот, а светот војуваше како да имаме сто животи. Од каде извира таа злоба во луѓето да посегнат по оружје? Одговорот е многу покомплексен бидејќи се вмешани политики и контрола на луѓе, но во секој случај е негативен. Наместо да има соживот, да царуваат слога, насмевки, заедништво, тие проблеми решаваат со пукање. Зошто не ви е жал за животите на најневините, за децата кои страдаат ни криви ни должни во вашите пресметки? Еден ...

Георги Господинов (роден на 7 јануари 1968 во Јамбол, Бугарија) е бугарски писател. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени книгите „Природен роман“, „И други приказни“ (и обете на Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), сите во превод на Никола Маџиров. Во последниве години авторот постигна успех и во САД, а позитивни рецензии ...

Ана Атанасковиќ „Расказите за тато“ ги посвети на својот покоен татко. Од четириесет и седум кратки нумерирани текстови, емотивни, полни со благодарност, со почит и со љубов, ние за вас одбравме дванаесет. 1. Гледаш, не е потребна никаква посебна магија за да ги оживееш оние кои ги сакаш, а кои умреле. Доволно е да одиш по нивните стапки, да го цениш тоа што ти го давале, срцето да ти се рашири кога ќе помислиш на нив, да помислуваш често, ...

Звонимир Балог (Св. Петар Чврстец кај Крижевци, 30 мај 1932 — Загреб, 2 ноември 2014 год.) е зачетник на современата хрватска детска поезија и најнаградуваниот хрватски писател за деца. Поет Поетот работи со поглед понекогаш го продолжува со двоглед, па го фрла како јадица. Сега фати една птица, а сега цела улица. Кога оди, чекори смета Честопати му се и дланките влажни и мислата му лета. Сличен е на планински цвет. Поетот има најголемо срце на ...

Рабиндранат Тагоре (7 мај 1861- 7 август 1941), наречен Гурудев, е Бенгалски поет, новелист, музичар, сликар и драмски писател кој имал големо влијание врз Бенгалската литература и музика. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за книжевност за делото ‘Гитанџали’. Тој бил духовен поет кој рано се прославил на Западот но неговата ‘едноставна но магична поезија’ која сѐ уште останува неразбрана надвор од границите на Бенгал. На каналот Слушај ...

Многупати пишувавме за депресијата. Овде пишувавме како да се прави разлика помеѓу страв, анксиозност и фобија кај деца. Депресијата е склоп на симптоми кои се одразуваат на емоционален, когнитивен, бихевиорален и физиолошки план. Истите се присутни во континуитет повеќе недели или месеци. Сè почесто слушаме дека голема е бројката на млади лица што се соочуваат со оваа состојба. Во извештаите од СЗО, депресијата се наведува како еден од главните ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
8.23
45%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
58%
1017
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
47%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
54%
1015
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.65
21%
1010
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
45%
1019
weather icon

Атина

38ᴼ / 36ᴼ
6.17
25%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
55%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
4.63
30%
1013
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 35ᴼ
3.09
28%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 30ᴼ
8.75
42%
1016
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
8.23
24%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74