
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Уште еден понеделник во низата понеделници оваа година. Се сеќавате како лани секој понеделник наликуваше на секој нареден ден? Помните ли како неизвесноста па и стравот владеаа со сите нас додека ги броевме деновите во карантин? Не е многу далеку тој период, а мене ми изгледа како којзнае кога да беше. Дали вам ви изгледа така? Сега кога впечатоците се сумирани, навидум ја испраќаме пандемијава, треба да бидеме подготвени на сѐ. Сигурно веќе ...
Сѐ што е потребно за промена на вашиот живот е одлуката дека дошло време да станете и да го направите токму тоа. Можеби овие совети нема да ви го променат животот од корен, но ништо не губите ако ги прочитате. Три минути од своето време секој би требало да може да одвои за да прочита нешто плус во текот на денот. Тони Робинс ги предлага следниве 7 чекори за промена на животот. 1. Одлучете што сакате и зошто Невозможно е да се создаде сопствен ...
Сетете се колку уживавте во цртаните филмови со Астерикс и Обеликс. Двајцата бунтовни Гали беа најдобри пријатели. Магичната напивка го правеше Астерикс посилен од било кој. Сигурно и вие барем еднаш сте посакале да ја пробате оваа напивка. Но кои се всушност Астерикс и Обеликс? За стрипот Стрипот за Астерикс и Обеликс e создаден во 1959 година од сценаристот Рене Гошини и карикатуристот Алберт Удерзо. Истиот стана еден од најпопуларните ...
Во новата рубрика „Палавковците“ во денешната прва епизода ви го претставуваме стрипот од Владо Јаневски. Владо Јаневски е македонско-австралиски писател, сликар, илустратор, стрип уметник, светски патник и до неодамна активен на полето за истражување и развој во водечка светска компанија. Објавени дела: роман „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Либрис“, Скопје, 2020), роман „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, Скопје, 2020), роман „Под друга ...
Витни Елизабет Хјустон била родена на 9-ти август во 1963 година, а починала на 11-ти февруари во 2012 година. Таа беше американски изведувач, глумица, продуцент и модел. Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди и оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња. Хјустон беше една од светски најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот. Таа има издадено шест студиски ...
Драган Илиевски е ИТ професионалец во етичка сајбер безбедност со 10 годишно искуство во повеќе ИТ области. Како блогер за иновативни технологии на социјалните мрежи, Medium и IT.mk, автор на повеќе иновативни софтверски решенија и алатки. Тој има развиено интерактивна академија. Драган во слободното време се занимава со Ghost music production во областа на Trance и House музиката. Прочитајте го во продолжение разговорот со него. Кој е Драган, ...
Оваа година се одбележуваат 25 години од лудилото наречено Покемон. Цртаната серија има релативно скромно потекло, од црно бела рачна игра. Пред 25 години Еж тргна во лов на покемони, така од обична игра, Покемон, прерасна во култна ТВ серија за деца. Покемон живее и денес И покрај изминатите години, заинтересираноста за Покемон не престанува. Нинтендо повторно ги објави оригиналните покемони, црвени и сини. Детската серија с è уште се емитува ...
Третата епизода од „Кулитерација“ во која ни гостуваше авторката Емилија Златкова Анастасова е тука. Разговараваме за повеќе теми, за најраните почетоци, за сите нејзини дела, како и нејзините ставови за одредени нешта. Навистина си направивме квалитетен муабет, кој се надеваме дека ќе биде инспиративен. Исто така, имате можност да ја запознаете Емилија од поинаков агол. Јас уживав додека разговаравме, а вие за да се уверите во ова што ви го ...
Во шестата епизода од емисијата Кулитерација разговаравме со Ирена Блажеска или попозната како „Девојката со челично срце“. Пријатниот разговор ни протече многу брзо, муабетевме на различни и интересни теми. Ние заедно со слушателите на радио МОФ имавме можност да ја запознаеме авторката од поинаков агол. За што разговаравме, што препорачавме и ви посакавме, слушнете во оваа епизода. Со кликнување подолу на копчето плеј, имате можност да го ...
Марлен Дитрих е родена на 27- ми декември, 1901 година и е можеби една од најпознатите американски актерки со германско потекло. Марлен во почетокот, на самиот пик, дури и на крајот на кариерата плени со својата интелигенција, грациозност, акцент и убавина. Но покрај сите овие атрибути, (кои секако се вредни за споменување) Марлен години подоцна го фаќа окото на младите генерации и со својата невидена храброст доведувајќи до тоа да биде ...
Патувањето е интересно доживување со кое правиме спомени кои се помнат долго. Прочитајте ги во продолжение интересните факти и занимливости поврзани со него. 1. Патувањето може да ги подобри вештините за решавање проблеми и поттикнува креативност. Нови звуци, мириси, вкусови, јазици и видици создаваат нови синапси во мозокот и ја активираат невропластичноста. 2. Просечна индивидуа во Велика Британија има посетено 10 земји. Германците во просек ...
Верица Мукоска ја доби наградата „Бели мугри“ за книга од млад автор до 35-годишна возраст, која ѝ ја додели Домот на култура „Кочо Рацин“- Скопје. Стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ ќе биде промовирана на 22 декември (петок) во 18:00 ч. во рамки на традиционалната манифестација „Денови“, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Одлуката за избор ја донесе жири во состав на: Васил Тоциновски, ...
Министерството за култура, во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распиша „Конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст“. Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори. Право на учество на конкурсот имаат сите автори, државјани на Република Северна Македонија, кои може да конкурираат со најмногу два ...
Денес, на неговиот роденден, читаме поезија од македонскиот поетски великан Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929 — Скопје, 22 мај 2010). Една од неговите најпознати песни во која толку добро го опишува нашето секојдневие. Нашинска Да ние е да сме доста колку да се разбистри небото над Бистрине, Корабине – Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине – Да ни е да сме мерата колку да се прелееме од колено во колено ...
На „Слушај поезија и други приказни“ најновото видео со прочитани стихови од Владимир Д. Јанковиќ е веќе објавено. Песната е насловена „Девојчето кое се појавува од никаде, и наеднаш сè, сè застанува“, препев од Татјана Маженковска од српски на македонски јазик. Владимир Д. Јанковиќ е српски поет, есеист, раскажувач и книжевен преведувач, роден на 16 октомври 1968 година во Белград. Автор е на над 800 песни, есеи и кратки раскази објавени во ...
Томас Харди (2 јуни 1840 – 11 јануари 1928), англиски писател. Поради специфичниот реализам и вонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството во неговите романи, него го сметале за најдобар англиски автор од тоа време – „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го застапуваат трагично – фаталистичкиот поглед на светот. Се надеваме дека ќе уживате во неговите цитати кои ќе останат да бидат безвременски и ќе ве инспирираат. ...
На почетокот од своето творештво, Милан Кундера бил познат како поет при што објавил неколку збирки поезија, но подоцна изјавил дека „своите стихови ги сметам за младешки скитања“. Во 1960 година ја објавил студијата „Уметноста на романот“, посветена на чешкиот писател Владислав Ванчура за која подоцна напишал дека „не беше толку лоша книга, но навистина не знам зошто денес некој би ја читал“. Објавил и неколку драми, како: „Сопствениците на ...
Син на Менетиј, братучед на Ахил и нераздвоен пријател. Името на мајката на Патрокле не е споменато во постарата традиција; подоцна беше раскажано дека тој е роден од ќерката на Акаст, Стенела, ќерката на Ферет, Периопида или ќерката на Пеле, Полимела. Патрокле го помина своето рано детство во Опунт; во игра го убил својот пријател, синот на Амфидамант, Клејтон или Клисон, и затоа бил прогонет. Менетиј го однел својот син кај Фтија, кралот ...
Во старогрчката митологија, Хигија (грч. Ὑγεία) e ќерка на Асклепиј. Таа е божица на здравјето, чистотата и санитетот, а подоцна и на месечината. Таа игра важна улога и во култот на нејзиниот татко. За разлика од татко ѝ, кој е надлежен за исцелување, таа е надлежна за спречувањето на болести и одржувањето на добро здравје. Од нејзиното име потекнува поимот „хигиена“. Заштитинчка е на фармацевтите. Култ Во Атина, Хигија била култно почитувана ...
Што треба да ни се случи во животот за да се запрашаме кои сме всушност ние? Ако мене ме прашаат која сум, ќе им дадам податоци што попишувачите ги собираат во прашалникот за попис. Но која сум всушност јас? И колку мина од нас не го препознаваат одразот на ликот во огледалото што го гледаат? Во „Уништување”, авторот Божидар Божиновски, настапувајќи под псевдонимот Моџо Килингтон, се обидува да даде одговор на ова прашање. Вешто доловувајќи ја ...
Иако насловот го ставив во множина, во оваа колумна ќе зборувам во прво лице. Искажувајќи го својот став во надеж дека читателот ќе го прочита текстот до самиот крај. Го сакам пишувањето. Кога би пишувала за пишување би можела да се заборавам и истото да го правам подолго време без прекин. Зошто? Бидејќи го обожавам процесот на давање облик на сопствените мисли. Вљубена сум во пишувањето уште откако научив да пишувам. Уште од најрана возраст ...
Ни збор за глуждот што подмолно боли Сте минале, од љубов гладни, саме. И една смртта ве запозна голи, аскети преки – Гоце, Пере, Даме. Ни еднаш рака на вашето раме не се допре, што сакала да гушка, а само сенка бесплотна од знаме и само колан од студена пушка. И само на сон сте земале прочка – забрзани – до оној заден екот, до оној куршум, в срце, како точка. Не истина на сонот жедост врена, не сетивте да стане дребен векот – ни колку може да ...
“И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние, што ги сакаат нив. И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Оти и грешниците го прават тоа. И ако им давате заем на оние, од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници, за да им се врати истото. Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, ...
Краставиот Жабок тргна да го посети својот најдобар пријател, Жабокот. Кога стигна на вратата најде залепено писмо на кое пишуваше: „Драг Крастав Жабоку, Не сум дома. Сакам да бидам сам. -Жабок“ „Сам?“, рече Краставиот Жабок. „Жабокот ме има мене за пријател. Зошто сака да биде сам?“ Краставиот Жабок тогаш тргна накај езерцето за да си го пронајде пријателот. Кога го најде здогледа седнат на еден камен на сред езерцето, почна да вика: „Жабок! ...
Есен е, тмурна, дождлива, но уживам во неа. Уживам, можеби затоа што капките дожд се вклопуваат совршено со моите солзи или затоа што лисјата под нозете крцкаат како моето срце кое се бори за живот. Уживам во сите тие мириси на ајвар, на дожд, на почва. Дури и уживам додека гледам како некое црвче се бори да премине на другата страна, а да не биде прегазено. Е баш тоа сум јас, црвче, незабележително, само, на дожд. Се бори да преживее, додека ...
Односите помеѓу родителите и нивните возрасни деца може да бидат содржајни кога на нив вистински се работи. Меѓутоа, многу често, старите навики на зборување и комуникација застануваат на патот на создавање и одржување здрави и полни со разбирање односи. Следуваат пет совети како да ги подобрите. 1. Зборувајте како возрасни Со оглед на децениите поминати во меѓусебна комуникација, родителите и возрасните деца ризикуваат да бидат вовлечени во ...
Напомена: Не е докажано дека методот што е прикажан во приказната функционира при напад на мечка Двајца пријатели одеа заедно низ шумата, кога одеднаш, огромна Мечка искокна од грмушката близу нив. Еден од мажите, за да се спаси се качи на најблиското дрво, а оној што остана сам, се сети да легне и да се прави мртов, бидејќи беше чул дека Мечка не допира мртов човек. И сигурно беше вистина, затоа што Мечката застана му продушка околу главата и ...
Кога со неправда ќе се соочиш, а не можеш да се бориш против неа, не сакам да знаеш како е. Да не можеш да го одбраниш она што не се одбранува, да не можеш да го поправиш она што некој го расипал. Во дните сиви испреплетени со прашања, забуни и безброј одговори нестигнати до тебе, се имаш само себе. Не знаеш како е кога се мачиш да си дадеш објаснување, а тоа упорно бега во бледилото на непознатото. Ниеден одговор не сакаш да го прифатиш, па сам ...
Што значи вербата освен нешто кое ни дава сила да се движиме понатаму? Вербата во одреден поим, предмет, човек, божество, животно, мит, легенда, лага итн. му е неопходна на човекот во текот на животот. Како еден вид движечки мотив кој му дава одредена нота на живост на човековото постоење. Кои би биле ние доколку не веруваме дека сме тие што сме? Кои би биле доколку мислиме дека сè околу е лага, а и ние самите сме една лага? Дали без верба би ...
Секоја петта личност на светот е пречувствителна или високо сензитивна. Пречувствителноста не е избор на самата личност. Тоа е карактеристика која е задедена биолошки во нивниот нервен систем. Поради неа ваквите личности реагираат побрзо, побурно, поемоционално. Реагираат когнитивно и/или физички на одредени дразби од надворешниот свет многу повеќе од остатокот од популацијата. Преголемата чувствителност сама по себе не се смета за нарушување ...